- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.453
- Поени од реакции
- 68.699
Следна политичка досетка на темава = бан од тема
Напишав веќе за ова сценарио уште кога си отиде Раул. Мукаетов откако е на "власт" во РФМ секогаш се носеле "no nonsense" одлуки т.е. она што е најлогично во моментот. Брестовац беше очигледното решение, иако сеуште стојам зад тоа дека по мене тој е подобро решение за "следен" селектор кој би ја презел репрезентацијата за година и пол до две, отколку за моментален селектор. Мислам дека има сериозен ризик да "изгори" брзо меѓу двата огна - нереални очекувања на јавноста од една страна, и искусниот понекогаш и суетен костур на репрезентацијата кој е во заминување....
Реално Брестовац е очигледниот избор за домашно решение на подолг рок (има поголемо интернационално искуство, делува дека има модерни сфаќања, а и е најдобро запознат со идните играчи преку работата во јуниорската и кадетската репрезентација), но тој повеќе ми наликува како решение за пост-транзицискиот период, откако ќе се поензионираат и овие 4-5 постари кои се сега костурот на репрезентацијата, отколку за брзо решение во моментот. И тој и Бошковски биле веќе асистенти, што сигурно им дава некаква предност.
...
А за Брестовац, не знам што му си се нафрлил толку, со овој состав што го има во Металург и ова е добар резултат. Лино никогаш немал толку слаб состав за вакви прости споредби да се прават. Единствена реална замерка за Брестовац е што е делумно виновен што му ја уништи самодовербата на Серафимов сезонава, откако го заборави на клупа есента кога се врати Веловски (а Серафимов солидно ја почна сезоната).
Мислам дека изборот на РФМ ќе се покаже како голема грешка, дај боже да грешам.
Сите тројца ве цитирам, баш ме интересира мислење, од оние што конкурирале и за кои се шпекулираше (Брестовац, Андоновски, Глигоров, Кљаич, Денич, има гледам некој муабет и за Бабиќ) кој според вас беше најдобро решение?За ракометариве супер ќе биде,ќе го возат како сакаат.
Според мене грешка се направи,дај боже да грешам.
Брестовац не е лош тренер само нема да има авторитет пред нашиве,посебно постарите.
Мислам дека Обрван беше после потрага најден - сега дали било конкурс или не тоа е друга работа...Ако не се лажам Раул и Лино не беа на конкурс или незнам што.
Ако чекаме да се пријави некој тренер со искуство позади него и што ќе се посвети на Репрезентација цело време ќе дочекаме негде 2023 Кире кога ќе се пријави.
Сите клубови,репрезентации праќаат понуда до тренерот,не он да им се нуди сам.
Конкурсот сам по себе и не е толку битен (тој е повеќе статутарна обврска претпоставувам). Ама дека имало реална потрега, мене вака од надвор ми личи дека имало. Не е баш дека го имале секако Брестовац пикирано, па се е ова про форма. Едноставно "пријавените" на конкурсот се реалноста од она што било контактирано и прелиминарно прифатило + по некој кој си ја "пробува среќата".@Xsago
И јас како и shweps се чудам зошто воопшто се оди на варијантата да се распише конкурс? Ако РФМ има генерален концепт во која насока треба да оди А-селекцијата во следните неколку години, тогаш сигурно во главите имаат и профил на селектор каков што би сакале да ја води. Тогаш зошто РФМ да не достави понуда до некој селектор и да пробаат да го донесат? Навистина сметам дека ова конкурсиве се глупост. Ако не се лажам кога Лино стана селектор имаше конкурс на кој се пријавија (дури!) 3-ца, не гледам зошто мислеле дека овој пат ќе биде нешто поразлично. Мислам, знам дека не работиш во РФМ и немаш одговор, но го фрлам ова како тема за дискусија.
Уште едно интервју...http://www.g-sport.mk/vest-statija/73576/brestovac-podmladuvanje-b-reprezentacija-struchen-shtab
Интервју на Брестовац...
Матлиевски ќе му биде помошник (очекувано), Царчев останува на голманите...
и да ја победевме Грција пак ќе требаше 2 пати да ги тепаме ( еднаш и еднаш нерешено) или да ги победиме со поголема разлика отколки тие нас .......особено по поразот во Грција по кој е нереално да се очекува да бидеме први во групата (ќе треба два пат да го победиме Исланд).