Рандом мистерии

Дискусија во форумот 'Мистерии' започната од Kallista, 15 јуни 2009.

  1. Kallista

    Kallista

    Член од:
    13 август 2008
    Мислења:
    1.144
    Допаѓања:
    890
    Колку и да мислиме дека сме најинтелегентните суштества на планетата земја, постојат голем број на феномени и мистерии во светот кои продолжуваат да си поигруваат со нашиот ум. Овие неразјаснети мистерии го привлекуваат вниманието не само на научниците и оние кои се бават со теориите на заговор, туку се интригантни и за обичните луѓе. Еве неколку од нив за кои до ден-денешен не постои логично објаснување и кои се уште не се разјаснети.


    Која е жената во кафениот мантил - Бабушка

    [​IMG]

    За време на анализата на филмските снимки од атетнатот врз Џозеф Кенеди во 1963, била забележана мистериозна жена. Таа на себе имала кафен мантил и шамија врзана на главата. Токму шамијата која ја носела во стилот на руските баби е причината зошто оваа мистериозна жена го добила прекарот Бабушка.
    На сликите на Бабушка и се гледа грбот и изгледа како да држи нешто пред нејзиното лице, за што се верува дека било камера. Таа се појавува на повеќе слики од таа сцена. Дури и по пукањето, кога повеќето луѓе се разбегале таа останала на истото место и продолжила да снима. Кратко потоа била забележана како се движи од Источната до Елм Стрит. ФБИ јавно побарал од жената да се јави во полиција и да ја предаде снимката која ја снимила тој кобен ден, но тоа никогаш не се случило. Во 1970 година жена со име Беверли Оливер се појавила и тврдела дека таа е Бабушка, жената од фотографијата. Но, нејзината приказна содржела многу контрадикторности, и бидејќи немала убедливи докази нејзината приказна се смета за измама.
    Сепак таа во 1994 година ги објавила мемоарите во кои се содржани настаните од тој ден - денот на атентатот врз Кенеди. Во нив се тврди дека филмот и бил одземен од Федералниот агент Реџис Кенеди и никогаш повеќе не и бил вратен. До денес никој со сигурност не знае која е дамата наречена Бабушка или што правела таа таму. Уште понеобично е одбивањето да истапи и да ги приложи своите докази. Во 1991 е снимен филмот ЈФК во кој Бабушка ја глуми актерката Лолита Давидович.


    Мистериозниот шум од Таос

    [​IMG]

    Понекогаш звучи како експлозија, понекогаш како зуење, некогаш го слушаат сите, а некогаш само некои поради специфичниот распон на фреквенцијата на звуци. Она што е заедничко за тие звуци е тоа што и покрај елиминирање на секојдневните звуци кои не се причината за
    овој феномен, никогаш не била пронајдена ниту приближна причина за неговото настанување.
    Еден од најпознатите такви шумови е оној во Таос во Ново Мексико. Жителите на овој град веќе со години се збунети од мистериозниот и слаб шум со ниска фреквенција од 30Hz до 80Hz. Она што е необично е тоа што овој звук може да го слушнат само 2% од жителите на Таос. Оние кои го слушаат го опишуват како брмчење на дизел мотор во далечина кое буквално ги излудува, а некои поради него страдаат од главоболка, притисок во ушите, крвавење на носот и слично. Шумот има единствена и интересна карактеристика - поинтензивен е во градбите отколку на отворено. И покрај користење на слушалки против звуци и други направи за елиминирање за звуци, овој шум никако не можел да се неутрализира, а најзагрижувачки е тоа што шумот не звучи нималку природно. Иако многу научници и истражувачи се обиделе да дојдат до некое логично објаснување, причината за овој феномен се уште не е откриена.


    Исчезнувањето на едно село

    [​IMG]

    Фотографиите од авион или сателит веќе долго време покажуваат дека на светотот постојат илјадници осамени места. Можно е повеќето од нив да се напуштени бидејќи земјиштето повеќе не може да им пружа храна на своите жители или пак поради тоа што пресушиле изворите. Но, многу места се напуштени без видлива причина и тоа под многу мистериозни околности. Поставувачот на замки Џо Лабел честопати работејќи го посетувал ескимското село во Северна Канада, оддалечено околу 300км од градот Черчил.
    Но, кога во ноември 1930 година повторно се приближил во селото, се било поинаку од обично. Ниедно куче на лаело, не се појавил ниту еден човек, а насекаде имало само морбидна тишина.
    Изгледало како сите жители да го напуштиле селото за само неколку минути. Лонците над огништата биле полни со јадење, во некои од колибите поставувачот на замки пронашол и детска облека во која се уште стоела игла за шиење, а немало никакви траги од борба. На брегот од езерото плутале кајаци, а најнеобично од се било тоа што кучињата биле врзани но изгладнети. Во колибите тој ги пронашол наполнетите ескимски пушки, а познато е дека ниеден Еским не оди никаде без својата пушка и пес...
    Лабел ја известил канадската полиција, а потоа и воената полиција која со сите сили го истражувала овој мистериозен случај на исчезнување на цело село... Го пребарале секој километар во пошироката околина но не пронашле ништо...ниту тела ниту било каква трага. По неколку недели се откажале од потрагата, а овој случај во нивните документи е опишан како необјаснив.
     
    На children, kokcidioza, beautifull liar и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.571
    Од темава ги тргнав случаите за кои веќе има теми а ги оставив оние за кои не се дискутирало или малку се знаело, инаку морам да признаам дека сум изненаден од првиот случај, иако ми изгледа како некој афтер заговор :)
     
  3. Supervisor

    Supervisor .

    Член од:
    28 јули 2008
    Мислења:
    10.785
    Допаѓања:
    3.520
    Добра работа многу интересни случки. Посебно втората е многу мистериозна и би пробал да најдам повеќе информации на нет. Едноставно во Мексико во последно време се случуваат многу мистерии од неидетификувани летачки објекти па се до мистериозни звуци.
     
  4. Kallista

    Kallista

    Член од:
    13 август 2008
    Мислења:
    1.144
    Допаѓања:
    890

    Баш ќе го земам филмот да го гледам ме заинтересира, зашто и јас до сега не сум слушнала за ова. Иначе нема проблем убаво што си ги тргнал другите, битно е да нема повторување зашто не сум видела дека претходно ги имало. Ако случајно друго нешто најдам ќе пастирам обавезно.:helou:
     
  5. StormRage

    StormRage Гостин

    Oва третово е мноооогу чудно... како можело така да „испарат“ луѓето не знам...
     
    На children му/ѝ се допаѓа ова.
  6. one1two2

    one1two2

    Член од:
    6 јануари 2008
    Мислења:
    1.823
    Допаѓања:
    607
    Ова третово ми е некако како од холивудски филм.За селото(кај се жителите жити се) ми беше некако најинтересно од сите но и звукот од Таос е тука некаде на исто рамниште.Како и да е интересни,прекрасно неописливи ситуации.
     
  7. Toecutter

    Toecutter Biafran Baby

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    2.433
    Ова е јако...Ангикуни езерото...нема објаснение иако некои сметале дека се работи за урбана легенда. Сепак имало докази, селото било напуштено на брзина некоја врста на Мери Селест на копно...
     
  8. \m/arko

    \m/arko A place where the beer flows like wine...

    Член од:
    15 јануари 2008
    Мислења:
    6.352
    Допаѓања:
    786
    Еве видео за Таос ама незнам дали тоа е шумот.

     
  9. Виножито

    Виножито

    Член од:
    15 април 2009
    Мислења:
    130
    Допаѓања:
    35
    Мистериозно суштество на плажа во Њујорк
    Фотографираните остатоци од мистериозното суштество на плажа во близина на Њујорк, ги вознемирија онлајн корисниците.

    Ова откритие ги разви дискусиите меѓу теоритичарите. Некои сметаат дека станува збор за вонземско суштество, додека други велат дека можеби се работи за остатоци од Јети.
    [​IMG]
    Суштеството наречено Монтаук чудовиште, според градот во Long Island каде е пронајдено, предизвика шпекулации дека можеби станува збор за програма за мутации спроведена од Владата на САД.
     
    На Kikimikiriki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wot

    wot њ

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    17.325
    Допаѓања:
    26.854
    Ракун или што и да беше. Старо и докажано. Ме мрзи да барам линкови.
     
  11. Milla*

    Milla* 100% Milla

    Член од:
    15 јуни 2009
    Мислења:
    254
    Допаѓања:
    40
    Многу чудни работи... немам коментар :(
     
  12. Toecutter

    Toecutter Biafran Baby

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    2.433
    Еве еден интересен случај со хепи енд!

    24.Ноември 1971 година.
    Летот на Нортвест Ерлајнс од Портланд за Сиетл е киднапиран.
    Човек кој се претставува како Д.Б.Купер им дава писмо на стјуардесите во кое вели дека има бомба и бара 200.000 долари во апоени од 20 долари за откуп. И два пара падобрани. Им покажува на стјуардесите некакви прачки и жици околу половината кои наликуваат на динамит.
    Пилотите се известени за ова и ја известуваат контролата на лет која пак го известува ФБИ. Советувано им е да постапат по барањата на киднаперот.
    Авионот слетува во Сиетл каде Д.Б.Купер дозволува сите патници да се истоварат (кои не ни знаат дека авионот е киднапиран!) но да остане екипажот. Откога парите и падобраните се донесени и авионот е наполнет со гориво, Д.Б.Купер бара авионот (Боинг 727) да лета за Сиудад де Мексико. Иако знае дека овој авион нема таков долет. Инсистира да не се користи уредот за пресуризација. Бра да се лета со спуштен стаен трап. Подоцна бара авионот да се упати во правец на Рино,Невада на висина од 3.000м и со брзина од 320 км/ч.
    Пилотите го прават она што го бара Д.Б.Купер. По некое пилотите гледатт на контролната табла дека задниот излез на Боингот 727 е отворен.
    Д.Б. Купер мести пар падобрани и скока...
    Ова е единствен случај на необјаснето киднапирање во светот. Д.Б. Купер исчезнува во ноќта во областа Ариел, Вашингтон. Ловците Ф-106 кои го пратат Б-727 не приметуваат ништо. Боингот безбедно слетува во Рино без на ниеден член на екипажот да му фали влакно од главата.

    Д.Б.Купер влегува во легендите...
    До ден денес истрагата не е затворено и не се знае кој бил Д.Б.Купер. И что станало со него. Не е пронајден никаков траг, ништо што истрагата би ја доближило до Купер. Од парите се најдени околу 6.000 долари 40 км од местото каде Купер скокнал во ноќта, веројатно ги оставил да ја наведе истрагата во погрешен правец.
    И покрај стотиците полицајци,ФБИ и војници кои деноноќно ја чешлаат областа никаков траг не е најден, ниту падобран ниту било што друго. Од почеток ФБИ смета дека Д.Б.Купер настрадал, но тоа се коси со фактот за 6-те иљади долари кои подоцна ги наоѓаат.

    Д.Б.Купер останува една од најмистериозните личности во историјата на криминалот. Не само што успева да дојде до 200.000 долари (околу 800.000 во денешна вредност) туку тоа го прави без насилство. Човекот е легенда!

    Кај и да се наоѓа, веројатно ужива во плодовите на својот труд.
     
    На Löwe, Adidya..Fanox on Faja :D, Rick Grimes и уште 6 други им се допаѓа ова.
  13. Srcee

    Srcee Unforgettable

    Член од:
    29 април 2008
    Мислења:
    5.265
    Допаѓања:
    3.471
    Toa за Бабушка не ме заинтригира многу. Тоа за мистериозниот звук да. Али исчезнувањето на селаните ме запрепасти. Како е можно така да исчезнале?

    А за последниот случај со Д. Б. Купер - браво за човекот. Имал јајца, со извинение. И btw имаше во Prison Break еден затвореник кој беше обвинет за ограбување на авион. Тој го глуми Д. Б. Купер? Ич не ми текнува како се викаше во серијата, ваљда Д. Б. Купер.
     
  14. Toecutter

    Toecutter Biafran Baby

    Член од:
    12 мај 2009
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    2.433
    Да, во Призон Брејк тој стариот што настрада кога бегаа од затворот го играше Д.Б.Купер, ги криел парите некаде ама биле 5 милиони...
    Д.Б.Купер е тема на неколку филмови и серии.

    Инаку се работи за една од најпознатите криминалистички мистерии бидејќи целиот американски систем не успева да открие кој бил и каде избегал типот...
     
  15. Kallista

    Kallista

    Член од:
    13 август 2008
    Мислења:
    1.144
    Допаѓања:
    890

    За ова првпат слушам стварно интересно и сигурно денес ужива чоекот... Иначе ако најдеш некои слични статии обавезно пастирај ги тука...
     

Сподели преку: