Случајно го погледнав написот за репрезентацијата на Wikipedia. Составот и клубовите каде играат играчите некој релативно редовно ги средува, дали од федерација, дали некој друг, не знам, ама е update-иран како што треба (барем до ЕП, за баражите нема update ни на тоа). Но статистиката е за никаде
Со години стојат истите бројки, никој не ги менува, а и тие од старт беа грешни. Кузманоски и Томовски на пример уште немаат ни настапи или моето омилено Кукоски има 165 гола за репрезентација
.
Мислам дека е добро федерацијата да се грижи за вакви елементарни работи. Ај на веб страната што нема никаква статистика ни за репрезентацијата ни за клубовите
(освен најобични поединчени извештаи од натпреварите во лигата), ама барем на вакви места како Wikipedia да имаше некаков поквалитетен податок. А реално треба да има посебен дедициран дел од веб страната за статистики на репрезентацијата.
Веќе имаме триесет години репрезентација. Генерации се менуваат. Не смееме да ја заборавиме историјата, а без запис, се постепено ќе се заборави. Мислам дека крајно време е да се смисли начин да се дигитализираат и сумираат записници низ 30 години репрезентација, да се собери статистика: настапи, голови, шутеви(процент реализација), асистенции, изгубени топки, одбрани... Не мора којзнае колку fancy работи, барем основните, барем официјалните натпревари (првенства, квалификации, баражи). Од пријателските секако не знам колку се чуваат иако и тие би било добро да ги има.
2022 година сме, мораме да направиме чекор напред во овие аспекти....