Добро е што со победа ги завршивме овие квалификации кои за жал беа неуспешни за нас.Уште подобро е што Јовиќ и Алушевски победнички се опростија од репрезентацијата за која настапуваат уште од нашата независност.Посебно вториот многу стори за националниот тим,секогаш мотивиран,борбен...Врвен спортист и човек.
За овој квалификационен циклус што да се каже.Реми рамно на пораз со просечниот тим на Естонија уште на почетокот од квалификациите,пред настапот на СП.По доста солидната претстава на истото првенство,се очекуваше дека ќе продолжи серијата настапи на ракометните натпреварувања,но желбите сепак испаднаа дека се поголеми од можностите.Поразот од Исланд на наше тло само го потврди тоа,па шансите за настап на ЕП беа сведени на минимум.
Дезорганизираноста во РФМ уште еднаш се покажа како главна карактеристика на федерацијата.Смешните пропусти кои ги направи во многу случаи,воопшто не треба да ги има во иднина.
Ситуацијата во играчкиот кадар сосема се промени после СП,што резултираше со според мене еден куп неоправдани откажувања од националниот дрес во клучен момент за нас.Тоа доведе до импровизирање на селекторот со играчи кои после долго време ги повика во тимот.Некои успешни во настапите,како Јоноски,Георгиевски и Павловски,од друга страна Кузманоски и Наумовски имаа релативно слаби настапи.
Пропуштена шанса за настап на ЕП,но пропустите мора да се проучат и санираат.Пред се однесувањето на дел од играчите кон националниот дрес,недозволивите пропусти во РФМ,па и селекторските грешки кои беа евидентни во повеќе наврати.