Позитивно изненадување според мене за натпреваров е Џонов и донекаде Петковски затоа што погоди и некои тешки шутеви од крило. Ако мора да се бара слаба страна после ваков натпревар тогаш тоа се пикерите, за Симоновски отприлика веќе станува јасно дека со таа конституција нема некоја сериозна иднина на пикерска позиција, а Стојковиќ е некако недоделкан, ма да и помлад и може да напредува али засега ми делува на Атанасовски - има конституција ама не знае да ја игра позицијата со памет сеуште. Митев исто така повторно имаше проблеми на ова ниво да игра со тие негови пробиви, почесто се заглавуваше отколку да си направи простор, направи и неколку пробивања. Јагуриновски единствен што не постигна гол мислам, како да се чуваше повеќе за понатака. Другите горе-доле според очекувањата за нив.