Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.844
Поени од реакции
36.882
Ја отварам оваа тема по повод закажаниот референдум на 23 Јуни за преиспитување на членството на Обединетото Кралство (UK) во ЕУ.

Референдумот е закажан по дадено ветување на премиерот Камерон дека ќе закаже референдум и ќе разговара за условите на членството на UK во ЕУ како нејзин "привилегиран член".

Како што знаеме Британците се посебно осетлива нација за сите тие формални работи, нивната скапоцена фунта, краљицата и својот национален суверенитет кој што дел од нив сметаат дека се презема од "супранационалната" организација ЕУ и можноста за наметнување на обврски и политики иако они би се противеле на истите. Исто така им смета што во таа организација конците ги влече Германија и они можат да бидат лесно исфрлени од игра.

Историски гледано, целото членување на UK во ЕУ е исполнето со контроверзии.
Они ја прифатиле ЕУ (тогашна Економска Заедница за јаглен и челик) под плаштот на зголемена економска соработка со останатите земји. Од тогаш па до денес обликот и ингеренциите на ЕУ се имаат сменето драматично. Во однос на ова Британците веќе имаат еден референдум за членството во ЕУ во 1974 кој што завршил со 67% гласови ЗА.

Исто така вреди да се спомене дека Британците ја користат својата "opt out" политика со што не се дел од еврото, шенген зоната и други политики кои според нив претставуваат закана за големата британска горда нација.

Денес на картата на популизмот Камерон се обидува со референдумот да издејствува уште попривилегирани услови за UK од страна на ЕУ и по преговорите каде што дел ги доби, одржа говор наречен "The best of both worlds".
Исто така го користи за домашна употреба да ги удоволи своите конзервативни колеги и гласачи.

За сега според моменталните анкети, резултатите се слични како и во 74та, или околу 65%+ се ЗА останување на на UK во ЕУ.

Дополнително ќе се доискажам и со мое мислење подоцна во денот.

Повелете споделете ги вашите златни интелектуални мисли.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Напишав и во една друга, тема, мое мислење е дека нема да успее референдумот, т.е дека ќе гласаат Британците ЗА останување у ЕУ, особно откако Камерун рече дека ќе води про-еу кампања.

Политичар од негов калибар не би се коцкал со кариерата ако не е сигурен дека може да го истурка ова прашање.

А не ги ни знаев анкетите дека биле толку наклонети за ЕУ, што само уште повеќе ми го потврдува погорниот став.

Британија ќе си остане во ЕУ, но како и секогаш од нејзниото влегување па до сега ќе биде „специфична“ членка со еден куп отстапки и привилегии кои важат само за неа.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Британија е една од малкуте држави во таа империја на злото ЕУ со по различен специјален статут, нешто како шефови, во ЕУ сите се рамни но некој се порамни од другите. Дали ќе успее или не референдумот на зависи од народот а од фашистите, ако сакат ќе направат да успее или да не успее, мое мислење е дека нема да излезат од ЕУ, со целата таа игра со референдумот официјално го озаконија ветото на нивна територија по секоја тема во ЕУ.
Штом во пола ЕУ преку референдум можеа да ја наметнат волјата на помалку од процент педери и да се озаконат еднополови бракови и да посвојуваат деца, па за еден референдум за напуштање да неможат да ја наметнат волјата. Штом системот е целосно преземен од законодавен, пропаганден, фашистите прават што сакаат може да убиваат евреи но може и да ги убиваат и европејците преку асимилација, може и нешто трето.
Интересна беше пропагандата за еднополовите бракови, од сабајле до вечер ти објаснуваат колку тоа е нормално, некој перверзни истории, две лезбејки, едната е болна и умира другата и дала бубрег да ја спаси и сега сакаат да живеат заедно во брак, да посвојат дете, така да со комплексни методи ја наметнаа волјата на референдумите. Како што гледам каква е пропагандата во моментот по ВВС и весниците им, јасно е дека е решено Британија да остане член на ЕУ.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Британци ко Британци. Од почеток на 18ти век со сто процентен успех си ја тераат политиката ко што им одговара и ги диригираат најбитните геополитички настани на светскава сцена. Ако у моментот им одговара излез ќе излезат, ако не ќе си останат. Референдум и „гласот на народот“ нема ништо да им смени во врска со замислите кои ги планирале децении уназад за децении унапред.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Тешко да успее такво нешто.Ако успее референдум за излегување на Обединетото кралство од ЕУ,тогаш Шкотска ќе излезе од Обединетото Кралство, и ќе пристапи самостојно кон ЕУ.И во двата случаи Англичаните се губитници.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Политичар од негов калибар не би се коцкал со кариерата ако не е сигурен дека може да го истурка ова прашање.
Камерон ќе го истурка ова прашање сигурно, ама дека ќе пројде така безболно, тешко. До 2020, Камерон ќе има поголем проблем со евроскептиците во неговата партија, отколку со Корбин. Борис Џонсон веќе намириса крв, ќе се соберат и други по него.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.844
Поени од реакции
36.882
Не гледам никаде како позитивно UK би добила со нејзиниот излез од ЕУ.

Економската загуба ќе биде голема за Унијата а посебно голема за Британците. Некаде прочитав дека повеќе од 100 илјади работни места во UK се директно поврзани со Унијата. После тоа ЕУ сигурно не би останала покуса и привилегираниот статус што го имаат сега сигурно нема да им остане во истата форма во иднина.

Друго, ќе изгубат дел од своето влијание во Европа. Ако порано биле едни од клучните фактори при креирање на европските политики и европската рамка за економија, развој, имиграција па во поново и надворешна политика, сега веќе нема да бидат дел од курсот на ЕУ.

При евентуален излез од ЕУ, ќе се актуелизира и шкотското прашање кое ваков развој на настаните ќе му биде ветар во грб.

За ЕУ загубата ќе биде што го губи својот втор најголем нето плаќач и финансиер после Германија. Ќе изгуби членка во Советот за Безбедност и ќе се создаде слика на нестабилна Унија со што ќе се поткопа сериозноста на целиот проект.

Се на се, мислам дека Британскиот евроскептицизам е создаден на урнатините на Британската Империја која што пред само два века после падот на Наполеон држеше сто годишна хегемонија во светот, а дополнително е поттикнат од фактот дека не само што не се главен фактор во светот туку покрај Германија не се веќе ни главен и одлучувачки фактор во Европа.
 
На Британија и е многу побитно да ја пикне Турција во Унијата, отколку да ја напушти истата. Никогаш сериозно не размислувале за напуштање. Прават се за да ги ослабат механизмите, да ја децентрализираат, и да ја примораат Германија да ги покани Турците.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
На Британија и е многу побитно да ја пикне Турција во Унијата, отколку да ја напушти истата. Никогаш сериозно не размислувале за напуштање. Прават се за да ги ослабат механизмите, да ја децентрализираат, и да ја примораат Германија да ги покани Турците.
Зошто Британија би сакал да ја внесе Турција во ЕУ ?!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Зошто Британија би сакал да ја внесе Турција во ЕУ ?!
Затоа што британско-турска коалиција би ја раководела Унијата и без проблем би ја надгласувале Германија и нејзините сателити. Т.е. Турција > Франција.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
А во таков случај која е гаранцијата дека Турција цело време ќе игра со Британија?
Не е по темата, ама апсолутно на никој во Европа не му одговара да влезе Турчинот во Унијата. Со слобода на движење на стоки и луѓе особено, може само да се замисли како турската роба ќе преплави на пазарот а едно чудо турци ќе појдат кон земјите од Западна Европа. Во таков случај ЕУ би се граничила и со вечните кризни подрачја - Блискиот исток.
 
За Германија Блиски исток = кризно подрачје. За Британија терен за игра. Британија и Турција не се судираат геостратешки во ниту една точка.
http://aa.com.tr/en/turkey/we-are-biggest-supporter-of-turkeys-eu-accession/327489
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.844
Поени од реакции
36.882
На Британија и е многу побитно да ја пикне Турција во Унијата, отколку да ја напушти истата. Никогаш сериозно не размислувале за напуштање. Прават се за да ги ослабат механизмите, да ја децентрализираат, и да ја примораат Германија да ги покани Турците.
Примање на Турција во ЕУ ми е просто неверојатно.
Нема расположение за такво нешто во повеќе земји и еден куп отворени прашања... непризнавање на Кипар, ерменскиот геноцид, демаркација на егејот со грците.
Доволно е една држава да организира референдум и толку од членството во ЕУ. Не верувам дека постои една земја во ЕУ каде што би поминал референдум за Турција. Нигде нема анкета со повеќе од 30% за членство на Турција

Членство на Турција во ЕУ многу ќе ја смени Унијата, по мене на полошо. Ќе стане уште понестабилна и ќе има уште поголеми поделби. Да не спомнувам што ќе има невидена инвазија на дивјаци од заостанатиот источен дел на Турција и што Турција ќе биде еден од главните креатори на политики во Европа.
 
Комплетно се согласувам за последиците што би следеле од влез на Турција во ЕУ. И да, има многу отворени прашања. Ама, не можеш да исклучиш дека моментално ЕУ ја прима Турција дома. И тоа во многу полоша верзија. Ги нарекуваат бегалци.

Ако демографската слика на Европа се смени, а доколку не реагираат поодлучно Германците, ќе се смени, тогаш влезот на Турција таму е неизбежност. Само треба да се земе во предвид дека зборуваме за империјални судири, мерните единици за време им се во децении, не во години.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Нормални сте вие бре алоооо !!!! Турција ако влезе во ЕУ ќе има повеќе пратеници од Германија во европскиот парламент. Турција НИКОГАШ нема да влезе во ЕУ. Ниту Германија ниту Франција нема да дозволат такво нешто. А Велика Британија нека излезе слободно од ЕУ и така се многу досадни со нивните уцени .
Сигурен сум дека многу подобро ќе биде за Унијата, барем Европа ќе се спаси од тројанскиот коњ на САД против ЕУ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom