РАДИОДИФУЗНА ТАКСА - има ли логична причина да постои?

Член од
12 декември 2010
Мислења
5.549
Поени од реакции
4.292
И покрај тоа што си имал платено не ти повлекоа средсва за блокажа и деблокажа на сметката
Мене ме олеснија со 400 денари а ми вика тужи не бе,ама кој ќе се нафати да иде против држава.

Да направат истрага за авионот шо се сруши,кој бил на смена и дали бил стручен или бил партиски дудлач со партиска книшка

Ти ибам скапаната држава шо вработува неписмени и нестручни дудлачи по основ партиска книшка
не бев пријавен у тој момент така да немав пари на сметка, платив само 150 ден у банка за извод да ми извадат зашо незнаев зашо сум блокиран а требаше да ме пријават од работа, компликации еден куп

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.415
Поени од реакции
8.220
Листата им е крш (можда подобрена од пред некоја година кога доаѓаа решенија на членови на семејство :confused:). 2 лица кои веќе не живеат таму се на листата. Едното можеби 15-20 години. Оттогаш се е на име на синот, и даноци и сметки. И ќе му дојде на родителот извршно решение во сосем друго место (надвор од Скопје) само затоа што нашата држава има хаос евиденција. Друго, хошимин е во општина Чаир и Центар, Цветан Димов е во Центар. Не можат еден нормален список со точни податоци да направат, до кој ќе имаат пристап и оние кои не читаат интернет страни и весници.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
6.509
Поени од реакции
1.559
МРТВ не е да доброволна основа туку е на сила наметната
Мрежата не ја изградтила СМРТ и нема право Управа за Јавна Пљачка да бара да наплаќа место неа РДТ
И секаде у свет државна телевизијаа се гледа и плаќа на доброволна основа.
Ќе дојде денот кога Македонија ќе стане како див запад во кој меѓусебе ќе се јадат сенилните пензионери и администрацијата

Само кај нас се оди на раце место на нозе[DOUBLEPOST=1473256625][/DOUBLEPOST]
Не сакам бе да ја гледам и плаќам а плус тоа индиректно по втор пат ја плаќам а не ја гледам СМРТ преку сметката од кабелскиот или мобилниот оператор

Тие пари идат за мито и корупција и 97% вратени пари на стопанството според анализите на шител и анал5.

Требаше у Германија да идам два месеци да живеам и да го видам тоа
Мрежата ја изградила „државата“, како што го создала и јавниот сервис. Овде не станува збор за доброволна или недоброволна основа. Тоа е еден вид на давачка која ќе ја има дали преку директна уплата за РДТ или преку буџетот на РМ (пак наши уплати).
А како ја плаќаш (индиректно) по втор пат? Алудираш на кабелскиот оператор? Тој нема никаква врска со МРТ, ниту со таксата. Тој си наплатува што преку „кабел“ ти нуди програми.[DOUBLEPOST=1473930008][/DOUBLEPOST]
РДТ е само рекет и ништо друго. Се прават само да ја наплатат, порано и на сметки за струја за ставаа. Сега со извршители се закануваат.
Треба да се побуниме и да престанеме да плаќаме за нешто што не го користиме. Си имаат они и други извори на приход.
Може и на друг начин. Горивата да се поскапи за 1 денар и тие пари да се за јавниот сервис. Нема да се плаќа РДТ, а и нема да има блокирање на сметки.[DOUBLEPOST=1473930123][/DOUBLEPOST]
Исфотокопирај го ова и раздели го у штаб на сите амеби. Потоа, ако вистински ја сакате оваа земја -
постапувајте!
Ако барам амеби, ќе треба прво кај тебе дома да дојдам, а можеби и по фамилија да ти прошетам... за да раздадам.[DOUBLEPOST=1473930295][/DOUBLEPOST]
Инаку и да се бара од МРТ подобро да работи не е баш изводлива работа.
Треба многу Вардар да протече додека се подобри МРТ.
Па затоа постојат партиите, борба на идеи и визија. Така се стекнуваат гласови и гласачи. Со понуди. А ако не реализира она што понудил, нека му ја мисли за следните избори. Не треба партиите да постојат само за да критикуваат (ко свекрви), туку и идеи и програми да нудат за истото.[DOUBLEPOST=1473930536][/DOUBLEPOST]
Е баш ти фала Ѓорѓи, што не научи, и тоа сликовито.
Па сеуште има „интелектуалци“ кои плаќањето за услугата на кабелскиот оператор ја изедначуваат со РДТ. И тоа прилично (ах Штул, ах ФОН, ах Европски, Славјански, Американ, Штип, Тетово... што интелектуалци „штанцате“)
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.243
Поени од реакции
2.716
РТД си ја плаќам прек интернет и вчера плаќав за оваа година, обично на 5-6 месеца оддеднаш ги плаќам и гледам уште од ланската 2015 уште не се прокнижени. Тсмо работаат нешто што е шроблемот. Не ме чуди утре да ми блокираат сметка затоа што не го направиле тоа и после ела докажуј дека си платил.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.479
Поени од реакции
1.003
Па сеуште има „интелектуалци“ кои плаќањето за услугата на кабелскиот оператор ја изедначуваат со РДТ. И тоа прилично (ах Штул, ах ФОН, ах Европски, Славјански, Американ, Штип, Тетово... што интелектуалци „штанцате“)
Не те разбирам што си ми пишал.
Ама ај, не е ни важно...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.986
Мрежата ја изградила „државата“, како што го создала и јавниот сервис. Овде не станува збор за доброволна или недоброволна основа. Тоа е еден вид на давачка која ќе ја има дали преку директна уплата за РДТ или преку буџетот на РМ (пак наши уплати).
А како ја плаќаш (индиректно) по втор пат? Алудираш на кабелскиот оператор? Тој нема никаква врска со МРТ, ниту со таксата. Тој си наплатува што преку „кабел“ ти нуди програми.
Мрежата ниту па зградата МРТВ не ја изградила државата.
Сето тоа е изградено со присилна наплата од џебот на граѓаните.
Порано имаше едн чичко кој одеше од врата до врата и делеше сметки а ако некој немаше платено сметка му го пломбираше кабелот од телевизорот и радиото.
Денес тој озаконет рекет од државата само со блокирање сметка го прави управата за јавна пљачка.
Што се однесува до индиректното плаќање,конкретно на оне вип плаќам услуга на шалтер за телефон,телевизија и интернет а некој процент од претплатата по втор пат оди за МРТВ.

И со ,,задоволство и доброволно'' Би плаќал РДТ доколку тие пари Би завршиле таму кај што терба,а не за мито,корупција,плати за партиско парзитско дудлачко вработување со струка опартиска книшка.............
 
Редно е да се престане со „цепидлачењето“. Секако дека граѓаните плаќајќи разни давачки ја финансираат државата. Кој е тој граѓанин што ја градел мрежата или МРТ? Излегле со лопати? Бесплатно? Кога се каже дека државата ја градела, се знае на што се мисли.
РД такса е давачка која не е единствена во државата, а не знам зошто само неа ја нарекуваш рекет? Давачки имаш и на приход (данок на прихот. Вработените плаќаат придонеси (здравство, пензиско, за вработување..). Во трговијата на стоки и услуги има данок ДДВ. На крај, има данок и на недвижен имот, кој порано го немаше. Има ли поголем рекет од тој данок? До пред 20-на години тој данок не постоеше. А претходно се плаќа данок и при купопродажба на имот.
Јас не сум поборник да има РД такса, само кажав дека во секој случај МРТ и целиот јавен сервис (ќе) го плаќаме ние. На ваков или друг начин.
Не ми е јасно кој процент од вип.оне оти за МРТ?
 
Неможам да сватам колку си заслепен.Тргни ги очилата за заварување да гледаш поубаво
 
Член од
28 јули 2015
Мислења
13
Поени од реакции
7
Или претплата да има, ама да нема ни една реклама како што е HRT или да нема претплата и да се финансира МРТВ од реклами.

Ова испаѓа и јаре и паре.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
682
Поени од реакции
445
Или претплата да има, ама да нема ни една реклама како што е HRT или да нема претплата и да се финансира МРТВ од реклами.

Ова испаѓа и јаре и паре.
Реално и ХРТ пуштаат реклами.
Се борат приватните тв на ХРТ да им се намали правото на минути со реклами по час, но ХРТ додека има право на реклами ќе има и стандард програма.

Башка и претплата за ХРТ е со повисок износ отколку за МРТ, и редовно се наплаќа од секој субјект во Хрватска. Иако да, нема таму притисок од партии ова да се пушти на програма, а ова да не се пушти како што е случајот со МРТ.
Синоќа РТС дневник и премиерот Вучич 15 минути дроби за негова посета на Париз. Маркетинг.
ХРТ во вестите не прави такви реклами за политичарите, едноставно немаат притисок од власта. Ние сме светлосни години оддалечени од такво нешто.
 
Пред се мислев на партиски реклами кои се емитуваат и на гледачи што се симпатизери/членови на таа партија и на гледачи кои не се и не се согласуваат со таа филозофија, а сите плаќаат исто нели.

Немам ништо против да гледам реклами за бонукс и пансионот на марија ако има фер избалансирана и пред се квалитетна програма, зошто да не и од сопствена продукција.

Како стојат работите моментално, мтв е мегафон на власта (која и да е моментално), а ја плаќаме сите.
 
Апсолутно се сложувам со тебе. Партиски реклами и партиски пропаганди не треба да има на МРТ.
Одвратно е што на полувреме од лига на шампиони пуштаат пропаганда за трето дете и слично.
Ова го прават и на полувремиња и од други спортски преноси.
Исто претеруваат со фамозните субвенции за земјоделство.
Ефтин популизам и пропаганда за перење мозоци. Но никој нема да стави крај на таквата пропаганда, која и да е партија на власт ќе ја користи МРТ за своја пропаганда.

Приватните тв како Сител се утепаа од реклами за прашоци, детергенти и слично, а програмата им е полна со Турски серии, и исполитизирани вести.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
5.845
Поени од реакции
4.570
Радио Дифузната Пљачка е лудило кое мора да се укине во целост !
Не може бре некој има куќа(под кључ) во село Свирипичино и живее 40-50 години во Сиднеј и секој месец да му се рачунаат тие 190 денари РДТ.
Исто така не може некој што постојано живее во Скопје, а ете поседува куќа или стан во некој друг град во МКД и оди таму еднаш годишно, а може дури и уште поретко, да му пристигнуваат секој месец РДТ-сметки и таму и таму ... еве и други примери, некој има на свое име куќа каде што постојано живее, има на свое име и викендица во некоја вукојебина/пустелија каде што многу ретко престојува, има и стан на негово име, а можеби и некаков деловен простор, дуќан и.т.н. која е логиката со самото тоа што тој човек е приклучен и е претплатник на електро-дистрибутивната мрежа за сите тие објекти истиот по автоматизам да треба да плаќа и РДТ на неколку места и покрај тоа што е постојан жител само на едно место !
И онака МТВ никој не гледа, освен можеби некој старец/старица ... денес секој има кабловска со по 100 домашни и светски канали, да не зборам па за интернетот ... едноставно кажано нека си најде државата пари од буџетот со кои ќе ги плаќа вработените во овој сервис !
 
На врв Bottom