Промовиран патниот ‘рбет Драч-Кукс

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
вистиномерот вели дека ќе има 53км , плус од Гостивар едно 44км , значи Гостивар-Кичево-Извор-Дебар = 97-100км.

А ако се изгради од Дебар преку Маврово до Гостивар , има 67-70км.

Пократко би било од Маврово , но како што рече ти , и патот и теренот се крш.
Не знам дали си бил последно време наваму но патот Дебар - Маврово и не е така лош.Проширен е и нов асфалт скоро по целиот тек на Радика.Само Дебар- Косоврасти бара нов асфалт, уништен е максимално од камионите кои носат гипс за Кнауф. Дебар - Маврово со просечна возња е најмногу 45 мин а само Дебар - Косоврасти ти е повеќе од 10 мин а има негде 5,6 км.Добро би било да се направи тој пат со Кичево да не бидеме отсечени ама пак преку Маврово ќе биде поисплатлив танспортот.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Дечко си видел ли ти слики од старо Скопје како изгледало пред земјотресот???Кои копии бе,каков барок какви бакрачи.

А да и морам да напоменам дека првите семафори во Албанија ги имаат монтирано во 1992 год, во Тирана.Е па ај сега видете уште колку работи треба да се направат за да ја споредете Албанија со Македонија.
Не сум видел јас, не сум од тука.

Се слагам дека Албанија е назад, ама патната инфраструкура е далеку подобра од нашата. Но Албанија брзо напредува, ете паметно вложува пари, плус има неповратен кеш секоја година од НАТО, прашање на време е кога ќе не престигнат во се.
 
V

viktora

Гостин
Значи како туристи не ти доаѓа да ти види каков автопат имаш,да прошеташ низ Европа да видиш какви патишта имаат ќе помислиш дека нашиве се калдрми.Него што нудиш како држава од култура,историја итн.А најмалце па за шопинг зошто каде каде има подобри дестинации и од Македонија и од Албанија.
Како второ никој нема против што се гради,напротив сит4е имаме ќар.Најмногу од економски план.
Но мене поентата ми беше друга неверувам дека ме свати.Еве прочитај да ти биде појасно

Албанија најмногу должи во регионот


Албанија е земја со највисок државен долг во регионот, покажуваат податоците од Светска банка.
Извештајот на Банката покажува дека Албанија е многу блиску до земјите со највисок државен долг, бидејќи тој во моментот изнесува 59,4 проценти од бруто домашниот производ на земјата.
Светската банка предупредува дека ситуацијата во регионот не буди оптимизам.
Иако банките имаат ликвидност, тие се повеќе се соочуваат со ризик поради високиот раст на лошите кредити, се наведува во извештајот.
Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, економскиот раст на Албанија оваа година ќе се намали на два проценти.
Државниот долг на Македонија е 26% од БДП
(прочитај убаво колкав е државниот влог на Македонија а колкав е на Албанија)
http://www.press24.mk/story/biznis/albanija-najmnogu-dolzhi-vo-regionot
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Тоа е суштината.
Ако една Хрварска, низ која поминуваат милиони германци, италијанци, австрици и други европјани, не успеа вложеното во модерните автопатишта да го врати, како Албанија ќе го враќа ?
Треба баланс да се направи, да не се влезе во должничко ропство.
Колку имаш, толку троши.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Се ова со автопатите изгледа супер,еве и Дардан наш се навлажни,ама по која цена на албанската економија се градат автопатите.60 % задолженост е премногу за земја како Албанија.
Албанија никако не може да заработува од автопатите.Периферна земја е на Балканов,за разлика од Мк која е централна и транзитна земја и може да заработува од автопати,посебно од коридорот север-југ.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Се ова со автопатите изгледа супер,еве и Дардан наш се навлажни,ама по која цена на албанската економија се градат автопатите.60 % задолженост е премногу за земја како Албанија.
Албанија никако не може да заработува од автопатите.Периферна земја е на Балканов,за разлика од Мк која е централна и транзитна земја и може да заработува од автопати,посебно од коридорот север-југ.
солид ,виктора ,славјански.

Има друга тема за долгот на Албанија.

Се навлажнувам , затоа што до 2014 година Албанија ќе оствари големи проекти.
Ние ќе се навлажниме до 2014-та со нашиот центар на идолопоклонштво.

Директно не се заработува од патишта , но затоа земјите кои напредуваат градат инфраструктура , најсилните држави имаат најдобра инфраструктура , и што посиромашни толку поотсечени.

Зошто на пример да патуваш 180км од Тирана до Дебар, кога може за 83км со инвестиција од 300 милиони евра.

Тирана-Елбасан наместо 55км , ќе биде 31км , односно 40 минути побрзо.

Драч-Косово наместо цела ноќ да патуваш , сега се патува за 2-3 часа.

Не бидете злонамерници , порано кога Албанија немаше патишта, велевте заостанати се , сега кога ги направија , велите нема корист од автопатиштата.

За рекордно време , веќе се отворија 1км тунел (од вкупно 4.1км тунел колку ќе треба да се отворат) во автопатот Тирана-Елбасан.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: B92

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Дардан ти ја разбирам поентата целосно и немам ништо против ,нити пак завидувам што Албанија гради автопати.Па и ние ќе имаме корист од тоа.Камо среќа сите главни градови на Балканов да се поврзани со автопат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Сухарека-Призрен-Граница со Албанија (воздушни слики)









 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
^ова све каури робови го праеле?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Тирана-Елбасан наместо 55км , ќе биде 31км , односно 40 минути побрзо.

За рекордно време , веќе се отворија 1км тунел (од вкупно 4.1км тунел колку ќе треба да се отворат) во автопатот Тирана-Елбасан.
Пробиен вториот најголем тунел во Албанија

Отворени и последните метри од тунелот на Краба измеѓу Тирана и Елбасан (првин беа предвидени 4,1км, но сега се пробија 4,9км).

Беа ископани 470.000 кубни метри камен.

Тунелот се проби 6 месеци порано од предвиденото , со што според Бериша на средината на 2013та целиот автопат Елбасан-Тирана ќе биде завршен.

Последните години во Албанија се изградија илјадници километри патишта.


Тунелот







 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Од денеска може да се започне автопатот Приштина-Блаце (граница со Македонија


ММФ и даде зелено светло на Косовската Влада за изградба на 55км автопат кон Македонија , предвидена вредност на автопатот од 600 милиони евра.

Министерот за финансии на Косово вели дека во текот на 2012 ќе биде завршени сите процедури.
А од министерството за инфраструктура велат дека на почетокот од 2013та ќе започне изградбата на автопатот.

Косово моментално си гради автопат од границата со Албанија до Србија ... а ако започнат со изградба на Приштина-Блаце , тоа ќе бидат два автопата кои се градат истовремено.

Според министерот за финансии Хамза , автопатот може да се изгради од буџетски средства или од приватниот сектор или пак со јавно-приватна соработка , само треба да ја процениме користа.

коха
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Големо поврзување како замена за Голема Албанија?

Пораките за обединувањето на Албанците преку Европската унија и со изградба на големи инфраструктурни проекти искажани на завчерашната прослава на Призренската лига на Kосово се рационални и се резултат на новата политика кон албанското прашање во регионот. Ставовите што ги искажаа албанскиот премиер Сали Бериша, косовскиот Хашим Тачи и лидерот на ДУИ во Македонија Али Ахмети се нови тонови и обид да се ублажи стравот од новото прекројување на границите за создавање некаква големоалбанска држава.

Вакво е мислењето на политичките аналитичари по пораките на тројцата албански лидери од три соседни држави искажани на прославата на 134-годишнина од создавањето на Призренската лига, албанска политичка организација формирана во 1878 година во Kосовскиот вилает на тогашната Отоманската Империја за да се обединат вилаетите Kосово, Јанина, Манастир и Скадар во една автономна држава на Албанците.

На завчерашната прослава во Призрен Сали Бериша упати апел до соседите да се ослободат од предрасудите за Албанците. Лидерот на ДУИ рече дека Албанците, како и во минатото, треба да го следат патот на обединувањето преку Брисел.

Kосовскиот премиер Хашим Тачи зборуваше за повеќе важни инфраструктурни проекти.

- Го градиме автопатот на нацијата Драч - Приштина, набргу ќе почнеме со изградба на автопатот Приштина - Скопје. Се работи на овие планини да се отвори тунел, кој ќе н` поврзува со Тетово и Гостивар, на начин со кој ќе нема граници меѓу Албанците - изјави Тачи.

За политичкиот аналитичар Слободан Чашуле, ова е пример кој покажува дека новиот концепт за решавање на т.н. албанско прашање е во рамките на ЕУ.

- На тој начин, преку Брисел, ќе дојде до обединувањето на Албанците што живеат во Албанија, Kосово, Македонија, Црна Гора и јужна Србија. Затоа, од една страна, не сум изненаден и ме радува што се оди на позитивен национализам, кој не предвидува создавање нови држави од минатото, туку има еден современ пристап. Но, разочаран сум што од истите тие причини, ние сме блокирани од Грција и од Бугарија за да можат и Македонците од соседните земји да се обединат преку ЕУ. Ме радува и тоа што сега Албанците, меѓу кои с` уште има и вжештени глави, за да ги остварат своите цели, сега ќе треба да ~ помагаат на Македонија - смета Чашуле.

Македонската и јавноста во регионот изминативе години беше сведок и на многу изјави на различни политички личности во албанскиот етнички корпус, а кои неретко имаа радикални ставови во однос на менувањето на границите во Македонија и во регионот. Во Македонија, пред повеќе години, дури беше и одржан своевиден референдум за „политичката творба Илирида“.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека со изговореното во Призрен се пратила јасна порака за уривање на стереотипот оти Албанците се залагаат за етничка или голема Албанија.

- Албанската политичка карта не е за голема Албанија, оти тоа не е идејата. Политичката ориентација на Албанците е ЕУ и зближување преку евроинтеграциите. Потенцирањето на инфраструктурното поврзување меѓу Албанија, Kосово и Македонија е рефлексија и на фактот дека од политички причини во време на поранешна Југославија не се сакало ваквите проекти да се реализираат - смета Муслиу, додавајќи дека ова е и пораката оти Македонија не треба да заостанува на тоа поле.

Шкељзен Малиќи, политички аналитичар од Kосово, исто така, смета дека политиката што ја водат овие лидери е мошне „рационална“.

- Во косовската и во албанската политичка елита преовладува рационална струја, која е свесна на значењето на вакви проекти. Тука е и проект кој патот од Драч кон Приштина треба да го продолжи до Ниш. Сето тоа кажува колкава е важноста на вакви проекти бидејќи економскиот развој сигурно ќе придонесе и за политичката стабилност во регионот - наведува Малиќи. (Б.Ѓ. - М.Т.)
#


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BBB98D2382440F4C86F1A2419454EEC7
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Автопатот Приштина-Скопје ќе почне да се гради во јануари 2013та

Министерот за Финансии на Косово , Бедри Хамза , вели дека ги имаат обезбедено парите за изградба на автопатот и дека во јануари 2013та ќе почне со изградба првата делница Приштина-Урошевац (Феризај) , кој треба да заврши истата година.

Постои голема можност овој проект да се финансира од буџетот на Косово , без задолжување.

Автопатот од косовската Влада е ставен во топ приоритетите.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ете уложуваат, у план им е кај и да е да го завземат Скопје, ќе треба оружје по некој пат да се транспортира.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom