Ги разгледав групите и со оглед дека во најважниот дуел Португалија во гости ја доби Романија веќе може да отприлика да се претпостави кој ќе игра на ЕП (останатите дуели денес горе долу може да се претпостави кој ќе тепа иако како што веќе видовме се е можно).
Ситуацијата е следна (вклучително и неколку претпоставки дека нема да има нови шокови):
Релативно сигурни:
Германија
Хрватска
Швајцарија
Македонија
Исланд
Словенија
Латвија
Чешка
Белорусија
Босна
Франција
Португалија
Унгарија
Русија
Данска
Украина
Црна Гора
Од третопласираните за почеток полесно е да се определи кои ќе бидат тие што сигурно нема да се меѓу најдобрите 4 отколку оние што би биле први во таа мини табела. 4 одат на ЕП, 4 отпаѓаат, а неколку веројатно третопласирани ќе останат без бодови против 1во и 2ро пласираните. Такви најверојатно ќе бидат Романија, Турција и Италија (сите имаат уште теоретски шанси, ама играат против јаки екипи, главно во гости), Така што недостасува уште една која евентуално би немала бодови во мини табелата или би имала 1 бод или во краен случај би имала 2 бода но и најлоша гол разлика.
Од друга страна Босна бидејќи веќе има 2 бода а и е со пристојна гол разлика, е со големи шанси за пласман иако теоретски го нема обезбедено. Слично Црна Гора и Украина, која и да е трета би требало да имаат доволно добра гол разлика при евентуално испаѓање со 2 бода. Тука би ја ставил и Швајцарија ако заврши 3та.
Што значи остануваат уште 3 нејасни места, а кандидати се Полска, Израел, Србија и Холандија (теоретски тука е и Литванија, која нема да е чудо да ја победи Португалија (опасни се литванците), ама сепак ќе играат во гости, а и Португалија теоретски сеуште се бори за прво место во групата)
Тоа не води до неколку клучни дуели во последното коло:
Полска - Израел = се освен победа на Полска ќе значи елиминација на полјаците. На гости загубија, во Косово среќно стигнаа до бод, би требало да тепаат ама којзнае... Израел и со пораз има шанси да оди на ЕП, но во ситуација кога 5 екипи би имале 2 или повеќе бода многу веројатно е дека тие ќе бидат со најслаба гол разлика (изгубија 2 пати катастрофално од Германија).
Србија - Швајцарија = Србија ако не победи многу веројатно отпаѓа (би имале само еден бод со Хрватска, ќе чекаат да се случи да има 4 екипи без бодови против 1во и 2ро пласирани). Ако победи ќе биде втора, а Швајцарија трета со добра гол разлика.
Холандија - Латвија = Холандија во моментот нема бодови, така што и требаат 2 за да има шанси за пласман. Но со оглед дека Холандија и Латвија се репрезентации од сличен квалитет, како и тоа дека Холанѓанте се домаќини, а Латвија е веќе со обезбедено ЕП, мислам дека имаат солидни шанси да победат овде и да се пласираат.
Еве и прогноза: Израел мислам ќе биде 4тата која ќе отпадне, со што горе долу во рамки на очакувањата ќе биде исходот на групите. Романија и Литванија ќе бидат најјаките отпаднати (немаа среќа со групата, во друга група и двете би имале добри шанси мислам), како и Словачка која се самоуби со конфликтот со Татран.
Се на се не очекува доста јако ЕП, екипи кои не можат реално да изненадат меѓу пласираните нема да има (евентуално Израел ако се протне).