Радиодифузна такса!

Член од
29 јуни 2009
Мислења
49
Поени од реакции
12
Цитирам
Од радиодифузна такса се ослободени само домаќинства во кои има лице со оштетување на видот над 90% или со оштетување на слухот од над 60 децибели.
Такса не мораат да плаќаат и жите од населени места што не се покриени со радиодифузна такса.
пс.
Комуналните побарувања застаруваат после една година, освен ако не е покрената некоа постапка за тоа време.
103,9845%
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
ova vo komunalni pobaruvanja li spagja?
Na moite im blokiraa smetka na firma i toa nema dojdeno ni smetka doma za taksata nema dojdeno ni toa sto treba za izvrsuvanje da go potpises. pa ja bre budala li sum za 1000 denari ovoj izvrsitelov da mi skine 9000 kako sto naprail. I navodno izvrsitelot tvrdi deka ima potpis na toa sto e dokumentot za izvrsuvanje a nikoj od nas nema potpisano i aj sea :S
 
Член од
29 јуни 2009
Мислења
49
Поени од реакции
12
Од законот за облигационо право
Едногодишен рок на застареност
Член 367
(1) За една година застаруваат:
1) побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна
енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога
испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството
2) побарувањето на радиостаница и радио- телевизиска станица за
употреба на радиоприемник и телевизиски приемник;
3) побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на
телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања
што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и
4) побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од
истекот на времето за кое е нарачана публикацијата.
(2) Застарувањето тече иако се продолжени испораките или услугите.
Кој го интересираат и други закони на www.pravo.org.mk нека се регистрира и може да ги најде сите закони,дополнувања и Уставот на РМ.

Јас ќе платам , месечната претплата е 130,00 , знам дека нема да добијам некој квалитет на ТВ програма, ама се надевам дека има некој надлежен за тоа.
Редно е да станеме лојални граѓани на државата и да си ги плаќаме обврските и даноците,знам дека нема да платат сите.

И мои драги Американци
Не прашувајте што може да направи државата за Вас, туку поставете си прашање што може Вие да направите за државата.
Џ.Ф.К.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Ми стигна на мојата адреса сметката за радиодифузна, ама на сопственикот на станот пред мене. Сега јас сум сопственик. Треба ли да му ја однесам сметката него, и што ако ми рече не ти ја плаќам? И што ако и мене ми стигне уште една сметка на мое име?

Или што ако не му ја дадам него сметката (не знам ни како ќе го најдам, немам повеќе број или контакт од него), и не ја платам? Кого ќе го бараат извршителите на оваа адреса? Ќе можам ли да им речам „Ажурирајте си ги податоците, овде не живее тој и тој“?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
И овој дел не ми е јасен. Вика сите физички и правни лица... Најверојатно е погрешно пренесено во информацијата. Не може сите физички лица...

Друго, зошто ЕВН не може да си ги наплатува сметките за струја преку трансакциските сметки на граѓаните, па мора истите да ги исклучува?
А како ќе исклучат тв прием? :) За струја, вода, парно е многу поедноставно, ќе исклучи ако не си платил и те остава без струја, а овде не постои начин да се санкционира неплаќањето освен со присилна наплата.
А иначе, претплатникот е должен сам да ги ажурира податоците, а сметките стигаат на адреса, на чие име и да е, корисникот е должен да ги плати. Сајберкор, твоја грешка е што не си ги ажурирал податоците, не на наплаќачот.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
А како ќе исклучат тв прием? :) За струја, вода, парно е многу поедноставно, ќе исклучи ако не си платил и те остава без струја, а овде не постои начин да се санкционира неплаќањето освен со присилна наплата.
Не гледам дека на ЕВН им е лесно да исклучат струја во некои населби. Исто е и за водовод, топлификација... каде некои плаќаат, а некои не.
Т.е. и на нив би им било полесно да си ги наплатат побарувањата на граѓаните од нивните трансакциски сметки... Но не знам дали постои таква законска можност.

Овие извршители како ќе го наплатуваат долгот, преку трансакциски сметки или... ???? Треба да предходи тужба, пред да наплатат?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не гледам дека на ЕВН им е лесно да исклучат струја во некои населби. Исто е и за водовод, топлификација... каде некои плаќаат, а некои не.
Т.е. и на нив би им било полесно да си ги наплатат побарувањата на граѓаните од нивните трансакциски сметки... Но не знам дали постои таква законска можност.

Овие извршители како ќе го наплатуваат долгот, преку трансакциски сметки или... ???? Треба да предходи тужба, пред да наплатат?
Па истото е, само што поголем дел од луѓето кога ќе ги исклучат-ги плаќаат сметките и не стига до присилна наплата/судски процес. Мислам дека за да дојде до присилна наплата треба да биде почнат судски процес, барем за другиве, а смртв како државна фирма може и има бенефиции (знаејќи однапред дека и така никој нема да им плати:wink:), па ако не платиш одма директно да одат на присилна наплата, иако законски мислам дека мора да има процес за да дојде до извршители и наплаќање преку трансакциска.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Еј баш сакам и мене да ми стигне, али некога плавуша да ми ја донесе па да и ја набутам у гз. Каква такса бре, будали да не се. Противправно е тоа, денар нема да видат од мене, само прекршочна пријава можам да им поднесам дека збираат пари незаконски.
 
Член од
28 март 2009
Мислења
98
Поени од реакции
22
Jas licno bi plakala za mtv ama me iritira toa sto baraat pari za unazad edna godina bidejki da mi stigalo redovno nema da soberam vo nikoj slucaj za 1 god. pa sega e potesko da izdvois 1500 otkolku 130 den nema da gi primetis . Mislam deka nemaat pravo na toa bidejki za taa 1 god. voopsto ne gi pobarale parite a baska sto smetkite se za od oktomvri lani a sega e kraj na noemvri:toe:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
цццц Значи бетер од Турско е денес:tapp:
Има многу нелогичности во новиот закон,а посебно во процедурата за наплата и издавање и дистрибуирање на сметките кои се по нова цена од 130 ден,наместо оние на времето кои беа речиси 3 пати повисоки и кои речиси цела држава не ги плаќаше.
Доколку веќе се решиле да го применуваат новиот закон за радиодифузна дејност,овој систем за наплата на побарувањата е погрешен,зошто им се зема на луѓето за 15 месеци наназад:tapp:
Треба да оди месец за месец.
И порано пробаа со разни начини да ги натераат луѓето да плаќаат.
Пробаа со вметнување на РДТ во сметките за струја но и тоа не им помина,речиси никој не плаќаше,сите преку банка си ја одбиваа РДТ и си ја плаќаа само потрошената електрична енергија,па сега сменија нов модел на наплата и ги плашат луѓето со присилно извршување од нивните транскациони сметки,а со оглед дека речиси сите пензионери,административци имаат транскациони сметки ќе биди ВЕСЕЛО:tapp: и ќе цицаат пари од сметките на граѓаните:pusk:.2000 сметка за РДТ +6000 ДЕН за извршувањето и на здравје бричењето на суво:pusk:
Како шо тргнало во држава систем ДЕРЕЊЕ ДО КОЖА НА ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН,мислам дека не се заебават овој пат и навистина ќе го ИЗГОРАТ народот со оваа такса.:kesa:
Јас лично ќе платам само за 2009,а за 2008 нека се сликаат,кој ги :sekss:
Сега баш имаше случај во Битола,за неплатени сметки од 3000 ден(само не знам за која давачка)му пуштија на човекот извршители и сума сумарум го чинеше 20 000 денари:tapp:
Ова треба да се преиспита,да се покрени помасовна граѓанска иницијатива,па да се даде овој закон на испитување пред Уставниот Суд.
Друго чаре нема.
Ај ОК е да се плаќа РДТ.
Ама за шо бе?
Ај да ги употребат парите за развој,осовременување на опремата,модернизација,за подобрување на програмската шема,ама овие пари ќе одат во покривање на ОГРОМНИОТ БОРЧ шо го има куќата кон вработените и дриги работи.
За да гледам емисии и филмови од пред 50 години кога Петре Прличко беше во цутот на својата младост:tv::kesa:
Стари филмови,снимени емисии и музички концерти од пред 20 години-тоа е целата шема на МТВ веќе години наназади,секако легендарната емисија ГЛАСОТ НА НАРОДОТ:kesa:
Само не знам шо ќе им е толкав простор и толку вработени(според простор е најгломазна ТВ Куќа можеби и во светот,за Европа знам дека е така).
Дражавата ако веќе сака да ја спаси МТВ од пропаст, треба да им наложи и на кабловските оператори да имаат удел во подмирувањето на РДТ, а не целиот товар да паѓа на граѓанскиот сектор,од две страни не кубат,кубат:toe:.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Како шо тргнало во држава систем ДЕРЕЊЕ ДО КОЖА НА ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН,мислам дека не се заебават овој пат и навистина ќе го ИЗГОРАТ народот со оваа такса.:kesa:
Не се работи за поединечни случаи кои што нема да платат. Присилната наплата ќе треба да биде спроведена кон стотици илјади домаќинстава. Тешко остварливо со тужби и сл....
 
Член од
8 август 2008
Мислења
447
Поени од реакции
17
А што ако ја тужам и банката што има дала пари преку трансакциона сметка без да ме обавести. Абе златна америка, да сме таму да видиш дали ќе има ваква наплата, без да ме прашаат пари да земат. Па со какво писмо да иде нема да може пари да извади ако јас не сум потпишан + каде е судска покана ? За што иде извршителот да земе пари ? за 5мин работа на ден да иде до банка и да земе пари ? Ниту постапка е водено против луѓето ниту ништо. Ах грујо грујо пуни го само буџетот, демек не знаеме кај ќе одат овие пари. За џабе писма не испракаше до партијците за избори. Факт е дека ВМРО собира пари за избори ако грција ни стави вето. Ама ај да не вртиме политички муабети. Баш кога ќе одам у банка ќе забранам сметката да се дава на 3ти странки освен со судска покана + да ме обавестат во моменат, па да видиме на кого пари ќе зимаат.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Цитирам
Од радиодифузна такса се ослободени само домаќинства во кои има лице со оштетување на видот над 90% или со оштетување на слухот од над 60 децибели.
Такса не мораат да плаќаат и жите од населени места што не се покриени со радиодифузна такса.
пс.
Комуналните побарувања застаруваат после една година, освен ако не е покрената некоа постапка за тоа време.
103,9845%
епа вака сеа едно прашање.Мојата мајка е глувонема и на нејсе се води телевизијата. сеа ако е точно ова што си го напишал,тогаш барам совет како да постапам и да аплицирам за да се направи отстапка
ве молам некој насочен за овие работи да ми пообјасни подетално како да ја свршам работата:salut:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
добро бе никој не е запознаен со вакви случаеви???
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
епа вака сеа едно прашање.Мојата мајка е глувонема и на нејсе се води телевизијата. сеа ако е точно ова што си го напишал,тогаш барам совет како да постапам и да аплицирам за да се направи отстапка
ве молам некој насочен за овие работи да ми пообјасни подетално како да ја свршам работата:salut:
Сигурно ќе биди ослободена од обврската за плаќање РДТ.
Е сеа да ти кажам точната процедура не ја знам.
Мое мислење е дека треба да се набави наод од лекар-специјалист и да се констатира дека лицето има оштетување на слухот до таа мера да не можи да ја следи воопшто програмата шо се емитува.
Сигурен сум дека ќе биди ослободена,најдобро е да си се обратиш до надлежните лица во МТВ,јави се на телефон или ако си во можност лично оди до зградата.сигурно тамуимаат правна служба и тие треба да ти ја објаснат процедурата.
Сигурно ова не е прв ваков случај ваков и знаат шо треба да се направи.
Во секој случај мислам дека ќе треба сигурно потврда од лекар-специјалист.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom