Долгот постар од една година е застарен. Мислам дека имам вакво нешто прочитано, но подобро е некој правник да објасни... И не ми е јасно како мислат да го наплатат. Стотици илјади ли ќе тужат... И додека тужат ќе стане застарен.... Исто околу цената. 130 месечно за изминатите месеци, 390 за новите сметки. Последица на глупави закони, или од ракав си одредуваат цени???
А тоа дека е таксата бесмислен паразитски инструмент е друга приказана....
лов во матно, кој плати, плати.....
Edit:
ДРЖАВНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ПОЧНА НЕЗАКОНСКА АКЦИЈА
МРТВ присилно ќе ги наплаќа сметките
Голема акција за присилна наплата на радиодифузната такса почна да спроведува Македонската радио-телевизија (МРТВ). Извршни решенија за сметки од октомври минатата година до минатиот месец од неодамна осамнаа на адресите на граѓаните и фирмите во земјава.
Рокот за плаќање е 15 дена, а ако во тој временски период не ги платат заостанатите сметки, МРТВ присилно ќе си ги земе парите. Граѓаните и фирмите тврдат дека од лани досега не им стигнувале сметки за радиодифузна такса, со исклучок на неколку месеци во летото. Креаторите на Законот за радиодифузија се категорични дека ова е недозволиво зашто на граѓаните треба да им биде овозможено да ја плаќаат таксата за радио и за телевизија на 12 рати за решението да може да биде извршно. - Ако МРТВ им дистрибуирала сметки секој месец, решението е валидно и може да се изврши присилно наплаќање на долгот ако не го платат во предвидениот рок. Но, ако сметки не стигнувале, МРТВ ќе мора да докаже дека ги дистрибуирала, во спротивно решението не ги исполнува условите за да биде извршно - вели Роберто Беличанец, креатор на Законот за радиодифузија. Тој додава дека со неиспраќањето на месечните сметки, МРТВ го крши Законот и ги прави луѓето заложници. -
МРТВ треба да наплатува однапред, а не наназад. Не можете да станете должник без да знаете и не може да ве задолжи годинава за лани. МРТВ игра на картата дека граѓаните нема да тужат зашто се работи за мали суми, а судските трошоци се четири пати повисоки. Единствено решение е тие да тужат здружено, на пример цела зграда да го тужи јавниот сервис и да бара враќање на парите земени со извршител и привремена забрана за наплата на таксата - вели Беличанец. Во сметководствените бироа во земјата велат дека кога ќе им стигне извршно решение, фирмите се принудени да го платат зашто во спротивно МРТВ ќе им ја блокира сметката за да ги земе пари. - Иако најголем дел од нив немаат телевизори, мора да платат зашто со блокирана сметка нема да можат да работат. Фирмите се жалат дека нема ред како пристигнуваат решенијата, некогаш за три, за пет, седум или за девет месеци. Се случи на фирма која била регистрирана во декември минатата година да и стигне решение за наплата на радиодифузна такса од октомври, кога таа и не постоела - велат во едно од сметководствените бироа. Од МРТВ велат дека од неодамна почнале да им испраќаат извршни решенија и на граѓаните, за разлика од порано кога тоа стигнувало само на адреса на фирмите. - Се работи за дистрибуирани решенија за сметки од октомври минатата година кога се донесе Законот за радиодифузна дејност, со кој месечната такса се намали на 130 денари.
Ова е јавна давачка и обврска да плаќаат имаат сите физички и правни лица, без разлика дали поседуваат телевизор или не - велат од Секторот за наплата на МРТВ.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1875&ArticleID=127405
На фирмите ќе им ги блоќираат жиро сметките за да ја наплатат таксата... Но знае ли некој како ќе ја наплатуваат таксата од граѓаните? Може ли преку трансакциските сметки на граѓаните да наплатуваат?