РАДИОДИФУЗНА ТАКСА - има ли логична причина да постои?

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.986
Едно време плаќав 10 рдт и тоа три на една адреса
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.153
Поени од реакции
32.077
Едно време плаќав 10 рдт и тоа три на една адреса
Сигурно си бил пресреќен, бидејќи со тоа си ги финансирал капиталните проекти, како што е милениумска гозба од 600 евра на врвот на УБК, на Велики Петок, ден по масакрот кај Смилковско.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.081
Поени од реакции
941
нека ја кодираат телевизијата па кој сака да гледа прва, албанска и собраниска нека си плаќа и ќе си добие картица за декодирање.
не може сите фирми задолжително да плаќаат рдт, а немаат тв, а и сите со кабелска телевизија да плаќаат рдт иако каналите ги добиваат преку кабелски провајдер кој сигурно плаќа за пренос на каналите.
а и покрај толку добри канали на кабелска не верувам дека некој воошто и гледа мртв.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
5.845
Поени од реакции
4.570
Едно време плаќав 10 рдт и тоа три на една адреса
:vozbud:Добро те суредиле ... но сепак треба да си среќен што со тие пари некои се гоштевале со најскапи кавијари и вина (y)
Шала на страна но лично мислам дека најголема пљачка за граѓаните се РДТ како и оние смешни легализации на дворишта и објекти каде што и покрај постојаното живеење со децении и со генерации и како и направените триста елаборати, мерења, премерувања, триста безброј давачки на стотици евра каде се не, пак човек не може да извади документи за нешто што самиот го изградил, плаќа сметки, комуналии, даноци и живее со децении таму :confused:
 
Последно уредено:

И што ако си го легализирал ко на тој од жданец ли беше стевчо ќе му лапне дел од дворот за некои суртуци со џиповите да можат да помиуваат/разминуваат.[DOUBLEPOST=1500146235][/DOUBLEPOST]
Сигурно си бил пресреќен, бидејќи со тоа си ги финансирал капиталните проекти, како што е милениумска гозба од 600 евра на врвот на УБК, на Велики Петок, ден по масакрот кај Смилковско.
А ти сирот толку ти се навлезени во психата дури кошмари имаш од нив
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
5.845
Поени од реакции
4.570
ЈАВНИ ПЉАЧКИ се сите тие ствари и рд-таксата и легализациите кои се всушност повторен откуп на нешто што веќе е твое т.е. си го купил/изградил и плаќаш секој месец триста давачки за тој имот ... Радио Дифузна Такса па во кој век живееме бре, плаќаме нешто што користиме како на пр. мобилната телефонија, интернетот и кабловската, струја, вода, гориво ... кој ку* за некои таму плати да земаат да не дават нас граѓаните да им плаќаме радио дифузни такси за некоја си таму тв-програма која воопшто не ја следиме, па уште не по една туку на многумина им стигаат и по 3-4-5 сметки за РДТ ... стварно незнам дали со овој проблем (праќањето на повеќе сметки за плаќање на РДТ на едно исто лице) се запознаени институциите надлежни за таа такса !
 
Член од
7 август 2017
Мислења
4
Поени од реакции
1

Не само тоа, туку ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ИМОТИТЕ е и поголем грабеж од РТД...Не уназади и како луѓе и како општество.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.709
Поени од реакции
1.149
Еве еден пример за радиодифузната такса.
Јас никогаш не сум имала сметка на мое име.До пред 4,5 години живеев на друга адреса.Тамо ни доаѓаше сметка на мажот ми,мене и на фирма,која мажот ми ја имаше тогаш.Е сега после 4,5 години на друга адреса,ми доаѓа на мое име,некои 13.000 ден.и ми ја блокираа сметката.Морав да платам и плус камата,и што е нај интересно сега имам надплатено за 7 месеци.
Се надевам дека во септември ќе се укине оваа претплата,која воопшто не ја користам:unsure:
 
Член од
23 март 2015
Мислења
6.509
Поени од реакции
1.559
Со години слушам и читам изјави од (млади) луѓе кои во 21 век не би требало да ги даваат. Не ми е јасно како не се разбере дека МРТ (и не само тие) се дел од јавен сервис. Не може да биде кодиран. Тоа е веќе друг тип. Комерцијална ТВ или радио. Државата има јавен сервис кој се финансира од државата, односно од жителите, даночните обврзници. Затоа, не станува збор за претплата, туку за ТАКСА. Радиодифузна такса. Гледале МТВ или не, мораме да ја финансираме. На некој начин.
Од друга страна, РДТ е проект и препорака од Европската Комисија (ЕУ) за да има стабилен буџет на јавниот сервис. Во спротивно, финансирањето ќе е целосно од буџетот, а износот ќе зависи од „волјата“ на актуелна власт, а со тоа и помала независност.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.889
Поени од реакции
40.172

Да, бидејќи кога граѓаните го финансираа воопшто не беше под влијанието и волјата на актуелната власт.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.412
Поени од реакции
8.211
Во спротивно, финансирањето ќе е целосно од буџетот, а износот ќе зависи од „волјата“ на актуелна власт, а со тоа и помала независност.
колкав е тој износ, колку пари просечно годишно прибира и троши МТВ?
И за што ги троши?
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Од друга страна, РДТ е проект и препорака од Европската Комисија (ЕУ) за да има стабилен буџет на јавниот сервис. Во спротивно, финансирањето ќе е целосно од буџетот, а износот ќе зависи од „волјата“ на актуелна власт, а со тоа и помала независност.
Треба да се укини и СДСМ и ВМРО тоа го бараат

Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски и уште неколкумина пратеници од ВМРО ДПМНЕ до Собранието поднесоа предлог закон за измена на Законот за аудио визуелни услуги, со кој што бараат итно укинување на радиодифузната такса.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
6.509
Поени од реакции
1.559
Треба да се укини и СДСМ и ВМРО тоа го бараат

Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски и уште неколкумина пратеници од ВМРО ДПМНЕ до Собранието поднесоа предлог закон за измена на Законот за аудио визуелни услуги, со кој што бараат итно укинување на радиодифузната такса.
Немаш ли свое посериозно видување? Јас напишав мои размислувања, неповрзани за партиски ставови.[DOUBLEPOST=1503648327][/DOUBLEPOST]
Да, бидејќи кога граѓаните го финансираа воопшто не беше под влијанието и волјата на актуелната власт.
Друга е поентата. Едно е да стигнуваат парите на сметка „по дифолт“, а друго е директорот понизно да „мољака“ да добие (што повеќе) пари и тоа да зависи од расположението на владата и „кондицијата“ на буџетот.[DOUBLEPOST=1503648407][/DOUBLEPOST]
колкав е тој износ, колку пари просечно годишно прибира и троши МТВ?
И за што ги троши?
Не знам. Расходите се сигурно огромни. За плати, за опрема, за тековни трошоци, „комуналии“, програма...
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Немаш ли свое посериозно видување? Јас напишав мои размислувања, неповрзани за партиски ставови.
Значи за тебе сериозно е размислување и став на комисии од ЕУ а несериозно е размислување и став на Македонски партии
ЕУ пред Македонија ти е.[DOUBLEPOST=1503650920][/DOUBLEPOST]
Не знам. Расходите се сигурно огромни. За плати, за опрема, за тековни трошоци, „комуналии“, програма...
Сите телевизиски куќи даваат и плати имаат и тековни трошоци комуналии програма па опстојуваат а нивните газди дури и се збогатуваат, така да нема шо да стравува МТВ која веќе има сопствена зграда која пола може да ја издава, има опрема која не треба да ја купува, има репетитори низ цела држава за чие користење може да зема пари.
Се навикнаа тие да лежат и земаат плата без да се трудат да ја заработат истата. Затоа и гледаноста му е на ниско ниво.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.412
Поени од реакции
8.211
Не знам. Расходите се сигурно огромни. За плати, за опрема, за тековни трошоци, „комуналии“, програма...
Значи за бесплатен рекламен канал на власта, Тодорофф, Груевски и Гранка во сите манџи, Катар, Виенски концерти, Кански фестивали, туристичка агенција...јас не мислам двапати да плаќам.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
6.509
Поени од реакции
1.559
Значи за тебе сериозно е размислување и став на комисии од ЕУ а несериозно е размислување и став на Македонски партии
ЕУ пред Македонија ти е.[DOUBLEPOST=1503650920][/DOUBLEPOST]
Сите телевизиски куќи даваат и плати имаат и тековни трошоци комуналии програма па опстојуваат а нивните газди дури и се збогатуваат, така да нема шо да стравува МТВ која веќе има сопствена зграда која пола може да ја издава, има опрема која не треба да ја купува, има репетитори низ цела држава за чие користење може да зема пари.
Се навикнаа тие да лежат и земаат плата без да се трудат да ја заработат истата. Затоа и гледаноста му е на ниско ниво.
Ако мислиш дека ставот на ЕК е небитен издискутирај го. Јас не го оправдувам или критикувам ставот на ЕК. Иако мислам дека е издржан. А ставовите на ЕУ институциите ние ги следиме „без поговор“. На патот кон ЕУ.

Не ги споредувај другите ТВ куќи со МТВ. Тоа се неспоредливи работи. Прво, начинот на финансирање им е различен. На МРТ не смеат да одат реклами. Тоа е за комерцијалните медиуми. Репетиторите се на Македонската Радиодифузија, мислам дека и тие спаѓаат во јавниот сервис. И мислам дека ги издава (порано имав деловни контакти со МРД, но одамна беше). МРТ има оркестри, има фестивали, итн, итн... Финансирано од државата (преку такса и даноци). Едноставно, јавниот сервис и комерцијалните медиуми се неспоредливи работи. Башка што јавниот сервис си ги има „маките“ на сите државни фирми и институции... политика, превработеност, неработливост...[DOUBLEPOST=1503662950][/DOUBLEPOST]
Значи за бесплатен рекламен канал на власта, Тодорофф, Груевски и Гранка во сите манџи, Катар, Виенски концерти, Кански фестивали, туристичка агенција...јас не мислам двапати да плаќам.
Не станува збор за поединци. Јас зборував за јавниот сервис. Друго прашање е колку и дали сме задоволни од неговата работа, итн...
МРТ и треба да биде на Виенски концерти, Кански фестивали... и треба да биде на МНОГУ ПОВЕЌЕ места. Треба да дава спортски преноси на македонските спортски екипи, не само од Скопје. Треба да известува и за комуналните проблеми и на селата, а не само за Скопје... Тоа е јавен сервис. Секако дека политичарите на власт (премиер, министри...) и големите опозициони партии би биле најекспонирани. Дури и должност на јавниот сервис е да ги емитува на програмите активностите на владата и другите високи државни институции.

Може ли некој да даде одговор зошто да се укине РДТ. Јас дадов опсежни и неполитички дискусии.
 
Последно уредено:
На врв Bottom