Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Fragola

највкусната јагодка..
Член од
25 септември 2009
Мислења
301
Поени од реакции
7
Мислам дека сеа со Савески ќе се забележи голема разлика у играта кај нашиве ракометари..чим со жениве истера ок,мислам дека супер ќе му дојде сеа оваа обврска со маживе..
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.455
Поени од реакции
1.798
Најдобро решение што се однесуво до домашни тренери.Очекувам да го врати Стојанович во реперезентација ,како и нови имиња како Ангеловскии секако да го задржи Јоноски. Би можеле да постигнеме уште подобри резултати од претходните.:oeoeoe:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.074
Поени од реакции
7.679
Савевски смета и на неактивни играчи
Љубомир Савевски ќе повика 19-мина играчи в понеделник, на првиот собир како селектор на машката ракометна репрезентација, почнувајќи го процесот на избор на тимот за квалификациите за ЕП 2011 во јануари во Турција. Без играчите со загарантирано место во првата седморка, претстојната недела на ЕХФ ќе биде искористена за тест-мечеви со Вардар и Металург, преку кои секој од повиканите ќе добие шанса да се покаже и наметне.
Савевски во прв момент не сака да се откаже од никого, што вклучува и досега стандардни репрезентативци (Даскалоски, Ѓоргоноски, Ф. Лазаров, В. Маркоски, М. Стоилов, Миркуловски), одамна отпишани (Брестовац, Ангеловски) и моментално неактивни играчи (Мисовски), но доминираат оние од младата генерација (Левов, Георгиевски, Н. Маркоски, С. Стоилов, Јанев, Пецаковски, Куковски, Караиванов, Симовиќ, Вукчевиќ).
Оние што ќе се издвојат во овој, како што Савевски го нарекува, експеримент, ќе бидат дел и од акцијата во декември, кога се планирани четири контроли со Романија, по две на гости и во Скопје.

стварно Савески изгледа најдоброто решение за реперзентацијата ќе има според мене најголеми успеси само ако не се скара со Кире кој ќе сака да биди главен како и на претходните селектори што му правеше ама овај нема тоа да му го дозволи па ќе видиме што ќе биди се надевам се во најдобар ред ќе биди:helou:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Како прво, не треба да имаме преголеми очекувања за после да не бидеме разочарани.
Како второ, Савевски е одличен стратег и доколку бидат почитувани услови и планови за работа мислам дека оваа репрезентација ќе бележи доста успеси. Знам дека со девојките сигурно ќе се пласираше во топ 5 на ЕП, ако не и подобро, но на некои ракометарки не им одговараше па го сменија. Се надевам ракометарите се желни за успеси и ќе нема несогласувања. На СП во Хрватска делуваа како гладни за успеси, ќе видиме до кога ќе ги држи тоа.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.074
Поени од реакции
7.679
РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Број 276/2009
20.10.2009 год.
С К О П Ј Е


СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Предмет: И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве известуваме дека сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ги почне подготовките за учеството во квалификациите за Светското првенство 2011.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 26.10.2009год.
во 10:30 часот во СРЦ ,,Кале,,- Скопје.

Маркоски Никола
ВАРДАР ПРО
Пецаковски Дејан
ВАРДАР ПРО
Маркоски Велко
ВАРДАР ПРО
Даскалоски Златко
ВАРДАР ПРО
Симовиќ Марко
ВАРДАР ПРО
Брестовац Данило
МЕТАЛУРГ
Лазаров Филип
МЕТАЛУРГ
Стоилов Мите
МЕТАЛУРГ
Миркуловски Филип
МЕТАЛУРГ
Ѓоргоноски Горан
МЕТАЛУРГ
Стоилов Стојан
МЕТАЛУРГ
Георгиевски Гоце
МЕТАЛУРГ
Караиванов Мите
МРК ВАРДАР
Кукоски Милорад
МРК ВАРДАР
Ангеловски Александар
МРК ВАРДАР
Јанев Дарко
МРК ВАРДАР
Мисовски Петар

Левов Милан
ВВ ТИКВЕШ
Вукчевиќ Марко
ВАРДАР ПРО

РЕЗЕРВИ
Митревски Николче
ВАРДАР ПРО
Мојсоски Златко
ВАРДАР ПРО
Ојлески Гоце
МРК ВАРДАР
Павловски Игор
ВВ ТИКВЕШ
КузманоскиГоран
ТИНЕКС ПРОЛЕТ


Термини за тренинг во СРЦ Кале:
26-31 Октомври 11:30-13:00/19:30- 21:00



што значи во ноември
GROUP 7
1. Macedonia 0 0 0 : 0 0 0 0 0 2. Lithuania 0 0 0 : 0 0 0 0 0 3. Turkey 0 0 0 : 0 0 0 0 0
Macedonia VS Lithuania : Macedonia VS Turkey : Lithuania VS Turkey
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Број 276/2009
20.10.2009 год.
С К О П Ј Е


СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Предмет: И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве известуваме дека сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ги почне подготовките за учеството во квалификациите за Светското првенство 2011.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 26.10.2009год.
во 10:30 часот во СРЦ ,,Кале,,- Скопје.

Маркоски Никола
ВАРДАР ПРО
Пецаковски Дејан
ВАРДАР ПРО
Маркоски Велко
ВАРДАР ПРО
Даскалоски Златко
ВАРДАР ПРО
Симовиќ Марко
ВАРДАР ПРО
Брестовац Данило
МЕТАЛУРГ
Лазаров Филип
МЕТАЛУРГ
Стоилов Мите
МЕТАЛУРГ
Миркуловски Филип
МЕТАЛУРГ
Ѓоргоноски Горан
МЕТАЛУРГ
Стоилов Стојан
МЕТАЛУРГ
Георгиевски Гоце
МЕТАЛУРГ
Караиванов Мите
МРК ВАРДАР
Кукоски Милорад
МРК ВАРДАР
Ангеловски Александар
МРК ВАРДАР
Јанев Дарко
МРК ВАРДАР
Мисовски Петар

Левов Милан
ВВ ТИКВЕШ
Вукчевиќ Марко
ВАРДАР ПРО

РЕЗЕРВИ
Митревски Николче
ВАРДАР ПРО
Мојсоски Златко
ВАРДАР ПРО
Ојлески Гоце
МРК ВАРДАР
Павловски Игор
ВВ ТИКВЕШ
КузманоскиГоран
ТИНЕКС ПРОЛЕТ


Термини за тренинг во СРЦ Кале:
26-31 Октомври 11:30-13:00/19:30- 21:00



што значи во ноември
GROUP 7
1. Macedonia 0 0 0 : 0 0 0 0 0 2. Lithuania 0 0 0 : 0 0 0 0 0 3. Turkey 0 0 0 : 0 0 0 0 0
Macedonia VS Lithuania : Macedonia VS Turkey : Lithuania VS Turkey
Што е овој состав бе,или другите дополнително ќе се приклучат?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Овој состав е за подготовка на домашните играчи... Репрезентацијата ќе има дуели со Вардар Про и Металург. Има време за странците :)
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
како и да е, мислам дека сега ке биде многу подобро отколку со ико!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.655
Поени од реакции
9.901
Савевски: Задоволен сум што направивме некои експерименти

Југослав Костовски
02.11.2009
Љупчо Савевски
Неделата на ЕХФ селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Љупчо Савевски ја искористи за мини подготовки со играчите од домашното првенство.
Нашиот првак Вардар про беше спаринг партнер, а победата во овој единствен тест дуел е во втор план.
Битно е што е целта постигната, кристализирањето на физиономијата до јануарскиот квалификациски турнир за мундијалскиот бараж продолжува преку нови контроли со Романија и БиХ идниот месец.
„Целта беше играчите да се навикнат на нашиот стил на работа, и на филозофијата на ракометната игра како во напад така и во одбрана. Во глобала задоволен сум што направивме и некои експерименти, се обидовме да провериме неколку млади играчи, многу дебитанти имаше на овој собир и на крај можам да кажам дека има сериозни обиди од нивна страна да бидат кандидати за репрезентација во декември во оној состав во кој ќе се припремаме за квалификациите што не чекаат во Турција. Мораме да најдеме играчи кои ќе бидат способни да играат и во напад и во одбрана. Тие експерименти се прават со цел главните наши напаѓачи Лазаров и Мојсовски има адекватни играчи кои што ќе ги заменат на позициите два и три во одбрана за да можат да дадат полн допринос во напаѓачките обврски“ изјави Љупчо Савевски, селектор на машката ракометна репрезентација.



http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=115758
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.074
Поени од реакции
7.679
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=11805BD8F7C6934A8CB49BB9EB3996E7

Романија ќе н’ штелува

Ракометната репрезентација остана со четири контролки за квалификациите за СП 2011, од планираните шест, затоа што БиХ откажа
Двата контролни натпревара со Босна и Херцеговина што ракометната репрезентација на Македонија требаше да ги одигра на почетокот на јануари како дел од подготовките за квалификациите за СП 2011, отпаднаа. Македонската репрезентација засега останува со договорени четири подготвителни средби со Романија, две во Македонија, а две на гости. Според селекторот на репрезентацијата Љупчо Савевски оваа промена на планот нема да има негативен ефект на подготовките. Се прават напори да се договорат уште некои контролни средби, но и ако не се успее, нема да биде проблем, затоа што првичниот план и онака бил четири контролки.

- Отпаднаа средбите со БиХ, затоа што таа репрезентација не можеше да допатува во Македонија поради организациски проблеми. Имаше идеја ние да одиме таму, но поради можни компликации со патувањето, се откажавме. Сепак, не е проблем. Четирите средби со Романија се оптимална подготовка - вели Савевски.

Македонија ќе игра на квалификациски турнир за пласман на Светското првенство во Шведска 2011 година, кој треба да се одржи во Турција на 15 и 16 јануари. Противници ни се Литванија и домаќинот. Само првопласираниот ќе обезбеди пласман во баражот во јуни, што е последна пречка за пласман на СП.

Според планот на селекторот, репрезентацијата треба да се собере во Македонија на 14 декември, а ќе има тренинзи до 17 декември. На 18 декември ќе се патува за Романија каде следните два дена ќе се играат контролките. По враќањето во Македонија националниот тим ќе продолжи со тренинзите, а кон крајот на месецот (28 и 29 декември) тука ќе се одиграат и другите два натпревара. По Нова година тимот продолжува со тренинзи се' до заминувањето за Турција, на 12 јануари.

Селекторот сака да има почесто собири на репрезентацијата, да може да им даде шанса на повеќе ракометари да се изборат за место, да испроба нови варијанти во играта. Неодамна уште на првиот собир на сениорската репрезентација, кога беа повикани само ракометари од домашното првенство Савевски ги пофали играчите. Главно, зашто сите биле физички одлично подготвени, па ја издржаа првата „тортура“ на селекторот кој многу верува во физички добро подготвен тим.

- Бев пријатно изненаден, особено од помладите, оние што порано немале можност да играат многу. Не само од нивната физичка подготвеност туку и од сфаќањето, мотивот и залагањето - вели селекторот.

Савевски неодамна третпат беше поставен за селектор на машката репрезентација, откако претходно во краток период беше селектор на сениорите во 2000 и 2003 година. Беше селектор и на младинците во 1997 година и на женската сениорска репрезентација во 2007 година на СП во Франција.

- Се надевам дека во третиот обид ќе можам многу работи да направам, а што не успеав да ги реализирам во претходните мандати - изјави Савевски.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Во Шведска било:nesvest:. Многу далеку за навивачи. Ja пак мислев дека е во Србија.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.655
Поени од реакции
9.901
Србија е у 2012 мислам,Европско,али не сум сигурен:toe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Мило ми е за Савевски што има можност да ја води репрезентацијава ама ќе потсетам со Романија контролни натпревари се лоша работа. Посакував да играа со посилни екипи пред квалификациите со Турција и Литванија за СП 2011.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Србија е у 2012 мислам,Европско,али не сум сигурен:toe:
И јас мислам дека Европското во Србија е во 2012... блиску е, па се надевам ќе можам да одам на уште едно големо натпреварување.
Во Шведска било:nesvest:. Многу далеку за навивачи. Ja пак мислев дека е во Србија.
Па со оглед на тоа што нема да има повеќе визи, ако имаат добри резултати, можно е да одат едно 4-5000 навивачи :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom