- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.145
- Поени од реакции
- 893
Колку и да мислиме дека сме најинтелегентните суштества на планетата земја, постојат голем број на феномени и мистерии во светот кои продолжуваат да си поигруваат со нашиот ум. Овие неразјаснети мистерии го привлекуваат вниманието не само на научниците и оние кои се бават со теориите на заговор, туку се интригантни и за обичните луѓе. Еве неколку од нив за кои до ден-денешен не постои логично објаснување и кои се уште не се разјаснети.
Која е жената во кафениот мантил - Бабушка
За време на анализата на филмските снимки од атетнатот врз Џозеф Кенеди во 1963, била забележана мистериозна жена. Таа на себе имала кафен мантил и шамија врзана на главата. Токму шамијата која ја носела во стилот на руските баби е причината зошто оваа мистериозна жена го добила прекарот Бабушка.
На сликите на Бабушка и се гледа грбот и изгледа како да држи нешто пред нејзиното лице, за што се верува дека било камера. Таа се појавува на повеќе слики од таа сцена. Дури и по пукањето, кога повеќето луѓе се разбегале таа останала на истото место и продолжила да снима. Кратко потоа била забележана како се движи од Источната до Елм Стрит. ФБИ јавно побарал од жената да се јави во полиција и да ја предаде снимката која ја снимила тој кобен ден, но тоа никогаш не се случило. Во 1970 година жена со име Беверли Оливер се појавила и тврдела дека таа е Бабушка, жената од фотографијата. Но, нејзината приказна содржела многу контрадикторности, и бидејќи немала убедливи докази нејзината приказна се смета за измама.
Сепак таа во 1994 година ги објавила мемоарите во кои се содржани настаните од тој ден - денот на атентатот врз Кенеди. Во нив се тврди дека филмот и бил одземен од Федералниот агент Реџис Кенеди и никогаш повеќе не и бил вратен. До денес никој со сигурност не знае која е дамата наречена Бабушка или што правела таа таму. Уште понеобично е одбивањето да истапи и да ги приложи своите докази. Во 1991 е снимен филмот ЈФК во кој Бабушка ја глуми актерката Лолита Давидович.
Мистериозниот шум од Таос
Понекогаш звучи како експлозија, понекогаш како зуење, некогаш го слушаат сите, а некогаш само некои поради специфичниот распон на фреквенцијата на звуци. Она што е заедничко за тие звуци е тоа што и покрај елиминирање на секојдневните звуци кои не се причината за
овој феномен, никогаш не била пронајдена ниту приближна причина за неговото настанување.
Еден од најпознатите такви шумови е оној во Таос во Ново Мексико. Жителите на овој град веќе со години се збунети од мистериозниот и слаб шум со ниска фреквенција од 30Hz до 80Hz. Она што е необично е тоа што овој звук може да го слушнат само 2% од жителите на Таос. Оние кои го слушаат го опишуват како брмчење на дизел мотор во далечина кое буквално ги излудува, а некои поради него страдаат од главоболка, притисок во ушите, крвавење на носот и слично. Шумот има единствена и интересна карактеристика - поинтензивен е во градбите отколку на отворено. И покрај користење на слушалки против звуци и други направи за елиминирање за звуци, овој шум никако не можел да се неутрализира, а најзагрижувачки е тоа што шумот не звучи нималку природно. Иако многу научници и истражувачи се обиделе да дојдат до некое логично објаснување, причината за овој феномен се уште не е откриена.
Исчезнувањето на едно село
Фотографиите од авион или сателит веќе долго време покажуваат дека на светотот постојат илјадници осамени места. Можно е повеќето од нив да се напуштени бидејќи земјиштето повеќе не може да им пружа храна на своите жители или пак поради тоа што пресушиле изворите. Но, многу места се напуштени без видлива причина и тоа под многу мистериозни околности. Поставувачот на замки Џо Лабел честопати работејќи го посетувал ескимското село во Северна Канада, оддалечено околу 300км од градот Черчил.
Но, кога во ноември 1930 година повторно се приближил во селото, се било поинаку од обично. Ниедно куче на лаело, не се појавил ниту еден човек, а насекаде имало само морбидна тишина.
Изгледало како сите жители да го напуштиле селото за само неколку минути. Лонците над огништата биле полни со јадење, во некои од колибите поставувачот на замки пронашол и детска облека во која се уште стоела игла за шиење, а немало никакви траги од борба. На брегот од езерото плутале кајаци, а најнеобично од се било тоа што кучињата биле врзани но изгладнети. Во колибите тој ги пронашол наполнетите ескимски пушки, а познато е дека ниеден Еским не оди никаде без својата пушка и пес...
Лабел ја известил канадската полиција, а потоа и воената полиција која со сите сили го истражувала овој мистериозен случај на исчезнување на цело село... Го пребарале секој километар во пошироката околина но не пронашле ништо...ниту тела ниту било каква трага. По неколку недели се откажале од потрагата, а овој случај во нивните документи е опишан како необјаснив.