Регистар на педофили за поголема заштита на децата

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Detski muabeti.. ke kastrirate..
Inaku, vo usa otvaras ajfonot, gugl maps i stoznam (nemam ajfon:(), vakva nekoja javna baza i vo radius od 50km primer pokazuva kolku sex offenders ima.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Треба регистар,сепак не е на одмет да знаеш дали има педофил у твое мало,работно место,у градинката и тн.Превентивата е најака одбрана.Некој спомна не требало ќе биле јавно жигосани,ќе се самоубивале и дрн дрн,па што да не треба да ги криеме и да ги жалиме!
--- надополнето: Oct 16, 2011 12:11 AM ---
Еве овие имаат
http://www.moi.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=178
Како првите четворица ќе сретнеш денеска само низ Скопје едночудо луѓе...а квечерина?...изглед вара. Дали ќе ја отпечатиш страната и ќе се загледуваш во секој човек во автобус, околу зграда, на станица, училиште, маркет...? Што ако наидеш на некој од сликите, што би сторил или ако посочиш на лице кое само наликува на некого.
Дали овој список за потрага од МВР кој одамна е јавно достапен си го искористил некогаш и некаде?
Инаку според медиумите, многу поголем е бројот на нови педофили (прво дело) отколку оние со повторено дело. Доколку не е на листа, нема ниту да се посомневаш. Тој е само наставник, газда на стан, занаетчија, попишувач...
Нека има, ама не знам колкава му е реалната употребна вредност.
А бе сигурно дека нема да го печатиш списокот и да се загледуваш да ги бараш.Но и како ќе ти помогне кога ќе најдеш некој близок комшија,наставник,колега на тој список
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.090
ова за во зградите можеби е потребно. Ама треба детето цел ден да го контролираш.
За наставниците реков, требаше да е законски регулирано како во државните институции...ако е регулирано, требаше тоа и да се почитува. Дали е, не знам.

А каде се овде другите соципати, психопати, билокоипати? Ако полиција не функционира, џабе што знам дека комшијата е педофил. Тој ќе отиде близу некое школо на другиот крај од градот, на автобуска, ....
 
G

galaxy

Гостин
Освен што меркава ќе натера да се испосамоубијат еден добар дел од нив, не гледам како ќе се реши проблемот.
Јавниот резил, стигматизирање и прекинување на сите социјални контакти, само ќе им ја влоши и така лошата здравствена (психичка) состојба во која се наоѓаат. Па од педофили, ќе имаме педофили-невротичари, педофили-шизофреничари... и мал милион други комбинации.

Кога веќе науката утврдила дека постои преодна и перманентна педофилија, за тие вторите би требало кастрација, како би им се минимизирал сексуалниот нагон. Зошто, перманентните педофили единствена сексуална возбуда доживуваат само со деца и состојбата им е трајна. Кое фајде народот да плаќа за неговото лежење затвор цел живот, кога со кастрацијата трајно и евтино се решава проблемот?
За тоа со самоубиствата, и хемиските средства, хормони или 'антихормони', предизвикуваат промена на психолошката состојба и доведуваат до депресија и самоубиство.
И не се сигурни баш многу, можат да имаат различен интензитет кај различни луѓе, од друга страна пак се многу подобри од некаква си листа оти навистина нудат каква било ПРЕВЕНЦИЈА, за разлика од листите кои не нудат директна заштита.

Што се случува во Америка, имаат некакви си листи, ама во повеќето држави нема хемиска кастрација оти влијаеле на здравјето и предизвикувале промени во коските и не знам уште што, значи листите се за џабе кога овој си шета слободен и желен и способен за ,,,,,,,

Значи најдобро е некој комбиниран систем, по издржувањето на казната затвор, хемиска кастрација, и засилена контрола со списоци, ама поголемо внимание на превенцијата, а не на лечење на последиците.
Тука исто би се вклучило и образование за сексот од основно школо.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.793
Поени од реакции
29.267
pokraj objavuvanje vo pechateni i elektronski mediumi., ne ke da e na odmet ., na posebni tabli ., da se istaknuvaat so slika i site generalii vo forma na nekrolog., za takvi zlochini ., samiot nekrolog ke kazhuva sam po sebe
 
Член од
25 јули 2008
Мислења
53
Поени од реакции
6
a dali ovoj registar ne e kontradiktoren na zakonot za zastita na licni podatoci?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
a dali ovoj registar ne e kontradiktoren na zakonot za zastita na licni podatoci?
За контрадикторност не знам, ама знам дека е вишок, или во спротивно би требало да брои 0 (нула) запишани ЖИВИ (или најбалго кажано надвор од затворска ќелија) педофили во него.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Се то убо, само недај боже некој да ја хахни страницата... (а знаете какви се “спремни“ од МВР). 90% од граѓаните ќе испадни дека се педофили :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.749
Јас ќе кажам едно, дете некој идиот не прокопсан да ми погледне наопаку а пак недај боже да ми го пипне има да го кинам со заби, не да бил на листа или незнам што има парче по парче да го сецкам, некој ако не ми верува може слободно да ме испорба.
Зашо ги успиваат бе кучињата скитници овие мислам дека се бољи кандидати за таков третман.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
a dali ovoj registar ne e kontradiktoren na zakonot za zastita na licni podatoci?
Регистарот гарант ќе содржи, но нема и јавно да објавува матични броеви и сл., туку само основни информации така да косење со законот нема да има.

Инаку треба многу внимателно да се пристапи кон објавувањето на информациите затоа што и тоа како може да уништи нечив живот. Да не ме разберете погрешно, да, сакам јавно да биде објавен регистарот, и прекршителите јасно да бидат маркирани.
Но, во истиот кош може да влезе и некое момче кои на свои 18 години имало блиц врска со 16 годишно девојче, врска во која се јавиле проблеми кои резултирале со судска разврска и пресуда (опомена, условна казна, што и да е). Такви случаи верувам се поретки, но сигурно ги има.
Што со нив, ќе идат ставени на црна листа? Ќе бидат третирани исто како и оние стари магариња со млитави ****** (да даде Господ да им паднат) кои им се дигаат само на физички неоформени деца? Дали и нив доживотно ќе ги следи епитетот педофил?

Можеби грешам, можеби вакви случаи неможат да се маркираат како педофилија, иако моја претпоставка е дека на инсистирање на жртвата или на родителите може.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.795
Инаку треба многу внимателно да се пристапи кон објавувањето на информациите затоа што и тоа како може да уништи нечив живот. Да не ме разберете погрешно, да, сакам јавно да биде објавен регистарот, и прекршителите јасно да бидат маркирани.
Импликации од објавувањето на информациите секако дека ќе има. Секако дека ова ќе се коси со одредени делови од законот за заштита на лични податоци. Ама законите се менуваат и дополнуваат кога за тоа има потреба... На страна сето тоа, на оваа ситуација можеме да и пристапиме онолку детално колку што ќе одлучиме. На пример, можеме да ја гледаме и анализираме многу нашироко и многу сложено и до бескрај да полемизираме.

Или едноставно може да ја поедноставиме работата на неколку основни компоненти.
Како што Платун ни вели: „објавувањето на информациите и тоа како може да уништи нечив живот„.

Ова е точно. Но ако со оваа постапка се спречи барем еден иден престапник, тоа за мене е доволно. Освен тоа престапникот со само едно злодело веќе уништил неколку животи и според мене, го заслужил тоа што ќе го добие.
Целта ги оправдува средствата.

Од друга страна ги разбирам некои што се плашат каде е насочено денешното македонско општество. Но далеку е визијата на Кафка од тука, а дали е полоша од педофилијата, тоа најдобро го знаат жртвите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.090
А што е според нашите закони дефиниција за педофил?
 
S

Sagan

Гостин
А што е според нашите закони дефиниција за педофил?
Лице постаро од 16 години, кое врши полови дејствија врз малолетник кој не наполнил 14 години, и е повозрасен повеќе од 4 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom