Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Мислам дека има доволно матерјал за да се отвори темава, а од друга страна, ќе можи редовно да ја апдејтувам.

Се работи за Mercedes Benz (Мерџан), кој го купив некаде во средината на 2010. Моделот е w123 а под хауба го има 240 D моторот кој се покажа како најпогоден кај Мерцедесите.

Произведн е 78-ма, со поминати околу 180.000 (186.600 поточно) км, и не беше фарбан (тек тук некој се учел да китира/поткрпнува) комплетно.

Еве како изгледаше кога го зедов:






--- надополнето ---

Пред да го однесам на фарбање, променив праг од десната страна, порачав нови крила за напред, нови венци, и се закрпија дупките што ги имаше на шасијата. После дојде дома, секаде на варовите прво се намачка прајмер (да не `рѓосува), па потоа се затворија со 999. Имам слики од таа фаза, незнам кај ми се зафрлени :)

Меѓу другото, купив и уште еден ваков во очајна состојба, но со прилично сочуван ентериер. Како и да е поисплатливо ми беше да купам екстра возило, отколку да давам пари за ситници што фалеа на мојата машина.

Ова е слика кај мајсторот, изваден од комора. Башка се фарбаше шасијата, башка деловите што се отвараат...


Притоа да напоменам дека внатре комплетно сам го расклопив, додека мајсторот само ги изваде стаклата.

--- надополнето ---

Еве каков го донесов дома... стаклата наместени, и некои лајсни кои што беа на него од страна на мајсторот. Остатокот, е мое дело.








И за крај



вака изгледа гледано од напред. Бидејќи времето не ми е наклонето за работење, викендов го искористив за скијање :)

Нареден апдејт највероватно идната недела, ако ме послужи времето.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Стварно многу ги сакам овие мечки, колку имаат добра предница ... ауфффф.........и ме бендисува бојата многу :smir:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
стварно добро излегло...ајде чекаме нови слики..и стај некоја раткапна ебате да личи....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
За бојата, прво сакав да ја остам оригиналната... доста добро изгледа, ама сосема случајно штракајќи по нет-от налетав на ова



и знаев дека нема да ја остам истата :)

Бојата е супер, одлично се истакнува хромот и црното...


стварно добро излегло...ајде чекаме нови слики..и стај некоја раткапна ебате да личи....
Раткапни неам... имам бандажи алуминиумски (како тој напред) ама немам гуми за нив, така да прво ќе ги фарбам да им го вратам сјајот, а потоа ќе земам гуми. Дотогаш, ќе стој на овие :)
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Браво, одлични изгледа, се надевам дека и внатрешноста ќе биде топ како што е и надворешноста. Пофалби!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
и колку те кошта ? :)
Жена за години и цена за кола не се прашва :)


Ако речиме дека колата ми ја поклонија (во првобитната состојба) некаде одприлика 1200 - 1300 евра за да дојде до оваа состојба шо е на сликите.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
а не ти е поклон даден... нека прогугла малце по сајтовиве за огласи на коли и нека види колку кошта ваква мечка во полуруинирана состојба...после ко ке се каже цена од 7-8.000 за комплетно реставрирана кола сита пагаат во несвест... до душа проблемот е што и крнтии полоши од првобитната состојба на мечкава, ги продаваат како “олд тајмери“ со цени како да се веке средени... тука е проблемот...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
а не ти е поклон даден... нека прогугла малце по сајтовиве за огласи на коли и нека види колку кошта ваква мечка во полуруинирана состојба...после ко ке се каже цена од 7-8.000 за комплетно реставрирана кола сита пагаат во несвест... до душа проблемот е што и крнтии полоши од првобитната состојба на мечкава, ги продаваат како “олд тајмери“ со цени како да се веке средени... тука е проблемот...
Гледаат дискавери... и бараат куп пари за старо железо. Освен цената шо ја спомнав погоре за мајстори и матерјали, тука не клавам нити денар за мојата работа... која е прилично досадна и макотрпна. Да расклопиш 2 коли, и од двете да одбериш шо е поарно и собериш пак две...
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Браво за рестраврацијава ... многу успех, мерак ... и помалку пари да те чини :)

еве комшијава мој како го среди неговиот мрк, сега е како на сликиве комплетно среден фарбан, со бандаживе од golf GTI 18" (мислам), бушени праени незнам шо како за да одговараат, спуштен, со 3.0 дизел и турбо му стави а претходно беше со бензинец 2.0 мислам

Според мене е добро среден не е кичерајски, со бандажите изгледа ептен пимперски :) на некого може нема да му се допаднат ... иначе имаше фабрички алум. бандажи и беше класика



 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Му фали хромирана лајсна на предната лева врата, кај стаклото... и кровот му е насилно отваран, фабрички 123-ките имаат шибер кој се повлекува навнатре, нити се отвара нагоре, нити пак е стаклен. А бандажите се вкус, се вадат и менуваат без проблем, мада по мој вкус не се. Нешто вакво ми се бендисва,

102297.jpg

(мислев на бандажите, не на стилот во кој е сработен), мада ипак 240D е класика, и се држам до тоа. Да имаше 6 цилиндри и 200 кс, друг ќе беше муабетот. Можеби наредното возило :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Не ми се свиѓаат бандашите на белиот Мерцедес, треба некои по ретро бандаши, не одговара со стајлингот. ете на пример портокаловиот на џиш има поретро бандаши и тие повеќе му одговараат. На олдтајмер му одговараат бандаши од своето време, а лајсните се друга приказна.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
bravo za postov bas i edne komsija kaj mene go ima restavrirano mercedesot vo skoro vreme ce stavam sliki od nego :)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Џиш...озбилно дај освежи ја темата :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
По сега гледам.... одамна не сум турил слики бре, пола кола растурена е на последната слика :)

Ајде ќе биди деновиве, надвор ми е целосно склопен (наместив и браници и фарови), ми фалат лајсните горе да ги доредам (најдов нови треба да ги земам од Охрит), а и внатре добар дел е собран...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom