Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Ќе го одложат Брегзит бар на неколку месеци. Само не знам што би сменило тоа. Евентуално да легне прашината па може да сменат некои финеси од договорот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
https://www.mkd.mk/kolumni/za-eu-da-napreduva-britanija-mora-da-zamine
За ЕУ да напредува, Британија мора да замине
Неуспехот на Обединетото Кралство да го разбере потребното дај-ми-на-ти значи дека овој однос отсекогаш бил осуден на пропаст.


До неодамна бев цврсто за останување и верував дека најдобриот начин за излез од овој брегзит-хаос за ЕУ е едноставно да проба да осигури дека тој нема да се случи. Но настаните од минатиот месец покажуваат зошто, со право, во Брисел постои растечко расположение за еден сосема поинаков исход: за ЕУ да напредува, Британија мора да замине.

Причината е едноставна, брегзитот е - сега или во не толку далечна иднина - неизбежен. Тоа е затоа што Велика Британија продолжува да бара невозможни услови за своето членство во мултинационалната организација што ја претставува модерната ЕУ, базирана на заедници и водена од компромиси. Дури и додека се обидува да излезе, Велика Британија сè уште се расправа за „црвените линии“ што самата ги предизвикала. Овој пристап само ќе се засили ако таа сепак некако остане во ЕУ.

Велика Британија веќе ужива привилегирана позиција во ЕУ, на разочарување на многу други земји-членки. Неучеството во еврозоната, во шенген-договорот за патување без пасоши, во повелбата за фундаментални права и во ниеден европски законски акт во врска со слободата, правдата и безбедноста, за сето тоа преговараа последователните британски премиери.

Европските дипломати се разгневени од тоа дека во оваа ситуација Британија сè уште се прикажува како ЕУ-супердржава. Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, најдобро го објасни тоа кога рече дека Британците „кога беа внатре сакаа да не учествуваат во многу работи, сега кога се надвор сакаат да учествуваат во многу работи“. Оваа ситуација ја попречува идната компактност на ЕУ; го забавува донесувањето одлуки, го отежнува поставувањето значајни цели и дејствува како кочница за значајните реформи.

Од историска и политичко-економска перспектива, брегзитот е неизбежен. Уште од славниот говор на Маргарет Тачер во Бриж од 1988 година, каде што постави визија за Европа базирана на „доброволна соработка меѓу суверени држави“, Велика Британија и ЕУ се како брачна двојка што сè повеќе живее одвоено. А вината тука е кај обете. Велика Британија, најмногу под лабуристите од 1997 до 2010 година, го живееше митот дека Велика Британија би можела да има членство во ЕУ, но да остане настрана од нејзиниот развој. Брисел не сакаше да признае дека вистинската љубов одамна поминала.

Британските ставови за ирското гранично прашање се добар пример за тоа дека Велика Британија не ја разбира ЕУ ни на најосновното ниво. Резервната варијанта, која е дизајнирана да спречи повторно воспоставување цврста граница меѓу Ирска и Северна Ирска, не е ниту да се заглави Обединетото Кралство во постојан аранжман, ниту обид тоа да се растури. Широко распространетиот британски став за оваа варијанта покажува длабока недоверба кон институциите на ЕУ и нивната улога во заштитата на интересите на земјите-членки и одржувањето еднакви услови на игра.

Друг пример е познатиот британски „рабат“ од буџетските придонеси кон ЕУ. Ако брегзитот сепак некако биде спречен, од другите земји-членки нема да има поддршка за овој рабат да продолжи. Иако непријавено во Британија, темпото на тековните преговори во Брисел за следниот буџетски период (2021-27) напредува. Дефицитот (12-15 милијарди евра) предизвикан од излегувањето на Велика Британија ќе предизвика повисоки придонеси од другите земји-членки. Многу повеќе пари ќе бидат давани за новите приоритетни области како што се граничната контрола, истражувањето и развојот и за климатските промени.

Велика Британија никогаш не сфати дека придонесувањето во буџетот на ЕУ не е комерцијална трансакција, туку инвестирање во мир, стабилност и раст токму на вашиот праг. Факт е дека, без Британија, ќе се олесни внатрешното функционирање на ЕУ, вклучувајќи го и договарањето за што да се трошат парите.

Но тука лежи суштината на проблемот за Британија. Легалистичкиот модел на интеграција со споделени суверенитети, отелотворен од ЕУ, успева само затоа што земјите-членки ги гледаат поголемите, некогаш речиси непроценливи придобивки од членството. Можеби самитите на Европскиот совет во Брисел се карактеризираат со жестоки дебати за миграцијата, Русија и популизмот. Европската комисија можеби ги повикува на одговорност Унгарија или Полска за реформите што ја загрозуваат демократијата. Но ниту една од овие дебати не го доведува во прашање поширокиот интегритет на проектот ЕУ.

Британија денес - од блескавите кули на градот Лондон до рѓосаните котлиња на велшките долини - е микрокосмос на предизвиците со кои се соочуваат сите постколонијални сили. Но додека Франција и Германија ја гледаат европската интеграција како механизам за обезбедување мир и оптимизирање на својата глобална улога, неуспешниот однос на Британија со ЕУ покажува дека таа сè уште трага по вистинскиот израз за нејзиното место во светот.

Иднината допрва ќе се пишува, но за Британија и Европа едно решение е очигледно: развод без барање виновници, проследен со почит и пријателство. Впрочем, семејствата се комплицирани, а пријателствата со заемен ќар не толку.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Како што наближува Брегзитов, така зоврива во Северна Ирска, 4 коли со бомби периодов.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Леле очај се Британците
https://amp.theguardian.com/politics/2019/jan/26/john-humphrys-suggests-ireland-could-quit-eu-and-join-uk
Ireland has dismissed the suggestion that the best solution to the Brexit impasse might be for the country to quit the EU and join the UK.
Questioned about the possibility by the BBC Today presenter John Humphrys, Ireland’s Europe minister, Helen McEntee, said it was not contemplating quitting the EU, that polls showed 92% of the population wanted to remain in the bloc, and “Irexit” was not plausible.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Британија како Македонија :D

https://off.net.mk/vesti/svet/na-prviot-chovek-na-mej-za-bregzit-na-pijachka-mu-se-ispushti-planot-za-bregzit?utm_source=mkd.mk&utm_medium=block-sidebar&utm_campaign=vo-komshii
На првиот човек на Меј за брегзит, на пијачка му се испушти планот за брегзит
Британските медиуми пренесуваат една многу наивна сторија според која на главниот преговарач на Меј за брегзит, Оли Робинс, сред бар во Брисел му се испуштила тајната стратегија на британската премиерка за решавање на брегзит, додека во исто време во близина седи еден британски новинар.


Според приказната Робинс бил начуен од еден од гостите во барот, инаку новинар на Ај-ти-ви, како детално на маса ја објаснува стратегијата, која предвидува дека на пратениците во последен момент ќе им биде даден избор меѓу гласање за предлогот на Меј или да прифатат долго одложување на членот 50 (излегувањето од ЕУ).

Робинс образложил дека владата мора „во последната недела од март да ги натера пратениците да веруваат дека продолжување на рокот за преговарање за брегзит е возможно, но ако не гласаат за предлогот на Меј тогаш ќе има долго одложување“.

Тактиката наводно е насочена кон членовите на Европската истражувачка група, фракцијата тврдокорни брегзит пратеници на ториевците, чиј главен страв е дека напуштањето на ЕУ би можело целосно да биде откажано доколку остатокот од британските пратеници прифатат одложување или продолжување на процесот околу членот 50.

По сите правила брегзит би требало да стапи во сила на 29-ти март. Инаку термините продолжување и долго одложување, се уште не се ни приближно временски дефинирани.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Британија како Македонија :D

https://off.net.mk/vesti/svet/na-prviot-chovek-na-mej-za-bregzit-na-pijachka-mu-se-ispushti-planot-za-bregzit?utm_source=mkd.mk&utm_medium=block-sidebar&utm_campaign=vo-komshii
На првиот човек на Меј за брегзит, на пијачка му се испушти планот за брегзит
Британските медиуми пренесуваат една многу наивна сторија според која на главниот преговарач на Меј за брегзит, Оли Робинс, сред бар во Брисел му се испуштила тајната стратегија на британската премиерка за решавање на брегзит, додека во исто време во близина седи еден британски новинар.


Според приказната Робинс бил начуен од еден од гостите во барот, инаку новинар на Ај-ти-ви, како детално на маса ја објаснува стратегијата, која предвидува дека на пратениците во последен момент ќе им биде даден избор меѓу гласање за предлогот на Меј или да прифатат долго одложување на членот 50 (излегувањето од ЕУ).

Робинс образложил дека владата мора „во последната недела од март да ги натера пратениците да веруваат дека продолжување на рокот за преговарање за брегзит е возможно, но ако не гласаат за предлогот на Меј тогаш ќе има долго одложување“.

Тактиката наводно е насочена кон членовите на Европската истражувачка група, фракцијата тврдокорни брегзит пратеници на ториевците, чиј главен страв е дека напуштањето на ЕУ би можело целосно да биде откажано доколку остатокот од британските пратеници прифатат одложување или продолжување на процесот околу членот 50.

По сите правила брегзит би требало да стапи во сила на 29-ти март. Инаку термините продолжување и долго одложување, се уште не се ни приближно временски дефинирани.
Вакво нешто дури ни во Македонија не би можело да се случи, колку и да сме поутепани од нив.
Тек допрва им следува лошото. Лошо ни правеа нас, а и на многу други места, но еве им се враќа како бумеранг за сите злодела.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Дел од Ториевските пратеници против Брегзит без договор

Неколку десетици конзервативни пратеници во Британскиот парламент може да ја повлечат подршката за владата на Тереза Меј во обид да спречат напуштање на унијата без договор, пишуваат островските медиуми.

Лидерите на групата составена од пратеници кои го подржуваа напуштањето и такви кои беа против соопштија дека можно е да подржат дела од алтернативните решенија кои се нудат во парламентот ако преработениот договор со Брисел на премиерката Меј не успее да го обезбеди потребното мнозинство.

Иако Даунинг стрит 10 тврди дека преговорите со Брисел се продуктивни, сепак одбива да ја отфрли можноста Лондон на 29 март да ја напушти унијата без договор, доколку преработениот договор не ја добие подршката од парламентот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Бившата збунета империја влегува во уште поголем политички хаос, побараа одлагање на Беркситот, до 30 јуни, а од друга страна одбија распишување втор референдум, а од трета страна со оваа временска рамка би биле обврзани да учествуваат на Европските избори.

Како и да свртиш, не им е добра ситуацијата, тоа е кога потегнуваш непромислени потези без да им објасниш на граѓаните што тие значат а уште помалку да имаш стратегија како треба да се спроведат тие непромислени потези.

Прогнозирам дека и за овој продолжен временски период нема ништо да се договорат и на крај ќе им останат две опции- тврд брексит или повлекување од активираниот чл.50 (за што имаат законско право) со што би се стопирал брекситот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Ова што се случува во Британија веќе не е ни смешно, стана тажно.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
По настаните од синоќа, ми се чини дека Меј не е толку глупа како што ја прикажуваат, ги притиска тврдо-брекситашите да го прифатат нејзиниот договор, во страв од опасноста дека воопшто нема да има Брексит или дека ќе има некакво „скратено членство“, „норвешки модел“ или слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom