Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Mac : ))((+-{})

Стадиумите во развитокот на еден човек никогаш не треба да се земаат против него.Секој човек има право следниот стадуим да го претвори во тотална контрадикција од карактерот кој бил доминантен кај него во претходниот.Затоа не смее да им се замерува, па дури и преобразбата да се случи далеку,далеку после пубертетот.​

Но,овде има работи кои се интересни:Колку е голема промената,дали е само карактерна или физичка,дали човекот се променил само декларативно,за име на репутацијата,или пак декларативно суштински,за да се лаже себеси.​

Кај Мац имаме ситуација во која промената драстично ја проби с'ржта на она што мора да се прифати како еволутивен скок на еден човек и навлезе во водите на самоуништувањето.Им се случува тоа на филмоманите.Знаете,имате антихерои,платени убијци,злочковци,курви и разни други фаци,кои,после опсесивно гледање,можеби и без да сакате,стануваат предмет на потсвесно идолизирање и вие ги инкорпорирате во вашиот карактер,иако апсолутно немате ни фрагмент потенцијал да бидете Кул,што тоа и да значи...​

Наеднаш вие си замислувате ниво,еквивалентно со мисловната именка "Кинач на Илјадата Девица".Вие сте Кунг Фу Панда,Икар Кој Се Измоча на Сонцето И Го Изгаси....па сам ја грееше Земјата со своите маѓесни јајца...​

Кај Мац се случи некоја болна алелуја.Иако моето ткиво на форумов е далеку помалку засмрдено(старо),од неговото,сепак додека бев овде јуниор,не го гледав многу по сериозни теми.Си седеше во Игри,си рецензираше,си кажуваше совети за како да качиш левел на "The Quest of Rangenforth's Keep of Fiery Exchange XXV"...и си уживаше.​
Тогаш навистина учев од Мац,исто како што учев од П.Овердрајв и луѓето кои се далеку подобри гејмери од мене.Му стоеше да си биде модератор таму,му стоеше да биде некој авторитет таму,и му стоеше таму да соли памет и да има поставено ниво.​
Болната алелуја се случи кога Мац реши да стане универзалец,и да докаже дека кај него има повеќе слоеви полни компетенција за разговори на секаква тема.​
И,Мац почна.​
Почна со давање несериозни анализи,кои најверојатно можат да ве насмеат или изнервираат,но не и да ве замислат искрено.Оној кој се импресионира од неговите анализи и ги смета како веродостојн,треба убаво да размисли дали анализите биле показател на нивната душа(бидејќи,итекако човек тоа овде може да го направи),или само купче добри зборови кои убаво легнале на нивниот нарцизам.Мац незнае да пишува анализи.Почна со крајно хејтерски и безобразни анализи.Јас таква не и напишав ни на Дивајн,која ми е најнеомилениот авторитет на форумов,ниту на било кој друг безвезњакович.Но,Мац бескрупулозно плукаше кон секого кого мисли дека е послаб(виртуелно)од него,и према кого нема куродрв/куропад(модератори и админи).​

Ако анали(з)ите на мац ги оставиме настрана,ќе дојдеме до неговите дискусии.Има обичај сурово и тврдоглаво да се наметнува низ темите,упорно да реплицира до степен на киснење мозок и да ја видоизменува темата за да пробие поента.​
Прво,агресивноста е глупава работа.Секогаш е подобро кога човек на тема ќе биде демантиран,фино-лепо да си се повлече.​
Второ,ако секогаш мораш да го имаш последниот збор,само докажуваш на комплекс.Со секоја нова безглава реплика одиш да го умориш противникот,да го истоштиш,за да,тој,на крај,се повлече,и ти како некој Конан излезеш пред огледалото и се обожуваш,со вакви или слични самореплики:​
The New-Born PussyLord and Virgin Deflower-er.​
None shall defy me.​
I squeeze balls like none other.​
Are You Bored?​
You Have Seen Nothing Yet!!

Ова се се надополнува и со фактичкиот живот.Типчето си вежба,планира да направи стомачни,да има Брилијантин фризура и да стане хит на плажа.СтевоMC момент.Во поблага варијанта,се надевам,оти сепак,Мац има мозок и можеби ќе се сепне навреме.​

Да извлечам само неколку поуки:​

-Немој да мислиш дека со секој нова реплика го побиваш постот кој те компромитирал.​
-Немој да си даваш нереални придавки на себе и своето делување на форум.Твоето ниво не постои.​
-Труди се да не навредуваш кога не ти оди дискусија.Ако уште еднаш те видам да и речеш на short1 дека е глупа,пеер,ќе те јадам:)
-Не ми реплицирај на анализава како што реплицираше кај Виктор.Нејќам после ада да не брише.Се плашам од ада.И не и пишувам анализа во 35 дела за да имам привилегии кај неа.​

 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Бла, бла, бла ... увереноста дека се зависи од тебе е најголемиот егоцентризам кој што човек може да го поседува, али ајде, кај тебе на други начини се излеваат преку сите пори тие твои малку „негативни“ особини, бар не ти е гајле што ако го немаше задоволството во тоа.
Убаво е, мене ми се допаѓа.
И за на крај, онака „злобно“, дај бре и на другите нека дојдат до микрофонот.
:smir:
Колку да ти докажам дека иако тврдеше спротивното, сепак ништо не погоди за мене :) Најсериозно. На мсн детаљи.
 
С

Сатори

Гостин
Колку да ти докажам дека иако тврдеше спротивното, сепак ништо не погоди за мене :) Најсериозно. На мсн детаљи.
Well I told you I know you face at face ... сепак ќе ми се прости, нели?:pipi:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ag0ra
Заморно е да се прави анализа на Ag0ra. Али ајде, let it be, штом толку сакаш да видиш дали си или не си за психијатар. Верувам дека ќе го дознаеш одговорот, наскоро.

Значи ликов го имате приметено, ве има побарано за пријател, во иста социјална група е ко вас, ви има побиено мислење, ви барал аргументи, ве обвинил за тврдоглавост, или едноставно сте се насмеале на негов пост како јас околу "приземњените". Приземни Агора, иако знам дека си слаб по македонски. Али физика ти оди. Се` додека не мешаш фисија и фузија.

Има луѓе кои сакаат да привлекуваат внимание без врска, има и луѓе кои и без тоа се чудни, не викам не. Има луѓе кои се осамени и живеат преку своето алтер его кое не е ништо повеќе од еден виртуелен лик на портокалова позадина.

Трагач.
- По дефинирања:
пред да продолжам со ова дефинирајте "постои"
,
- по планети:
Абе уживајте ќе се преселиме на Марс...или некоја планета или небесно тело
- по апсолутната вистина:
Немора да ја знаеш апсолутната вистина, за да знаеш што е лага!
- по компјутерски делови
Се мислам да склопам компјутер(иако досега не сум го правел тоа, но не би требало да биде сложено
- по решенија на "нерешливи" љубовни дилеми:
Абе јас кога ја прашав мојата љубов зашто не сака да има ништо со мене, не ми одговори...зошто?
- и нормално одговори зошто знае и те како да се напне со размислувања :
ова ми претставуваше причина да размислам подлабоко на оваа тема и дојдов до заклучок во форма на прашање...
Доста со неговите трагања.
Ендлес се исто како и неговите постови на некои теми. Ако пише еден пост на темата , бидете сигурни дека ќе напише уште 2 најмалку, освен кога се работи за Гурманско катче. Па добро бе човеку, не можеш ли да си ја докажеш поентата во еден пост, и уште пострашно, мора ли сите да ги имаат твоите размислувања?
А од друга страна веруваш дека никој не може да ја одземе моќта на слободен избор на човекот.
Сето тоа мене ми е јасно, зошто толку го "тупиш"?
Он го тупи, зошто ти си го тупел, а ти си го тупел зошто обожаваш да го тупат како одговор на твоето тупење.

Не биди во заблуда, мај pacient, и не биди шовинист или убеден само во позитивното дејство на компјутерите. И не биди анти-патриот, for god's sake. Иако си атеист. За тебе имам чувство дека си спокоен и блесав чудак, онаков што прашува `што`, кога сите ќе си се изнасмеат после негово зборење.

Советот кој ти го давам е да ги искусиш малце повеќе работите во пракса. Значи не можеш да научиш да `залапаш девојка`
Што ако после првиот бакнеж таа ви каже(директно или индиректно)дека не знаете да "лапате"?
, од советите на TheBestipster или било кој мајке му...
Иако сум црвсто убедена дека Nebo666 би бил совршениот учител. Ако не, аll by yourself.
Многу си молчалив, не знаеш да се уклопиш во социјалните кругови. Што не е проблем, ти треба повисока самодоверба, (а не мазохистички желби!). И не ставај такви лејм песни на профил,како беше она - big boys don't cry.
Sega po4nuvam da svakam kolku bev li4nost vredna...
И уште нешто: Не ни треба вечна хибернација ниту убедувањето дека сме создадени од вонземска цивилизација.

И сега знам дека сакаш цели романи за тебе, ама нема. Не за друго!, имам филм за гледање.
И нека биде цитатот на чудово подолг од "Интересно".
Поздрав :wink:
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ag0ra
Заморно е да се прави анализа на Ag0ra. Али ајде, let it be, штом толку сакаш да видиш дали си или не си за психијатар. Верувам дека ќе го дознаеш одговорот, наскоро.

Значи ликов го имате приметено, ве има побарано за пријател, во иста социјална група е ко вас, ви има побиено мислење, ви барал аргументи, ве обвинил за тврдоглавост, или едноставно сте се насмеале на негов пост како јас околу "приземњените". Приземни Агора, иако знам дека си слаб по македонски. Али физика ти оди. Се` додека не мешаш фисија и фузија.

Има луѓе кои сакаат да привлекуваат внимание без врска, има и луѓе кои и без тоа се чудни, не викам не. Има луѓе кои се осамени и живеат преку своето алтер его кое не е ништо повеќе од еден виртуелен лик на портокалова позадина.

Трагач.
- По дефинирања:,
- по планети:
- по апсолутната вистина:
- по компјутерски делови
- по решенија на "нерешливи" љубовни дилеми:
- и нормално одговори зошто знае и те како да се напне со размислувања :
Доста со неговите трагања.
Ендлес се исто како и неговите постови на некои теми. Ако пише еден пост на темата , бидете сигурни дека ќе напише уште 2 најмалку, освен кога се работи за Гурманско катче. Па добро бе човеку, не можеш ли да си ја докажеш поентата во еден пост, и уште пострашно, мора ли сите да ги имаат твоите размислувања?
А од друга страна веруваш дека никој не може да ја одземе моќта на слободен избор на човекот. Он го тупи, зошто ти си го тупел, а ти си го тупел зошто обожаваш да го тупат како одговор на твоето тупење.

Не биди во заблуда, мај pacient, и не биди шовинист или убеден само во позитивното дејство на компјутерите. И не биди анти-патриот, for god's sake. Иако си атеист. За тебе имам чувство дека си спокоен и блесав чудак, онаков што прашува `што`, кога сите ќе си се изнасмеат после негово зборење.

Советот кој ти го давам е да ги искусиш малце повеќе работите во пракса. Значи не можеш да научиш да `залапаш девојка`, од советите на TheBestipster или било кој мајке му...
Иако сум црвсто убедена дека Nebo666 би бил совршениот учител. Ако не, аll by yourself.
Многу си молчалив, не знаеш да се уклопиш во социјалните кругови. Што не е проблем, ти треба повисока самодоверба, (а не мазохистички желби!). И не ставај такви лејм песни на профил,како беше она - big boys don't cry.
И уште нешто: Не ни треба вечна хибернација ниту убедувањето дека сме создадени од вонземска цивилизација.

И сега знам дека сакаш цели романи за тебе, ама нема. Не за друго!, имам филм за гледање.
И нека биде цитатот на чудово подолг од "Интересно".
Поздрав :wink:
Хмм...изгледа ова е најточна психоанализа што ја имам добиено до сега....точност: околу 95%....
Уживав додека ја читав...ама...не кажа..за на психијатар сум? хехехехе

Многу ти благодарам за психоанализава...
Поздрав...

п.с. кој филм ќе го гледаш?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Хмм...изгледа ова е најточна психоанализа што ја имам добиено до сега....точност: околу 95%....
Уживав додека ја читав...ама...не кажа..за на психијатар сум? хехехехе
Многу ти благодарам за психоанализава...
Поздрав...
п.с. кој филм ќе го гледаш?

Мило ми е.
Не си за психијатар, евентуално Викторгг ако го послушаш за психологот...Сепак, консултирај се со Nebo666.
Аj не навлегуваме кои се утнатите 5%:nesum:.
А кој филм, веројатно 50 first dates.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Мац))



Мац друже
Кога читам твои постови на кајгана ме фака страв...делуваш строго,им плескаш на сите се што ќе ти дојде....дојдено ти е преку глава да ти маваат лапушко како мал...
Еден ден си станал од спиење и си рекол е сеа ќе видите...и така настанале твоите 6,059 одговори на кајгана...:icon_lol:
Не се секираш шо викаат другите за тебе...си го надминал тој период....
Кога ме адна на мсн ми пројде стравот од тебе...фин си и мил дури(се извинувам ако ти ја уништувам репутацијата):smir:
Сепак мислам дека си матерјалист...наместо да одиш на психологија,тоа што го сакаш ем те бива,ти си отишол на економски...батали парите...за 20гидини ќе си ја мразиш работата и ќе бидеш несреќен а ќе имаш пари...
+економиски...тупење мозок со небитни информации...
а со психологија ќе си имаше пари,ќе работеше тоа што сакаш и информациите што ги имаш се пред се интересни а и се во секојфдневна употреба...да те запознаев кога се упишуваше ќе те преубедев...

Ама....џабе е сеа....не се бориш за работите што ги сакаш...


Кога било време за упис твоите те седбнале и те прашале:

-мац каде на факс?
-На психологија!:)
-Ненормален,таму нема пари,ти паметно дете,што ќе бидеш со тој факултет?нигде нема работа!запиши се на економски

-Ок тато/мамо.....

Доста те тупам со факсов...ја свати поентата...

Аватар:
Бред Пит,ха?
Па...Бред Пит кој не му се воодушевува?
Најпосакуван маж на светов и ја има џоли...
Таков сакаш да те бидеш..сакаш луѓето да ти се воодушевуваат,кога ќе поминеш покрај некохо да си мисли...woow he’s hot!!!
Затоа се гордееш што си во kajgana hottest members group
Се фалиш со тоа,се гордееш,ти годи...ou noo
уште едно машко на кое егото му е super high ...
+си малце заљубен у себе...
..

Јазикот ти е побрз од паметот и често се каеш за работи што ќе ги кажеш ама иако знаеш дека грешиш не се извинуваш
Едноставно не си I’m sorry kind a guy
Ти е гајле бе...you are hot!

Повеќе како што се договоривме face to face.
иначе не читав постови туку од твојот профил се заклучоциве.



п.с.знам дека никој не ти кажал дека ќе те сватам сериозно за собиранката...признај дека сакаше анализа да побараш..
добар начин бтњ




Анализи дужам на анастасија,кристи и тониинтер

Ќе бидат:smir::smir::smir:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Магде друже...

Само нелогичните се тешат дека другите се материјалисти,во свет во кои сите трагаат по пари ултимативно (љубов и секс anyone?) :)
Кој рече дека не сакам да бидам Е-менаџер?:kesa:

Другите делови,проба да доловиш,но можеби си подобра во живо.
Нешто погоди,но нема да откријам што,да има трилер драма момент овде :)

Како и да е,фала на фалењето,и интересната психоанализа.

П.с. Не те лажев за зезанцијата со собиранката:kesa:
 

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
Ај за мене една, јавно да побарам кој шо е расположен кога можи-како можи нека ме анализира.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
`Ангелче`​



Секој обид да се разглаба Ангела преку постови, аватари, потписи, сликички на профили, коментари на профили, сликички - коментари на профили и слично ѓубре резултира сосема исто. Жалам, мало морген дека некој може да погоди ваков примерок преку десетина вулгарни реченици со многу извичници и :pos:. Загарантиран неуспех.
Можеби каква музика слуша, што е во хороскоп, кое и` е омилено годишно време, евентуално боја, дали ја заборава пеглата кога излегува од дома или ги ѕирка комшиите.​

Ангела е еден од оние "или ги сакаш или ги нејќеш" луѓе. Пред се` тоа, како за почеток. Колку и да изгледа лесно за понатаму, имајќи го предвид погоренаведеното, не е воопшто. Зашто не е личност што се учи на памет. Не функционира по шаблон или дефиниција. Не значи дека е непредвидлива, само сака да не е како другите. Сите сакаат да не се како другите, а во потрагата по таа посебност, се` што најголемиот дел успева, е да се стопи во простата маса. Али она добро се држи. Борец.:pipi:
И не верувам дека некогаш ќе го загуби идентитетот. Премногу го сака да би си дозволила такво нешто.​

Ангела сака да мисли дека е сама. А не е. И совршено знае дека не е, ама од што толку си ја има наметнато таа идеја, почнала и самата навистина да верува во истата. Сака така да и` стои во главата. Тоа и`е оправдувањето. Начинот да си е на чисто со самата себеси. Со совеста, ако така повеќе сака. Не е некој што е подготвен на било каков вид компромис. Затоа, знае дека ако не одржува внатрешен мир ќе и` настане хаос, а со него нема да знае да се справи, башка што се плаши. Ама не знае дека тоа и` е само привремено и дека со импровизација ништо не прави. Смета дека нема потреба околината да е засегната со нејзините лични проблеми, бидејќи се тоа луѓе што ги сака и последно нешто што сака да постигне, е да ги види нив загрижени заради неа. Затоа си нашла друг излез, да се убедува дека е сама и дека и така е способна за се`. Колку да е ова очајно, има и друга страна. Несебична е, и без размислување би се жртвувала за нив. Ако и веќе не го направила тоа мал милион пати. не ги потсетува секој ден колку и` значат, не ги бомбардира со изливи на емоции... Но тоа не значи дека е неспособна за покажување чувства или дека не знае да сака. Напротив. "Затворените" се оние кои најискрено сакаат и безусловно даваат љубов.​

Е Ангела не и` обрнува внимание на добрата страна. Не е оптимист. Што воопшто не е страшно. Нема поента во тоа да се затвораат очите пред се` што не и` се допаѓа, или да го слуша само тоа што на неа и` се слуша. На време го научила тоа, па затоа и не остава многу простор за добра завршница. Се надева, но не е приврзаник на тоа дека "надежта последна умира". Знае да препознае кога постои реална шанса за нешто да се случи, а кога не. Имам впечаток дека многу тешко се справува со "срце или разум" дилемата. Односно, многу тешко разграничува она што таа би сакала да се случи, и она за кое постои најголема веројатност да се случи. И верувам најдобро знае дека да се биде реалист, понекогаш боли.
Што е најинтересно, за другите секогаш го знае вистинскиот збор. Кога - тогаш ќе и` се смачи да е секогаш во право време на право место за целиот свет, а секогаш погрешно за себе.
Осамена, не сама.​

Другите луѓе, за кои Ангела баш и не дава пет пари, имаат прилика да ја гледаат весела. Имаме сите, ама идиотиве имаат прилика да ја гледаат СЕКОГАШ весела. И таа многу свесно го дозволува тоа, затоа што се работи за луѓе кои не ја познаваат и на кои не би им` паднало ни на крај памет дека нешто всушност не е во ред со неа и зад доброто расположение има нешто друго. И го добила токму тоа што го сака, да изгледа силно. Време само треба, и` ќе и светне дека тоа не е доволно.​

Она во што јас се заљубив кај неа... По само десетина минути муабет, имаш чувство дека ја познаваш целиот живот. Поседува таква харизма веројатно. Те тера да бараш уште, да дознаваш повеќе и повеќе за неа, да одиш подлабоко, до точката кога мисли дека толку многу ја интересираш што ќе ти побара психоанализа, за да те тргне од конечниот заклучок кој таа мисли дека е разочарување. И тука се лаже. Невозможно е некој да се разочара во некој друг како неа.
Не е упорна до немај каде. Е, ама знае кога да откаже. Би си погазила гордоста по потреба, само ако е сто насто сигурна дека вреди. Гајле и`е за што ќе кажат другите, битно и` е она што таа го намислила. Барем на почетокот. Ангела е човек кој не ги сака луѓето кои ја бираат златната средина. За неа нештата се или црни или бели. Не е либерте` до бесвест, и ич не и` чуе уво ако на некој тоа не му се допаѓа. Или барем така тврди. Критика, забелешка, што и да е... Ќе реагира како баш да ја боли, ама реално, во себе, истата секунда се преиспитува, дали е коментарот на место. И секогаш, ама секогаш ќе најде објаснување за да го оправда моронот на кој толку му сече, и ќе мисли дека патецот стварно треба да е на другата страна. Ало. Шамар. Не вреди, стај си го веќе еднаш во главата.​

Кога е во прашање приватниот живот, не е баш најсреќна. Не знам што точно има зад себе на тоа поле, ама претпоставувам не било баш најсјајно, што и да било. Сеедно дали била таа виновна или не, паметот очигледно и` дошол. Да, пребирлива е. Не, не може секој да и` е погоден, како што не може ни да се смее на секакви вицови. Ако се од оние кои прекачувањето на оградата среде булеварот го одбираат како најсоодветен начин за преминување на улицата, или плукањето по истата го сметаат за фраерчење, отпаѓате уште на старт. Две работи ми се битни овде. Нема да бара покрај себе некој што ќе ја сака поради доблестите. Пре самата би го убедувала дека она уопште и ги нема. Ќе бара некој што ќе ја сака поради доблестите и маните, зашто неа ја чинат и едните и другите. А ако нешто навистина сака, тоа е да е прифатена заради она што е, ни помалку ни повеќе. Има потреба од заштита, сигурност и потпора, кајнд оф. Некој на кој може да му каже се` што има да каже, без да се плаши дека ќе ја смета за лигла или слаба. Ранлива е, ама не сака да е таква во очите на другите. Зашто таква личност, во моментов, би и`овозможила да се опушти и одмори од глупото секојдневие без да мисли што би било кога би било. Интересна работа, самата таа е таква. Не ќе да е свесна, ама она со што освојува е токму способноста да се здобие со нечија доверба. Тоа е тоа што пали кај сите. Влегува под кожа додека трепнеш, затоа луѓето ја сакаат. Насмеана и ведра, на прв поглед. Ретко кој успева да види подалеку од тоа, и тоа е тоа што ја обесхрабрува. Прво, зашто некои воопшто не забележуваат, второ, и да забележуваат, доаѓаат до заклучок дека е лабилна и несигурна. Треба да ти фали нешто, за некој како неа да го наречеш така. Не ми треба да ми раскажува што и` се случувало, јасно се гледа дека си прошла пар работи на кои не се сеќава со особено задоволство. Изгледа како некој што во таква ситуација би се празнел преку уметност, пишување веројатно. Ама и да пишувала, не давала да и` читаат напишаното. Можеби кога ептен ќе и` пукнел филмот, и и` станувало сеедно за се`.​

И другата работа, истиот тој што ќе ја сака од глава до пети, да ја сака само неа. Не е таа кој знае колку љубоморна или посесивна. И не бара воопшто многу.​

Не се вадам на "прва анализа ми е, се надевам ти погодив бар нешто..." пошто не ми е прва, а и не утнав ништо. :pipi:

За крај, се согласуваме дека возачите на Мерцедес се најискомплексираните суштества на светот, да? Мило ми е. АјТ.​
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ај да видам некоја анализа за мене, одамна не ми правеле:) Сеедно од кого.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ke se najde dostojnik koj ke ima mentalen kapacitet da napravi evaluacija na sivata masa na Izbraniot?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Ke se najde dostojnik koj ke ima mentalen kapacitet da napravi evaluacija na sivata masa na Izbraniot?
Јас немам ментален капацитет,ама за тебе се пријавувам.
Сега ти треба да немаш предрасуди и да прифатиш.Строго консензуално:)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Јас немам ментален капацитет,ама за тебе се пријавувам.
Сега ти треба да немаш предрасуди и да прифатиш.Строго консензуално:)
Moze nema probelm.
Se nadevam deka analizata ke ja preziveam ako ne ke te tuzam vo
testamentot(ne se razbiram mnogu od pravo).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom