Инаку, во Вест на насловна страница, пред една недела осамна наслов „На мртов човек му испратија сметка за радиодифузна такса“. Нормално, од ова се направи сензација и бум, како тоа смееле да пратат сметка на човек што е 19 години мртов. Добро, се согласувам, ама нека се земе предвид фактот што, за да ти испратат таква сметка, морало да не направиш трансакција на имот. Се бунат само кога треба нешто да се плати, а кога на избирачки списоци има мртви луѓе, тогаш се` е во ред. Ова не е оправдание, но во секој случај е објаснение дека само кога се работи за пари, се гледа на пропустите на администрацијата било каде.