Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Колку што гледам темата е за реставрација на Mercedes Benz 123 затоа тука го поставив прашањето и мислев дека ќе добијам одговор,а ако ме интересираше за куќа во свирипичино ќе ти пишев во ПП ;).
Да не испадни дека троламе по темава...

тргнувајќи од лимарија, мерцедесите од оваа серија најмногу страдаат на врати и прагови. Така да, од таму ако тргниш, нов праг е 30 евра (еден), нови крила се 5000 денари (две), венците се по 700 денари (еден), вратите се оган скапи... бојата за фарба почнува од 300 денари за литар и завршва со трицифрена бројка на евра за литар, конкретно за еден ваков требаат 4 литри...

Околу моторот: пумпа за масло, 150 евра. Карики 70 евра. Клипови 70 евра (еден)...

додај си уште одприлика по 40 евра за гумици на стаклата (кај мене беа убај ама и напред и назад почнаја да течат), предницата комплет е околу 150 евра (без амортизери), потрошниот матерјал на задниот трап е околу 60 евра....

Внатрешноста имаш комплет маската (најчесто е дроб на сите) 90 евра нова, комплет теписоните 140 евра нови (цени од И-беј, на тоа имаш уште 30-40 евра поштарина, пошо овде кај нас не се наоѓаат), лајсните нови се 130-150 евра комплет (најчесто се штрафени со штрафови по колите)...

И сеа, удри си ја ти математиката, па кажи ми како ќе ти испадни есапот, мада вака грубо поклон да ти го дај некој мерцедесот, можиш да поминиш со сума од 500 евра до 5000. Зато и ти реков, зависи од состојбата.

Е сега ти ако имаш конкретно прашање, бујрум...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Креативец, имаш крпење и реставрација.
Можеш да поминеш со 500-600 евра, а може и 5-6000 да не ти се доволни. Зависи до кој степен одиш.
Ако сакаш да возиш совршен примерок 123 може да те фати и 10000 евра :)
Ако сакаш да возиш 123 кој ќе изгледа колку-толку пристојно, тука и таму бетониран во кит кој ќе почне да пука за 1 година, но сепак оддалеку изгледа убаво, внатре е колку толку среден и минува технички, може да поминеш и со 1000 и помалку евра.
Се е во тоа колку можеш и колку сакаш да дадеш по неа и што всушност сакаш.
Најскапа е опцијата за враќање во оригинална состојба. Импровизациите ти се поефтини.
Јас само за делови за ФИАТ 1300 досега имам дадено околу 1000 евра, а далеку сум од било што.
За Рено 5 потрошив отприлика исто толку за да го средам механички и нешто во ентериерот.
Скапа работа е, внимавај во што се впушташ.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Барок бандашите, со нови 195/70 R 14 гуми, монтирани на кола




потрагата по капачиња, конечно е завршена. Успеав да ги комплетирам бандашите, а и да ги повозам :)

Испадна дека оригиналните бандажи се поплитки во главината, додека овие се подлабоки, па оригиналните штрафови напред фаќаа едно пола сантим, а назад не сакаа ич... па сосе капачињата, зедов и 15 штрафа оригинални, подолги во телото и поголеми во главата (5 имав на мерцедесот шо ми е за делој)... сега ми останува уште нив да ги исфарбам (пошо се малку грди вака и делат) ама не е итно.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Супер, сега уште едно миење му фали :) Шо напрај со лајсните?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Супер, сега уште едно миење му фали :) Шо напрај со лајсните?
Нишо, чекам да помини 1-ви мај, (ем ќе дојди плата, ем ќе се ослободиме од празнициве)...

И ко за крај, ми останва:
- предницата да се центрира (ако се центрира задница и таа)
- масло и филтер да се сменат, вчера ја завртив првата 1000-ка, да се штелова палење/вентили
- анласеро почна бавно да ми вергла да се види шо го мачи (еднаш го носев на мајстор, автоматот се скрши, така да нешто ситно е)
- да се монтира гумица на задната шофершајбна (најдов нова, од турција ми дојде конечно, ама си ја возам в багажник)
- да му се турат навлаки и патосници (патосници имам ама стари се)
- тек на крај иди турнеата до Тетово по лајсни и едно педерско капаче... на тунелот внатре стои, има еден насочувач за закачвалото од каишот, чуден дојче принцип на фунцкионирање, од едната страна е заштрафен на тунелот од другата на седиштето, па како го мрдаш нагоре/надолу така се центрира тоа за да лежи правилно каишот... од десната страна капачето шо го покрива штрафот го имам и си го наместив, ама од левата фалеше... над 20 мерцедеси најдов растурени и на еден само имаше ама се лево и десно (не пасуваат од една страна на друга) и погоди кое го имаше...

п.с. најдов и фотка:
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
Здраво,во план сум да зеам мерцедес 123 и комлетно да го реставрирам колку од прилика би ме коштало тоа?
Ako si vo plan da zemas vakva klasika mozam da ti preporacam edna 123 kako od fabrika kupena, ako si zainteresiran pisi mi pp
--- надополнето: 21 април 2012 во 21:03 ---
Odlicna tema, prekrasen avtomobil i jas sum ljubitel na postari avtomobili imaat duh kako sto nemmat novite, a da ne zboruvame za toa deka kolku sto mozi da vredi star avtomobil noviot moze da sonuva...
 
Член од
7 март 2012
Мислења
238
Поени од реакции
21
Bravos bravos prijatele za tebe mozam da recam deka si vistinski ljubitel na avtomobilizmot kolata e prekrasna i se gleda deka e so kef praena...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom