Ти си ми прв...админ од машки пол кој ќе го анализирам
Сложено човече (ок, маШ) кој досега тенденциозно избегнував да го анализирам. Поради сложеноста која ја споменав, мислев дека сериозно ќе потфрлам у анализата. Но, после твојата за мене, нема бегање. Па, шта буде, нека буде (Фак, сеа ми се уврте Дино Мерлин у глава...Иш, иш!) Онда, идеме.
Дупла Риба си во хороскоп. Што од старт ја потврдува комплексонста на твојата личност. Имено, Рибите, како последени по редослед, се најсложените во Зодијакот. Поседуваат по нешто од секој знак, и тешко е да им го фатиш крајот.
И ти како особа си преполн со најразлични индивидуални фрагменти. Поради тој карактерен галиматијас, ја имаш привилегијата секојдневно да одбираш различни улоги кои ќе и ги продадеш на јавноста. Ова "ќе и ги продадеш на јавноста" е без негативна конотација. Секој од нас се изложува и менува во зависност од публиката.
А, публика поседуваш, и тоа во завиден број. Не дека ти пречи. Напротив, жеден си до срж за централно место на бината. Но, ја имаш и доблеста да сонуваш и гинеш за некои благородни цели. Поради нив дозволуваш и други покрај себе на сцената. И луѓето тоа го ценат. Знаат дека не те води чистото мастурбирање со сопственото его, туку и некои поголеми пориви. Поголеми од животот, понекогаш. Па, великодушно те опсипуваат со spot-light.
Но, ти не се распостилаш целиот пред другите. Ох, колку само не се даваш. И кога си цел озарен во великодушна насмевка, и кога плачеш, и кога стоиш гол пред некој (не само буквално), ти не се покажуваш, ниту се даваш целиот. Себично и тврдоглаво го штитиш најсветлото во себе, само за себе.
Луѓето тоа го насетуваат. Препознаваат дека не си само нивен. А, тоа умее да излудува. Оние кои нема да дигнат раце од тебе, ноторно ќе се обидуваат да те стават во свое власништво. Па крајниот резултат ќе биде табор кој те мрази, и табор кој те сака до лудило. Рамнодушни нема да има кога си ти во прашање.
Што од една страна ти одговара. Не би поднел млак фидбек, игнорирање и амбивалентност. Макар нека те мразат. Само да те приметат и запомнат. А, грандиозни архитектонски дела, издигнати над минливоста на времто се одличен начин да се врежеш во колективната меморија, зарем не?
Не знам зошто конкретно, но убедена сум дека често те разјадува немир и анксиозност. Знаеш, оној немир во утробата, микс од тага, среќа, болка, еуфорија, страв...од се што може да се почувствува. Кога не знаеш дали сакаш да се удриш себе си, другиот, или да прегрнеш. И тогаш бараш катарза. Денес тоа е секс со тотален странец, утре многу чаши вино, задутре манијачно цртање...Вентили пријателе. Неопходни за секој креативец. Некои мудри глави од минатотото велат дека тоа е така кај уметниците затоа што нив постојано ги разјадува борбата помеѓу еросот и танатосот и не им остава простор за хибернирање карактеристично за просечниот човек. Кога би знаела како се канализираат, би ти кажала. Но и јас не знам. Па, наместо кога ќе го осетам тој енергетски хаос, да го насочам на создавање слика, јас правам...да ги наречеме...неконвенционални нешта и постапки. Можеш да го поврзеш тоа со себе?
Но после секој таков хаотичен период, се чувствуваш исцицано. Само оние околу тебе не сакаат да го видат тоа. Тие го знаат Боби кој е постојано спремен да се даде на четирите страни на светот. Не го прифаќаат оној другиот кој понекогаш е уморен и рамнодушен. А, тоа умее да те разгневи. Но, не се тие криви. Крив си ти, односно границата која нејќеш да ја повлечеш. Затоа што се плашиш дека ќе ти го свртат грбот и одземат централното место од нивната бина. Сепак, залуден ти е стравот. Ти реков, не си човек преку кој туку така се преминува. Затоа храбро и дозволи си понекогаш да бидеш и намуртен, и неактивен и без сите одговори или планови за спасување.
И немој никогаш да го загубиш идеалистот во себе. Сонувај и умирај за твоите соништа. Мислам дека ако успееме да се синхронизираме ние сонувачите, може у убави, опипливи плодови да се изродат.
За крај, стихови од песна кои силно ме потсетуваат на тебе:
So unimpressed but so in awe
Such a saint but such a whore
So self aware so full of shit
So indecisive so adamant
I'm contemplating thinking about thinking
It's overrated just get another drink and
Watch me come undone
They're selling razor blades and mirrors in the street
(come undone)
I pray when I'm coming down you'll be asleep
(come undone)
If I ever hurt you your revenge will be so sweet
Because I'm scum, and I'm your son,
I come undone
I come undone
So rock and roll, so corporate suit
So damn ugly, so damn cute
So well-trained, so animal
So need your love, so fuck you all
I'm not scared of dying
I just don't want to
If I stopped lying I'd just disappoint you
I come undone
So write another ballad
Mix it on a Wednesday
Sell it on a Thursday
Buy a yacht by Saturday
It's a love song
A love song
Do another interview
Sing a bunch of lies
Tell about celebrities that I despise
And sing love songs
We sing love songs
So sincere
I come undone, I am scum, love your son
You've gotta love your son
You've gotta love your son
Love your son, I am scum
I am scum
I am scum
I am scum