Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Мислам дека е горе долу на место списокот.

Претпоставувам дека како што Раул на пример го промовираше Поповски како регуларен дел од репрезентацијата (со друг селектор можеби и немаше да ја добие таа шанса), Брестовац за почеток ќе го промовира Танкоски, а можеби и Маџовски и Ненад Костески.

Отпаѓањето на Ф.Лазаров беше според мене очекувано. Остатокот е горе долу во рамки на реалноста.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Мене до сега ми се свиѓаат малите промени што ги направи Брестовац,посебно Маџовски што планира да му даде шанса,мислам дека си ја заслужи дечкото крајно борбено игра,дури јас би му дал шанса и на брат му од Пелистер,кога можеа Крстевски и Чурлевски да играат може и него да го пробаат.
Во младински категории доста форсирани беа двајцата, и во јуниорска репрезентација беа меѓу главните посебно Борјан(капитен беше),после отиде во Пелистер и не ни размислуваа за него.
Сигурен сум дека ако играше во Еурофарм или Металург(овде се врати пола сезона) ќе беше повикан.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Мене ми е горе-доле океј списокот, само што не ми се допаѓа тоа што Гоце го гледам повторно на него.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Андријана Будимир е дел од тренерскиот тим на репрезентацијата. Како што напоменав пред неколку месеци, 95% ќе биде селектор по Брестовац.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Мене ми е горе-доле океј списокот, само што не ми се допаѓа тоа што Гоце го гледам повторно на него.
Ок ми е и мене списокот, таа е реалноста во моментот.

Гледам 3 "дуели" за влез во 16те. На лево крило Маџовски и Димитриоски, на десен бек Јагуриноски и Серафимов и на специјалист за одбрана В.Маркоски и Кукоски. Другите 13 ако нема повреди ми се чини дека се веќе избрани.

Ќе видиме како ќе оди. Не очекувам некои драстични промени на овие дуели (освен што нема да играме 7на 6), повеќе разлика би можело да се очекува од есенските собири па натаму, сега е прекратко времето за било што. Реално тешко ќе оди освојувањето на бодови со Исланд, иако не е невозможно.

Инаку Брестовац и "екипата" ги селектираа и кадетите и пионерите за турнири во Бугојно и Унгарија.

2000/2001
http://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/Mashka-rakometna-reprezentatsija-2000-i-pomladi.pdf

Изненадување е вклучувањето на Младеновиќ, ќе видиме дали ќе настапи. Мислам дека и претходно бил на еден список но засега нема настап. Инаку Младеновиќ е роден во Србија, како млад играч преоѓа во Металург и низ школата на Металург напредува, но има и "македонски жички" па веќе некое време се шпекулира дека може да ја избере Македонија, а не Србија за репрезентативни настапи. Еве и интервју со него од минатото лето.


2002/2003
http://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/spisok-za-selektsija-mashka-rakometna-reprezentatsija-2002.pdf

Овде изненадување е што го нема Тодески, кој барем од досега покажаното е најдобар играч во генерацијата, но можеби се работи за повреда, со оглед дека не го видов ни на Ф4 на младинското првенство (барем од она што го гледав) кое се одржуваше минатиот викенд.

Инаку не знам зошто некои портали го третираат ова како прв собир на оваа генерација. Не е точно, првиот собир им беше во Октомври, имаа 2 порази од Унгарија и Србија во Кањижа. Еве список од тој собир. Има некои разлики.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Баш сакав да те прашам за Младеновиќ :). Би било убаво ако можеме да го добиеме, ветува доста. Најдобар играч на Металург 2 заедно со Серафимов и Додиќ според мене.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Кога ќе има инфор за карти за со Исланд споделете тука
 

Kajgana Shop

На врв Bottom