Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ајде за убо да е :)

„Навивачите“ на Австрија мислеа дека се на НБА натпревар. Епа пријателчина не се оди на светско само со викање „ДИФЕНС“ :D . И нешто поќе е потребно.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дифенс, дифенс и го имаш потегот на Кире ала Гарнет со тупаница на срце:vozbud:

Ај со среќа момци, да ни се погоди и Шпанија за нови успеси.

П.С Моментот кога Австриецот излезе во аут сосе топка и судиите „не видоа“, прајслес :X3:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.128
Поени од реакции
8.075
Многу ладно во Австрискиот "пекол"...незнам дали заради климата или мразо од хокејо :D
мие криво барем да тепавме ..едноставно она старото немање на менталитет
абе брате мили ко си појак барем изгази го, посери го, помочај го да не знај кај тера..му даваш шанса на онај прдлото Бауер да се занесва демек голманиште со 2 интервенции
кај знаеле тие да напрат бе атмосфера ко фалангата наша==која ја има на секој крај од светот :)
и уште за судите..од виена право на голи оток
и ајде се среќа нека е пласманот...и во шпанија одиме на медал :LOL:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Не гледав ракомет,си реков да не се нервирам без потреба оти имав чувство дека ќе биде уште еден закашкан меч ама мило ми е што отидовме на светско.

Ама па ќе ми беше помило ако се пласиравме на олимпијада,но што е тука,тука е.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Честито нека ни е пласманот на СП. Заслуживме, многу подобри бевме од Австријците. Одлично игравме, колективно пред се. Ги немаше оние избрзани и непотребни шутеви на Кире, шутираше кога треба затоа и имаше толку висок процент на реализација. Борко одличен, ги утепа на почеток од второ полувреме кога врза 4-5 одбрани по ред. Мојсо конечно распали и искористи тоа што вниманието на Австријците беше насочено кон Кире. Миркуловски борбен како и секогаш неколку добри влезови. Алушевски и покрај годините уште една одлична партија, му покажа на "талентот" Манасков како се игра. ( Не ми се верува дека овој демек ни е најголем талент у репрезентација у моментов. Камен е ! ) Темелков оваа утакмица малце топки имаше, само 1 шут ако добро памтам. Одбрана малце слабо изигра, од таа страна кај него и Кире не пробушија Австријците. Велко и Јоновски солидни у одбрана, Столе можеби малце потфрли. Ко да ми е паднат у форма ма да и многу добро е чуван за разлика од Европското. Убаво го измлатија Австријците, и него и Ванчо. Солидна партија и на дебелиот денеска. Филипчо смешки беше.... Нема потреба да го коментирам. Шундо имаше некои глупи потези по малце али добро углавно и тој добро ги припремил за двомечов.
Мене момент на утакмицата ми беше Доне кога го дадоа у кадар, на 2 столчиња како седи :pos: (y)

Честитки уште еднаш, сосема заслужен пласман ! :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
По квалификациите за Олимпијадата одбивам да ја гледам Македонската рамометна репрезентација и ова што се пласираа на светско ни малку не ме израдува. Немој да се искурчат пак како за квалификациите и да се умислат дека се меѓу најдобрите.

И би ја замолил јавноста да не им дава толку внимание и притисок на било кој наш спортски претставник, зашто кога не им се даваше внимание и не се вршеше притисок од јавноста врз нашите кошаркари, изненадувачки влеговме во најдобрите 4 репрезентации во Европа, а кога им се даде внимание и јавноста притискаше за успехот како со кошаркарите врз ракометарите, на европско освоија утешително 5то место на кое пак не му се израдував, исто и за Олимпијадата, се умислија нешто 5то место во Европа загубија од сите.

Посебно одвратен ми стана Кире Лазаров кој мисли дека целата репрезентација зависи од него. Едноставно, апсолутно ништо не очекувам.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
По квалификациите за Олимпијадата одбивам да ја гледам Македонската рамометна репрезентација и ова што се пласираа на светско ни малку не ме израдува. Немој да се искурчат пак како за квалификациите и да се умислат дека се меѓу најдобрите.

И би ја замолил јавноста да не им дава толку внимание и притисок на било кој наш спортски претставник, зашто кога не им се даваше внимание и не се вршеше притисок од јавноста врз нашите кошаркари, изненадувачки влеговме во најдобрите 4 репрезентации во Европа, а кога им се даде внимание и јавноста притискаше за успехот како со кошаркарите врз ракометарите, на европско освоија утешително 5то место на кое пак не му се израдував, исто и за Олимпијадата, се умислија нешто 5то место во Европа загубија од сите.

Посебно одвратен ми стана Кире Лазаров кој мисли дека целата репрезентација зависи од него. Едноставно, апсолутно ништо не очекувам.
Среќа шо не сме сите ко тебе.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Има право ЕлНињо дека со ваков пристап ништо не правиме таму. Знам дека ве држи еуфорија и идете на картата имавме предност и не се замаравме, но не е така.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Се сложвам со Knoppix.

Воедно и честитам на пласманот :).

И натаму сум разочаран од тоа дека репрезентацијата ја водат кланови, и овој успех сигурно нема да донеси да се разрешат сите проблеми. Ама, им оди во прилог ова и на Лазарови и на Начевци така да, нема плукања од медиумите по нив сега, и сето ова до нареден дебакл.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Вака-така оваа генерација ракометари ги прави најдобрите резултати во историјата на репрезентативниот ракомет. И тоа е факт непобитен. Ко што е и факт дека има поделби има кланови, несогласувања. Незнам што очекувате вие да прават, по 15 разлика да ги добиваат сите натпревари ? Нит сме имале добри резултати порано, пред 6-7 години репрезентација од калибарот на Австрија веројатно ќе не избацела од баражот. Иднина некоа ракометна не гледам дека имаме, добри младински играчи немаме така да сега ако не се радуваме на пласмани и резултатите што ги постугнуваат овие за 5-6 години ќе немаме ништо, т.е ќе се вратиме на периодот кога едвај стигавме до бараж....
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Среќа шо не сме сите ко тебе.
Јас на светско или на било кој настан во кој учествува нашата Македонска репрезентација без разлика дали е тоа ракометна или било која друга ќе навивам за нив од се' срце, но работава е да не дозволиме секоја Македонска репрезентација да биде корумпирана и да зависи од x луѓе кој се мислат дека се' зависи од нив.

Како ултрас, веројатно јасна ти е моменталната катастрофална состојба во која се наоѓа нашата фудбалска репрезентација и колку е само корумпирана. Пандев веќе го боли таквото за Македонија и не игра со сета сила како за Наполи, зашто и самиот ја гледа ситуацијата, играат татини синови за пари или плаќаат некои менаџери на околни Балкански клубови за да можат после да ги продадат во други подобри клубови за добра пара.

Иако ситуацијата малку е различна, се повеќе наликува на тоа. Јавна тајна е дека Лазаров ја уценува нашата федерација да игра брат му Филип. Кој е па Филип? Има минимум 10 играчи кој играат во Македонија (читај: Македонска прва лига) кој играат подобро и го заслужуваат тоа место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom