Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Јас на светско или на било кој настан во кој учествува нашата Македонска репрезентација без разлика дали е тоа ракометна или било која друга ќе навивам за нив од се' срце, но работава е да не дозволиме секоја Македонска репрезентација да биде корумпирана и да зависи од x луѓе кој се мислат дека се' зависи од нив.

Како ултрас, веројатно јасна ти е моменталната катастрофална состојба во која се наоѓа нашата фудбалска репрезентација и колку е само корумпирана. Пандев веќе го боли таквото за Македонија и не игра со сета сила како за Наполи, зашто и самиот ја гледа ситуацијата, играат татини синови за пари или плаќаат некои менаџери на околни Балкански клубови за да можат после да ги продадат во други подобри клубови за добра пара.

Иако ситуацијата малку е различна, се повеќе наликува на тоа. Јавна тајна е дека Лазаров ја уценува нашата федерација да игра брат му Филип. Кој е па Филип? Има минимум 10 играчи кој играат во Македонија (читај: Македонска прва лига) кој играат подобро и го заслужуваат тоа место.
Во право си за ова, ама то е то, такви сме.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе радувајте се дур можете, ќе ве видам после дали ќе плукате по некој од овие играчи, кога ќе дојде таа генерација со најголемата ѕвезда Манасков:facepalm: ќе ги барате после овие. Тогаш не за Филип како резерва, туку цела фамилија да му игра на Кире ќе го барате, ама нема како него веќе...;)

Не туку обвинувајте играчи за корумпураноста во федерациите и воопшто во Македонија.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
По квалификациите за Олимпијадата одбивам да ја гледам Македонската рамометна репрезентација и ова што се пласираа на светско ни малку не ме израдува. Немој да се искурчат пак како за квалификациите и да се умислат дека се меѓу најдобрите.м.
ако ти е некоја утеха,шведска не се пласира,црногорците ги испаднаја со победа од два разлика:pos:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
По квалификациите за Олимпијадата одбивам да ја гледам Македонската рамометна репрезентација и ова што се пласираа на светско ни малку не ме израдува. Немој да се искурчат пак како за квалификациите и да се умислат дека се меѓу најдобрите.

И би ја замолил јавноста да не им дава толку внимание и притисок на било кој наш спортски претставник, зашто кога не им се даваше внимание и не се вршеше притисок од јавноста врз нашите кошаркари, изненадувачки влеговме во најдобрите 4 репрезентации во Европа, а кога им се даде внимание и јавноста притискаше за успехот како со кошаркарите врз ракометарите, на европско освоија утешително 5то место на кое пак не му се израдував, исто и за Олимпијадата, се умислија нешто 5то место во Европа загубија од сите.

Посебно одвратен ми стана Кире Лазаров кој мисли дека целата репрезентација зависи од него. Едноставно, апсолутно ништо не очекувам.
А добро де а да се пласираа на олимпијада,па после све освен медала не ќе беше задоволен..дајте спуштете се на земја и не преувеличувајте толку со очекувањата..не сме ние спортска велесила па секој неуспех да го рачунаме како катаклизма.
освоија 5 то место на кое никој не се надеваше..се пласираа на светско..имаат големи шанси за пласман на наредно европско..е сега не се пласираа на олимпијада,епа сега..и Бразил не тепа увек у фудбал ..и Америка губи у кошарка иако сите очекуваат да победуваат..неможе секогаш ни по наша воља.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.336
Поени од реакции
5.339
СВЕТСКО А НАШЕ - МАКЕДОНИЈА !!!! :vozbud: :cuc:
Уште ко паднавме одма со овие сигурен бев дека ќе ги поминиме, можевме уште на првиот натпревар многу полесно да си ја завршевме работата ама кажав дека ќе бидат доволни и тие 5 гола за во Виена...

Уште една добра партија покажаја нашите момци, мислев дека ќе тепаме и во Виена ама на крај не е ни битно шо изгубивме, важна е партијата која ја изиграја момците и пласманот на Светско (y)

Лазаров денес ги сомели !!! 9/11 :cuc: ЕЕЕЕ Киро, Киро вака да играше во Србија....
Одлична партија и на Мојсовски заедно со Лазаров тие беа кој го диктираја темпото...
Алуш ЦАР :cuc: (Нека гледа Манасков како се игра и на 38 години, а не да ми врти пируети како балерина)

Знаев дека ќе провоцират гнасите цело време за да ги налепат нашите за да добиват по 2 мин, тој голманот нивни шо се креваше многу нека си го пикни сега, да му се помочам и во салата за хокеј и публиката која мислеше дека гледа НБА натпревар...

Кај нив освен Шурлинг(како и да беше) тој стариот пед*р цело време ни даваше голој само тој, после и Сантош напрај неколку добри влезој ама џабе му е се...
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Македонските ракометари заслужија чиста десетка за пожртвуваноста и за желбата за добар резултат, но и за начинот на кој што го прославија огромниот успех и пласманот на СП 2013 во Шпанија.
Сценариото беше КУГЛАЊЕ - Шундовски беше куглар, ракометарите кегли, а куглата беше помошникот во стручниот штаб - Доне Бошковски. Отсега има нов прекар - Доне куглата. И само тој може да ги урне ракометарите. Најкорпулентниот член на нашиот стручен штаб одлично си ја заврши задачата како кугла, успевајќи од прв обид да ги турне сите ракометари. Дали успехот на кугларот Шундовски се должи на тежината на куглата, или пак на фактот дека ракометарите беа преморени по тешкиот дуел, тешко е да се каже, но ваквиот начин на прослава наиде на воодушевување не само кај македонската фаланга, туку и кај повеќеилјадната австриска публика, која што со аплаузи ги награди членовите на македонскиот национален тим.
ekipa.mk












:pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203

НЕ ГИ НЕРВИРАЈТЕ МАКЕДОНЦИТЕ...Прашуваа „Кое е вашето име“ и пуштаа грчка музика...Ама на крајот победи МАКЕДОНСКОТО СРЦЕ!!!
Екипа Репрезентација мажи
17.06.2012 00:58
Уште пред почетокот на мечот беше јасно дека Австријците ќе се обидат со нечисти трикови да го нарушат ритамот на македонската репрезентација. Ова се оствари уште при официјалната најава на репрезентативците, кога спикерот во салата во неколку наврати провоцираше со прашањето „Кое е вашето име“. Покрај тоа, по неколку постигнати погодоци на домаќините беше пуштана грчка музика, се со цел да се дефокусираат македонските ракометари, но тоа е невозможно кога тие крај себе ја имаат „фалангата“.

Повеќе од 1.000 Македонци беа присутни и во салата во Виена и на цел глас ги бодреа Лазаров, Мојсовски, Ристовски и останатите македонски ракометари, помагајќи им да ја остварат зацртаната цел и да стигнат до толку посакуваниот мундијалски билет. Имаше Македонци од Австрија, Швајцарија, но и мал број што допатуваа од нашата земја за уште еднаш да бидат дел од успешната приказна наречена ракометна репрезентација на Македонија, која конечно успеа да обезбеди континуитет и да учествува на две големи натпреварувања во низа, нешто што капитенот Кире Лазаров го посакуваше уште од поодамна.

Шпанија воопшто не е близу, но далечината на оваа земја сигурно нема да биде пречка за „фалангата“ уште еднаш да одговори на предизвикот и со сите сили да ја понесе нашата селекција до нов историски успех.















ЕКИПА во Виена,
Ѓорѓи Вангелов


:cuc::cuc::cuc:
Aбе ја примети некој оваа трибина? :vozbud:
cudnatribina.jpg
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Јас на светско или на било кој настан во кој учествува нашата Македонска репрезентација без разлика дали е тоа ракометна или било која друга ќе навивам за нив од се' срце, но работава е да не дозволиме секоја Македонска репрезентација да биде корумпирана и да зависи од x луѓе кој се мислат дека се' зависи од нив.

Како ултрас, веројатно јасна ти е моменталната катастрофална состојба во која се наоѓа нашата фудбалска репрезентација и колку е само корумпирана. Пандев веќе го боли таквото за Македонија и не игра со сета сила како за Наполи, зашто и самиот ја гледа ситуацијата, играат татини синови за пари или плаќаат некои менаџери на околни Балкански клубови за да можат после да ги продадат во други подобри клубови за добра пара.

Иако ситуацијата малку е различна, се повеќе наликува на тоа. Јавна тајна е дека Лазаров ја уценува нашата федерација да игра брат му Филип. Кој е па Филип? Има минимум 10 играчи кој играат во Македонија (читај: Македонска прва лига) кој играат подобро и го заслужуваат тоа место.
Може да ги наброиш тие 10 играчи кои играат во Македонското првенство подобро од Филип??Види тоа го велам затоа што некој од страна што не прати ракомет ќе си рече woww па ние имаме многу јако првенстово.Имаме по 10 играчи на една позиција и сега незнаеме кој да го одбереме.Значи според мене да не се занесуваме и да летаме во облаци.Незнам што мисли федерацијата за иднината на нашиот ракомет.Дали размислуваат дека по 5-6 па и 10 години можеме да се израдуваме барем на 5-то место на СП или ЕП..
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Пресреќен сум, одиме на уште едно големо натпреварување....повеќе од заслужено.....сигурен сум ако на пример бевме нерешено во првиот натпревар оти пак ќе ја победевме Австрија...КАЈ СИ СЕГА БАУЕР ДА ПРОВОЦИРАШ??????Е СЕГА МОЖИШ САМО К****Т ДА МИ ГО П***ИШ И МЕНЕ И НА СЕКОЈ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ КОПИЛЕ ЕДНО ГНАСНО, КРВТА ТВОЈА, БЕЛ ДЕН ДА НЕ ВИДИШ....КАЈ Е СЕГА ПУБЛИКАТА ДА ПРАША ПАК КОЕ Е НАШЕТО ИМЕ? БЕЛКИ СЕГА НАУЧИЈА КОЈ СМЕ МАМЕТО НИВНО....КАЈ СЕ СЕГА ДРУГИТЕ ИГРАЧИ ДА ПРОВОЦИРААТ ПОСЛЕ СЕКОЈ НАШ И НАЈМАЛ КОНТАКТ????? МАМЕ НИВИНО АВСТРИСКО....
инаку од наптреварот презадоволен сум покажавме оти сме добра екипа, со големо срце кое знае да игра на големи натпревари.....Кире му ја затна муцката на секој австриец.....РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО НА ОВОЈ УСПЕХ!!!!!!!!!!!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504

Како порачано дојде, како да му реков да изјави она што цело време се трудам да го објаснам. Аналитичар е човекот и прав спортист, не дудук шо не знае 2 збора да каже. :cuc:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
добра рабора е то шо нашиве се пласираа на СП, па се прави еден континуитет на настапи на големи натпреварувања. се то е ок, ама ако останиме со овој селектор и со овој играчки кадар, многу брзо од оние кои сега ги величаат играчите, ќе ги плукаат и нема еден асолен збор за нив да кажат (со други зборови, ќе ја наеб..е)!!!
мора прво да се смени селекторот, па после да се најди еден, барем еден асолен лев бек, оти мав ни е планот!
за сите да бидат среќни и задоволни, по 10000000000 пак ќе пишам, нека остани филипче како резервна варијанта, ама раде мора да игра! ако има некакви си недоразбирања, истите мора да се надминат ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА, бидејќи никој не е над МАКЕДОНИЈА!!! исто мора да му се кажи чао и на златко мојсоски, а да се повикаат левов, гоце георгиески и јовчески. за аљушот нема ништо да споменувам, човекот е толку добро подготвен и стабилен, шо без проблем можи да игра на СП, ама на припремите мора поголема шанса да добие и ојлески, оти тој заедно со манасок се иднината на таа позиција!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Реков вчера дека традицијата постои за да се прекрши и во право бев. Доста беше пресконување на првенства, на едно се пласираш, на тоа што доаѓа не се пласираш и сл. :pipi:Браво момци уште еднаш. Се разбира мора да се работи, да се надоградува играта и да се освежи, затоа што сега другите репрезентации ќе не гледаат сериозно и ќе не проучуваат, па мора да ги изненадуваме, не смееме со истата игра да останеме, мора да се движиме напред. И ондак то. :icon_mrgr:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
СВЕТСКО А НАШЕ - МАКЕДОНИЈА !!!! :vozbud: :cuc:
Уште ко паднавме одма со овие сигурен бев дека ќе ги поминиме, можевме уште на првиот натпревар многу полесно да си ја завршевме работата ама кажав дека ќе бидат доволни и тие 5 гола за во Виена...

Уште една добра партија покажаја нашите момци, мислев дека ќе тепаме и во Виена ама на крај не е ни битно шо изгубивме, важна е партијата која ја изиграја момците и пласманот на Светско (y)

Лазаров денес ги сомели !!! 9/11 :cuc: ЕЕЕЕ Киро, Киро вака да играше во Србија....
Одлична партија и на Мојсовски заедно со Лазаров тие беа кој го диктираја темпото...
Алуш ЦАР :cuc: (Нека гледа Манасков како се игра и на 38 години, а не да ми врти пируети како балерина)

Знаев дека ќе провоцират гнасите цело време за да ги налепат нашите за да добиват по 2 мин, тој голманот нивни шо се креваше многу нека си го пикни сега, да му се помочам и во салата за хокеј и публиката која мислеше дека гледа НБА натпревар...

Кај нив освен Шурлинг(како и да беше) тој стариот пед*р цело време ни даваше голој само тој, после и Сантош напрај неколку добри влезој ама џабе му е се...
Јас мислам ако играше како вчера Наумче и да даваше такви голови ќе освоевме медал али добро помина тоа.Сега очекувам Димовски и Алушевски да се повлечат ,за да може место нив да влезат Никола МАрковски и Ојлески и да почнеме да мењаваме генерација .
 
Член од
23 април 2012
Мислења
75
Поени од реакции
16
Јас мислам ако играше како вчера Наумче и да даваше такви голови ќе освоевме медал али добро помина тоа.Сега очекувам Димовски и Алушевски да се повлечат ,за да може место нив да влезат Никола МАрковски и Ојлески и да почнеме да мењаваме генерација .
i kukoski na mestoto na angelovski, i jovcevski i levov na smetka na mojsovski -prestap i mitkov.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom