Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Митев исто искина против Пелистер 2, страшна партија со 7 комада.
И со Вардар бил најдобар стрелец видов. Само, како бек играше на овие два натпревара или на крило го ставале? Зошто и есеноска вака растури на некоја утакмица, 8 гола мислам даде, МВП на коло беше и се пишуваше демек ете го докажал талентот, за на крај да испадне дека како лево крило ја изиграл таа утакмица.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Вчера против Еурофарм Пелистер 2 играше како бек, барем до таму до кај што гледав. Исто и против Вардар.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Вчера против Еурофарм Пелистер 2 играше како бек, барем до таму до кај што гледав. Исто и против Вардар.
Од некаде Ноември навака цело време игра како среден бек, имаше 1-2 натпревари како лево крило ради повреда на Мајиќ, проблем беше шо тој период немаше минутажа голема, сега игра доста и е еден од главните играчи на Бутел, против Охрид и Тиквеш имаше исто така добри партии, истота така и физички е доста напреднат, фрлил мускул + изградил добал вертикален скок.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533

Случајно го погледнав написот за репрезентацијата на Wikipedia. Составот и клубовите каде играат играчите некој релативно редовно ги средува, дали од федерација, дали некој друг, не знам, ама е update-иран како што треба (барем до ЕП, за баражите нема update ни на тоа). Но статистиката е за никаде :shook:

Со години стојат истите бројки, никој не ги менува, а и тие од старт беа грешни. Кузманоски и Томовски на пример уште немаат ни настапи или моето омилено Кукоски има 165 гола за репрезентација :brlav:.

Мислам дека е добро федерацијата да се грижи за вакви елементарни работи. Ај на веб страната што нема никаква статистика ни за репрезентацијата ни за клубовите (освен најобични поединчени извештаи од натпреварите во лигата), ама барем на вакви места како Wikipedia да имаше некаков поквалитетен податок. А реално треба да има посебен дедициран дел од веб страната за статистики на репрезентацијата.

Веќе имаме триесет години репрезентација. Генерации се менуваат. Не смееме да ја заборавиме историјата, а без запис, се постепено ќе се заборави. Мислам дека крајно време е да се смисли начин да се дигитализираат и сумираат записници низ 30 години репрезентација, да се собери статистика: настапи, голови, шутеви(процент реализација), асистенции, изгубени топки, одбрани... Не мора којзнае колку fancy работи, барем основните, барем официјалните натпревари (првенства, квалификации, баражи). Од пријателските секако не знам колку се чуваат иако и тие би било добро да ги има.

2022 година сме, мораме да направиме чекор напред во овие аспекти....
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
За жал, пристапот на ЕХФ и на ИХФ како организации кои треба да се грижат и за тој дел од спортот е КАТАСТРОФАЛЕН! Нема колективен спорт кој е помизерен во овој поглед. Се случувало во многу прилики да не можам да најдам статистики детални за мечеви кои се случувале пред 15 години. Зборуваме за времиња кога компјутерите веќе одамна беа секојдневие, а интернетот имаше продрено длабоко!

Дури и денеска ЕХФ статистиките се доста оскудни. Доволно е да се отвори страницата на Бундес лигата и да се погледне што све нуди нивниот сајт за секој играч индивидуално. Од најосновните како изиграни мечеви, број на голови, процент на реализација до асистенции, технички грешки, украдени топки, блокови и др. Научна фантастика за било кое натпреварување под капата на ЕХФ или ИХФ.

Се додека не мрднат работите од мртва точка кај овие два субјекта, нема ништо значително да се промени.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
401
Поени од реакции
333

Случајно го погледнав написот за репрезентацијата на Wikipedia. Составот и клубовите каде играат играчите некој релативно редовно ги средува, дали од федерација, дали некој друг, не знам, ама е update-иран како што треба (барем до ЕП, за баражите нема update ни на тоа). Но статистиката е за никаде :shook:

Со години стојат истите бројки, никој не ги менува, а и тие од старт беа грешни. Кузманоски и Томовски на пример уште немаат ни настапи или моето омилено Кукоски има 165 гола за репрезентација :brlav:.

Мислам дека е добро федерацијата да се грижи за вакви елементарни работи. Ај на веб страната што нема никаква статистика ни за репрезентацијата ни за клубовите (освен најобични поединчени извештаи од натпреварите во лигата), ама барем на вакви места како Wikipedia да имаше некаков поквалитетен податок. А реално треба да има посебен дедициран дел од веб страната за статистики на репрезентацијата.

Веќе имаме триесет години репрезентација. Генерации се менуваат. Не смееме да ја заборавиме историјата, а без запис, се постепено ќе се заборави. Мислам дека крајно време е да се смисли начин да се дигитализираат и сумираат записници низ 30 години репрезентација, да се собери статистика: настапи, голови, шутеви(процент реализација), асистенции, изгубени топки, одбрани... Не мора којзнае колку fancy работи, барем основните, барем официјалните натпревари (првенства, квалификации, баражи). Од пријателските секако не знам колку се чуваат иако и тие би било добро да ги има.

2022 година сме, мораме да направиме чекор напред во овие аспекти....
На 24 Ракомет има статистика за Суперлигата и Првата лига.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Плус, треба првата македонска лига да си има посебна веб-страница. Не оди лига што е во топ 5 во Европа (и светот), да нема сопствена веб-страна.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.665
Според потегот Талески е најидеалната замена за Манасков на лево крило. :D

 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не ми е јасно што бараат првотимци на ваков турнир. Добро што не го повикал и Миркуловски.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533

Карапале, Ончев? Џонов го викнал, не Карапале...

Карапалески и Ончев и јас очекував да ги видиме. Ова е доста чудна одлука.

Од друга страна, Талески и Манасков нема потреба да бидат во составот (на Манасков веројатно му треба минутажа после повредата и затоа е викнат но и тоа да е мислам не е паметна одлука).

Во секој случај ова е широк список сигурно нема сите да бидат на медитерански и можеби дел од поискусните не се планирани за самите настапи.

Вака испаѓа единствени кои ќе одмараат се: Митревски, Кузмановски, Георгиевски, Пешевски, Н. Маркоски, Ојлески, Маџовски и повредениот Велковски
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
995
Поени од реакции
1.506
Од друга страна, Талески и Манасков нема потреба да бидат во составот
Можи не држи вода но мое мислење за Манасков е да го осети во каков тренажен процес е и помладите да осетат дел од неговата игра (енергија) и како да се понашат кога е тој на терен сепак е прва опција за лево крило и може да даде 60 мин на терен (ако игра само со него на лево крило ќе има можност за плус еден играч во ротација).
Талевски е викнат само со цел да истакне лидерски способности према помладите бидејки нема никој др постар.
Ни едниот ни другиот нема да одат на медитеранските игри туку ќе се дел од тренинг процесот.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Ќе одмара и Талевски. А Манасков ќе игра - што може и не е лошо, за да влезе во некоја добра форма. Само гледам на леви бекови се моментално Атанасијевиќ, Мишевски, Младеновиќ и Ѓорѓовски. Атанасијевиќ не е баш класичен бек шутер кколку што сум го гледал, иако е доста пробивен и топ е тоа. Другите два се тромави и играат одбрана. Така да останува само Ѓорѓовски кој малку сум го гледал и мислам дека е единствен шутер. Добро ќе беше да го викнат Ончев. Ако не се лажам тој е баш шутер играч?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom