Прозни искри

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Денес денес е ден за душевна хипокризија,за сплотување со немирот за бранување на духот...денес денов е проклет,можеби сам по себе или после нешто,битно не е сам против себе..има причина..
Ќе прегризе некогаш човек усни ,ќе раскрвари непца,ќе се отера кај што не треба зашто дозволува да му затрперат нозете.Проклетиот страв некогаш ќе те натера да му ги бакнуваш стапалата заблагодарувајќи се,иронично,што тој воопшто постои..
Денес е денот,кога небото ти се смее а не ти се насмевнува,кога дождот не освежува туку те лазат морници од него,од ударите на прозозрецот кој ги предизвикува...
Денес е денот на морална хипокризија,своја ,туѓа,сечија.Најтешко проклетство е ако истиот се претвори во столетие.
Насмевни се сепак....утре ќе дојде,макар и после столетието вплотено во еден проклет ден...

Ситен дожд удираше по прозорците..нејзиното тело се допре до ладниот прозорец,со десната рака ги прекриваше своите усни.Немо гледаше надвор обидувајќи се да ги погоди силуетите надвор кои се видоизмениле од ситниот дожд.Го подотвори прозорецот,свеж воздух навлзе во нејзините ноздри.Нејзиното срце не чукаше ,туку подрипнуваше,тактот не му беше правилен,наизменично ги менуваше своите акорди.Левата рака ја постави на тие акорди,со десната рака на усните а левата на срцето изгледаше како да сака да сокрие нешто,да го стутка во себе,како да се срами,а напротив таа се обидуваше да го сочува вкусот на туѓите усни на своите и да го почувствува туѓиот траг врз своето срце.
-О,Боже ,те молам без лузни ,не и овој пат-морници ја полазаа,како да сети страдање и топлина истовремено-Сигурно полудувам..сигурно...
Си го прекри телото со рацете ,однадвор ветерот ја удираше во грбот,но морниците не беа од него,беа од нешто одвнатре,нешто доволно сурово да ја натера на саможртвување,ако е потребно.Очите ги фокусира на силуетата која мирно спиеше на креветот.Неговото челично лице беше потонато во длабок сон,одвреме навреме ситен грч и гримаса се појавуваше на него но сосем кратко.
-Тој може светот да го носи на своите плеќи,сосе мене-си помисли.
Седна на креветот приближувајќи му се близу.Сакаше да го допре но само би го разбудила ,ќе му го уништи сонот а себеси ќе си ја уништи убавата глетка.
-Кога станав толку патетична и ранлива,речиси глупава...
Телото почна да му се поместува и тој се разбуди.Се насмевна
-Зошто не спиеш-ја повлече врз себе
-Не можам,не знам-се трудеше да одговори но излегуваа само глупости од нејзината уста.
-Можам ли да ти помогнам?
-Не можеш.
-Што е работата?
-Ах ништо посебно,станав патетична,не треба да обрнуваш внимание на тоа.
-Патетична ,хм..-се трудеше да погледне во очите кои ги одбегнуваа неговите-зошто?
-Ме менуваш,не знам дали тоа ми се допаѓа или повеќе ме плаши ,но знам дека ми се случува.
-Зарем промените се толку лоши љубена?
Љубена и одѕвонуваше во ушите...Љубена...
-Не знам ,ќе видиме,времето е праведен судија за сите.
-Ти не си патетична,ти си едноставно тешка,само не знам длаи правиш разлика меѓу тие две нешта.
-Тешка?
-Мислиш ли дека ако не зборувам,не гледам..о,да те гледам,ти ги гледам гримасите,ти ги слушам ноќва ситните чекори кои неуморно шетаат по подот,ти го чувствувам трепетот додека те држам сега во рацете и да можам да забележам дека не сакаш да ме погледнеш во очите..Што криеш,од што бегаш?
-Од повторување..научив доволно не ми требаат нови лекции.
-Не.Бегаш од мене,ако ме сметаш за повторување не можам да ти објаснам колку тоа боли,зарем јас сум едно исто во една редица,зарем сум копија на се што било пред мене..биди достоинствена да ми кажеш,ако премолчиш со брзина на светлината заминувам ноќва...засекогаш.
Таа се исплаши,повторно срцето почна да и подрипнува,ете го стравот..
-НЕ!Не си ти повторување ,ти си нешто ново,затоа е толку тешко,не знам ниту што да мислам ,ниту што ми се случува како да си ме приклештил во ќорсокак,напати немам воздух ниту зборови..не не си повторување.
-Никогаш нема да признаеш нели,никогаш нема да изговориш..но добро,доволно е она што можам да го прочитам од твоето однесување,од немирот ,од сите твои чекори што ги правиш,јас сум впрочем сосем сигурен дека е онака како што мислам и чувствувам,и биди спокојна нема да треба да ми го кажеш она што јас сакам да го чујам,веќе знам се.
Замолкнаа.Таа легна не говите гради,насмевка и се разлеа на аглите од усните.
-Тој знае.-си прошепоти себеси.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Само навистина страсниот пушач може да ја спознае заводливоста што ја прави чадот во собата, уникатноста на моментот кога жената го испушта од своите гради. Мора да има некаква поврзаност помеѓу жената и цигарата, некакво семиотско значење. Никогаш не сфатив кој кого поседува во мометот кога сивиот пламен и ги гали усните, ни дали димот беше поблизок до пламен или до вода.
Затоа секогаш станував од креветот кога ќе посегнеше по табакерата на масичката. Јас ја уништував сликата, а вака, гледајќи ја од далеку, погледот беше оргазмичен. Не знам дали може да се употреби сексуален израз кога се зборува за глетка, но по ѓаволите, ништо што не е сексуално не ми доаѓа на памет.
Понекогаш навистина помислувам дека не постои ништо побоженствено од моментот кога задоволеното женско тело го галат пламените јазици.
Понекогаш и не го приметувам тоа, просто се губам во нејзиниот поглед. Ретки се луѓето кои со еден поглед бараат се од вас. Жената е свесна дека го поседува мажот уште и пред тој самиот да увиди, убеден сум во ова. Таа само си игра со мене, ужива да гледа како мислам дека сум крал на светот кога сум врз неа. Таа е злобница, божица, таа е целиот хаос собран на светов.
 
V

[vladimir]

Гостин
...Vo seloto se rascu dosol nekoj covek. Baral lek za bolnata majka. Bil mnogu siromasen i se nudel za argatluk edna godina, ako se najde nekoja baba sto ke znae nekoj iljac ili nekoj marifet da mu pomogne. Patuval mnogu. Pominal mnogu sela i gradovi po carstinata. Najposle stignal go najoddalecenoto selo vo podnozjeto na planinata, kako sto vikaat na krajot od svetot bilo. Se rasculo po celo selo deka covekot maka ima, deka ako treba i rakata na gjaolot ke ja dade samo da ja spasi majka mu.

Jana bese moma taman za mazenje. No, strojnici nikako da dojdat vo nejzinata trosna kukja. Nemase tatko, nemase majka, bese ostanala sirace od mala, ziveese so svojata baba. Siromaska ostanala sama iako licna kako ni edna druga moma od seloto. Sekoj den tokmu napladne, Jana odese na ceshma kako site momi po voda. Odejki toj den, gi vide nevestite koi so polni stomni srekno se vrakjaa kon doma. Se kikotea kako cavki i nitu edna ne i progovori. Jana odamna znaese oti ne pripagja megju niv i prestana da place sekoj pat koga ke i dofrlea po nekoj los zbor. Stom stigna na cesma, vide eden robusen maz. so crna gusta kosa i krupni oci, celite potopeni vo solzi. Si miese lice, no stidenata voda nikako ne mozese da gi pokrie gorclivite solzi i natazenoto lice.

- Jabandzio, sto maka te donese vo ova prokleto selo? - Tivko go prasa Jana

- Maka imam mome, dojdov da baram care, a selanive majtap igraat so mene.

- Ovde nema dobri lugje - So nasolzeni oci mu kaza Jana, no ima lek. Ke te odnasam kaj baba mi taa gi znae site iljaci za site bolestini. Samo da te potprasam za kogo baras spas?

- Majka imam mome, bolna e kutrata, velat oti ne ke prezivee zimava - so zasipnat glas i odgovori jabandzijata.

Na Jana i zarigra srceto, nemase kutrata videla tolkua gramaden maz, tolku cvrst, a sepak tolku skrsen. Poita da go odnese kaj baba i, edinstvenata sto mozese da mu pomogne. Koga stignaa vo nejzinata trosna kukja, starata samo sto sluzna za sto care bara jabandzijata odma go znaese marifetot. No, pred jabandzijata da go zeme lekot, Jana progovori - majkati ke zivee, no so lekot i nevesta ke i odneses v kuki da se poraduva.
Jabandzijata se podzamisli, no vide deka nema drugo care, se soglasi da ja zeme za zena.

Lekot go pratija po karavam koj odese vo negovoto selo, a jabandzijata ostana uste nekoj den, da vidi kako moze na drug nacin da i se oddolzi na starata za darot sto mu go dati. Ne najde. Ostana so zborot sto go dade oti ke ja zeme licnata Jana za svoja zena. No, ne mozese znaese deka ne smee. Srede nokta, pred prvite petli da propejat, se iskrade od plevnata vo koja prenokjuvase i kinisa kon doma. Itase brzo kolku sto noze go drzea. Ne mozese da prestane da misli na onie koi go cekaa doma kraj ognisteto.

Podzastana da se odmori kraj seden izvor. Se napi od vodata slatka kako med i studena kako kamen. Togas vide izgrejsonce zad sebe, ja vide Jana kako trca po nego.

- Me izmami jabandzijo. Sega lekot nema da ti fati!!!

- Ne sum te izmamil cupe, patot do moeto selo ne e za tolku licna moma pes da go odi, nemozes da odis preku visoki gori, da gazis po dlaboki reki, tvoite nezni noze ne se za toa od gospoda dareni, jas bev trgnat da vidam dali majka mi e dobro, a potem da se vratam so strojnici i kako sto e red so darovi da te pobaram - se pravdase jabandzijata.

- Ne lazi jabandzijo. Takvi solzi ne se leat za majka, si imas ti zena, zena sto se maci od bolestini. Ama nema da se maci uste dolgo.

- Sto stori pusta Jano?

- Vo lekot posladok od slatko staviv otrov. Znaev deka ke me izmamis.

- Crna Jano! Decinjata mi gi otru! Majka im ke im dade da kasnat od slatkoto. Crna kucno! - Vikna jabandzijata, zede kamen frli po Jana i ja pogubi.

Se kaci na najvisokata karpa i se frli nesakase da zivee zivot bez zena si i cedata najmili.
*
*
*
Vo dalecnoto selo, kade sto eden covek otide po lek za svojata maka, nikogas ne go docekaa nazad. Negovata zena umre od bolestina, a dvete kerki ostanaa mali siracinja. Ottogas ziveeja so nivnta baba. Posledno sto se rascu bese oti iljacot sto go bea ispratile go ubile aramii. Toa im bese posleden spomen od tatka si.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Омраза!

Знаеш...Тука ќе ги исфрлам сите оние комплекси и фрустрации што ми се створени длабоко во мојата психа свест и совест поради твоја вина. Дали си посакал некогаш во твојот живот да ме запознаеш? Да прашаш како сум? Да ме видиш и да ме почувствуваш како нешто твое? Се прашувам, каква совест имаш ти? Си помислил некогаш, што си оставил позади тебе? Што си створил? Дали си помислил дека некој пати и страда, некој е желен за твоето внимание... За твојата прегратка. Залудно е ова што го пишувам. Ништо нема да допре до тебе. Камен!
Знаеш...Колку пати сакав да те запознаам и нема да речам дека сега се променило нешто. Повеќе немам потреба од тебе. Немам ниту од твојата прегратка која патем никогаш не си ми ја пружил. Не си се ни потрудил да ја пружиш. Сега имам страшна потреба сите мои комплекси и фрустрации да ти ги исфрлам во фаца, преку еден сочен балгам кој ќе го соберам од петици. И додека си го бришеш одамна извалканиот образ, да ти кажам работи кои се надевам ќе допрат до твојата камен од душа... Знаеш што ти посакувам? Посакувам пред да умреш да ме побараш, да не испуштиш душа додека не ме видиш...Макар за прв пат во твојот живот и последен нека биде... Сакам да ти докажам дека и без тебе сум човек. Сакам да бараш прошка. Очајно да молиш за неа и да не ја добиеш. Од мене барем никогаш! Сакам да умираш со грижа на совеста и товар. Барем за секунда да почувствуваш како е! Иако неможе ни приближно да боли од тоа што ти ми го имаш створено мене! Очајнички сакам да молиш да ти простам се за што ме снашло во животот поради твоја вина! Поради твоја себичност алчност и амбиција. Поради тоа што си го оставил и никогаш не си го побарал. Посакувам никогаш да немаш мир во твојот живот. И додека го пишувам ова, омраза, страшна омраза ми извира од очите, душата, срцето сржта... Сакам да имаш болна и бавна смрт! Да те боли додека умираш, да те боли за сета болка што ми ја имаш нанесено. За секој комплекс, за секоја потреба од тебе во мојот живот.
Последно ќе ти кажам само...Многу сум среќна што нема ништо твое во мене. Затоа што јас за разлика од тебе сум човек со чувства. Некогаш, кога и да е, се надевам дека ќе биде ќе ме побараш знам! Ќе се појавам, само за да те плукнам и да ти кажам дека поголема омраза немам почувствувано за никој во животот.
 
К

Кики.

Гостин
Последната солза се стркала по нејзиното тркалезно лице.
Се надеваше дека ке и се јави да и каже дека ја сака најмногу и дека сака да биде само со неа, но тоа не се случи. Тој никогаш не знаеше да ги цени нејзините солзи ниту зборови упетени кон него. Ја остави поради неговата повредена гордост, поради тоа што сакаше да биде со таа која го одбила, а не со таа која му дала се.
По некое време се врати кај неа, но кога ја побара дома ја немаше. Ја бараше насекаде и тогаш една нејзина пријателка му рече дека таа одамна не е во земјата, но го излажа.
Нејзиниот гроб секогаш беше осамен. Tој продолжи да ја бара, но никогаш не ја најде. Така се уништи и себе и неа, но неговата гордост не му дозволуваше да го признае тоа.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Кристофер

Малкумина знаеја за напуштеното море, а уште помалку можеа да знаат што се случи со неговата тајна која беше завиткана во најтажното име – во неговото. Сега повеќе не е важно. Сега гласовите го отпејаа, очите го отплакаа, патеките ја спуштија правта кон себе и го продолжија започнатото.
Кристофер. Секогаш стоеше под искрениот симбол на неговото име, тој беше проклето искрен. Аман! Зар проклетството секогаш е насекаде, па и во секој збор.. Но на кого му е важно за вистината на Кристофер, тој одамна ја завитка својата последна приказна во името, а никој не знаеше за тоа. Вистината нели, вистинска е сѐ додека не биде кажана, потоа не е. Потоа е придружена со сомнежот. Таа е вистинска само кога е дознаена без да биде кажана. Ете, Кристофер затоа ја чуваше во името, ја носеше секогаш во себе и сите околу него ја изговараа кога го повикуваа, но тој никогаш не сакаше да ја каже никому, а малкумина ја дознаа, но дури отпосле.

- Те замолувам, не! Не го корни твојот сон, тој уште не е досонуван. Но навистина тој ништо не погрешил, немој! – Вака изговараше таа додека напуштеното море силно пловеше, цврсто сигурно во својата волја.
- Ти го погреши него, ти мислиш дека тоа е сон? Зошто тогаш јас мислев дека беше реално? – Го насетуваше секое чкрипење на нејзините мисли. На крај го испушти името во моментот кога таа го бакна за да подоцна и безволно да го напушти.

Напуштениот Кристофер не знаеше што после исечениот сон. Тогаш го замижа погледот и тивко заплови низ своите бранови. Тој беше првото море што воопшто некогаш беше напуштено. Неговите втиснати води во мекото песочно дно, сѐ уште го оцртуваа неговиот отисок, но морето одамна се повлече далеку, одамна си замина оттука. Својата приказна никогаш не ја имаше кажано, ја избудали веројатноста за нејзината точност. Се избудали себе си само за да не ја каже, па толку силно полудуваше што не би си верувал ни на себе да си ја каже. Се чувствуваше сам, за прв пат сам, безбојно сам.

Чуваше нешто во мислите кога последен пат прозборе, чинам неа ја чуваше, само неа можеше да ја чува таму крај себе, рече: „таа е мојот специјален ангел, вие го знаевте тоа нели..“
.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Димот од цигарата кој толку и пречеше, упорно го вдишуваше, а алкохолот кој толку и штетеше упорно и ги влажнеше усните.
Сакаше да ја истоксицира целата таа тага, но нажалост тага сега имаше ново име за неа...Името кое толку многу ја болеше и отвараше некои стари рани кои се надеваше дека се одамна заборавени.
Со спомените не можеше никако да се справи.
Живееше во константна заблуда за подобро утре и ноќ без него во нејзините соништа...Бар по добро да го памтеше
Страшно ја интригираше целата таа филозофија околу разделбите и спомените после тоа.
Што после? И полесно би било кога би имало некој прирачник или упатство за што потоа...
Не е интересно тоа што девојката ќе го каже туку тоа што ќе го премолчи...а она премногу долго молчеше..
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Само таму имам одишка,само таму можам да се одморам .Таму сите бои исчезнуваат ,се станува бело...Немам соништа зашто не ми требаат,немам стравови зашто не се неопходни.Не ми треба логика,не ми треба одмор,ниту разговор,не ми треба оружје зашто немам потреба да се борам.И да можам да плачам ,солзите низ него ќе се слеат не низ очите,можам да викам а низ усниве да не излезе ни звук.Можам да зборувам против сите и против никого без да имам грижа на совест дека си навлекувам грев.
Можам да признаам дека нешто ме измачува без притоа да се чувствувам дека си признавам слабости,можам да бидам најдоброто човечко суштество зашто таму не чувствувам закана од ниедна страна и затоа не морам да згазам никого.
Тоа не е нирвана,не е Едем,не е состојба ...
Бело е,се оформува под моја закрила,јас сум патот по кој се движи,јас го бојам ако погрешам.
Нема род.....
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Стана полека од својот кревет на вода и го погледна изгрејсонцето од добро осветлената соба. Го зема шишенцето со вода од малата округла масичка и неколку голтки и се провлекоа низ грлото на кое беше закачено ланчето од бело злато на кое беше совршено изгравирана буквата Д. Ќе го види ли денес?
Еден начин да дознае.
Нејзиното утринско џогирање започна како и секогаш. Го мразеше секој дел од оваа активност, но тоа беше здраво за неа и беше приморана да го прави најдоброто за себе.
Се истушира и после 15тина минути со себе го водеше прекрасниот мирис на лаванда низ собата. Се загледа во океанот. Толку боженствено убав, неможеше да замисли друго место каде што повеќе би припаѓала. Ја зема штицата за сурфање од плакарот и нејзиниот лосион за потемнување.
Мирисот на океанската шир ја исполнуваше, и даваше доза на внатрешен мир додека ги наблудуваше брановите и допирната точка на небото и океанот. Беше совршен хоризонт. Со своите прсти поминуваше покрај своето младо тело мачкајќи се со маслато за потемнување, кога некој отпозади ја фати за половината и ја турна нежно во песокот. Во тој момент слушна кикотење и сфати дека прекрасните зелени очи се насочени кон нејзиното тело.
-"Ej Ди!" - извика восхитено
-"Што ти се случило, мала?" - тој се исправи на нозе и и ја подаде раката за да стане. - "Ммм, фантастично. Бомба."
Од скала за потемнување од 1 до 10, таа имаше барем 6ка. Фала богу, инаку веднаш ќе и се познаваше руменилото на образите кога тој неа ја нарече БОМБА!
Не дозволи да се збуни и брзо му врати: -"А ти? Дали забележувам стомачни?" - му се насмевна и се загледа во неговите нови боксерици за пливање.
Ди си помина со рацете на смеѓата коса и одговори: -"Ма ајде, зошто сеуште збориме? Те предизвикувам да ми ги покажеш новите финти на брановите."
-"Предизвикот е прифатен." - климна задоволно таа.
По неколку секунди, двајцата се затрчаа кон океанот со штиците во раце. Тој ја следеше неа. Всушност, таа имаше повеќе искуство од него во овој спорт, но тој не заостануваше. Јаваа на брановите вдишувајки го солениот мирис на Пацификот и нивните штици лебдеа во воздухот при секое скокање на бран дури до 7 стапки.
Ди се измори прв и се упати кон брегот. По неколку минути ја забележа нејзината намокрена витка става како излегува величенствено од водата. Зар толку се променила? Ни тој не беше истиот дебелко како некогаш. Тргна кон неа и неможеше да одолее на желбата и ја привлече блиску до себе и ја бакна. Океанот им беше сведок. Таа му возврати и потоа стоеја неколку минути гледајќи се. Мораше да ја прекине тишината.
- "Хм, ќе одам да појадувам. Чао Ди!" - му мафна со раката.
- "Губи се, се гледаме подоцна."
Потоа тој се изгуби некаде а таа отиде во својата соба гледајќи го океанот. Тој беше дел од неа, занесното секојдневие. Како помала знаеше да сурфа подобро отколку да оди. Неколку пати имаше видено делфини, ги знаеше морските видови, ја познаваше плажата и секое зрнце песок. ОКЕАНОТ БЕШЕ НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ. Нејзиниот бакнеж пред океанот. Дали е заљубена? Во неа имаше море, океан.. нејзините чувства беа разбранети. Можеше да ја контролира ситуацијата на океанот, да ја води својата штица.. но оддеднаш беше збунета. Ди. Нејзиниот пријател од детството штотуку ја бакна. Неможеше да го контролира своето срце. Тој беше нејзиниот Посејдон. Оној кој можеше да го смири и разбранува океанот од чувства во неа. Оној кој можеше да ја води нејзината штица кон љубовта.
Вечерта повторно им се сретнаа погледите. Бараа заедно школки во песокот. Се смеева. Тој ја држеше за рака, таа сонуваше пеејќи ја песната на сирените. Сјајот во неговите очи не беше ни приближно еднаков на сите ѕвезди на небото, беше посилен. Тој влезе во нејзината орбита, во нејзиниот океан. Таа првпат дозволи некој да ја води нејзината штица.
 
N

Nephthys

Гостин
Сакам да зборувам за светот кој повеќе не постои,за време кое одамно поминало и кое нема никогаш повеќе да се врати.Лажните надежи се будат во човекот кога ќе почне да сонува за работи кои се мртви,а мртвите нема никогаш повеќе да бидат живи.Па која е тогаш поентата на тие соништа и каков е тој човек кој живее а е опкружен со мртовци?Романтичар ќе рече некој,затоа што романтиката веќе е одамна мртва,но тој и таква ќе ја сака затоа што таа веќе била мртва кога тој се заљубил во неа.Мртва а бесмртна.
Пробувам да се смирам и да си ги средам мислите.Знам дека ако ги отворам очите и престанам да сонувам ќе им се придружам на моите покојници и затоа продолжувам да сонувам со отворени очи со надеж дека еден ден соништата ќе станат реалност.Мислите летаат во непознати правци,земји и места кои повеќе не постојат,некогаш се сомневам и во сопственото постоење и се прашувам дали сум воопшто тука и го пишувам ова или сум само дух кој некои едвај го приметуваат и се молат да се ослободат од него секоја вечер пред да ги затворат уморните очи и одат на спиење.
Кој сее бура ке жнее олуја.И тоа луѓето многу често го забораваат,затоа повеќето од нив нема никогаш да се соочат со сопствените демони и еден ден ќе го напуштата светот како сеништа кои бесмислено ќе лутаат низ бесконечноста.
Одбивам да бидам една од нив.Патот кој води до рајот е послан со трња.За многу среќа треба да се помине низ многу тага а на крајот кога среќата ќе дојде човек толку е навикнат на тагата што новата гостинка бесмилосно ја брка од својот трем.Бесмисла и смисла,а не смисла и бесмисла.Мора прво да поминеш низ бесмисленост за да дојдеш до смислата и тогаш кога стигнуваш до неа настапува тагата.Да живеат тажните кловнови,тие декадентни пријатели толку драги на моето срце.Доаѓаат на посета во дождливите денови.Секогаш кога врне чукаат на мојата врата и бараат засолниште и љубов.И јас им ја давам,онолку колку што ја имам и заедно ги делиме солзите.Ах,мои меланхолични пријатели..добродојдени сте во мојот дом и во моето срце.Вие секогаш ми останавте верни.Никогаш не ме одминавте.Ви благодарам за тоа.Го наполнивте моето срце со слатка тага.
Знам дека наскоро ќе се вратите кај мене пак,како што мајката секогаш се враќа кај своето дете,со вашите бели лици и портокалови балони ќе го исполните воздухот со мирисот на минатото,а јас вечно ќе останам заробена во него.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Чоколадо во комбинација со Шаде и некој трагедија/романтика која уште повеќе ја тера да ги конзумира калориите со надеж дека ќе го засладат нејзиниот горчлив живот и вино во комбинација со солзи.
Солзи кои се убедуваше себеси дека се поради нискобуџетниот филм кој продава трагична љубов, вината поради свесното гоење и вистиноста во стиховите.
Самозалажување, што корист од тоа кога реалноста ѕирка зад аголот и не те остава ни за момент да фантазираш.
Порано или подоцна ќе те лупне по чело чисто за да те разбуди од сонот.
Продолжи да седи во затемнетата просторија, од која единствената светлина произлегуваше од тв приемникот, го лижеше своите рани на начин кој беше соодветен за неа и трпеливо го чекаше следниот удар по челото.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Демонот е главен протагонист во претставата наречена дом. Психоделична трагедија каде дури и весникот соработува со сценариото и е отворен на страницата за црна хроника. Ѕидовите скиснато треперат, потопени во изнемоштеност и постојан притисок. Меѓу нив немоќно две аури на столченост, поттикнати една од друга, испружени во меѓусебно киселинско нагризување. Да се постои несфатен и никогаш докрај истражен, е нормална човекова универзалија. Но преку сите соѕвездија и кратери, дури и во најдлабоката кафеавост на она што го исфрламе од себе, постои ген. Генот на пајаковата исплетена мрежа, генот што ни доделува секогаш еднаква, напати језива улога, полазена со отров. Проклет нека е ѓаволот и секоја негова пипка.





 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Се разбуди и тоа утро, обично како и секое. Ги отвори очите без малку благодарност што ја гледа светлината со целиот нејзин сјај и што сонцето повторно влегло во нијзината соба, одвојувајќи само за неа сноп од своите зраци кои истовремено ја камшикуваа и и ласкаа. Намуртено го погледна часовникот и го покри лицето со двете дланки во знак на негодување што треба да го напушти безбедното засолниште на сонот и да се соочи со не така пријатните обврски што ја чекаа штом ке ги спушти стапалата надвор од креветот. Сепак стана. Мораше.

Ја изврши утринската рутина со механичка прецизност не забележувајќи ги работите околу себе, не обрнувајќи внимание на деталите што ја опкружуваа. Полурасонета седна на неудобната столица започнувајќи го денот на истиот вообичаен начин, правејќи ги сосема истите потези како да е програмирана да работи на тој начин. Седна пред компјутерот и започна со својата мисија - Што побрзо и побезболно да го изгуби времето. Дезорјентирано луташе кога налета на неговото име. Нешто во неа се сепна. Не, не беше тоа обичен нагон за разбивање досада. Ги препознаваше таквите многу добро. Ова беше нешто поразлично. Реши да продолжи понатаму. Но само малку. Се плашеше да превземе големи чекори. Се плашеше и од оние малите. Помисли дека е каприц и дека брзо ќе мине а од ден на ден само повеќе се вкопуваше во неа пуштајќи корења кои се ширеа се подлабоко. Се хранеше со минатото не осмелувајќи се да направи нешто за да ја промени иднината. Секој пат кога ќе помислеше да направи нешто се кочеше себеси и остануваше со утехата дека тоа може да го направи утре кога ќе биде посигурна во себе. А и која беше таа за да упадне како комета во нечиј живот, без најава и објаснување...

Се разбуди и тоа утро, обично како и секое. Ги отвори очите без малку благодарност што ја гледа светлината со целиот нејзин сјај и што сонцето повторно влегло во нијзината соба, одвојувајќи само за неа сноп од своите зраци кои истовремено ја камшикуваа и и ласкаа. Таа не го сакаше ласкањето, бар не тогаш кога не беше вистинско. Или можеби беше само срамежлива...

Го бараше неговото име убедена дека денес нешто ке се промени, ке се роди некоја космичка енергија во неа што би ја водела во толку тешко остварливата намера, истото убедување кое го носеше со себе и претходниот ден. Но овој пат навистина беше поразлично. Овој пат ја чекаше изненадување на спротивната страна. Ја чекаше едно големо ништо. Не можеше да поверува во тоа што го гледаше. Зошто? Како? Па таа не беше подготвена да се откаже од својата намера, само ја одложуваше. И сега тоа што и беше на дофат на рака и стана далечно и недостапно. А знаеше дека е самата виновна. Одложуваше, се противеше, си водеше инат сама на себе. Одложуваше без да помисли на фактот дека можеби утре е веќе премногу доцна...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
ГОРЧЛИВА ПРЕГРАТКА

Опериран сум од твојата љубов... А изложен на сопствените сенки. Ми ја подаваш твојата рака, но мојава никаде ја нема. Ме погледнуваш, се насмевнуваш, ме прегрнуваш и велиш дека се’ ќе биде во ред... А токму тогаш во моиве мисли најмногу владее неред: што сум, зошто сум, дали сум јас... А свесен сум дека твоето тело се топли дури и во мразот на мојата прегратка, во студенилото кое го шират моите две грешни дланки; Одамна го имаат заборавено рецептот, магијата со која секоја прегратка ја правеа во едно посебно, искрено искуство... Но ете, ти уживаш, не сакаш да ме пуштиш, потпрена со главата на моите гради и чувствувајќи се како да во тој момент имаш се’ што си посакала, а воедно и слепа пред лажниот сјај на моите очи, кои секогаш трагале по нешто повеќе, за на крајот свесно да го испуштат и она што цело време им било пред нос. Не го осеќаш ни пригушеното биење на моето срце, биење со звук како ударите од земјата на еден лошо-изделкан, дрвен бастун, со кој некој стар, изнемоштен дедо оди по својата скромна пензија, во ден, кога независно од временските услови, за него сјае најсилното сонце. Тишината во нашата прегратка само привремено ја прекинува моето длабоко, болно издишување. А со секое такво, како да ги исфрлам сите гревови од мене, и за момент се чувствувам помирно, послободно. Но, секако, тоа трае кратко, зашто веќе со наредното вдишување, ги враќам и нив назад, кајшто и претходно биле, на границата помеѓу мојата спокојност и лудило.
А сепак, на крај, ќе го кренеш мило погледот, ќе ми се насмевнеш и ќе ми речеш: „Вака можам комотно да спијам цела ноќ.“ Ти враќам со насмевка, но не изустувам ништо. Ах, кога би можела да ги читаш моите мисли во тие моменти, кои немирно пробуваат да го најдат излезот од моите усни, но безуспешно... „Спиј малечка, спиј мирно, и биди дел од твојот најсладок сон, потпрена на моите гради, истите оние во кои бие срцето кое мене ме одржува во мојата, сопствена, болна реалност.“
 
С

Сатори

Гостин
Говорот со кој победив на ораторска. :)
Ликување ... :pipi:

Зарем не е прекрасно да се живее во општество преплавено со дезинформации, малечки кутии замотани во светликава хартија и розови панделки претставени како најдоброто нешто кое што некогаш сте го виделе во предизборните кампањи, зарем не е воодушевувачки фасцинантно да се живее во убедувањето дека ова е демократија во која што идеологијата за Голи Оток е одамна заборавена и сите имаат слобода на говор додека поранешни функционери бараат подршка и гласови од стечајци?
Да, ужасно е тешко да се остане слеп при очи додека општеството тоне во декаденција, а индивидуалецот се обидува да се спаси од неа, изџвакан и измелен од Орвеловска машинерија.А сепак, на крајот од денот едиственото битно прашање кое што останува да се постави е зошто не се бориме, зошто се конформираме со тоа дека нема опционалност, дека нема хуманизација на иднината?
Американизацијата почнува да дише од секоја пора на нашето суштествување, себепрокламираните неконформисти се насочуваат само кон говорење без било каков обид за практична работа, квази-интелектуалците се продаваат на секој чекор како индекси на Бит-пазар, скриени фигури грабаат свесност од колективната маса маскирани во големи компании кои се расфрлаат со квалитет како олигарсите што се впуштаат во медиумска менаџерска работа.Животот на обичниот човек е целосно модифициран од правилата диктирани преку весниците за политика, економија, мода и дизајн, дури и кулинарските рецепти ја губат вредноста ако не добијат фенси име за да привлечат доволно внимание.
Пазете на вашите ќерки вели Дове, додека ги сече Амазонските шуми за да го исцеди маслото што се користи за регенирирање на вашите испукани и оштетени врвови, власта мора да биде модифицирана за да и служи на повисока цел веќе одамна диктирана и тресирана, правото мора да подлежи на објективизација, не, грешка, субјективизација, зависно од она што е потребно пред да дојде до лустрација.
Преживувањето во капиталистичкото општество кое што се крие зад проекцијата на либерализам е само уште еден проблем за вртењето кон имагинарни решенија накитени со рози кои што се постилаат пред нозете на народната маса, но трикот е во тоа што не се гледаат трњата.Американизација или смрт, си давам за слобода да модифицирам свет слоган за нашата нација, затоа што она што било брането со кама и неколку фишеци денес фиктивните внуци го даваат слободно на акуција во замена за традиционални вредности и историја која што не е пожелна ако не е квалифицирана, ако не одговара, ако не служи како цел за остварување на нечија туѓа интересна надворешна странска групација.
Соросоиди владеат во умовите и шират пропаганда која што во ниту еден случај не и се противела на македонштината, сенилни, испрани мозоци зборуваат за тоа како би било добро да се биде дел од интеграција по цена на идентитет и име на една нација, летоци се лепат по ѕидови за тоа како генерализација и глобализација се вистинската работа за да се биде во тек со светот на тркала.Ретко способни новинари се обидуваат да дадат конструктивна критика, општеството се угушило во сопствената папочна врвца додека уште се развива.
Ако не се позитивираме, тогаш заслужуваме смрт, не!
Она што го имаме, единственото што ни останува е да останеме доследни на индивидуата, да се протиставиме на нечија туѓа и наметната натурализација и да се бориме против летаргија и недостаток од политичка култура!
За да се има избор, за да има борба, ние мораме да ја создадеме нашата опција, тука и сега, нема повеќе бегање, ова е округла соба со 4 агли а без врата.Иднината е сегашност за нас, ако сакаме воопшто да ја имаме!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom