Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
За ракометариве супер ќе биде,ќе го возат како сакаат.
Според мене грешка се направи,дај боже да грешам.
Брестовац не е лош тренер само нема да има авторитет пред нашиве,посебно постарите.:toe:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
...
Реално Брестовац е очигледниот избор за домашно решение на подолг рок (има поголемо интернационално искуство, делува дека има модерни сфаќања, а и е најдобро запознат со идните играчи преку работата во јуниорската и кадетската репрезентација), но тој повеќе ми наликува како решение за пост-транзицискиот период, откако ќе се поензионираат и овие 4-5 постари кои се сега костурот на репрезентацијата, отколку за брзо решение во моментот. И тој и Бошковски биле веќе асистенти, што сигурно им дава некаква предност.

...
А за Брестовац, не знам што му си се нафрлил толку, со овој состав што го има во Металург и ова е добар резултат. Лино никогаш немал толку слаб состав за вакви прости споредби да се прават. Единствена реална замерка за Брестовац е што е делумно виновен што му ја уништи самодовербата на Серафимов сезонава, откако го заборави на клупа есента кога се врати Веловски (а Серафимов солидно ја почна сезоната).
Напишав веќе за ова сценарио уште кога си отиде Раул. Мукаетов откако е на "власт" во РФМ секогаш се носеле "no nonsense" одлуки т.е. она што е најлогично во моментот. Брестовац беше очигледното решение, иако сеуште стојам зад тоа дека по мене тој е подобро решение за "следен" селектор кој би ја презел репрезентацијата за година и пол до две, отколку за моментален селектор. Мислам дека има сериозен ризик да "изгори" брзо меѓу двата огна - нереални очекувања на јавноста од една страна, и искусниот понекогаш и суетен костур на репрезентацијата кој е во заминување.

Од техничко-тактички аспект, па ако сакате и од фактот што се работи за домашно решение, немам никакви замерки за Брестовац, мислам дека во однос на се тоа тој е право решение, но загрижен сум за останатите аспекти од селекторувањето што доаѓаат во пакет со титулата селектор на македонската сениорска ракометна репрезентација.

Покомплицирана ситуација мислам дека немал ниту еден селектор во последните 10тина години, можеби и подолго, па ќе биде потребно и тоа како знаење, па и среќа за да има успех. Треба да се испрати најтрофејната генерација, да се стабилизира новата која е растргната меѓу желбите и реалноста, а истовремено и да не се загуби (барем не многу) на резултатите (перформансите).

Јас само се надевам дека кога веќе се решила РФМ на вакво решение, кое недвојбено е стратешки потег на подолг рок, дека ќе може да ги издржи нападите и притисоците од јавноста кои сигурно ќе дојдат во следните да речеме 2 години. Се надевам само дека барем тие неуспеси ќе бидат со задржан континуитет на пласмани на првенства а не мачење и плачење низ квалификации (иако не е крај на светот и да се пропушти некое првенство ако се изделка селекција за пласман на следните 6-7). Едно е неидеалната ситуација во која сме за пласман на ЕП2020, многу многу потешко ќе биде да се обезбеди пласман на СП2021.[DOUBLEPOST=1551302001][/DOUBLEPOST]
Мислам дека изборот на РФМ ќе се покаже како голема грешка, дај боже да грешам.
За ракометариве супер ќе биде,ќе го возат како сакаат.
Според мене грешка се направи,дај боже да грешам.
Брестовац не е лош тренер само нема да има авторитет пред нашиве,посебно постарите.:toe:
Сите тројца ве цитирам, баш ме интересира мислење, од оние што конкурирале и за кои се шпекулираше (Брестовац, Андоновски, Глигоров, Кљаич, Денич, има гледам некој муабет и за Бабиќ) кој според вас беше најдобро решение?

Некако според мене, во оваа ситуација е стварно тешко да се најде соодветно решение, и и јас не мислам дека Брестовац треба сега да биде селектор (туку за 2-3 години), ама од понудата, богами и го разбирам РФМ што се одлучило на ваков чекор.

П.С. Се ова сеуште е на ниво на некаква шпекулација, ама ми се чини дека кај што има толку чад има и оган.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
https://24rakomet.mk/и-тренер-на-женска-екипа-од-португалиј/

Не знам како да го протолкувам списокот на пријавени на конкурсот, ама добро за статусот на нашата репрезентација сигурно не кажува. Очигледно интересот е релативно мал - никој подокажан тренер не сака да се впушти во ваква авантура.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Ако не се лажам Раул и Лино не беа на конкурс или незнам што.
Ако чекаме да се пријави некој тренер со искуство позади него и што ќе се посвети на Репрезентација цело време ќе дочекаме негде 2023 Кире кога ќе се пријави.
Сите клубови,репрезентации праќаат понуда до тренерот,не он да им се нуди сам.:toe:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
@Xsago Не знам искрено, напишав и по заминувањето на Раул дека ситуацијата е многу тешка и дека не гледам баш муж кој ќе успее да ја среди ситуацијата. Факт е дека Брестовац е природниот избор од оние кои се пријавиле, но мислам дека е далеку од спремен за волкав залак.

И јас како и shweps се чудам зошто воопшто се оди на варијантата да се распише конкурс? Ако РФМ има генерален концепт во која насока треба да оди А-селекцијата во следните неколку години, тогаш сигурно во главите имаат и профил на селектор каков што би сакале да ја води. Тогаш зошто РФМ да не достави понуда до некој селектор и да пробаат да го донесат? Навистина сметам дека ова конкурсиве се глупост. Ако не се лажам кога Лино стана селектор имаше конкурс на кој се пријавија (дури!) 3-ца, не гледам зошто мислеле дека овој пат ќе биде нешто поразлично. Мислам, знам дека не работиш во РФМ и немаш одговор, но го фрлам ова како тема за дискусија. :)

Да се вратам на Данило. Техничко-тактички и јас немам замерка, мислам дека е во тек со сите модерни текови во ракометот. Најголемиот проблем сум сигурен дека ќе биде авторитетот. Како ќе успее да се справи со "кланската поделба" внатре во селекцијата, со улогата и тврдоглавоста на Борко и Кире? Сепак зборуваме за 46-годишен човек. :toe: Не дека Раул беше многу постар, но дојде со дааалеку подебело "CV" од Брестовац. Да не зборувам за она што го спомна и ти - притисоците и очекувањата од јавноста. До сега низ неговата тренерска кариера сум сигурен дека не осетил притисок во таа мера во која што ќе осети како селектор на нашава репрезентација. Во Металург работи во средина во која што нема речиси никаков притисок врз него.

Едноставно се плашам дека ќе изгори.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ако не се лажам Раул и Лино не беа на конкурс или незнам што.
Ако чекаме да се пријави некој тренер со искуство позади него и што ќе се посвети на Репрезентација цело време ќе дочекаме негде 2023 Кире кога ќе се пријави.
Сите клубови,репрезентации праќаат понуда до тренерот,не он да им се нуди сам.:toe:
Мислам дека Обрван беше после потрага најден - сега дали било конкурс или не тоа е друга работа...

А инаку не велам дека не си во право, затоа и ги спомнав и оние за кои се шпекулираше а не само оние кои конкурираа, бидејќи не сум баш убеден дека Брестовац бил одбран уште кога се раскина со Раул. Реално се бараа опции минатите неколку недели, барем мене така ми се чини. Ама очигледно и тие не загризале, а искрено и не се којзнае какви решенија. И ги сфаќам. Не е баш згоден момент за преземање на селекцијата по CV-то. Брестовац е backup опцијата можеби. Доста ризичен потег за него, кој некои од странците претпоставувам не сакале да си го дозволат (особено со оглед дека нема да смеат во клуб да работат паралелно).[DOUBLEPOST=1551391212][/DOUBLEPOST]
@Xsago
И јас како и shweps се чудам зошто воопшто се оди на варијантата да се распише конкурс? Ако РФМ има генерален концепт во која насока треба да оди А-селекцијата во следните неколку години, тогаш сигурно во главите имаат и профил на селектор каков што би сакале да ја води. Тогаш зошто РФМ да не достави понуда до некој селектор и да пробаат да го донесат? Навистина сметам дека ова конкурсиве се глупост. Ако не се лажам кога Лино стана селектор имаше конкурс на кој се пријавија (дури!) 3-ца, не гледам зошто мислеле дека овој пат ќе биде нешто поразлично. Мислам, знам дека не работиш во РФМ и немаш одговор, но го фрлам ова како тема за дискусија. :)
Конкурсот сам по себе и не е толку битен (тој е повеќе статутарна обврска претпоставувам). Ама дека имало реална потрега, мене вака од надвор ми личи дека имало. Не е баш дека го имале секако Брестовац пикирано, па се е ова про форма. Едноставно "пријавените" на конкурсот се реалноста од она што било контактирано и прелиминарно прифатило + по некој кој си ја "пробува среќата".

Брестовац повеќе ми личи на како што ти го нарекуваш природно решение, кога веќе нема посериозно "име" кое се фатило на јадицата.
 
Последно уредено:
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
После "големите" успеси со младата репрезентација на Б првенството каде едвај на пенали ј победи репрезентацијата на моќните Фарски острови и Металург предпоследен во Сеха лига редно беше да ја добие довербата и во А тимот...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
http://www.g-sport.mk/vest-statija/73576/brestovac-podmladuvanje-b-reprezentacija-struchen-shtab

Интервју на Брестовац...

Матлиевски ќе му биде помошник (очекувано), Царчев останува на голманите...
Уште едно интервју...

https://ekipa.mk/ekipa-tv-danilo-brestovats-ne-bev-za-idejata-selektor-profesionalets/

Малку е чудна оваа одлучност практично да се третираат натпреварите со Исланд како тестни полу-пријателски, ама со оглед на она што го видовме на СП, претпоставувам и онака шансите не б бле преголеми, особено по поразот во Грција по кој е нереално да се очекува да бидеме први во групата (ќе треба два пат да го победиме Исланд).
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
...особено по поразот во Грција по кој е нереално да се очекува да бидеме први во групата (ќе треба два пат да го победиме Исланд).
и да ја победевме Грција пак ќе требаше 2 пати да ги тепаме ( еднаш и еднаш нерешено) или да ги победиме со поголема разлика отколки тие нас ....
но не е само тоа , треба да ја добиеме Турција таму а и со Грција дома ќе биде незгодно од друга причина, навивачи и такви работи.... во утакмица практично без публика нема ни дома да биде лесно ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom