Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
нема шанса да биде Лино. не трескајте.
и не би одел со странец за селектор. каков Вујо какве пичке материне..
најдобро Брестовац нека биде ако се оде на опција на наш тренер.
Брестовац ќе го возат како сакаат,нема да може да се справи со нашиве "ѕвезди".
Ќе нема авторитет да им пререче нешто.
Ако го стават Брестовац рачунајте само како фигура ќе биде,Кире ќе биде селектор тогаш.
После пензија на Кире,Борко,ФилипЧЕТА може да биде Брестовац.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619

Затоа Лино е најдобар, има муда, ако ти текнува го отпиша на Борко од ростерот во 2017.
А реално и најдобра опција е тој.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.803
Поени од реакции
15.873
Металург под водство на Брестовац нема ниту еден позитивен резултат, ај што нема позитивен, туку како магариња губат по 10-15 разлика од кој стигнат.
Лино што имаше со Металург(криза / младинци) во последните години пред да си оде?
..башка репрезентацијата банда без команда, торко јавно го хејта низ социјални мрежи..

и кој македонски селектор би бил над репрезентативците? ниеден нема авторитет..
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Лино што имаше со Металург(криза / младинци) во последните години пред да си оде?
..башка репрезентацијата банда без команда, торко јавно го хејта низ социјални мрежи..

и кој македонски селектор би бил над репрезентативците? ниеден нема авторитет..
Лино со Металург имаше криза, распаднат клуб и пак вадеше поволни резултати, плескаше фаворити у ЛШ.
Најдобра опција моментално без конкуренција.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ти ова со Лино озбилно?
Премногу го респектирам стариот, многу добро можеш да увидиш какви резултати вадеше тој со Метаург, а сега во каква ситуација е клубот под водство на Брестовац.
Секако има и премногу негативни страни кај него, но една од најпозитивните е што има муда, неговиот збор во репката е последен, кога на еден Борко го извади поради недисциплина, сигурно нема да го торелира на Вилипче цело првентсво на среден бек.
Друга добра опција за селекторската позиција е да одбереме некој слободен тренер без клубски ангажман, да се посвети целосно во овие чуствителни моменти, најдобра опција во тој случај е ангажирање на некој Исланѓанец, каков што е примерот со Австрија.
Секако клучен фактор се и играчите, но уште таа опција ја немаме изведено, барем да не плукаме по федерацијата дека не сме пробале така. :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Веселин Вујович. Доктор и мотиватор страшен, а и ќе го вади максимумот од нашиве "ѕвезди". Ако ништо повеќе барем нема да очекуваме да сме на самиот врв, а реалноста е сосема друга. Јас би го избрал него пред било кој друг да биде селектор на репрезентација. Јебеш сезонски тренери кои само цицаат пари и само 2 недели во годината се посветени на репкава.
Го извади еднаш максимумот, изгуби како магаре од тогаш просечна Словенија во бараж и кажа толку ве бива за ракомет како нација, ова ви е максимумот. Година дена подоцна го елиминиравме тогаш сребрениот од ОИ Исланд во бараж за СП и влеговме во континутет од настапи на големи натпреварувања.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
1. Очекуван расплет со Раул. Фантастичен тренер, но тој е повеќе решение за искусна екипа во врвот на своите можности. Нас ни треба тренер кој ќе може да ја истурка транзицијата од поискусна кон помлада екипа колку што е можно побезболно.
2. Странец или Македонец, тешко е да се каже, само по себе не е ни толку важно. Битно е да има и авторитет но и трпение за работа со помлади играчи. "Random" странец мислам дека не е баш сјајна опција. Сепак треба некој кој добро го разбира македонскиот ракомет и е колку толку запознат со играчите. Не сум сигурен во оваа ситуација кога барем пола екипа и не ни е толку позната надвор од нашите граници, дека некој лесно и брзо ќе се вклопи. А ни треба брза реакција, квалификациите за ЕП2020 се од исклучително значење.
3. Потребен ни е тренер со модерни познавања на ракометот, но според мене и некој кој ќе го продолжи делумно уникатниот стил кој го негува нашата репрезентација и соодветно продлабочи со дополнителни елементи. Балканско-панскиот шмек кој моментално го негуваме мислам дека треба да се прошири и продлабочи (можеби со некои нови елементи) а не целосно да се отфрли и стартува од ново.
4. За странци тешко е да се каже кои би биле можни опции (на страна од очигледните кои веќе работат во МК - Парондо, Чирковиќ, или имаат историја со МК - Кастратовиќ, Ѓукиќ, Периќ...). Можеби Хота Гонзалез кој беше замена за Парондо лани во Хрватска за втората фаза исто е опција... Кастратовиќ е можна опција со оглед дека е и странец и домашен истовремено, слободен е колку што знам, а и добро ги познава сите играчи...
5. За Македонци, не би ја исклучил можноста некој од релативно помладите тренери да добие шанса. Кандидати има колку сакаш, прашање е каков е објективно нивниот капацитет а и колку би имале авторитет. Од подокажаните, како Шундовски (камбек!), па до релативно помладите како Бошковски, Брестовац, Јовиќ, Матлиевски, Алушевски итн. Па ако сакате како привремени решение веројатно не треба да се исклучат ни долгогодишните работници во македонскиот ракомет како Андоновски, Котевски, Глигоров, Темелковски и др (макар што овие мислам дека не се реални опции во моментот).
6. Не би бил изненаден и да се оди со неко преодно решение. Реално Брестовац е очигледниот избор за домашно решение на подолг рок (има поголемо интернационално искуство, делува дека има модерни сфаќања, а и е најдобро запознат со идните играчи преку работата во јуниорската и кадетската репрезентација), но тој повеќе ми наликува како решение за пост-транзицискиот период, откако ќе се поензионираат и овие 4-5 постари кои се сега костурот на репрезентацијата, отколку за брзо решение во моментот. И тој и Бошковски биле веќе асистенти, што сигурно им дава некаква предност. Алушевски е слободен и можеби интересно решение, со оглед дека би можел да има "муабет" со поискусните, ама колку што знам е "спукан" со РФМ (ако не се променило нешто во меѓувреме). За Јовиќ немам високо мислење, но котира високо меѓу помладите. За Матлиевски имам, ама за него е рано тој е повеќе за асистент.

Опции има, идеално решение нема. Ќе мора РФМ доста добро да размисли овојпат.[DOUBLEPOST=1549397255][/DOUBLEPOST]
Премногу го респектирам стариот, многу добро можеш да увидиш какви резултати вадеше тој со Метаург, а сега во каква ситуација е клубот под водство на Брестовац.
Секако има и премногу негативни страни кај него, но една од најпозитивните е што има муда, неговиот збор во репката е последен, кога на еден Борко го извади поради недисциплина, сигурно нема да го торелира на Вилипче цело првентсво на среден бек.
Друга добра опција за селекторската позиција е да одбереме некој слободен тренер без клубски ангажман, да се посвети целосно во овие чуствителни моменти, најдобра опција во тој случај е ангажирање на некој Исланѓанец, каков што е примерот со Австрија.
Секако клучен фактор се и играчите, но уште таа опција ја немаме изведено, барем да не плукаме по федерацијата дека не сме пробале така. :D
Лино не се враќа во репрезентацијата, тоа можеш да бидеш сигурен, по начинот на кој замина. А за Брестовац, не знам што му си се нафрлил толку, со овој состав што го има во Металург и ова е добар резултат. Лино никогаш немал толку слаб состав за вакви прости споредби да се прават. Единствена реална замерка за Брестовац е што е делумно виновен што му ја уништи самодовербата на Серафимов сезонава, откако го заборави на клупа есента кога се врати Веловски (а Серафимов солидно ја почна сезоната).
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.790
Поени од реакции
15.695
Јас мислам битно е преодното решение да биде добро, лошо ќе биде ако кикснеме сега, на пример со Турција таму... значи тренер со реноме и авторитет, не само кај играчи туку и кај судии... Парондо. колку толку има квалитети а и ќе се разбере со играчите..
.. патем, ако нема, можеби треба и во репрезентацијата да има кондиционен тренер ( а и психолог), имаме стари играчи а и млади неискусни, паѓаме во второ полувреме... не само на светското, па и со Грција во Касторија ....
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.907
Поени од реакции
9.507
Да го набркаш тренерот на ПСЖ треба да си луд, иако држи вода дек треба селектор кој ке се грижи за репрезентацијата повеке и ке може да се посвети на истата, сепак се знае дека овде друг ги влече конците во репрезентација,а и да не се правиме луди коа неаме квалитет реално уште Кире не држи на површина коа ке го снема ке потониме ко камен,конкретно незнам што бараа на ова СП коа отидовме таму со една постава и без среден бек Прибак бар требаа да го земат незнам зашто и шо беше причината.
КОј и да го донесат џабе им е ке наебе тој саглам неаме квалитет,неаме ни визија што понатака,иаме таленти само од нив не излегува играч си останува талент и затоа сме тука.
Брестовац како шо напиша некој е може најдобро решение мегутоа ке го прегорат во обидот да направи нешто ке го сопкаат на секое а човекот има знаење тоа со Металург шо нема резултати кој сака нека седне на таа клупа и полошо ке помини
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Најлошо од ова СП е што не добивме ниту еден играч, го изоставивме Прибак за да се "отстапи" место на некој помлад, а уствари цело првенство на среден игравме со Вилипче.:facepalm:
Танкоски беше печен да се пушти во оган на среден бек, ама тоа е.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.790
Поени од реакции
15.695
Да го набркаш тренерот на ПСЖ треба да си луд, иако држи вода дек треба селектор кој ке се грижи за репрезентацијата повеке и ке може да се посвети на истата, сепак се знае дека овде друг ги влече конците во репрезентација,а и да не се правиме луди коа неаме квалитет реално уште Кире не држи на површина коа ке го снема ке потониме ко камен,конкретно незнам што бараа на ова СП коа отидовме таму со една постава и без среден бек Прибак бар требаа да го земат незнам зашто и шо беше причината.
КОј и да го донесат џабе им е ке наебе тој саглам неаме квалитет,неаме ни визија што понатака,иаме таленти само од нив не излегува играч си останува талент и затоа сме тука.
Брестовац како шо напиша некој е може најдобро решение мегутоа ке го прегорат во обидот да направи нешто ке го сопкаат на секое а човекот има знаење тоа со Металург шо нема резултати кој сака нека седне на таа клупа и полошо ке помини
и не само тоа, уште пред да оди Раул во ПСЖ ,можеби имаше шанси да се лобира за натурализација некој силен играч, на пример Кристопан ??
.. сега работата е дај што даш, ако прифати Парондо и тоа е добро....
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Очекуван беше прекинот на соработката со Раул. Покрај очигледните причини, уште неколку месеци пред почетокот на СП во некои француски медиуми се зборуваше дека ПСЖ прави притисок со цел да биде фокусиран само на работата во клубот.

Не знам што пробува федерацијата да каже со: "Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и ќе биде во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата". Дали ова значи дека се во потрага по селектор кој ќе ја извршува само таа улога без да води клуб? Или па селектор кој ќе ги извршува и двете улоги истовремено, но води клуб од Македонија? Ако мислат на првата опција, тогаш ќе им биде ѓаволски тешко да најдат таков! Напишав еден пост на оваа тема додека сеуште траеше СП.

Прво и основно, ракометот не е спорт во кој што се вртат големи пари, секој гледа да земе колку што може повеќе. Тоа значи дека РФМ ќе треба да му дава солена плата за да успее да го привлече таквиот, а не сум баш сигурен дека тоа е возможно ако се земе во предвид дека РФМ во 2018 располагаше со буџет од околу 1.5 милиони евра. Само како за споредба: читајќи едно интервју со Момир Илиќ од Веспрем кој е добро запознаен со приликите во унгарскиот ракомет, кажа дека унгарската ракометна федерација има буџет од речиси 10 милиони евра и е меѓу најбогатите федерации во Европа. Не одат Сигурдсон, Ривера и таквите ним слични стручњаци од што многу имаат кеиф да работат во егзотични земји во кои дали и 5% од популацијата знае што е ракомет, да бидеме реални. Еве, да речеме и дека ќе успеат во тој поглед да најдат некаков заденички јазик, кој е тој квалитетен стручњак кој ќе дојде и ќе ја води Македонија? Па луѓе, од составот кој ни настапи на СП едвај 4-ца играчи ни играат во саглам тимови и лиги. Едноставно не гледам што имаме да му понудиме како репка на еден квалитетен стручњак, таков да единствен ангажман му биде македонската репка.

Македонските "стручњаци" не вреди ни да се спомнат. Кој? Кастратовиќ, Доне, Стрезовски, Темелковски? Мора да бидеме реални, освен Брестовац, Колев и Шундо (кои имаат какво-такво CV) другиве не вреди ни да се спомнат. Не за џабе цел живот се шуткаат по клубови од Блискиот Исток или домашни суперлигаши од рангот на Пролет и на Струга. Еден асален тренер не извадивме во овие три декади независност!

Не знам кое е решението, ситуацијата е доста специфична и осетлива. Се надевам дека РФМ има некаков план и стратегија околу тоа што сака да постигне во следните неколку години и каков човек ни е потребен за тоа да се оствари. Ако јас имав некакво влијание во РФМ тогаш ќе загризав и ќе се обидев да го донесам Хрвоје Хорват иако мислам дека Хрватите имаат планови за него во иднина па не знам колку е целото сценарио остварливо. Млад е, го разбира модерниот ракомет, делува доста желно да се докаже и забележува одлични резултати со Нексе последниве две сезони. Додатен плус е тоа што Нексе активно учествува во СЕХА лигата каде што редовно се соочува со Металург и со Вардар, па ако се земе во предвид дека најголем дел од нашите играчи доаѓаат токму од Металург, тогаш сигурен сум и дека солидно ги познава нашите играчи.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Борис Дениќ го поврзуваат со нас

Катастрофа ќе биде ако се оствари ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom