Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 142 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 267 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    427

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Прати некој светско до 21?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Прати некој светско до 21?
Јас само две утакмици до сега за жал. Се спремав да почне, едвај чекав да гледам ама ме утепаа со работа ко за беља! Ја гледав Данска-Исланд прееска, Халгримсон искина.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Прати некој светско до 21?
Јас почетокот го гледав,првите утакмици,сега на одмор сум сигуро нема да гледам.
Хрватите имаат добар состав,доста талентирани играчи,Јагањац слабо почна,ама од него очекувам да биде лидер на оваа селекција,има доста идкуство собрано.
Имаат доста играчи од Загреб,имаат играно ЛШ и Сеха,што за нивни години е доста добро искуство.
Вистороп добро играше,искина на двете утакмици,Шарац од Цеље е тука,Мартинович сега потпиша за Хановер,Векич од Загреб,Миличевич што беше во Металург итн.
Доста добра репка се па ќе видиме што ќе изиграст понатаму.
Се мачеа доста со голманите,тој вториот голман Ереш ги извади,па ќе видиме како ќе тераат.

Србите ги гледав,ама не ми изгледаат опасни,освен десниот бек Милич другите...Како просек некои за србска лига,незнам дали грешам ама така ми делуваа.
Тоа голманчето Јевтич е солиден исто.

Словенците малце ги гледав,доста уиграни се тука им е Оцвирк како лидер,имаат и уште доста брзи бекови,словенска школа,како поединци не се опасни ама како екипа газат.
Незнам само каде им беше Макуц не го видов да влезе,огромен потенцијал има дечкото,можеби и несакаат да го префорсираат пошто е 2000 година,2 помал од овие што играат.

Тоа е што имам гледано,ќе стигнам крајот да го гледам па ќе пишам коментар.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Макуц се мачи со повреда на коленото. Нема да игра ни на кадетското во Скопје.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Го глеам и ова и она за жени до19
Од она шо гледав а гледав едно 60-70% од утакмициве бидејки имав среќа со слободни денови а ги имате и на јутуб ако некој има желба да ги изгледа ја ги глеам од друга причина не обрнувам многу внимание на поединциве пошто ме интересираат други ствари можам да кажам дека нема изразит фаворит иако некако Франција изгледаше некако најзрело денес коа изгубиле од Шведска која беше за нигде на сите утакмици шо ја изгледав јасно е дека и тие шкрипат сепак мислам дека они и ке освојат
Секој ден има некој шокирачки резултат така да вреди да се прати има екипи интересни за око за мене најдобра НИгерија на нивни утакмици екипиве по 20контри прават какви све не формации на одбрани играат нај беше коа зедоа пресинг да играат на 15 гола разлика губење можда мислеа имат време

Многу поинтересно а мене е првенствово за жени во Ѓер
Особено полуфиналето меѓу Унгарија и Русија кое после водство на Унгаркиве во прво пол од 19-12 кај шо доминираа се довдеоа до ситуација да губат во 50 и некоја мин негде 24-23 мислам али на крај Русинкиве промашија два пати за водство на 25-25 па добија и исклучување во 57 мин и затоа изгубија а да тепаа имаше да прославам и тоа солидно
Утре е финалето Унгарија - Холандија би требало да е еден меч со многу голови и се надевам Холандија ке земе титула
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
А нашиве женски до 19 години што се во Литванија. Тоа е катастрофа!! Ете загубија од големите Фарски Острови денес во битка за 5-то место. Вчера губеа 1-9 од Косово па се вратија и победија со 1 разлика. Не знам што да кажам, ама многу, многу слабо. Играат бедно, топка не можат да ја водат како што треба. Некоординирани, залутани, изгубени. На ракометниот портал пишуваше како божем почнале со победа против Грузија на стартот. А на таа победа ни 30 гола не дадоа против тотален аутсајдер и никој и ништо во ракометот (поготово женскиот). Тренерот Дамчевска е нула. Женава не ја бива да ја води екипата. Водеше една екипа на јуниорско А дивизија во Скопје и ги губеше сите со над 10 разлика. Па ја водеше оваа сегашнава на У17 во Скопје пред две години (кога Грција се повлече и направи драма) и таму катастрофа од Полска, мачење со Фарски Острови и Швајцарија (а сега од Швајцарија -12) и како крај беше поразот од Бугарија за 3-то место...
Не дека очекувам да бидат во најдобрите 10 екипи во Европа, ама на тие услови што сега ги имаат, школи, академии, тренери, па сигурно не очекувам од Фарски Острови, Литванија, Бугарија да губат, Швајцарија да не демолира, а едвај да се мачиме со Косово.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Јас почетокот го гледав,првите утакмици,сега на одмор сум сигуро нема да гледам.
Хрватите имаат добар состав,доста талентирани играчи,Јагањац слабо почна,ама од него очекувам да биде лидер на оваа селекција,има доста идкуство собрано.
Имаат доста играчи од Загреб,имаат играно ЛШ и Сеха,што за нивни години е доста добро искуство.
Вистороп добро играше,искина на двете утакмици,Шарац од Цеље е тука,Мартинович сега потпиша за Хановер,Векич од Загреб,Миличевич што беше во Металург итн.
Доста добра репка се па ќе видиме што ќе изиграст понатаму.
Се мачеа доста со голманите,тој вториот голман Ереш ги извади,па ќе видиме како ќе тераат.
Првиот голман Периќ е некој врскаџија што читав.
Вистороп е добар технички играч, школуван е, но не ми делува нарочито брз и ко што приметив не асистира многу. Среден бек треба да разигрува добро,а јас од Вистороп видов само голови.

Јагањац,Шарац на лев бек, Мартиновиќ на десен, Векиќ како дефанзивен специјалист и Милета на десно крило се вистински таленти и веќе се материјал за А репрезентација. Ереш не е лош голман, мислам дека во Фуксе го земаа? Другите тешко нешто да направат, посебно не Милилевиќ. Мислам дека првенствово има 10% реализација на шут.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Египет ебе мама. Ја исплеаскаа Шведска 10 разлика, сега истата порција ја чека и Франција. Страшна генерација.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
На поинаков систем функционираат USA & UK. UK по ЛОИ креираше проект каде што владините пари ги насочува на спортови каде што дотогаш UK не беше никаков фактор. Америка е чист шоубизнис и по 200 олимпијади организирани на нивно тло, се знае од каде кинат медали :)
да не тераме во рк Вардар темата :)


Па еве на младинско СП САД се појавија, ма да што знам колку вложуваат во ова и ако вложуваат до коа ќе им трае желбата. Ама ако запнат ко овие од азиските земји што направија може нешто да склопат.
И не делуваат толку аматери колку што замислуваме ние : )) барем вака од гледање.
.. на пример Велика Британија за ЛОИ кај нив беа ракометари собирани по огласи и тоа делуваше доста аматерски.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Зошто нашиве ги нема на СП? Пред две години бевме шести во светот. На резултати гледам не сме играле квалификации, како се собраа овие екипи, па и Косово стасале?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
Зошто нашиве ги нема на СП? Пред две години бевме шести во светот. На резултати гледам не сме играле квалификации, како се собраа овие екипи, па и Косово стасале?
Косово стигна поради тоа што на ова првенство имаше место за екипа од мала нација.

Имаше некое натпреварување за мали држави каде играа отепани земји и Косово преку тоа го доби пласманот пошто сакаат од ИХФ да се добива шанса на малите земји што не ги бива за ракомет
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Косово стигна поради тоа што на ова првенство имаше место за екипа од мала нација.

Имаше некое натпреварување за мали држави каде играа отепани земји и Косово преку тоа го доби пласманот пошто сакаат од ИХФ да се добива шанса на малите земји што не ги бива за ракомет
А останативе европски држави како се бирани без квалификации?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
А останативе европски држави како се бирани без квалификации?
Нема квалификации, првите 11-12 од ЕП за до 20 години учествуваат. А бидејќи од пред неколку години не постојат квалификации ни за европско туку А и Б дивизија ( А дивизија е всушност самото ЕП), заглавија нашите и не можат на првенство да се квалификуваат. Да е полошо, оваа генерација и го доби својот ЕХФ шампионат за У20, ама џабе, испадна и на ЕП У18 и на У20 се квалификуваш преку У18 ЕХФ шампионатите.

96та генерација беше уште по стариот систем и играа на 3 од 4те големи натпреварувања за нивната генерација. Следните се заглавени по ЕХФ шампионатите. 2000та ќе добие една шанса за 2 недели само затоа што сме домаќини.

Главниот проблем е што кога се бираше кој да оди во А а кој во Б дивизија се земаа во предвид резултати од претходни генерации - 96, 94, 92, 90, 88 (не се сеќавам на точната формула) и тогаш извисивме главно затоа што често не ни пријавуваме екипи во тие генерации а и кога пријавуваме беа катастрофа - тоа се времиња од пред 10 години скоро (освен 96 и У20 на 94 т.е. крајот на тој евалуациски период, ние реално бевме катастрофа во младински категории). За лошата работа со ракометот во МК од некои претходни управи на РФМ и пред да почнат да ни одат нагоре резултатите на сениорски и клупски план сеуште плаќаме...

Заради се ова од клучно значење за младинските категории сега е У18 шампионатот за генерација 2002 на кој ќе бидеме домаќини. Тоа е идното лето и е најдобра шанса за да преминеме во А дивизија.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Која утакмица Бразил - Норвешка :vozbud:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Хрватска го силува Исланд 13 разлика моментално и промашен чист зицер за +14.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom