Секојдневието без СИД беше невозможно , СИД ги имаше покриено сите пори на новата држава Македонија,единствено со целосна покриеност на сите институции можеше да има контрола врз новата држава.Моќниците припадници на СИД тоа всушност и го посакуваа, нив им е потребна целосна контрола како би можеле да го контролираат капиталот , а воедно и да го заштитат капиталот на нивните штитеници (тајкуни) и по можност да го оплодат.
За појаснување под целосна контрола на СИД беа големите трговски фирми на екс Југославија , како главни резиденти на СИД се јавуваа фирмите „ГЕНЕКС„ , „ТЕХНОМЕТАЛ ВАРДАР„ , „МАКОТЕКС„ , „ХРОНОМЕТАР„ , „ЕНЕРГОИНВЕСТ„ , „ИНА„ ,„АДРИЈА„ , „КОМПАС ХЕРТЗ„ , „ЈАТ„(нашиот Технометал, Силекс, РЖ) исто така под нејзина капа беа и сите златарски фирми како „РУБИН„ , „МАЈДАНПЕК„ и други (и Бучим на пример).Секако под капа на СИД се наоѓаа и сите поголеми туристички капацитети во екс Југославија. По сукцесијата на СФРЈ , СИД ги поседуваше сите контакти , но секако дека преодна цел на СИД преставуваше преку фирмите врз кои има контрола воспостави целосна контрола врз целокупната економија на новите држави . Но СИД се соочи со проблеми во самите фирми кој до сукцесијата ги контролираше , фирмите се соочуваа со секојдневни штрајкови , работничките совети кој беја ударна тупаница на СИД повеќе не можеја да го контролираат незадоволството на работниците и нивната одбојност кон доживотните директори . Во таква новонастаната ситуација СИД мораше да ја промени својата стратегија на делување , па така реорганизацијата ја сведоја преку своите преставници кои ги имаа како испостави на фирмите ширум светот . Веднаш целокупниот капитал на овие фирми како и моменталните затекнати подебели финансиски средства на претпријатијата , сите овие претставништва се претворија веднаш како фирми во сопственост на поединците кои беја преставници на Југословенските фирми . На тој начин преставниците преку ноќ постанаа најголеми богаташи , кој ќе ја креираат во иднина економијата во земјите кој настанаа по сукцесијата . Во Македонија имаме неколку вакви тајкуни кој се алфа и омега во нашето секојдневие ,се јавуваат како мецени , банкари ,колекционери , но никој никогаш не го испитал како е стекнато нивното богатство !
Како пример ке наведеме дека еден преставник на Технометал Вардар во Рим до 1990 година имаше личен доход од 3000 марки и обезбеден смештај, ист личен доход земаа и оние кој беа преставници во Москва , додека преставниците во САД имаа плата од 4000 долари . Со толкав личен доход до сега во свет не се помни некој кој постанал тежок милионер , осем ако во меѓувреме државата не му дозволила поинаку. Новата стратегија на СИД вроди со плод , ем преку новите тајкуни воспостави контрола врз нив чуваќи им ги нивните досиеја за недај боже во иднина и свртат грб на СИД , ем преку нив воспоставуваат целосна контрола врз новите држави не само економска туку и политичка.Новите СИД милионери беа задолжени за понатамошна контрола на политички план , но главен беше финансискиот , т.е. поставување на систем на економска – политичка зависност на новите држави од новите тајкуни . Во таков стил и со таква поставеност Македонија постана мека за шверц на нафта и нафтени деривати , цигари и друга акцизна стока. Македонија немаше никаква финансиска корист од тогашниот шверц , од едноставна причина што СИД воопшто не ја интересираше државотворноста на Македонија , туку пред се и над се и беше интересот за снабдување на неопходните енергенси за Србија . Ваквиот шверц во целост бил контролирал СИД , добивките од шверцот преставува ново богатење на СИД и неговите членови, и секако зголемување на влијаните но СИД во новите држави.