Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Дали можи да ги најдам утакмиците од СП во Хрватска неде на нет да ги гледам или да ги спуштам???посебно утакмицата сои Германија?????
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па мислам дека тоа се знае подолго време плус Савевски со ремито против Литванија за пласман на СП 2011. треба да му се даде отказ. Тоа беше еден несериозен потег... Плус сега во квалификации за ЕП 2012 Србија сме во група со Босна Унгарија и Естонија и една од првите две позиции ќе мора да се освои за да не паузираме уште 3 години. Плус имаме одлична екипа и мислам дека сме способни да бидеме и први во група.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.756
Поени од реакции
71.515
Па мислам дека тоа се знае подолго време плус Савевски со ремито против Литванија за пласман на СП 2011. треба да му се даде отказ. Тоа беше еден несериозен потег... Плус сега во квалификации за ЕП 2012 Србија сме во група со Босна Унгарија и Естонија и една од првите две позиции ќе мора да се освои за да не паузираме уште 3 години. Плус имаме одлична екипа и мислам дека сме способни да бидеме и први во група.
А мислиш со Минчо и Червар поубаво ќе ни биде???? :)
Се виде колку направи со Металург. Лани испаднаа од Трембле во Европа (просечна екипа), во Македонско загуби еден дуел, и еден одигра нерешено со Вардар кој не беше ниту приближно до квалитетот на металург, а и оваа година направија целосна грешка со играчите па беа посрамотени на турнирот во Португалија, каде завршија последни во квалификационата група :pos:
Сето ова не го прави ништо подобар тренер од Савески...
Можеби освои се со Хрватска, но да не заборавиме со какви играчи располагаше таму. Можеби ќе постигне повеќе од било кој македонски тренер но сепак додека не се смени нашиот менталитет не треба да очекуваме нешто особено.
Имаме многу тешка група. Не се ни сомневам дека во Босна и Унгарија ќе загубиме, бидејќи нашите немаат никакви шанси кога играат во таква атмосфера. Полна Скендерија секогаш била енигма за нас, и никогаш ниту во кошарка ниту во ракомет не сме стигнале ни до бод од таму. Ситуацијата во Унгарија е слична, а видовме дека и во кошарка беше пекол... Така да со нашиот менталитет имаме два сигурни порази од овие гостувања. Ти текнува што ни се случи со Естонија на гости??? Срамен нерешен резултат, и една победа таму би била голем напредок за нас. Во Скопје, се осбен три победи е рамно на катастрофа, така да ќе се надеваме на подобра гол разлика во меѓусебните дуели. Тоа е реалноста без разлика дали Червар или Савевски ќе биде селектор...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Металург е друго, репрезентација е друго... Кога Минчо ги држеше конците во федерацијата се пласиравме на СП и достојно се претставивме на истото.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.756
Поени од реакции
71.515
Металург е друго, репрезентација е друго... Кога Минчо ги држеше конците во федерацијата се пласиравме на СП и достојно се претставивме на истото.
На СП се пласиравме само заради атмосферата во Борис Трајковски, благодарение на тоа што се изгради салата навреме за баражот...
И Михајло беше претседател а не Минчо...
Кога виде Минчо дека загуби (неферски...), почна да заебава и дел од играчите на Металург воопшто и не сакаа да настапат што беше и причина поради која се создаде негативна атмосфера и не влеговме на наредните натпреварувања...
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.405
Поени од реакции
2.510
Се ближи промоцијата на Червар во селектор

Промоцијата на Лино Червар во селектор на Македонија може да се случи многу брзо, бидејќи се интензивираат и контактите на релација РФМ - Металург. Шпекулациите што подолго време се присутни дека хрватскиот стручњак ќе го преземе селекторското кормило на Македонија станува се' поизвесно дека ќе се реализира. Червар не го продолжи договорот со Хрватскиот ракометен сојуз, Металург ангажира дополнително уште неколку репрезентативци, а и нивниот спонзор Минчо Јорданов беше вклучен во УО на РФМ.

По мечот меѓу Металург и Клуж од квалификациите за пласман во женската Лига на шампионите, во петокот, тренерот на скопјани, Лино Червар и Михајло Михајловски, претседателот на РФМ имаа повеќеминутен разговор, а потоа и со управата на „металурзите“. Им било предложено доколку сакаат, можно е да се направи смена во репрезентацијата. Но, за тоа треба да реши спонзорот Јорданов, кој патем би требало и да ја финансира репрезентацијата.

Во Металург немаат ништо против да се вклучат во репрезентацијата, особено сега откако не се пласираа во Лигата на шампионите, па имаат и повеќе „слободно време“ бидејќи Купот на ЕХФ не е подеднакво силен како ЛШ.

Во ракометните кругови се зборува дека Јорданов има тим од спонзори што би го поддржале ангажирањето на Червар за селектор. Некои тврдат дека при договарањето на ангажманот на Хрватот, во пакет се зборувало и за репрезентацијата на Македонија, и месечната плата што Лино ја добија всушност била и за водење на репрезентацијата. Па затоа и било природно што тој се откажа од хрватската репрезентација.

Сегашниот селектор Љубомир Савевски, кој е тренер на Вардар про, бил информиран за можната смена на клупата, и тој немал ништо против неговиот колега кој патем има повеќе успеси да го замени, особено што и речиси сите репрезентативци се во Автокоманда.

Македонија на крајот на октомври ги почнува квалификациите за ЕП 2012 година. ние сме во група со БиХ, Естонија и Унгарија. Само првите две репрезентации ќе играа на ЕП. Ние почнуваме на 31 октомври на гости во БиХ, а потоа на 9 ноември ја пречекуваме Унгарија. Тие две средби ќе дадат одговор колку сме кадарни да се пласираме на ЕП.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.959
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A0A13552A4D98B438E00EAFBCD3EFA3D

Кон крајот на октомври почнуваат квалификациите за ЕП во Србија.
Искрено се надевам дека ќе завршиме на некоја од првите 2 позиции,кои водат на ЕП.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Червар ќе биде одличен селектор на Македонија,ваљда ќе стаи некој ред во тимот..ако и сеа не напраиме нешто повеќе со него да ти ибам ракометот..Кире Лазаров Ѕвер!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.756
Поени од реакции
71.515
Савески и дефинитвно останува на селекторската функција, бидејќи РФМ немала пари да го плати Червар...
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.338
Поени од реакции
16.465
Савески и дефинитвно останува на селекторската функција, бидејќи РФМ немала пари да го плати Червар...
A претседател на РФМ останал Михајловски или Минчо е нов претседател?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.338
Поени од реакции
16.465
Михајловски....
Затоа и Савески го оставиле да биде селектор. Само не се сеќавам каде деновиве прочитав изјава од Михајловски дека ќе разговарал со Минчо да стане претседател на РФМ, очигледно не се договориле :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Веројатно поради слабите резултати на Металург на Минчо и не му се фрлаат толку пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom