Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Епа да исправна е, ама од тоа се плашев хехе, ок ај шал трај :zlo:
туку "синко" /ми ис нот толку млад бе :pipi:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Може психоанализа за членови кои не толку многу ги познавате? :smir:
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
edna administratorka mi duzi analiza eheeeeeee pa sigurno pola godina i ova e vtor zut karton veke.Kako i da e, moze i nekoj drug da mi naprai analiza, ne bi imala ama bash nisto protiv:)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
^^^магде^^^, опростено ти е чедо.
Apokalipto, исправи се синко, ќе добиеш анализа...НО

Аде-то има правило. Прво една за неа, па после една и од неа. На ти, дај ми дил. Ја мислам фер зделка е тоа, а?
:pipi:
Аааа, да.

Незнам дал сум те анализирал досега ххм (ххм ми е смајли на мсн, ти текнува, направа со прозорчиња кај шо се анализираме свакодневно *грр*)

Аватарот не ти го гледам во моментов и немам појма шо покажува. Веројатно е некој розе змеј спружен на кауч со даљинско во рака, а во позадина се гледа црвенокоса (девојка, не ник :) ) со пегла во рака кај шо штирка огроооомен чаршав боје вина за масата на која седиш гордо сама и задовољна додека отсјајот од свеќите ги брка мувите и комарците од похованата соја и кисело млеко. Масата е во соба со камења, ал не е замок - повеќе ми одговара декор од студио во ХоливуТ кај шо коа ќе завршиш со ќеифот за обед под романтични дракулски амбиентални прилики (доколку Дракула бил вегетаријанец... Стварно, може ли тоа да се каже за чоекот?) отвораш врата и одиш во некоја Визард Оф Оз сцена кај шо па може да имаш многу зелени растенија (значи, храна :) ) и куќарка во која се расте со голтање на розе апчиња (кои ги нема внатре пошо розе змејот редовно ги собира кога ќе налета на нив), го имаш шеширџијата кој во мојов трип би бил некој лик кој ќе личи на Појол а ќе има табиет на АБЦ. Нормално, сцената ќе заврши крваво бидејќи Алиса Вондерлендовска има моминско презиме Borhes.

И доста за аватарот, сеа ќе ти го замислам потписот:
И Јероним Бош е МАКЕДОНЕЦ!

Толку за потписот :) Ко сме кај еснафската работа, ко и повеќето уметници ја чуваш љубоморно помалку за себе или for your eyes only среќниците кои ќе имат можност да увидат на лице место која вијуга или парцела од фронталниот и другите кортекси си ги ангажирала за да се испуцаш врз платното - ама толку заслужни луѓе веројатно сеуште не постојат! :) Ако би предвидувал, можам да замислам дека на моменти Мазев може вода да ти носи, а во ретките месечеви смени кога на Блискиот Исток (источно од рајот) Арафат и Рабин играат ластик, ти водиш љубов со таа констелација на шарени звезди кои ги имаш на дланка и дел по дел ги ставаш засекогаш запечатени на тајната ткаенина која, се кладам никогаш не си ја урамила - освен ако не инсистирале твоите за да седи на некој ѕид по дома. Верувам дека си осетила, ко и секој уметник шо значи креативна криза и те ќења до максимум кога ќе дојде таков момент во кој едноставно ти доаѓа да шлакнеш по платното со улошката која ја собрала ликвидната форма на нервозата, момент пред да го запалиш или да земеш нож ко фраерот во Always на Џови. Ако грешам и знаеш лек за креативна криза, или авторска летаргија (мрза), пиши ми ПП :)

Да привршувам, за да не е километар:
Fucked up and proud of it - зошто животот знае да е досаден кога нема да се изложуваме ко бајати тртушки под копито на коњ или кобила; паралелно, да, жал ти е за гомцата кога ти ќе си коњот (океееј, коБИЛАТА) ама па кој им е крив кога некој ги испроцесирал од еднојадрениот Анус процесор?! И не, не мора да се правдаш никому за тоа, бидејќи сите сме fucked up и неиспрани понекогаш, ама најчесто сме скарани со огледалата па полесно е да се впери прст контра сопствените очи иако е скроз неваспитано и неклутурно - ама па како иначе ќе наоѓаше Мазев инспирација? :)

Еве јас признавам дека сум исто факд - ап, да не се осеќаш сами4ка.

Тврдоглав патриоту во свет со искривени огледала, keep the dream alive and try not to wake up. At least not too often.

П.м.С:
Памела има направено 7 брест имплент операции.
Хитлер Е емо!
Италија е подалеку од месечината.
А ти си одличен психо-аналитичар, мајке ми. Не дека ти стварам притисок за враќањето на услугата, онака да си кажам. :pipi:
И веќе е договорена зделка за да те продадеме во Хунза, во замена за три оки брашно и една ока зејтин.


Ај да си легнам.
Нарачки не примам, имат ред на заслужни форумџии за анализирање кој ќе е запазен во иднина, иако Ада ми улета во агенда сасвим случајно :)
Adios или adidas, како и да беше правилно...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
^^^Магде^^^
Не ме заебавај бе...
Знаете како е, кога како мал фаќате алергија на левото јајценце и за лек ви даваат некој зелен одвратен сируп кој мора да го пиете и покрај танцот со волците на вашите црева.
Така јас се чувствувам бидувајќи приморан на оваа анализа ради принцип.
Но, се обидов да дадам шанса и на еден ваков профил на личност, кој обично служи за форумски декор.

Магде е лесно обработлив материјал. Земала одмор од школо, работи привремено како фризерка,а планира да стане Психолог. На форумов е, претежно оти и е досадно и најверојатно, за да си најде дечко.
Пишува кратко, ретко кога пренесува ставови, а се базира на реметџиски теми и теми без особена тежина.
Тоа е сосем нормално, as being a part of the purple Grinder is something we're all used to.
Проблемот кој го наоѓам кај Магде е нејзината ненамерно направена грешка, при која го уби фетусот пред да му даде шанса за живот. Го изрина со нож, искрвари, и како и секоја нормална Христијанка, среќна е што еден ден, ќе има дете.

Да појаснам: Магде се активираше на оваа тема за Психоанализи,како еден иден студент по Психологија. Знаејќи дека оваа материја помалку се учи од книги, а повеќе е предодередена во менталниот импринт на човекот, слободно ќе кажам дека Магде ќе се заебе ако оди на Психологија. Или ќе ги заебе оние кои ќе треба да ги враќа во нормала.
Анализите овде и се стерилни. Бара низ постови, јузери, потписи, се труди да извлече очигледна поента, не продира во никаква внатрешност на пишувачот кој го анализира, туку тоа го прави автоматски, калкулирано и догматски.....на едноставен начин.
Ова, мило, е сепак донекаде сериозна материја(барем според мене), на сериознао место и овде ние треба да докажуваме колку навистина можеме да продреме до(во) некого. Добро е што се обидуваш, но лошо е што ти се случува дебакл кој не смееш да го пренесеш на професионално поле. Кратко кажано, батали ја темава, батали го тој факултет...

Понатаму, Магде е навистина добра и грижлива личност. Можеби е тажна или склона кон чудни расположенија. Затоа, потребна и е човечка близина и сигурност. Кршлива е, подложна на сугестии и доволно обична за да сака и да може да припаѓа.
Мислам дека лесно се заљубува. Потребна и е љубов во животот и без неа не може да функционира. Можеби и е некоја замена љубовта која ја добива од родителите и љубовта која му ја дава на кучето, но таа сака да се предаде бескрајно и да се изгуби во exchange на непромислени емоции.

Сигурно има и интересна смисла за хумор која мене не би ми била интересна, па затоа би ја релативизирал. Сигурно не е многу лошо друштво, плус, сега, со пирсот, сигурно е многу интересна за младите машки емовци кои се напалени кон нови јазичноразменувачки и блоуџабдобивачки искуства. I know i am,without it having to be new:kesa:

Џаболебар е. Уствари, не е. За да човек биде џаболебар треба да има друштво џаболебари за џаболебарење. Мислам дека нема многу другарчиња. Со тоа,нејзината хиперактивност за правење ништо е под опсада, па мора да ја вентилира преку форуми, кои навистина се добра замена за џаболебарење во вистинско-социјализирачка смисла на зборот.

Тука завршувам, принципот е исполнет.
Hope to never see you in real life:)

----------------------------------------------------------------
Инаку,Serpico,пеер,ти си ми неисполнета желба.Мораш,Восочен,мораш.
А ada,иако пропагира ист принцип како јас(на кој,еве,се придржувам),баш баш и не го исполнува.Но секако,тоа не значи дека нема да добие(или веќе не добила) анализа.Возвратната ја чекам од 2007:)

 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Кратко кажано,батали ја темава,батали го тој факултет...​

само што добив поголема желба да одам на психологија...тенкс



Сигурно има и интересна смисла за хумор која мене не би ми била интересна,
Hope to never see you in real life:)
:pos2::pos2::pos2:
ако имам шанса да те запознаам ќе ти се залепам ко пијавица:helou:

и ќе се заљубиш во мојата смисла за хумор you'll see
 

Handsome

Love me or Blow me !!!!
Член од
21 јануари 2006
Мислења
852
Поени од реакции
1
сакам јаааааааааааааааааааааааас:nesum:
одмааааааааааа
не мора одма....:smir:
ако може пп пред да напише некој..тенкс
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
само што добив поголема желба да одам на психологија...тенкс
Магде докажа дека е инает.

сакам јаааааааааааааааааааааааас:nesum:
одмааааааааааа
не мора одма....:smir:
ако може пп пред да напише некој..тенкс
Ете јас. Ти си инспиративен лик. Би те суредила у еден (фрустрирачки) потег.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ти си ми прв...админ од машки пол кој ќе го анализирам :pipi:

Сложено човече (ок, маШ) кој досега тенденциозно избегнував да го анализирам. Поради сложеноста која ја споменав, мислев дека сериозно ќе потфрлам у анализата. Но, после твојата за мене, нема бегање. Па, шта буде, нека буде (Фак, сеа ми се уврте Дино Мерлин у глава...Иш, иш!) Онда, идеме.

Дупла Риба си во хороскоп. Што од старт ја потврдува комплексонста на твојата личност. Имено, Рибите, како последени по редослед, се најсложените во Зодијакот. Поседуваат по нешто од секој знак, и тешко е да им го фатиш крајот.

И ти како особа си преполн со најразлични индивидуални фрагменти. Поради тој карактерен галиматијас, ја имаш привилегијата секојдневно да одбираш различни улоги кои ќе и ги продадеш на јавноста. Ова "ќе и ги продадеш на јавноста" е без негативна конотација. Секој од нас се изложува и менува во зависност од публиката.

А, публика поседуваш, и тоа во завиден број. Не дека ти пречи. Напротив, жеден си до срж за централно место на бината. Но, ја имаш и доблеста да сонуваш и гинеш за некои благородни цели. Поради нив дозволуваш и други покрај себе на сцената. И луѓето тоа го ценат. Знаат дека не те води чистото мастурбирање со сопственото его, туку и некои поголеми пориви. Поголеми од животот, понекогаш. Па, великодушно те опсипуваат со spot-light.

Но, ти не се распостилаш целиот пред другите. Ох, колку само не се даваш. И кога си цел озарен во великодушна насмевка, и кога плачеш, и кога стоиш гол пред некој (не само буквално), ти не се покажуваш, ниту се даваш целиот. Себично и тврдоглаво го штитиш најсветлото во себе, само за себе.

Луѓето тоа го насетуваат. Препознаваат дека не си само нивен. А, тоа умее да излудува. Оние кои нема да дигнат раце од тебе, ноторно ќе се обидуваат да те стават во свое власништво. Па крајниот резултат ќе биде табор кој те мрази, и табор кој те сака до лудило. Рамнодушни нема да има кога си ти во прашање.

Што од една страна ти одговара. Не би поднел млак фидбек, игнорирање и амбивалентност. Макар нека те мразат. Само да те приметат и запомнат. А, грандиозни архитектонски дела, издигнати над минливоста на времто се одличен начин да се врежеш во колективната меморија, зарем не?

Не знам зошто конкретно, но убедена сум дека често те разјадува немир и анксиозност. Знаеш, оној немир во утробата, микс од тага, среќа, болка, еуфорија, страв...од се што може да се почувствува. Кога не знаеш дали сакаш да се удриш себе си, другиот, или да прегрнеш. И тогаш бараш катарза. Денес тоа е секс со тотален странец, утре многу чаши вино, задутре манијачно цртање...Вентили пријателе. Неопходни за секој креативец. Некои мудри глави од минатотото велат дека тоа е така кај уметниците затоа што нив постојано ги разјадува борбата помеѓу еросот и танатосот и не им остава простор за хибернирање карактеристично за просечниот човек. Кога би знаела како се канализираат, би ти кажала. Но и јас не знам. Па, наместо кога ќе го осетам тој енергетски хаос, да го насочам на создавање слика, јас правам...да ги наречеме...неконвенционални нешта и постапки. Можеш да го поврзеш тоа со себе?

Но после секој таков хаотичен период, се чувствуваш исцицано. Само оние околу тебе не сакаат да го видат тоа. Тие го знаат Боби кој е постојано спремен да се даде на четирите страни на светот. Не го прифаќаат оној другиот кој понекогаш е уморен и рамнодушен. А, тоа умее да те разгневи. Но, не се тие криви. Крив си ти, односно границата која нејќеш да ја повлечеш. Затоа што се плашиш дека ќе ти го свртат грбот и одземат централното место од нивната бина. Сепак, залуден ти е стравот. Ти реков, не си човек преку кој туку така се преминува. Затоа храбро и дозволи си понекогаш да бидеш и намуртен, и неактивен и без сите одговори или планови за спасување.

И немој никогаш да го загубиш идеалистот во себе. Сонувај и умирај за твоите соништа. Мислам дека ако успееме да се синхронизираме ние сонувачите, може у убави, опипливи плодови да се изродат.

За крај, стихови од песна кои силно ме потсетуваат на тебе:


So unimpressed but so in awe
Such a saint but such a whore
So self aware so full of shit
So indecisive so adamant

I'm contemplating thinking about thinking
It's overrated just get another drink and
Watch me come undone

They're selling razor blades and mirrors in the street
(come undone)
I pray when I'm coming down you'll be asleep
(come undone)
If I ever hurt you your revenge will be so sweet
Because I'm scum, and I'm your son,
I come undone
I come undone

So rock and roll, so corporate suit
So damn ugly, so damn cute
So well-trained, so animal
So need your love, so fuck you all

I'm not scared of dying
I just don't want to
If I stopped lying I'd just disappoint you
I come undone

So write another ballad
Mix it on a Wednesday
Sell it on a Thursday
Buy a yacht by Saturday
It's a love song
A love song

Do another interview
Sing a bunch of lies
Tell about celebrities that I despise
And sing love songs
We sing love songs
So sincere

I come undone, I am scum, love your son
You've gotta love your son
You've gotta love your son
Love your son, I am scum
I am scum
I am scum
I am scum
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Мене Серпико од многу одамна, кога бевме така млади и сингл ми вети анализа ама онаква хард кор.







и уште ја чекам:nesum:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
А кој сака по своја желба ги прави тоа анализите а?? :vozbud:Бравосссс.
Има некој слободен да чујам мислење???:helou::helou:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
^Не, нема.
Уствари, можда има, ама потребни се минимум 500 поста за да добиеш анализа.
Благодарам.
Обидете се подоцна.
Пријатно.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
И јас чекам од Crazy in Love , и од Foxy Butterfly и од *OSS* >:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom