1. Очекуван расплет со Раул. Фантастичен тренер, но тој е повеќе решение за искусна екипа во врвот на своите можности. Нас ни треба тренер кој ќе може да ја истурка транзицијата од поискусна кон помлада екипа колку што е можно побезболно.
2. Странец или Македонец, тешко е да се каже, само по себе не е ни толку важно. Битно е да има и авторитет но и трпение за работа со помлади играчи. "Random" странец мислам дека не е баш сјајна опција. Сепак треба некој кој добро го разбира македонскиот ракомет и е колку толку запознат со играчите. Не сум сигурен во оваа ситуација кога барем пола екипа и не ни е толку позната надвор од нашите граници, дека некој лесно и брзо ќе се вклопи. А ни треба брза реакција, квалификациите за ЕП2020 се од исклучително значење.
3. Потребен ни е тренер со модерни познавања на ракометот, но според мене и некој кој ќе го продолжи делумно уникатниот стил кој го негува нашата репрезентација и соодветно продлабочи со дополнителни елементи. Балканско-панскиот шмек кој моментално го негуваме мислам дека треба да се прошири и продлабочи (можеби со некои нови елементи) а не целосно да се отфрли и стартува од ново.
4. За странци тешко е да се каже кои би биле можни опции (на страна од очигледните кои веќе работат во МК - Парондо, Чирковиќ, или имаат историја со МК - Кастратовиќ, Ѓукиќ, Периќ...). Можеби Хота Гонзалез кој беше замена за Парондо лани во Хрватска за втората фаза исто е опција... Кастратовиќ е можна опција со оглед дека е и странец и домашен истовремено, слободен е колку што знам, а и добро ги познава сите играчи...
5. За Македонци, не би ја исклучил можноста некој од релативно помладите тренери да добие шанса. Кандидати има колку сакаш, прашање е каков е објективно нивниот капацитет а и колку би имале авторитет. Од подокажаните, како Шундовски (камбек!), па до релативно помладите како Бошковски, Брестовац, Јовиќ, Матлиевски, Алушевски итн. Па ако сакате како привремени решение веројатно не треба да се исклучат ни долгогодишните работници во македонскиот ракомет како Андоновски, Котевски, Глигоров, Темелковски и др (макар што овие мислам дека не се реални опции во моментот).
6. Не би бил изненаден и да се оди со неко преодно решение. Реално Брестовац е очигледниот избор за домашно решение на подолг рок (има поголемо интернационално искуство, делува дека има модерни сфаќања, а и е најдобро запознат со идните играчи преку работата во јуниорската и кадетската репрезентација), но тој повеќе ми наликува како решение за пост-транзицискиот период, откако ќе се поензионираат и овие 4-5 постари кои се сега костурот на репрезентацијата, отколку за брзо решение во моментот. И тој и Бошковски биле веќе асистенти, што сигурно им дава некаква предност. Алушевски е слободен и можеби интересно решение, со оглед дека би можел да има "муабет" со поискусните, ама колку што знам е "спукан" со РФМ (ако не се променило нешто во меѓувреме). За Јовиќ немам високо мислење, но котира високо меѓу помладите. За Матлиевски имам, ама за него е рано тој е повеќе за асистент.
Опции има, идеално решение нема. Ќе мора РФМ доста добро да размисли овојпат.[DOUBLEPOST=1549397255][/DOUBLEPOST]
Премногу го респектирам стариот, многу добро можеш да увидиш какви резултати вадеше тој со Метаург, а сега во каква ситуација е клубот под водство на Брестовац.
Секако има и премногу негативни страни кај него, но една од најпозитивните е што има муда, неговиот збор во репката е последен, кога на еден Борко го извади поради недисциплина, сигурно нема да го торелира на Вилипче цело првентсво на среден бек.
Друга добра опција за селекторската позиција е да одбереме некој слободен тренер без клубски ангажман, да се посвети целосно во овие чуствителни моменти, најдобра опција во тој случај е ангажирање на некој Исланѓанец, каков што е примерот со Австрија.
Секако клучен фактор се и играчите, но уште таа опција ја немаме изведено, барем да не плукаме по федерацијата дека не сме пробале така.
Лино не се враќа во репрезентацијата, тоа можеш да бидеш сигурен, по начинот на кој замина. А за Брестовац, не знам што му си се нафрлил толку, со овој состав што го има во Металург и ова е добар резултат. Лино никогаш немал толку слаб состав за вакви прости споредби да се прават. Единствена реална замерка за Брестовац е што е делумно виновен што му ја уништи самодовербата на Серафимов сезонава, откако го заборави на клупа есента кога се врати Веловски (а Серафимов солидно ја почна сезоната).