Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Мислам дека е време Савевски да си замине доста беа неговите дебилни испади па гледам денес и со Мојсовски се закачна а тренер е на репрезентација. Плус неуспехот со Литванија не смее да му се заборави. Додека е време пред квалификации за ЕП 2012 треба да си напушти!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.886
Поени од реакции
16.126
Мислам дека е време Савевски да си замине доста беа неговите дебилни испади па гледам денес и со Мојсовски се закачна а тренер е на репрезентација. Плус неуспехот со Литванија не смее да му се заборави. Додека е време пред квалификации за ЕП 2012 треба да си напушти!
A на негово место ???
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
Овдека може и не треба да се бара кривицата во селекторот. Овој пат треба малце и во играчите да погледнеме.
Незнам зошто али се некако ми изгледа на некојси тивок бојкот на репрезентативиците што играат за Металург.
Нивните слаби игри во турција беа можеби клучни за неуспехот тамо. Плус откажувањето на неколку играчи пред пријателските натпревари со Словенија што требаше да се играат. И премногу очигледно е притискањето на Минчо за смена на Савевски.Денеска и неколку играчи на Металург му се сипаа на Савевски,нешто што не доликува на професионалци,и на играчи кои подоцна треба да играат за МАКЕДОНИЈА под палката на тој човек.
Калакурница ни е раководството на реп. и дефинитивно еднаш за секогаш треба да се разграничи РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН од КЛУПСКИ ракомет.
Минчо ако толку сака да ја финансира реп. може и овака,а не да пробува на секакви начини да поставува свои луѓе,и со притисоци да и наштетува на селекцијата. Не е ни Михајло светец,далеку од тоа,али бар по мене Минчо ги праи сите збрки кај нас.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Да, така беше, Металург во последен момент, буквално го грабнаа од Вардар :) Порано повеќе играше на десно крило, ама сега гледам растура како десен бек, солидна замена за Лазаров :)
И јас истото го мислев, конечно да се добие и солидна замена за Кире.

A на негово место ???
Червар :pos: Не, сериозно, иако знае многу глупо да се испонаша, мислам дека Савески нема да ја усере работава, со женската репрезентација направи добар успех пред да го сменат... чинам така беше. Само да не се глупира како денеска да форсира играч со маркер...:jaj:

И според моменталниов квалитет на нашиве играчи, мислам дека имаме подобар и поискусен тим од тој у Хрватска... имаме скоро и за сите позиции одлични играчи, освен за лев бек, али и таму се Пецаковски, Joновски и Стојановиќ, па и Мојсоски може да се ротира. Лидер имаме, голем избор на добри пикери, за голманите да не збориме. :) Со добра организација од федерацијата и стручниот штаб, треба да целиме многу високо. :)
 
П

Паспарту

Гостин
Мислам дека е време Савевски да си замине доста беа неговите дебилни испади па гледам денес и со Мојсовски се закачна а тренер е на репрезентација. Плус неуспехот со Литванија не смее да му се заборави. Додека е време пред квалификации за ЕП 2012 треба да си напушти!
А со него може и овие педерчињава од селскиов клуб (металург), или пак можеби за нив оправдано е што го влечат, туркаат и пцујат селекторот!?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе остај Металург не мешај ја ти кажувам Савевски како се понаша Вардар нема везе тука ради тоа што се мешаат така работите има проблеми и во репрезентација!! има такви испади редовно и кога играла Македонија и она со Литванија беше жив срам ради тоа ќе патиме и ќе гледаме ТВ три години од 2009 до 2012 најрано... Такада сега е време да се стегне репрезентација и да се направат промени што ќе донесат добра атмосфера и резултати во група пошто ако се пропушти и ова реално ќе бидеме во многу бедна ситуација за долго време,
 
П

Паспарту

Гостин
Абе остај Металург не мешај ја ти кажувам Савевски како се понаша Вардар нема везе тука ради тоа што се мешаат така работите има проблеми и во репрезентација!! има такви испади редовно и кога играла Македонија и она со Литванија беше жив срам ради тоа ќе патиме и ќе гледаме ТВ три години од 2009 до 2012 најрано... Такада сега е време да се стегне репрезентација и да се направат промени што ќе донесат добра атмосфера и резултати во група пошто ако се пропушти и ова реално ќе бидеме во многу бедна ситуација за долго време,
И јас сметам дека Савески не е идеално решение за селектор на Македонија (и тренер на Вардар), но не ги оправдувам идиотските обиди на некои играчи да го нападнат селекторот за потоа да можат полесно да ја бојкотираат репрезентацијата од "оправдани причини". Ете ќе го смениме Савески, кого би ставиле на негово место?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
@ElNinho на лев бек имаме и еден нов играч кој веројатно наскоро ќе дебитира за нас, Ристо Арнаудовски од тимот на Босна. Имаме најсилна репрезентација досега, ако и сега ја заебиме работата заради глупости, не знам што да кажам...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И јас сметам дека Савески не е идеално решение за селектор на Македонија (и тренер на Вардар), но не ги оправдувам идиотските обиди на некои играчи да го нападнат селекторот за потоа да можат полесно да ја бојкотираат репрезентацијата од "оправдани причини". Ете ќе го смениме Савески, кого би ставиле на негово место?
Лино Червар е најсериозен кандидат. Пак ќе кажам ова не треба да се меша со Металург... Неговото доаѓање во Македонија добро е за сите па и за репрезентација... Битно е што сака да работи и да прави резултати и ја мислам дека вреди да се проба. Има доволно време плус квалификацииве ќе се игра скоро до 2012. Освен него не гледам друга алтернатива... Али пак ќе кажам репрезентација треба да се гледа на друг начин пошто до сега делењето на играчи и тренери по клубови донесе само поголема беља на репрезентација во време кога Савевски е тренер. Ја мислам дека Савевски има квалитети тоа го има покажано и со женска репрезентација ама тоа што си дозволи со аматерите од Литванија беше недозволиво. Несериозен пристап плус повторно несериозно понашање мислам дека му е доста.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Тешко на репрезентација кај шо клубот му кажува на играчот БОЈКОТИРАЈ ЈА РЕПКАТА....:ija:
Каде бе вака??/Тешко нас...
И зошто-зошто Металург фрла најмногу пари,зошто бил спонзор на селекцијата,зошто Минчо сака да биди главен,зошто си се конкуренција со Михајло....
Порано беа сменети улогите...
Добро бе господа ГАЗДИ...кој ви дава за право да си играте со МАКЕДОНИЈА??
Па и преку :bip: шо давате толку пари...
Мене како Македонец,како навивач на :oeoeoe: ми е важна само :oeoeoe: не кој од кој клуб доаѓа,кој колку репрезентативци дава..кој ГАЗДА фрла повеќе пари...
Да ви се плукнам и во пари во се....кога сакате да ја ЗАЕБИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА:violent1: и да си ставите ваш СЕЛЕКТОР по мерка....кој ќе игра по ноти кои ќе му бидат свирени од ЦЕНТРАЛАТА:music5:....
Ете се кршат копјата години наназад,,де Вардар ја контролира селекцијата,сега и Металург,па излегуваат од РФМ,па се откажуваат,па пак се враќаат....каде бе?ова не е пазар,па ај ќе се пазариме...:xmas1::music5:
Мизерија невидена....
Арам да ви се и пари и се...кога ја оставате репрезентацијата на цедило..само да си ги постигните клупските интереси....
Па не е играчка репрезентацијата бе газдииииииии:violent1:
Затоа не треба да не чуди шо не газат сите...
Да се игра во репрезентацијата е најголема чест и привилегија....а кај нас е важно само дали играш за Металург....порано за Вардар....
НЕВИДЕНА МИЗЕРИЈА......:violent1:
Абе сите на клоци треба бркање и да се донесат луѓе шо ќе мислат само на Македонија...а не кој ќе биди директор,дали нашиот тренер ќе биди селектор итн..
Дури не се направат овие работи ќе го гледаме овај циркус...:xmas1::locked:
 

GIS

Член од
21 октомври 2007
Мислења
881
Поени од реакции
154
Ова педерот Наумче Мојсоски да даде господ никогаш да не заигра во лига на шампионите(до сега нема играно)..што беше тоа вчера од него,сите ќе ги тепа па дури и неговиот селектор,јас незнам зошто Комити сеуште не ми го дотераа умот низ Скопје...на следните квалификации ако е селектор Савевски тој повторно нема да игра,ќе најде нешто изговор демек е повреден како што нејкаше да игра на изминативе квалификации кога се правеше повреден,а несакаше да игра поради тоа што тоа дрвото брат му не го земаа во репрезентација,ми се сере од такви играчи како него,да ме прашаш мене никогаш ама баш никогаш нема да игра за Македонија !!
п.с за утакмицата вчера..па кој кур ти е ова ракомет,одгодина во година се истото го гледаме,место да се гледа убав ракомет,на две најјаки екипи моментално,ние гледаме тепачки на секој 2 минути,мечевите траат по 2 и пол саати...играчите немаат никаков почит спрема клубот,клубовите ги менуваат како чорапи,уште еднаш се докажува дека во Македонија се е до парите,нема никаква љубов спрема клубот..одгодина пример и во Борец ќе влезе некој јак спонзор па сите ќе преминат кај нив и ќе се прават дека Борец им е во крв !!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе за квалитет во ракометнава репрезентација не треба да се дискутира.Тоа шо е проблем со другиве репрзентации со ракометната не е.Тука се проблем само добри подготовки кои ако ги имаме се виде шо можеме да направиме,читај СП Хрватска.Стварно не е фер ова шо го прават газдиве со препукувањето.Не за нешто,него во ова ги внесуваат и играчите.Идеално решение за селектор е само Червар,кај него нема трт мрт.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.835
Поени од реакции
9.132
Toj Naumce e retko debilna pojava.... Ja neznam kako ne se najde nekoj do sea da mu ja pukne facata pa da ne se dziliti na se sto se dvizi... Inace najidealno i sosema logicno vo ovoj moment( bidejki 90 posto reprezentativci se od metalurg neli-nazalost:) ) e Cervar za selektor... Mislam deka ako on dojde, konecno ke zaigrame kako treba vo odbrana, neso so odamna ni fali, i bez problem ke se plasirame na prvenstvo vo Srbija 2012... A ako bide taka daj boze, onda cela Makedonija u Nis, i po moznost eden sator na Alkaloid i zurkaaaaa:vozbud:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.835
Поени од реакции
9.132
Malce off topik..... Nekoj da ne znae stream kade moze da se gleda Zagreb-Ciudad Real??
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Старт со нови играчи или со нов селектор


По најавата за бојкот на играчите на Металург, на планираниот турнир „Трофеј Карпати“ и квалификациите за ЕП 2012 веројатно ќе има нов играчки костур или нов селектор
Вечерашниот прв тренинг на сениорската репрезентација треба да даде одговор со каква репрезентација Македонија ќе настапи на претстојниот ракометен турнир „Трофеј Карпати“, а потоа и ќе ги почнат подготовките за квалификации за ЕП 2012 година. Најавите за можен бојкот на ракометарите што доаѓаат од редовите на Металург веќе некое време е актуелна тема во ракометните кулоари. На тој начин тие сакаат да му порачаат на сегашниот селектор Љубомир Савевски дека е непожелен за нив, РФМ да го притиснат да го смени, и да биде поставен Лино Червар, сегашниот тренер на Металург. Нетрпеливоста меѓу дел од играчите и Савевски е присутна уште од јануари кога Македонија поради послаба гол-разлика не се пласира во баражот за СП, откако на турнирот во Адана, Турција, ремизиравме со Литванија, а потоа домаќините и' „пуштија“ на Литванија.

Од 21 до 23 октомври треба да играме на „Трофеј Карпати“ против Белорусија, Романија и Тунис, а на 27 октомври во Скопје ги почнуваме квалификациите за ЕП 2012 година. Прв противник ни е Естонија, а четири дена подоцна гостуваме во Босна. Во нашата група е уште и Унгарија, а најдобрите две репрезентации ќе изборат место на ЕП 2012 година во Србија.

Играчите се плашат јавно да објават дека го бојкотираат селекторот зашто знаат дека ќе бидат критикувани за нивната одлука да не играат за репрезентацијата, од каде што добија и награда од државата од 5.000 евра за пласманот на 11. место на последното СП во Хрватска. Затоа и се подготвува терен како целата работа да се изведе што побезболно. Но, се' се искомплицира кога Минчо Јорданов, главниот финансиер на Металург, го откажа спонзорирањето на машката репрезентација иако биле одржани внатрешни состаноци на кои било потврдено преземањето на репрезентацијата, а Червар ги известил и дел од играчите за „големиот проект“ во кој тој се вклучува. Јорданов наводно дал уверување дека сите повикани ќе се појават на подготовките.

Савевски засега не е загрижен за можниот бојкот.

- Во интерес на македонскиот ракомет е да се направи се' за да се пласираме на ЕП. Со мојот претседател се договорив дека во интерес на македонскиот ракомет подготвен сум да се повлечам и Червар да го назначат за селектор. Инаку не се откажувам од репрезентацијата - вели Савевски, кој од УО на РФМ доби двегодишна доверба. - Без секого се може, па и ако некој не сака да игра. Но, со бојкот ништо не се решава - вели Савевски.

Нетрпението меѓу играчите и селекторот го најави и Наумче Мојсовски, по дербито меѓу Металург и Вардар во четвртокот во Скопје, кога металурзите победија со 28-20.

- Победи инаетот. По изјавите на Вардар дека овие играчи толку можат и толку од македонските репрезентативци. Сам се победи Вардар. Тие што лани беа репрезентативци кај Вардар, сега го победија. Игравме и против Савевски, кој имаше изјави дека не му требаат играчите во Вардар - изјави тогаш Наумче Мојсовски.

Турбуленциите што ја зафаќаат репрезентацијата само го скратуваат времето потребно за подготовки, бидејќи меѓу Унгарија, БиХ и Македонија ќе се бараат двата патника на ЕП. Унгарците се фаворити, а Босанците имаат силен интернационален состав кој очекува конечно да им се исполни желбата да игра на големо натпреварување.
Савевски повика 27 играчи
На вечерашниот собир во СРЦ Кале, селекторот Љубомир Савевски повика 27 играчи, од што 13 членови на Металург, шестмина од Вардар про, еден од ВВ Тиквеш и седуммина интернационалци. Меѓу повиканите нема неколку играчи што порано беа дел од репрезентацијата: Ангеловски, Стојановиќ, Макалоски, Митков, а меѓу сениорите се повикани и Шалевски (ВВ Тиквеш), Ристо Арнаудовски (Босна) и Никола Стојчевски (Романија).

Од интернационалците повикани се: Кирил Лазаров, Влатко Темелков, Лазе Мајнов, Стојанче Стоилов, Ристо Арнаудовски, Никола Стојчевски, Горан Кузмановски.
На Јорданов премногу му е да даде 400.000 евра
Сумата што Јорданов требало да ја префрли на сметката на РФМ како дел од планот за спонзорирање на репрезентацијата наводно бил околу 400.000 евра, што била една од причините да се откаже, барем привремено. Наводно РФМ барало парите да бидат префрлени, а потоа од канцеларијата да се прави распределбата, а Јорданов сакал тој да ги врши сите плаќања.

За СП 2009 година, Јорданов беше дел од УО и спонзор на машката репрезентација и потоа се откажа среде квалификации за ЕП 2010 година. По неговото заминување РФМ тврдеше дека останале сметки околу 100.000 евра што биле направени во време кога тие биле спонзори, а не бил наплатени.

Во стручниот штаб на репрезентацијата како помошници се споменуваат Данило Брестовац, Милчо Чакарески и Ѕвонко Шундовски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom