Рандом мистерии

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Еве еден интересен случај со хепи енд!

24.Ноември 1971 година.


Д.Б.Купер останува една од најмистериозните личности во историјата на криминалот. Не само што успева да дојде до 200.000 долари (околу 800.000 во денешна вредност) туку тоа го прави без насилство. Човекот е легенда!

Кај и да се наоѓа, веројатно ужива во плодовите на својот труд.
Ако добро се сеќавам некаде налетав на текст во кој се спомнува разјаснување на мистеријата....мислам дека самиот пријавил кој е со сите детали така да не остава сомнение дека е автентичен.....не се сеќавам во кои околности...но сепак 30 и кусур години бил раат, башка навистина е легенда :) со тоа искакањето од 727...на задна врата...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Еве уште еден случај кој го пишав на друга тема, за тие што не го прочитале...

Враќајки се дома од некоја прослава околу 3 по полноќ 24 февруари 1957 познатиот американски актер Тели Савалас (Коџак) останува без бензин на автопат далеку од неговиот дом. Некое време чека да помине друг автомобил и со автостоп евентуално да го префли до најблиска бензинска пупма. Савалас не дочекува ниедедн автомобил туку силен дожд. Решава да тргне да бара бензинска пупма. По неколку стотини метра среќата му се насмевнува, слуша звук на автомобил зад него, иако со исклучени светла што му се чини глупост на Савалас. До него застанува црн Кадилак чиј возач го прашува Савалас дали може да му помогне. Актерот прифаќа и влегува во колата иако му е нелагодна целата работа со тип кој вози без светла во тоа време на ноќта.



Савалас му кажува на возачот да го префрли до најблиската пупма. Тој се согласува и вози. Савалас се обидува да започне неврзан разговор но човекот не одговара ништо освен на прашањето 'Каде возиш во ова време?' на што добива одговор - 'на крстосницата на мојата судбина' . Савалас по ова не се обидува да прави муабет помислувајќи дека возачот е луд или пијан.
Стигнувајќи до првата бензинска Савалас посегнува по својот новчаник и со ужас се присетува дека го оставил на прославата. Од нелагодната ситуација го ваѓа чудниот соговорник кој му дава пари за бензин и конечно проговорува да не се грижи кога ќе може ќе му врати.
Савалас кој утрото треба да оди во студио да снима, не може да си дозволи да отсуствува од снимање бидејќи се уште е на почеток на кариерата и ги прифаќа парите. но пред тоа ја запишува адресата и името на човекот кој двоумејќи се сепак му кажува кој е и каде живее. По неколку дена, Савалас сака да се оддолжи за услугата и се појавува на дадената адресата. Звони и ја прашува жената која му отвора дали тука живее Хари Аганис. Жената прашува во што е работата и Савалас објаснува зошто доаѓа. Жената почнува да се оденсува хистерично и му вели на Савалас да си оди. Актерот заинтригиран од целата ситуација и ја дава на жената членската карта од синдикатот на актерите, објаснува кој е и го опишува Хари Аганис, нејзиниот сопруг кој му помогнал. Жената во солзи му дава слика од својот - покоен сопруг - и Савалас го препознава типот кој му позајмил пари. Исто дознава и дека Хари Аганис загинува во 1954 година во сообраќајна несреќа на истата делница од патот каде го сретнал. Хари Аганис враќајки се од годишнина на матура се судира со камион и загинува на самото место.
Тели Савалас до својата смрт во 1994 година раскажува за овој случај не можејќи рационално да објасни што се случило во таа ноќ, и во два други наврати кога возејќи подоцна по тој ист пат се разминува со црн кадилак кој вози без светла.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Необичната и тажна сторија за Каспар Хаузер - "човекот кој дојде од никаде" :

На ден 26-ти Мај 1828 година во Нирнберг чевларот по име Георг Вајхман здолгледува млад човек на некои 15-20 години како целиот во партали, куцајќи и пуштајќи неразбирливи крици му се приближува. Вајхман го прашува човекот дали е се во ред, да не му се случило нешто, но како одговор добива само неодредено мумлање - кога младиот човек му дава писмо адресирано - До капетанот на 4-от ескадрон, 6-ти коњички полк, Нирнберг.
Сожалувајќи се на младиот, прегладнет и очигледно дезориентиран човек, Вајхман решава да се обиде да му помогне. Го носи дома, му дава јадење и гледа дека со детето нешто не е во ред, панично се плаши од разни предмети и бега од светлото...
Единствено нешто кое го добиваат како одговор од непознатата особа е - Вајс нихт, не знам ништо. По некое време чевларот го пронаоѓа капетанот на 4-от баварски ескадрон Весениг кој зачуден го отвара писмото и чита во него дека името на детето е Каспар Хаузер, дека е роден во 1812 и дека за цело време од неговиот живот бил затворен во некој подрум под земја каде еднаш дневно има контакт со светлоста (кога му носат храна), никогаш не бил пуштен надвор од подрумот каде друштво во 16-те години робија му прават стаорците и неколку дрвени играчки. Се наведува и дека бил несакан плод на нечија страст и дека најдобро би било баш капетанот Весениг да се погрижи за него и да го запише во воено училиште.
Весениг, немајќи намера да се грижи за Каспар го носи во полиција каде случајот треба да се разјасни. Каспар го сметаат за имбецил бидејќи не може да состави една разумна реченица. Ставен е во затвор, каде е очигледно дека Каспар е навикнат на самување и мрак. Дури и неговата конституција е чудна како некој кој цел живот го поминал во ниска ќелија, подгрбавен.
Неговата судбина интригира неколку луѓе кои се обидуваат да ја разрешат мистеријата. Со првите контакти со луќето, Каспар ги демантира тврдењата дела е ментално заостанат - напротив, за многу брзо време учи да чита пишува, а по некое време е под старателство на Георг Фридрих Даумер, професор и филозоф. Тука се случува целосна преобразба на Каспар кој за неколку месеци од неписмен и нем достигнува да чита филозофски дела и да разговара со својот ментор Даумер. Што претставува незабележана брзина на интелектуален развој во познатата историја. Каспар зе неколку недели учи да црта, ги слика првите пејсажи, се занимава со компонирање, ги употребува и десната и левата рака (амбидекстер) и ја пишува својата автобиографија.
Во неа кажува дека не знае ни кој е, ни кој му се родители, ни од каде е, ни како се нашол во Нирнберг. Знае дека живеел во подрум, дека некој му подавал храна низ некаков отвор, дека одвреме навреме водата која му ја давале имала чуден вкус по што заспивал, дека немал видено човечко лице се до денот кога се појавил во Нирнберг, ниту кој му го дал писмото во кое се бара од тотално непознат човек (капетан Весениг) да се грижи за него (!?)...

Оваа автобиографија го прави славна личност низ цела Европа во тоа време. Јавноста се интересира за бизарната судбина која го снашла Каспар Хаузер.
Градот Нирнберг распишува награда за оној кој би дал информации со кои ќе се разјасни мистеријата, но никој таа награда не ја подигнува. Не постои никакво семејство Хаузер. Се отвара и истрага која по некое време заглавува, бидејќи не можат да се одделат фактите од шпекулациите кои тврдат дека Каспар е од кралско потекло од оваа или онаа династија.
Малку по малку Каспар се надева да дојде до нормален живот, но на 7-ми Октомври 1829 се случува обид за негова ликвидација. Каспар е најден со голема рана на главата предизвикана од чекан. Обидот за убиство се случува во куќата на неговиот ментор Даумер.
После ова се јавуваат луќе кои сакаат да му помогнат, Анселм фон Фојербах и англискиот милионер Лорд Стенхоуп, кои решаваат да го заштитат животот на Каспар. Најмен е платеник да го чува Каспар, но се е залудно.
На 11-ти Декември 1833 Каспар Хаузер е заклан недалеку од својот нов дом.
Убиецот никогаш не е пронајден.

Дали се работело за садистички експеримент, стварање на табула раза од 17 години, или нешто сосема друго. Менталните супер способности на Каспар Хаузер се исто така причина за шпекулации околку неговата судбина и смрт.
Тајната никогаш не е разјаснета.

На неговиот надгробен споменик во Ансбах стојат зборовите -

На ова место
од непознати причини
еден непознат човек
беше убиен од друг непознат човек.

На ова место лежи
загатката на нашето време
Место и време на раѓање - непознато
Причина за смртта - непозната.
 
V

Viktorijabt

Гостин
Необичната и тажна сторија за Каспар Хаузер - "човекот кој дојде од никаде" :
.......
Има многу интересни факти за Хаузер во книгата од Анселм фон Фојербах. На пример тој пишува дека за време на првите денови откако дошол, кога го шетале низ градот се плашел од сите видови црни животни, а ги сакал белите. Сите животни ги нарекувал "коњ", а зборот коњ го извикувал во секоја пригода. Еднаш еден од полицајците му донесол дрвен коњ на кој Хаузер многу се израдувал и со кој си играл со часови. Можно ли е во дрвените играчки со кои престојувал во ќелијата да се наоѓал и коњ?

За градбата на телото, интересен детал забележен од Фојербах извлечен од извештаите на лекарите е тоа што кога нормален човек би седел на подот со исправени нозе пред себе би имало растојание помеѓу подот и потколеницата. Кај Хаузер помеѓу потколеницата и подот "немало место да се вметне ни обична карта за играње", како што изјавиле докторите.

Има многу контрадикции помеѓу деталите кои ги нафрла авторот. На моменти одредена ситница изгледа како да ја поткрепува теоријата за Хаузер како марионета истренирана од некого со некаква важна цел, а на моменти навистина како експеримент за создавање на табула раза.

Има толку многу ситни податоци што е навистина тешко систематски да се поврзат и да се оди на препознавање и отфрлање на се што е претерано за да остане вистината. Навистина голема мистерија.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
93
Поени од реакции
5
леле леле што више нема да слушнеш и видеш :toe: ама јас мислам некој мора да знае за сето ова некој мора да ги има одговорте ама ........... ние нема да ги дознаеме ..... Sh*t а баш сакам да знам што се случило со тоа село ???...

и само нешто за ова Тели Савалас (Коџак) --- за тоа имаше виц :pos2: а и некако не ми се верува да е вистина...
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.712
Поени од реакции
12.713
да да ова е вистина.... за жал
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
ЛоЛ клипчево е многу језиво
 

CF.REAL MADRID

ЦЕВКА
Член од
9 септември 2009
Мислења
335
Поени од реакции
9
Немам коментар,посебно за третото,кај се изгубиле лугето??????
 
?

..........

Гостин
Јас не верувам во бабароги клипчето е интересно колку навистина се случило и дали е наместено.......незнам ама не ми е веројатно да има натприродни работи мртовци што се возат со коли итн....

А тие ескимите мистериозно исчезнале:raz:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.148
Поени од реакции
30.267
Имаше едно клипче на youtube, како дечко и девојка планинарат на некоја планина во америка и снимаат по патот. И девочката го снимаше дечкото и нешто падна од небото. Дечкото прв истрча до нештото, и од тоа испадна нешто како ѕвер и го нападна и го уби а потоа се фрли на девојката. Неможам да го најдам да видите какво е. Ама реално или исценирано па е многу језиво.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Имаше едно клипче на youtube, како дечко и девојка планинарат на некоја планина во америка и снимаат по патот. И девочката го снимаше дечкото и нешто падна од небото. Дечкото прв истрча до нештото, и од тоа испадна нешто како ѕвер и го нападна и го уби а потоа се фрли на девојката. Неможам да го најдам да видите какво е. Ама реално или исценирано па е многу језиво.
Го имам гледано одамна.Како само вештачки паѓа „метеорот“.ЦЦЦ.Тој што го правел клипот сигурно бегал од часови по физика.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.148
Поени од реакции
30.267
Го имам гледано одамна.Како само вештачки паѓа „метеорот“.ЦЦЦ.Тој што го правел клипот сигурно бегал од часови по физика.
и ја бев за дека е лажно ама сите ми викаат вистинско е.
 
V

Viktorijabt

Гостин
"Jerome", уште еден John Doe, сличен случај како со Каспар Хаузер само што има далеку помалку податоци.

На 8 септември 1866 рибари пронашле човек со темен тен на околу 20тина години во Сенди Коув, Дигби Каунти, Канада. На човекот му биле свежо ампутирани двете нозе под колената, раните уште крвавеле и блиску до него биле оставени бокал со вода и малку леб. Не сакал многу да зборува од почеток што ги навело луѓето да мислат дека криел некаква тајна, меѓу првите зборови му било некакво мрморење што го разбрале како "Џером", па му дале такво име. Се држел достоинствено и се навредувал кога некој ќе му понудел пари.

Еден од неговите патрони бил некој Џон Николас, Корзиканец, кој му зборувал италијански и успеал да извлече одговор на две прашања; од каде е, на што добил одговор "Трст" и како се вика бродот на кој дошол на што добил одговор "Коломбо".

Сакал да се дружи и зборува со деца, но кога ќе се приближеле возрасни се стуткувал во клопче и седел така. Едно од децата го прашало зошто не сака да зборува со возрасните, на што одговорил "Не, не". Во друга прилика го прашале како ги изгубил нозете, на што одговорил "Синџири. Отсечени на маса".

Наводно бил доста силен со цврста градба, темпераментен и сакал да го остават на мира, гледал замислено низ прозорец во бродовите што пловеле надвор. Се возбудил многу кога некој го спомнал зборот forban (француски, пират) и добил настап на бес кој траел со денови.

Има докази дека разбирал и зборувал англиски, бидејќи кога жената на Дидие Кормо (кај кого престојувал после смртта на жената на Николас) го викнала да му каже дека дошол некој човек да го види, Џером и одговорил на доста течен англиски "I'll bite you".

Има неколку мислења во врска со тоа кој можел да биде овој човек и што му се случило, но тој никогаш отворено не проговорил за тоа и ја однесол тајната со себе во гробот со неговата смрт во 1908 година. Забележано е дека кратко време пред смртта го посетила ќерката на Џон Николас, со која бил релативно близок кога била дете. Кога го замолила да и проговори, тој промрморел нешто како "I cannot".

Повеќе за оваа мистерија овде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom