Регистар на педофили за поголема заштита на децата

Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8D97A986A976F744BA3564FF2226C689
ова ни е реалноста, нема место у затвор, знаат и гангстерите, мува не ги лазе, у бел ден ги утепале лугето дома кај нив за ситни работи.. со пиштоли ограбуваат продавници, не банки !! ..денес во Автокоманда, во близина на Полицијата !!
Е сега се силиме со регистерот на педофилите а н.пр. што ако 14г крупен малолетник силува и тоа помало машко дете, имаше случај, мува не го лазе, го носеа на разговори со психијатри, него к*р го боли...
А акцијата за откривање на интернет педофилите е невидена глупост, на европско ниво. Па најлогично е тие што по службена должност ги посетуваат тие њеб страни со детска порнографија да ги лоцират, и гонат тие што ја правеле веб страната, а посебно тие што биле учесници во порноклиповите со малолетници.. Но тука има и друга будалаштина, 14+ малолетник може да има секс со кого сака, па и со полнолетни, може и да уплоадира на фејсбук ??, па се ова нема логика и може да биде злоупотребено, т.е. да се убацува некому во компјутер, исто како што има и местење - убацување на пакетчиња марихуана..Парадоксот на сето ова е забележан во Хрватска, на тој што ќе му се најдат клипови со детска порнографија му се заканува од 1.5 до 10г затвор, а тие што имаат секс со деца поминуваат неказнето, посебно случајот со малолетничкиот дом во Осјек каде буџованите имаа сеанси со 14-15г девојчиња и се се заташка, судот се огласи дека е законски, демек било доброволно а девојчињата имале 14 и 14+ години. Патем, Роман Полански кој избега од УСА ( осуден е пред многу години), во Европа мува не го лазе, награда му дадоа неодамно..И тука се потсеќа на она кога пред 20години во С.Арабија на еден што украде векна леб му исекоа рака а министерот што украде 700 милиони мува не го полазе..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Регистарот гарант ќе содржи, но нема и јавно да објавува матични броеви и сл., туку само основни информации така да косење со законот нема да има.

Инаку треба многу внимателно да се пристапи кон објавувањето на информациите затоа што и тоа како може да уништи нечив живот. Да не ме разберете погрешно, да, сакам јавно да биде објавен регистарот, и прекршителите јасно да бидат маркирани.
Но, во истиот кош може да влезе и некое момче кои на свои 18 години имало блиц врска со 16 годишно девојче, врска во која се јавиле проблеми кои резултирале со судска разврска и пресуда (опомена, условна казна, што и да е). Такви случаи верувам се поретки, но сигурно ги има.
Што со нив, ќе идат ставени на црна листа? Ќе бидат третирани исто како и оние стари магариња со млитави ****** (да даде Господ да им паднат) кои им се дигаат само на физички неоформени деца? Дали и нив доживотно ќе ги следи епитетот педофил?

Можеби грешам, можеби вакви случаи неможат да се маркираат како педофилија, иако моја претпоставка е дека на инсистирање на жртвата или на родителите може.
Па и не можеш, 16 годишна девојка не спаѓа во категорија која е мета на педофили, односно, под деца се подразбира предпубертетска возраст (под 14 години).
Имај 40 години и спиј со 16 годишна, ќе заработиш ,,подведување на малолетник,, но не и ,,педофил,,.
Се знае кој е педофил - 18+ кој имал односи со 14-.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Законот е добар и јас го одобрувам. Башка со тоа архивата он-лине која ќе биде достапна цело време ќе може да се види местото на живеење, иако не ветува ништо тоа. Треба поголеми напори или кастрација.
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Педофилите се болни луѓе. Сексуално се привлечени само од деца, па така забраната за сексуални односи со дете, тие ја доживуваат како општа сексуална забрана.
Голем дел од педофилите се свесни за своите нагони, дека тие се погрешни, па така цел живот се воздржуваат не наштетувајќи никому.

Секако дека треба да се санкционирани, но стварно не ги сфаќам коментарите од типот : "DA GI OTEPAME NA PLOSTAT!!!1", "CRCNI DA GI EBAT SITE PEDOFILI!!!!1", "VO KAFEZ I DA GI EBEME!1", итн. Ако не, ајде по 1000 камшици и за шизофреничарите или оние со слични психички нестабилности/болести.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Долга листа ќе е таа...
 
S

Sagan

Гостин
Ете денес е пуштен сајтот Стоп Педофилија, што значи од денес децата ќе можат да спијат мирно.
Кога ќе излезе регистарот на педофили, ќе биде уште побезбедно.

Во услови на тотална забеганост, неразбирање на проблемот и раководење по “стручна“ литература стара половина век, власта со глупости им мачка очи на граѓаните.

Се надевам ќе консултираат стручњаци, кои ќе им објаснат дека ваков регистар е против човековите права и контра Уставот. Уште повеќе што над 90% од педофилите не се ексклузивни педофили (т.н. ексклузивен педофил е возрасен кој сексуално може да се возбуди САМО во присуство на дете), што значи дека само околу 7 до 10% се сигурни повратници, додека останатиот дел може да продолжи да живее нормално, по издржување на казната затвор.

Колку се неупатени, говори и следниот цитат од нивниот сајт:
Профилот на жртвата е непостојан и непредвидлив и тоа :
  • возраста не е одлучувачки фактор (секое дете до 18 години може да биде жртва)...
Кое дете до 18 години? Според ЗАКОН дете е малолетник до 14.
Друго, постоечкото кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ мора да се ревидира и од него да произлезат ДВЕ посебни кривични дела: „Напастување на дете“, кое ќе се аплицира кај деца од предпубертетска возраст и ќе се казнува екстремно строго, и „Полов напад врз малолетник“ кое ќе важи за деца кај кои пубертетот е отпочнат, и ќе се казнува поблаго.

Штетата која се предизвикува со првото е непоречиво огромна за психата и менталниот развој на жртвата, додека кај огромен број на “жртви“ помали од 14, а со сите знаци на пубертет и зрелост, нема никаква штета врз нивната личност. Неспорно е дека е потребна индивидуализација на жртвите, затоа што не секое дете созрева на 14, како што тврди нашиот Кривичен законик. Како што огромен број лица над 14, трајно или долгорочно остануваат недоволно психички зрели за да одлучуваат за стапување во сексуален однос, и биваат сексуално манипулирани долг период од својот живот, така и дел од малолетниците, поради доволно поседување социјално чуство и информации, реално се способни да одлучуваат за задоволувањето на своите сексуални нагони.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А го фатија педофилот од ОБСЕ меѓународна потерница има? Или како дипломат има право сексуално да искористува деца?
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 18:41 ---
Дали знаете дека за Џорџ Буш постариот има сериозни обвинувања за педофилија, и што мислите има некаква истрага за на него? Или обвинение надвор од памет е тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
..кај огромен број на “жртви“ помали од 14, а со сите знаци на пубертет и зрелост, нема никаква штета врз нивната личност.
Ти изгледа навистина си сериозен... а ако тролаш тогаш браво. Дефинитивно еден од поквалитетните такви актови на форумов.

Во случај да си озбилен.
На 14 години некој може да има само делумна зрелост и тоа од физички аспект, никако од психички. Затоа и од некој со таква возраст не се бара одговорност, но затоа таа одговорност се бара од полнолетните лица.



...ваков регистар е против човековите права и контра Уставот... само околу 7 до 10% се сигурни повратници, додека останатиот дел може да продолжи да живее нормално, по издржување на казната затвор.
„Да може да продолжи да живее нормално„ ... хм, колку деца треба да се жртвуваат за општеството детално да му даде шанса на некој да продолжи да живее нормално?

Права на силувачите на деца?
Лицемерие на денешното правно општество и на „борците за слобода„ кои бараат „права„ за се и сешто.
Право да висат заврзани за гениталиите на плоштад, тоа право повеќе им прилега.

Сериозно, од гледна точка на некој што нема намера да крши закони, посебно не на тие за силување деца... Шеријатот воопшто не е лош правен систем кога малку ќе се прилагоди на денешното општество (на пример неверството и хомосексуалноста не се злосторства).
Крадеше? Крк раката. Силуваше? Крк таквото...
Криминал? Кој криминал... Нешто повеќе социјални давачки за инвалидизирани лица додуша, ама ќе вреди.



Лично прашање до цитираниот.
Без разлика дали имаш, планираш да имаш или дали воопшто сакаш да имаш деца... дали ваквиот либерален и космополитски став би го задржал и по едно лично искуство од ваков вид?
Дали Ти би го погледал во очи шлајмот што му правел медивал експириенс на твоето дете и би му рекол:

„Ти мој повреден сограѓанину, тебе општеството те повредило.
Тебе треба да ти простиме и да ти дадеме шанса. Не е фер да те пишува во некој јавен регистар каде некој може да прочита кој е соседот кој често зборува со неговото дете, кој е тренерот по фудбал со кој детето го праќаш на екскурзии, кој е учителот по Англиски јазик кој претпладне доаѓа да држи приватни часови... Не е фер ниту тоа да не можеш да работиш во градинки и училишта.
Не е фер...„

... или можеби пореално е дека би сакал да му ги одсечеш гениталиите, да му го расцепиш черепот, да му плукнеш во (за среќа мртвиот) мозок и потоа да му го шутираш смрдливиот труп со индустриски обувки со метално заштитен врв?
 
S

Sagan

Гостин
Ти изгледа навистина си сериозен...
Зрелоста на еден 14 годишен малолетник, од аспект на право да одлучи за стапување во сексуален чин, е индивидуална.
Како прво, општо е прифатено гледиштето дека педофилија има само во случаи кога жртвата е помала од 13 години.
Од друга страна, постоечкиот Кривичен законик кај нас санкционира полов напад врз малолетник со ненаполнети 14 години.
Еден педофил кој напастувал бебе, и еден 18-годишник кој се сексал со некоја која не наполнила 14 за една недела, се соочуваат со иста минимална казна затвор - 8 години!

Не знам дали е од сојата, или од пилешкото, ама денешните голем процент 14 годишни девојчиња ги имаат сите атрибути на жена. Не се ретки ни случаите кога стапуваат во некаков си брак со полнолетни, па чекаат да наполнат години за да се регистрираат легално.

За вториот дел, ако некој ја запуштил својата ќерка, па таа наместо да рола и игра кошарка со другарките, или невино да се симпатишуе со некој тинејџер, на 14 почне да бара секс-партнери... Или е телесно и психички зрела за секс, или воопшто не е свесна за последиците.

Да бидеме на јасно, законот забранува полнолетен да стапува во односи со постпубертетски девојки од причина што може да забремени, а за тоа другиот биолошки родител да не понесе одговорност за растење на детето. Иронијата да биде поголема, таков однос не е забранет со малолетник, кој исто така може да ја забремени, и е целосно неспособен за било каква татковска одговорност.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Не знам каков е сега законот, ама 16 години е минимумот за возраст на која една индивидуа, барем до некаде е доволно психички зрела да одлучува за стапување во сексуални активности.

Физичкиот развој е друг аспект, и ако одиме натаму тогаш одредени женски деца физички можат да затруднат и на 9 годишна (или помала) возраст. Или ако нешто може, не значи дека тоа и треба да се прави.
Теоретски гледано и едно бебе има (мали) телесни отвори. Значи ли во тој случај дека е во ред педо да има секс со бебе, ако има доволно мали гениталии (па нема да нанесе физички повреди ако е внимателен)?

На страна сето тоа, за мене лично не е во ред возрасна особа да мора има сексуална активност со личност помала од 18 години. (баферот од плус минус 2 години за грешки во алкохолизирана состојба не носи до правата граница од 16 години).


На страна и моето лично мислење, потребата на општеството се психофизички здрави индивидуи.
Во однос на тоа и е во ред законски да се прогонуваат индивидуите што со несоодветни постапки предизвикуваат психички пореметувања кај деца и малолетници. Во ред е и јавно да се достапни личните податоци на тие шлајмови, со што барем до некаде би се заштитиле децата... а ако сето ова се коси со одредени статутарни права, тогаш време е да се сменат и предефинираат тие права.
Тоа што не е во ред се премалите казни (и корупцијата и неспособноста на соодветните министерства).
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Браво за законот сега уште фали да се донесе закон за ПЕДЕРИ у ДУША и ќе бидеме ко ЛАС Вегас.

Баш ме интересира колку има во Македонија педофили се надевам дека не се повеќе од криминалците.

Се разбира дека Педофилите се за у затвор ама да бидеме искрени и политичарите не се цвеќе за мирисање.

Нашава полиција не е способна да најде украден ЛАПТОП па камоли некој болесник.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
На страна од сите досегашни расправии, длабоко во себе верувам дека сајтот каков што е ќе ја исполни целта. Ќе ги информира и воздигне на повисоко ниво на свесност за проблемот сите посетители. Браво за министерството, браво за авторите, браво за реализаторите. Само напред!!!
...
...
...

Туку мајтап на страна, да бев подефил, ваков сајт за поддршка борба против педофилија само би ми дал сила за да го повторам делото.
Едно нешто, колку и да е злобно и не е во мојата природа, искрено посакувам ... оние кои на овој проект решиле да заработат нешто што очигледно не го заслужуваат во водата која ја пијат да го осетат вкусот на солзите на децата, навечер наместо мирен сон, да осетат барем дел од кошмарите кои ги сонуваат жртвите ...
Кога би бил вклучен во проектот, кога би си дозволил јавно да го промовирам ова гомно од сајт кое кај безмалку нема никакви информации па и оние кои ги има се погрешни, срамот би ја следел мојата фамилија најмалку 3 колена после мене. По ова што го видов и паролата „за гомнари со гомнарски цевки“ делува блага и неупотреблива ...
 
L

Löwe

Гостин
Податоците за осудените за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија од денеска ќе бидат достапни за јавноста преку Посебниот регистар достапен на интернет страницатаwww.registarnapedofili.mk.
- Регистарот содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија. Дојде денот кога поголема казна за нив од казната зад решетки е да се најдат и прочитаат со име и презиме јавно на интернет страницата, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на денешната презентација на Посебниот регистар.
На ваков начин, според министерот, секој граѓанин ќе може на лесен начин со пребарување по име и презиме, прекар, или пак само по место на живеење или општина, да видат дали во нивна близина живее некој сторител на вакво кривично дело. Така, истакна министерот, ќе се обезбеди поголема заштита за децата да не станат нивни жртви.
Доколку со ова, рече министерот за труд и социјална политика, се заштити или спаси животот на макар и едно дете, тогаш целта од креирањето на еден ваков регистар е исполнета. Искуствата од други земји, додаде, покажале дека јавното објавување на податоците на сторителите дале големи резултати во превенцијата на ваквите кривични дела.
Во моментов регистарот има податоци за 100 осудени лица, но, како што истакна министерот Ристовски, се очекува во наредниот период таму да се најдат дополнителни дваесеттина сторители откако ќе добијат правосилни пресуди.
Потребата за креирање ваков регистар произлегла од зголемениот број повторници на овие кривични дела. Според анализираните судски пресуди за периодот јануари 2004 до 2009 година од 231 осудено лице, 191 лице се примарни престапници, 38 или 16 отсто се повторници од кои 26 се еднократни повторници, а 12 осудени лица се повеќекратни престапници.
Осудените лица должни се по истекот на изречената казна најмалку еднаш годишно, пет дена пред нивниот роденден и до крајот на нивниот живот да се пријавуваат кај надлежниот судски орган, а доколку не се пријават предвидена е парична казна.
На ваков начин, смета министерот Ристовски, осудените лица ќе бидат контролирани до крајот на нивниот живот, со цел да се следи нивната состојба, движење и местоположбата.
- Доколку осуденикот биде забележан на места каде што има повеќе деца, како што се градинките, детските игралишта, игротеки и парковите, службено лице од МВР и секој граѓанин ќе има обврска да го пријави во полиција, при што прво ќе добие усна опомена, но доколку повторно се затекне на такво место ќе биде известен надлежниот судски орган, за што е утврдена и парична казна или казна затвор до една година, рече тој.
Во моментов максималната казна што може да ја добие сторител на вакви кривични дека според Кривичниот законик е 15 години. Граѓанските здруженија кои ги штитат правата на децата, бараат уште построги казни и дополнителни мерки, за кои министерот Ристовски најави дека ќе бидат разгледани. Ќе направиме се, рече тој, животите на децата за бидат заштитени.
Република Македонија е биде прва земја од регионот што ќе користи ваков регистар за педофили.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
не отвара сајтот...............
 

Kajgana Shop

На врв Bottom