Регистар на педофили за поголема заштита на децата

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Hank Moody, 15 октомври 2011.

  1. Hank Moody

    Hank Moody

    Член од:
    25 септември 2011
    Мислења:
    6.439
    Допаѓања:
    18.274
    Министерството за труд и социјална политика изготви предлог-закон за посебен регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.

    Регистарот, како што информира денеска на прес-конференција министерот Спиро Ристовски, содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија.
    - Потребата од постоење ваков регистар е недвосмислена за повеќе институции, а пред се за центрите за социјална работа, училиштата, градинките, како и за граѓаните воопшто преку достапност на информации за лицата кои живеат во нивната околина, а се осудени за кривични дела поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, рече Ристовски.

    Ваши размислувања ,дали е во ред ваквиот начин на борба против педофилијата јавно да се знае за идентитетот на овие луѓе и дали ги има во нашето опкружување и колку би се намалила таа појава во нашето општество.

    Јас го подржувам ваквиот начин и се надевам дека во иднина ќе има некој конкретни резултати со кој би се заштитиле децата но и дека оваа појава ќе се неутрализира.
     
    На Ivana Roth, Verdict, Лубрикант и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. Shellshock nam67

    Shellshock nam67 Гостин

    redno bese nesto konkretno da prezemi i drzavata za ovaa bolna grupa na lugje.
    tokmu toa celata im e dobra na ministerstvoto da se preveniraat od novi slucai na pedofilija
    --- надополнето: Oct 15, 2011 1:35 PM ---
    redno bese nesto konkretno da prezemi i drzavata za ovaa bolna grupa na lugje.
    tokmu toa celata im e dobra na ministerstvoto da se preveniraat od novi slucai na pedofilija
     
  3. garmin

    garmin

    Член од:
    25 февруари 2010
    Мислења:
    1.158
    Допаѓања:
    877
    ТРЕБА!!!!!!!
    и јавно да биде објавен со слики, име и презиме! јас би одел дотаму што би направил посебно место за тие информации во центар на градот СЕКОЈ да ги види кои се!!!
     
    На Epten Olabaven, PurplePuma, Луси_Лу и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. Kresarian

    Kresarian

    Член од:
    3 јули 2010
    Мислења:
    1.223
    Допаѓања:
    1.860
    Дефинитивно треба, нејќам детето да ми расне во околина каде што живее некој педофил.
    Општо познато е дека педофилите скоро секогаш ги повторуваат своите дела.
     
    На Ivana Roth и PurplePuma им се допаѓа ова.
  5. GreenRoot

    GreenRoot ^Зелен^

    Член од:
    20 јули 2011
    Мислења:
    2.341
    Допаѓања:
    1.718
    Јас пак на педофиливе би им однел некој црнец да ги :drk:, озбилен сум
     
    На Смиљан и PurplePuma им се допаѓа ова.
  6. Shellshock nam67

    Shellshock nam67 Гостин

    ili postrogi zatvorski kazni ili kastracija pa neka setaa slobodni
     
  7. Riki_AMG///

    Riki_AMG/// Kajgana's Heroj Ulice

    Член од:
    28 ноември 2010
    Мислења:
    2.687
    Допаѓања:
    1.740
  8. Anna Killah

    Anna Killah \m/

    Член од:
    9 август 2009
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    114
    Ма секој од нив еден по еден во кафез со напалени горили! И тоа на сред плоштад!
     
  9. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    15.020
    Допаѓања:
    7.800
    Не знам што ќар од регистерот. Колку има...100-200 ...икс педофили. Како ќе се превенира заштита на деца? Наместо полиција на улица, одговорни полицајци по училишта, населби и маала, ќе добиеме база со слики според кои ние и децата треба да се раководиме...како? Параноично ќе се загледуваме во секое лице, притоа пребарувајќи низ базата...упс, неаме пц на улица... :notworthy:
    Освен 70-80 години затвор и ефикасни служби, се друго е обичен зафат заради популарност.
     
    На Th3Avenger, Nikola26, Lady.Q и уште 8 други им се допаѓа ова.
  10. Сабазиј

    Сабазиј

    Член од:
    17 јануари 2009
    Мислења:
    2.467
    Допаѓања:
    3.032
    Се согласувам. Затвор му е мајката. Колку што знам, педофилијата не е нешто што се лекува, а непријатни изненадувања од типот на вести за 50+годишен-неосудуван-злоупотребил-дете многу зачестија (а можеби порано се премолчувале од срам?). Потребни се ригорозни мерки, некакво обесхрабрување за потенцијалните сторители. Главната опасност се оние што допрва сакаат да направат нешто, а средината во нив не препознава осведочени педофили.
     
  11. garmin

    garmin

    Член од:
    25 февруари 2010
    Мислења:
    1.158
    Допаѓања:
    877
    чекај, никој не рече дека не треба затвор туку само регистер..треба затвор и тоа на подолг период, ако се прашам јас, барем 50 години, само не е тоа баш така.има случаеви и тоа ете во Прилеп професор, еееј, професор педофил па врски-тинтири-минтири, одлежа мислам 9 месеци..ете го по улици пак, и сигурен сум дека 99% од народот во Прилеп не го знае..вака, кога ќе биде плус и етикетиран за век и веков, па уште и со слики на плоштад, белким ќе фати негде орман џенем од Прилеп и од државава или јамката ќе си ја стави..едно дете-потенцијална жртва да куртули така, успех е огромен, само едно дете да куртули.
     
    На PurplePuma му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Strider

    Strider

    Член од:
    28 мај 2008
    Мислења:
    3.234
    Допаѓања:
    4.099
    Го знам типот, професор по музичко во гимназијата беше и ми имаше предавано.
    Можеби не скапа со години во затвор, ама Прилеп ко Прилеп... сите го разбраа кој е, каков е и го бележаа за навек човекот. Па и тоа му останува сега, да се шлај по улици...
     
  13. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.545
    Допаѓања:
    26.044
    Дали некој размислува за отварање на посебна единица под МВР, односно одделот за интернет криминал, која ќе се занимава со ловење на педофили на интернет? Интернетот е најмоќната алатка на педофилите, а може да стане и најмоќната алатка за ловење на истите. Со едно логирање има да фатам 5 педофили на фејсбук, топ.мк и слични сајтови за "запознавање"...
     
    На G e G o, Moon Child, arakenx и уште 9 други им се допаѓа ова.
  14. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.792
    Допаѓања:
    3.309
    Внесување во регистарот, како што јас разбрав, има дури по отслужувањето на казната што е и логично, бидејќи што има да го регистрираш а на државни јасли е...
    Е, кога ќе влезе во тефтерот, доживотно, еднаш годишно, треба да се пријавува во соодветната институција и да му се ажурираат податоците.
    Значи, еднаш се заебал, одлежал затвор, и за цел живот наебал! Ми се допаѓа.
    Крадците можеби и ги разбирам... убиството може да се стори од најразлични побуди, па дури и ненамерно... ама педофилијата е со умисла, планирано, свесно... а за таквите, по мене, само доживотен затвор!
    @Acid: Постои во МВР таква единица.
     
    На PurplePuma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fringe

    Fringe Скитник низ паралелни светови

    Член од:
    24 септември 2011
    Мислења:
    7.898
    Допаѓања:
    2.984
    И да се кастрира
     
    На Nymphadora и PurplePuma им се допаѓа ова.

Сподели преку: