Од каде ти се податоциве?Како второ од каде си сигурен дека туристи доаѓаат во Скопје да се сликаат а одат во АЛБАНИЈА на шопинг???Да ги гледаат на Енвер Хоџа БУНКЕРИТЕ???И да купуваат скулптури во вид на бункер???
Така би направил јас , не ми треба 1 недела за да посетам проект како што е Скопје 2014 , споменици расфрлани на еден плоштад.
Овие пари требаше да одат за Охрид-Струга , Преспа-Дојран , Попова Шапка-Пелистер.
Скопје покрај тоа што е третина од државното население , за жал исто така е пола од економијата и град во кој се остварени повеќе од третина од сите туристички посети.
Скопје=Држава , би рекле навивачите, па после се бунат зошто ни нудат решенија за името во кое би се вклучило Скопје.
А извини ти си експерт така, и работиш во министерството за туризам така?Да бе стварно те заборавив.Извини
Без разлика што како со лавовите итн,но сите светски медиуми се интаресираа за нив и известуваа(поударна вест беа ни него ли влезот на Албанија во нато)па дури од Скопје дирекно во живо известуваа.
Феномено , тоа е Скопје 2014 , зошто се чудеа , велеа имаат 33% невработеност , исто толку сиромашни , а трошат пари во бронза.
Скопје 2014 , пет годишен проект , трошени 300.000.000 евра , главен проект преку кој не знаел цел свет , и за кој проект се известувало во живо.
Албанија за помалку од 4 години изгради автопат од 1.000.000.000 евра (170 километри, на пример Скопје-Охрид). ( а уште многу други патишта, рачунај 500.000.000 долари годишно трошени за патишта).
Зарем не знаел Бериша да изгради 3 проекти како овој Скопје 2014 , наместо да изгради автопат? Ако изградеше 3 вакви , дали Албанија ќе беше понапредна , а од друга страна и понатаму ќе им гинеа граѓаните возејќи се низ козји патишта.
Секоја држава може да изгради свој Главен Град 2014 , но не е моментот.
Па ај паметен си предпостави дали има подобра реклама од тоа.?
Најдобра реклама е кога ќе ти дојдат туристите и кога ќе се уверат , кога ќе одат од Гостивар до Охрид , и три пати треба да застанат за да повратат заради лошиот пат.
А за Албанија па дешко уште колку има да се гради за да се стигне до некое ниво и Сали бери не е свесен.поготово сега кога Грција има проблеми на економски план во која работеа приближно 1мило Албанци и огромни пари носеа дома.А сега само помаранџи и банани можат да понесат.
Има за градење и се гради.
Ако не носат печалбарите , сега носат туристите и економијата.
За 8 месеци оваа година , Албанија беше посетена од 3 милиони туристи. Значи Албанија сега има повеќе туристи него жители. Од кои 2.1м се странски туристи , спореди ја со Македонија со 260.000 странски туристи (за цела година, не за 8 месеци).
А да и морам да напоменам дека првите семафори во Албанија ги имаат монтирано во 1992 год, во Тирана.Е па ај сега видете уште колку работи треба да се направат за да ја споредете Албанија со Македонија.
И што сакаш да кажеш со ова.
Оди и во Дубаи , речи им , абе вие сте заостанати , до 1980 тука било све пустина, во шатори сте живееле.
Епа тоа е разликата , Албанија немала семафори и автомобили , а сега има поубава инфраструктура од нас.
Јас би го прашал владетелот , абе море пред да дојдеш ти све имавме , само требаше да ни обезбедиш работа , имавме семафори , автомобили , болници , фабрики , патишта , кај се парите.
Еве Албанија знаеме кај ги трошете парите , но каде ги трошевме ние?
Ако велиш дека сме немале пари , тогаш прашувам зошто нема , како можеше Албанија да направи пари без семафори и патишта.
Во Албанија пред падот на комунизмот само функсионерите имале автомобили , но веќе во 1993-та имало
56.000 автомобили , во 2000-та се дуплирале на
114.000 , а после 10 години (2010) бројката стигнала на
300.000 регистрирани автомобили.
--- надополнето: Nov 15, 2011 4:29 PM ---
Дрданија, знајш ли кога ќе бидит готов патот Тирана - Дебар??
Велат дека во 2013-та ќе заврши целосно тој источен дел , а наводно Тирана-Скопје наместо 6 часа , ќе биде далеку само 3 часа.
Ама мислам дека нашиот дел до Дебар е лош ?
Ако средат и од наша страна , тогаш Тирана ќе не биде доста близу, истовремено и Драч со пристанишетото.