Ракометните репрезентативци насочени кон квалификацискиот турнир во Турција
Наумче Мојсовски и Петар Ангелов засега се единствените кои не се способни да го следат полниот тренинг-процес.
Бекот на Металург се пожалил на повреда и најверојатно нема да патува во Романија. Полесна е ситуацијата со Ангелов кој тренира со намален интензитет во оваа прва фаза, со ракометари само од домашното првенство.
„Ова е прв дел од подготовките што ќе се одвива во Скопје, со домашни играчи и реков и вчера ќе одиме во Романија мислам дека се многу орни и волни за работа. Ако се продолжи вака имаме доволно време од месец дена да се спремиме добро“ изјави Љубомир Савевски.
Романија е репрезентација на нивото од Турција и Литванија, можеби и посилна. Сепак резултатот таму ќе се мери со формата, играта на паркетот и односот на ракометарите.
„Ќе се обрне внимание на одбраната и трансформација на одбрана во контранапад и веројатно на левата страна затоа што знаеме дека десната страна во Романија ќе идеме без левак, занчи без Кире Лазаров, без Митков, без Мајнов ниеден од левата страна нема да биде тука. Ќе се обидеме со две одбрани со 6-0 и со 3-2-1, колку ќе успееме ќе видиме. Многу ни е важен тој систем на такмичење од два дена едно по друго да видиме како ќе се чувсвуваат од два тешки натпревари“ додаде Љубомир Савевски
Репрезентативците велат ја заборавиле лошата летна епизода од Евро-квалификациите. Насочени се кон квалификацискиот турнир во Турција и веруваат дека имаат сили за нов пробив во светскиот крем.
„Ќе дадеме максимум од себе како и секогаш и сметам дека ќе ги поминеме овие квалификации со една еуфорија во јуни со баражот во Борис Трајковски да се пласираме повторно на Светското првенство“ изјави Филип Миркуловски.
Со романците играме в петок и в сабота, а тие ќе дојдат во Скопје на 28-ми и 29-ти. Во меѓувреме, на 23-ти репрезентацијата ќе се комплетира со интернационалците, предводени од Кире Лазаров.
извор