Дали ќе има или нема претплата е одлука, секако од нас (ќе) се плаќа јавниот радиодифизен сервис (МРТ+). Тука не станува збор дали народот гледа или не гледа. Морате да научите дека МРТ и Сител, К5, Алфа, Канал 77... се сосема различни видови на медиуми. МРТ е јавен сервис. Како што владата се финансира од нас (и другата администрација), без разлика дали ни се допаѓа или не, тие мора да постојат и се финансираат од сите нас.
Следно, плаќањето на кабелските (кабловски е српски) оператори пак, е нешто тотално различно од претплатата за МРТ. Кабелскиот оператор си направил своја мрежа, ти нуди многу програми да ги добиваш преку еден кабел. Пазар. Никој не те обврзува да си корисник на некој кабелски оператор. Ти нему му плаќаш за услугата (што сам си ја избрал) за ТВ (и радио) канали. За споредба, ако се качиш во такси, ќе платиш за возењето, иако си регистрирал кола, си платил давачки, си наполнил гориво.