РАДИОДИФУЗНА ТАКСА - има ли логична причина да постои?

Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Let3, споредбата не ти е еднаква, МТВ и бензин. Лазар одлично ви ја објасни работата и не ми е јасно како не разбирате. Формиран е јавен сервис кој се финансира од населението на РМ. Значи, не е ова комерцијална телевизија или друг производ кој се плаќа затоа што сакаш да го имаш, туку е институција. И МАНУ добива пари од сите нас, не директно, туку од буџетот кој сите го полниме. Кој доброволно би дал пари за МАНУ? Никој. Но, од државен интерес е да постои...
Ако МТВ почне да се меша во колачот на комерцијалните ТВ станици, има опасност вториве да пропаднат. МТВ има голема потенцијална моќ со пари и се останато да ги згази останатите. МТВ нема реклами, сем ретко кога даваат некои манифестации (Лига на шампиони и сл.) па заради спонзорите на истите се емитуваат.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Кој доброволно би дал пари за МАНУ? Никој. Но, од државен интерес е да постои...
МАНУ нема приходи од реклами, и најбитното не плаќаме дополнителна такса за МАНУ.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.411
Поени од реакции
4.316
Каде завршуваат парите од РДТ?
Ако завршуваат во МТВ која нуди услуга ТВ и радио програма тогаш по кој принцип е некој обврзан да финансира куќа чија услуга не ја сака
То е исто како да се воведе такса за бензин која сите ќе ја плаќаат без разлика дали возат или не возат коли, оп секој месец ти иди сметка од 200 денари за бензин иако возиш точак или одиш пешки....
Башка шо не знам како се одредува кој ќе плаќа РДТ, ако е тоа државна такса по логика секој полнолетен граѓанин треба да плаќа, едно време ја врзуваа со броило за струја али шо е врската на електродистрибуција со МТВ шо се сосем различни компании, башка броилата за струја сега се во сопственост на приватна странска фирма ЕВН а МТВ е некаква си државна фирма.
Сума сумарум, не знат како да хранат неколку стотини вработени во компанија на која и е дадена опрема, простор а не можат сами да си вадат пар. За сите телевизии можело да важи пазарна економија за нив мора друг да му дава пари за плата. Време е да се укини скроз таа претплата и да се пушти МТВ на комерцијален пазар да се снаоѓа, нек намали вработени нек понуди квалитетен програм нек наплаќа реклами.....
Дел, и тоа најголем, од парите од РДТ завршуваат во МТВ, дел одат во приватните медиуми, дел одат во проекти од национален интерес од каде разни плакатолепачи ги цицаат за нивните проекти кои им ги одобрува СРД.... Многу работи сме обврзани да ги плаќаме иако не ја користиме конкретната услуга или истата очигледно не вреди за парите кои ги плаќаме...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
МАНУ нема приходи од реклами, и најбитното не плаќаме дополнителна такса за МАНУ.
Ни МТВ нема реклами, напишав веќе. А плус, од таксата се финансираат и проекти од јавен интерес, не само МТВ, иако во доста помал обем.
И за улично осветлување се плаќа, иако некој не живее во станот за кој плаќа. И лифт, и струја... заеднички трошоци за стан во кој не се живее. Но, тоа се колективни обврски.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
од таксата се финансираат и проекти од јавен интерес, не само МТВ, иако во доста помал обем.
Како на пример?

И за улично осветлување се плаќа, иако некој не живее во станот за кој плаќа.
И ова е погрешно, за улично осветлување треба да си плаќаат општините.

Но, тоа се колективни обврски.
Да, тоа се колективни обврски за кои не се плаќа такса, не треба да ги мешаме.
 
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27
То е исто како да се воведе такса за бензин која сите ќе ја плаќаат без разлика дали возат или не возат коли, оп секој месец ти иди сметка од 200 денари за бензин иако возиш точак или одиш пешки....

Многу коректна споредба...

Да се надоврзам со своја лична ситуација...

Стечаец сум од доминантно 99,7 проценти државна фирма. На улица сме истерани како пци без платите и доприносите...Ја повикувам Владата, заради национален интерес (ако сме и со тоа значење, во што се сомневам), да воведа јавна давачка за да не финансираат и нас.

Решение е да се укине тој финансиски терор и како во Грција...да си заминат дома и да си бараат работа на пазарот на трудот.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
... а општините ќе наплатуваат од своите жители, односно сопственици на објекти. Светилките светат, без разлика дали се присутни 100 или 10 лица во еден реон.
Па и РДТ е колективна давачка (обврска). И да не постои, пак ние ќе го финансираме јавниот сервис.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Бензинот не е јавен сервис или нешто слично. Затоа повторуваме, не ги мешајте комерцијалните и јавните работи.[DOUBLEPOST=1450103384][/DOUBLEPOST]
Има озбилно луѓе што го бранат плаќањто РДТ?
А како ти би го финансирал тоа?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.261
И МАНУ добива пари од сите нас, не директно, туку од буџетот кој сите го полниме. Кој доброволно би дал пари за МАНУ? Никој. Но, од државен интерес е да постои....
Ако мене ме прашаш, попрво би дал за МАНУ отколку за МРТ.
А, по твојата логика, зошто МРТ не ги добива парите од буџетот?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.344
Поени од реакции
84.552
Ја под јавен сервис подразбирам медиум во служба на граѓаните.
МТВ од осамостојување до денес е исклучиво пропагандна алатка во служба на партијата на власт.

Нормално е дека мегафоните на партијата на власт и тука ќе бранат небулоза која е во нивна служба, а зијан на народот.

И другите коа би дошле на власт веројатно би смениле плоча. Зашто да се откажат од таква алатка?
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
МАНУ нема приходи од реклами, и најбитното не плаќаме дополнителна такса за МАНУ.
Само ти давај им идеи па после ќе кукаме по форуми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom