Прозни искри

T

TheJester

Гостин
Chadot od cigarata i se trkalase po nejzinoto preubavo lice. Za moment uspea da ja prikrie taa bledost koja se poveke i poveke se talozese okolu nejzinite oci, koi zanesno, bez da trepnat, bez da se pomestat gledaa vo nekoja neodredena dalecina. Nadvoresnoto sivolo koe neumorno vleguvashe vo prostorijata kako da se lepeshe na nejzinoto vitko telo koe podgrbaveno stoese do prozorot vo dnevnata soba. Silna mirizba od izgoreniot filter se sirese vo vozduhot, no nejziniot pogled se uste mirno lezese vrz nepoznatoto, dodeka prstite na nejzinata leva raka tivko si poigruvaa so prstenot....
Naednas cela soba ja obzema temnina.
Mirisot na izgoreniot filter naednas prerasna vo opoen miris na lavanda. Zvukot od zapalkata oddekna razbivajki ja tisinata, a siluetata koja naumorno gi palese site tie svekicki rasfrlani so celiot stan sega gi rasporeduvase na tocno opredeleni mesta. Vo hodnikot bea postaveni pokraj zidovite taka sto oformuvaa pat koj vodi do dnevnata soba kade sto vo ogromno srce od sveki cekase da bide servirana topla vecera za dvajca. Vo nekolku minuti pred 21 casot, koga veke se e sovrseno podgotveno, ciluetata zacekori vo toaletot i ja zapali neonkat. Se vidov sebesi kako ja podnamestuvam kosulata i kravatata i zadovolno se nasmevnuvam na ona sto go gledam vo ogledaloto. Se oglasi zvonceto. Neotvarajki ja vratata istrcav i vlegov vo golemoto srce od sveki koe sto svetese i zastanav pokraj nejzinoto stolce. PO nekolku zvonenja vratata sama se otvori i tivko, vcudonevideno se dvizese po lavandata cija mirizba se poveke preovladuvase. Koga stigna do sredisteto na srceto, jas privrsuvav so serviranjeto na vinoto. - Srekna godisnina milo, tivko izgovoriv gledajki gi tie krupni oci. Kako vo sekoj mig odnovo i odnovo se vljubuvav vo niv. Zborovite bea izlisni, silno me gusna i posle sledese golg baknez. Tocno vo 22:30 posle vecerata i dolgite razgovori prosledeni so solzi i smea, tivkite noti na For Once In my Life od legendarniot Toni Bennett nezno pocnaa da go ispolnuvaat prostorot. Se nasmevna i vcudonevineno me pogledna. - Da zaigrame? - Suptilno i ja podadov rakata, koja taa nepokoleblivo ja zema. Prigusenata svetlina od svekite uste poveke ja razneznuvaa nejzinata pojava, koja bese pripiena do mene, so vnimanie sledejki gi cekorite od tancot. Koga zavrsi pesnata, ja izvadik kutijata, kleknav na kolena i i go staviv prstenot na nejzinata leva raka. Dve mali solzicki se strkalaat po nejzinoto preubavo lice. No togas naednas dnevnata svetlina pak se vrati vo sobata, a mirisot na lavanda bese proteran od silniot prodoren miris na izgoreniot filter, a taa i ponatamu stoese pokraj prozorecot igrajki si so prstenot.
Dve supeni lazici belo vino, malku senf i kari bese tajnata na sovrseniot sos od pecurki nad testeninite. Nejzinoto omileno jadenje. Koga vleze vo kujnata, rusekot bese serviran. Sedna na voobicaenoto mesto, no namesto viljuska, vo ednata raka povtorno i cadese nova cigara, dodeka so drugata neprestano si igrase so prstenot. Nejziniot pogled povtorno se zadlaboci nekade izmegju nasite cinii. Testeninite se ladea i stvrdnuvaa. Gledajki gi ostatocite od nejzinata besprekorna ubavina kako se poveke se unistuvaat, vo ogromniot napliv na bes mojata cinija zavrsi vo zidot. Milion mali beli parcenca letnaa na site strani. Se strese i pocna da place. Sekoja nova solza kojasto izleguvase od nejzinite poluzatvoreni oci, ja osekav kako kamen na srceto. Vo sto se pretvori pricinata na mojot zivot.....?

To Be Continued
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
...И мракот ја проголтува собата полна со влага, со реата од тежината и маката која го обземаше воздухот што тој го дишеше. Часовникот го одбројува времето кое преостанало додека ги заборави сите непријатности што се случувале досега. Полека ги протега нозете додека мачно ја голта третата чашка непознат алкохол. Само слабото ветре го предупредува да не заспие на меката фотеља дувајки му во вратот. Тој седи, заборава на кратоко на лошотиите и малерозните работи. Но и пишува. Пишува што ќе му пројде низ главата. Пишува само да се ослободи од внатрешниот глас, кој му одекнува низ ушите како абориџински рог. Не знае што да прави откако снема пиење...Застана на терасата гледајќи во младата месечина и буквално правеше ништо. Како да беше заспан, се сепна од височината на неговиот стан и се повлече назад во собата каде што светеше столната ламба. И посака повторно да се напие. Што ли тајна криеше овој несреќник, оваа во моментот ,кутра душа? Несвесно, откако ги допиша своите сеќавања и беше елегентно испружен на јамболестата фотеља, почна да чекори низ планината каде што го чекаше мирниот сон.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ноќва те почувствував,беше тука.Такво силно присуство при јасно отсуство е тешко да се заборави.Плачев во сонот,ми пријде да ме утешиш,тука времето запре.Јас сум човек со чудна психофизика,можеби и метафизика,се што е отсутно ми е блиску,намирисувам присуство оддалечено со километри,чувствувам луѓе уште незапознаени.Не знам зошто,каде и кога,но знам што ќе се случи.Сигурна сум дека ти ќе се случиш.Единствено добро во времево што врви напред е што знам дека ме води кон тебе,после ќе го проколнувам што лета и ќе сакам да го застанам но дотука застануваат човечките моќи.Луѓево зборуваат за крстопати и вкрстени патишта,јас сонувам за вкртени мисли и раце.
верувам,во животот луѓето не жигосуваат,секој остава белег на нашите души.Исто како кога после дождец се чувствува онаа свежина,како траг дека дождот некогаш бил тука.Ти никогаш не си бил,рано е за дождецот или можеби е време...но досега не било.Сиот копнеж наталожен со деновите и годините го таложам за да го испуштам кога ќе пристигнеш.
Можеби ние луѓето сме гнили,отровни,но онаму каде настапува срцето таму се гледа човековото лице.Ако некогаш си барам оправдување за своето постоење на овој свет ќе го побарам преку твојата вкрстена рака.И верувам дека од тој момент,никаква далечина,ниту една пречка нема да биде доволно голема ниту доволно силна за да разбие она што веќе се поврзало.
Толку мисли ти чувам,толку сонови ти посветив.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
You're not alone

Велат, секој си го бира својот пат. Пат, откако ќе го поминеш се дели на други патишта, или пак, на крајот има ќорсокак.

Мислев дека се` што ќе посакам, можам и да направам. Ама, тогаш бев млад и неискусен, гледајќи ги работите на поинаков начин, гледајќи се само себе, не тие околу мене. Никогаш не помислував дека можеби сум себичен, никогаш ни на крај памет не ми падна тоа. Битни беа само моите чувства, кои полека, ама сигурно исчезнуваа. Како што тие исчезнуваа, растеше суетата, егото, себичноста, нарцисоидноста. Јас бев оној најпаметниот, најдобриот, најпосакуваниот. Ама, само во моите очи.

Таков каков што бев, одејќи по својот пат, кој тогаш ми изгледаше толку светол, мислев дека го знам и крајот на тој пат. Да, ми изгледаше среќен крај. А, ми изгледаше и толку широк, доволно да го собере целиот мој багаж, сите оние кои ми значеле. Всушност, тоа беше магарешки пат, доволен само за мене и моето его, за ништо друго позначајно немаше место. Исчезнаа светилките кои мислев дека го осветлуваат целиот пат. Исчезнаа сите замислени насмеани, среќни лица, сите очи кои сјаеја додека ме гледаа мене, сите подадени раце, кои ми даваа чувство дека сакаат да бидат само со мене, сакаат само да ме допрат.
Ајде, си реков тоа е само лоша етапа. Кога ќе ја поминам ќе биде подобро, не може да е мрачен цел пат. Но, со секоја етапа, се помрачен и помрачен стануваше патот по кој одев. Почнав да трчам, трчам, силно, посилно, се додека не пропаднав во жива песок. Тоа беше крај на патот. Барав од тие раце, барем една да се подаде, да ми понуди помош. Залудно, немаше помош. Се запршав, па зошто и би имало помош? Ги гледав среќни лицата од кои барав помош, тие во кои никогаш не се посомневав. Дури и стануваа се` посреќни, гледајќи колку бев несреќен. А, кој беа тие, зошто ми значеле, зошто би ми помогнале? Одговор немав, знаев дека од погрешни луѓе барам помош.
Пробав сам да излезам, но, во живиот песок, колку повеќе се обидуваш, толку побрзо тонеш. Немаше спас, исчезна надежта, пристигна само каењето, каењето...Затворив очи, не давав отпор...

Слушнав нешто, мислев дека е само привид во мојата глава. Се приближи до моето уво и ми рече "Станувај!". "Доцна е", викав јас, изненаден од неочекуваниот глас кој го слушнав. "Не е доцна, јас се уште се немам откажано од тебе. Не си сам! А, сега, станувај" - рече гласот од "заборавените".
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сакам да седам во дворот на основното училиште на 3 минути од дома. Не сум редовен но понекогаш имам обичај да фатам некоја од клупите во паркчето и да го чекам големиот одмор. Еднаш, дојде чуварот со метална шипка, полуисплашен и се обиде да ме заплаши. “Ти си од оние мрснине педофилишта, изгуби се од тука зашто ако те видам пак ќе ти ја искршам главата“, ми се закани. Дипломат како што секогаш сум бил, го поканив да седне и му објаснив. Не сум јас никаков педофил иако рака на срце најголемиот дел од моите девојки биле тазе легални, но сеуште биле женствени и привлечни во секој возрасен поглед. Сакам да седам тука и да го слушам овој неподнослив за мене џагор на детска игра бидејќи ме потсеќа на моите училишни денови кои толку многу години подоцна сè уште ме ежат, сакам да се радувам и да уживам во фактот дека никогаш повторно нема да бидам заробен дваесет минути меѓу еден луд и друг очаен професор по предмет кој и самите не го познаваат доволно.

Кога веќе господинот не можеше да ме разбере и прифати дека не сум баш најнормален, но барем не сум педофил, остана со мене и по големиот одмор. Рака на срце, не дека му бев интересен, го почестив со лименка скопско па мораше да остане од учтивост. Му раскажав каков ми беше претходниот емотивен испад за прехранување на мојот по малку извртен ум. Не можев да издржам повеќе во борбата со аждајата која ме јаде од внатре, се истуширав, ја потсредив косата, си ги измив забите, ставив од омилениот парфем и облеков пристојна летна облека. Се погледнав во огледало, стандардно најдов некоја маана, но генерално бев задоволен од себе. Стигнав до калдрмата на турска чаршија и прошетав низ толпата, сретнав дури и еден пријател кој секогаш бил пријатен, но ете некако не се дружиме. Скрстивме некој збор, се посмеавме и си рековме пријатно. Одејќи надолу и гледајќи во сите тие прекрасни луѓе на кои ликот никако не им оддава призор на пораз ниту мака ми влета во видикот темна уличка која не знам каде води. Сами нозете ми тргнаа но сфатив дека е само малечок ќорсокак кој води до нечија врата. Луѓето очигледно спијеа а прагчето имаше убави две камени скалички кои од прометното корзо не се забележуваа. Си седнав, се навалив на вратата и се опуштив како во прегратка.
Исто како што ме радува одвратната бучава на детски нееволуирани гласчиња, ме радува и секоја прекрасна девојка која минува пред мене а не ме забележува и сознанието дека никогаш повторно нема да бидам со тие чудовишта со кои сум спиел, дишел и живеел ко едно. Сосема истиот миг не можам да одолеам на заносните убавини кои скопските девојки опасно знаат да ги истакнат, токму за воајери како мене и мислата ми се претвора во математички проблем бидејќи на куб истиот миг ми влетува неподносливата желба да ја почувствувам нејзината сенка токму тука до мене, на истиве скалички и да ме обиколи таа магична аура на разбирање и љубов, да ги подели своите фантазии со моите, да се поклопат како два жлеба на совршен апарат кој треба да создаде совршенство. Како, пријателе да се справам со три идентично оддалечени агли и нивната желба да се стиснат на средина од тријаголникот и тоа во ист момент? Затоа, темнината е создадена од Бога, за ваквите слики да не ги гледа никој освен ти самиот, бидејќи секој умира сам и во својот личен мрак. И затоа пријателе, кога е ден, морам да најдам оддишка од своите мрачни мисли и доаѓам тука да се радувам на мизеријата на овие малечки суштества сè уште несвесни за трагедијата која и сами ќе ја почувствуваат подоцна, се тешам со нивното незнаење.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Се ми се чини беше во мала станица, седевме на маса јас, Манче, Ацо Рембрант и нешто ломотевме околу некоја идеја да се направи радио драма со секс елементи во неа.
Јас предложив да го преадаптираме Процес од Кафка, во драмата би се минимизирал монологот за да го држи вниманието на слушателите односно да уфрлиме фрагмент каде пред портите на судот Јозеф К. најдува згодна девојка која треба да направи формалности за префрлање на наследството од починатиот сопруг и завршува во креветот за подоцна да судот го обвини за заведување на крунски сведок во неговата истрага или нешто слично.
Манче се согласи дека идејата не е лоша но рече дека би требало да биде фикција дел од преадапцијата односно ликовите да бидат анимализирани, судијата да биде лисица, стражарот куче, адвокатот лешинар, Јозеф К мајмун, девојката медуза или така нешто.
Ацо се почеша по брадата и се замисли малку, рече дека можи да се искористи дел за радио драма но сепак за да биде повпечатлива мора да се случи нешто ужасно или пак да му се има случено на некој од главните актери (Правило број 4 од Вонегут за краток расказ)
Негов предлог беше Јозеф К да биде црнец со огромен фалус кој додека и го начукава на девојката таа да почини и да биде обвинет и за убиство без намера.
Исто така рече да во притворот Јозеф К си го пресекува неговиот фалус и умира во агонични болки искрварен до смрт, тука добро би требало да се исмисли монолог за завршеток на радио драмата.

Јас ги одложив наочарите на стол и се бркнав во џебот од палтото да земам цигара, прво што си помислив дека и оваа идеа ќе пропадне како и многу други и нема ништо да биди кога Манче ме чукна со ногата на маса за да видам дека двајцата со Ацо зјапаат од замагленото стакло зад мене.
Дискретно се свртив, имаше паркирано форд фокус и од него излезе жена која беше тешко да се процени колку има години но беше прекрасна.
Црна благо виткана коса, ненападлива црвена шминка, кремова комбинација палто со кратка сукна со свилена црвена кошула, црни штикли и необично бел тен кој уште повеќе ја истакнуваше нејзината убавина. Телото беше складно со нејзината облека, тенок струк, средни гради и слаби раце. Сантана најверојатно се имал инспирирано да ја напише Блек Меџик Воман од жена како неа. Го извади мобилниот од чанта и почна да бара некого
Се свртив накај Манче и Ацо кој сеуште зјапаа низ прозорецот како ликови од ефтина холивудска комедија.

Одам им реков, тоа надвор е жена ми ме чека треба да купуваме нов фрижидер, стариот ни цркна
 
T

the Carpenter

Гостин
Тhe Watchtower


It was me, the Priest, и my great пријател prozaque. And ние were seeking for a сончево place down the долината за да се напумпа our basket ball, за latter that ден да можеме да го accomplish our plan што беше смислен couple of светлосни денови ago.

Скитајќи и барајќи, во стил „барај за да ненајдеш“, се замагли планот за играње кошарка. Рече Прозак тогаш: „Видиш, видиш! Се појави магла, оти го „зафркнавме“ планот за да „маваме“ баскет денеска!“
- Ех ... шо е работава ...? Од кај знајт универзумот што имаме на ум ние, м? - рече Прист, во случајов јас.
„Врска немам брат, ептен е зафркнато ова Скопјево. Подземни води, Рашче, све делува“
Се расчисти наеднаш маглата. И се беше повторно јасно и гласно. И се беше поинаку. Поминаа неколку минути пред да сфатиме дека се околу нас е црно - бело.
Do you see what I see - рече Прозак. Тој тоа го кажа на македонски, ама јас го слушнав на англиски, а горе над планината имаше нешто како Options - subtitle - macedonian. Нашите мисли беа на македонски, ама што и да кажевме, беше на англиски. И се разбиравме неверојатно. И ... беше чудно.
„Well, well, well ... - рече Прозак. Изгледа ова е само сон! Не е можно сето ова да се случува. Тоа го прочитав на преводот додека мојот поглед луташе лево - десно. Читав се што зборуваше Прозак.
- „Не застанувај, само ќе одиме напред“ - реков јас, нормално, на англиски.
Прозак само ги крена веѓите и запали цигара. И таа беше чудна, ама не рече ништо. Барем јас не осетив.
Дојдовме до еден дел од градот кој изгледаше како дa поминал низ неколку војни, но се познаваше дека веќе почнува полека и полека да живнува. Полека му се креваше духот. Имаше неколку дуќани, а тесните макадамски улички беа преполни со луѓе. Луѓето брзаа некаде. Сите растрчуваа, некој ваму, некој таму. Еден строен момак возече многу чуден точак, кој, најверојатно беше чуден само за нас двајца, оти од толкумина, само ние двајца се смеевме. Но, некако, никој не не забележуваше. Како да не постоевме. Момакот кој го возеше точакот делеше весници. Тазе весници.
„Ќе земам еден“ - рече Прозак. Ја фрли цигарата и се стрча кон момакот со весниците. Прозак зеде весник, а момакот со весниците не го виде. Само виде дека му фали еден весник. That's weird - најверојатно реков јас, оти над мене, на небото се формираа облаци во форма на превод. Пишуваше -„ еј, чудна работа!“ И само се насмеав, иако не ми беше до смеење.
„Ај да видиме што пишува во денешнава новина“ - рече Прозак, и седна на едно зидче до една фонтана. И јас седнав до него. И добро е што седнавме, оти датумот на весникот ќе не струполеше на земја, тоа сигурно. Најпрво, не им верувавме на очиве, оти, се што видовме денес беше чудно и невистинито. Ама пак датумот?
24 мај 1949 година пишуваше на весникот.
„Ај бе, не заебавај! Абе што се дешава со нас?“ - рече Прозак тогаш, на англиски. Пак!
Не знам брат - реков тогаш јаси ги ставив двете раце на главата. - Немам некое логично објаснување, ниту пак ќе имам.
„Мора, мора, мора да има нешто. Заебанција, не може да биде, за свесни - свесни сме, барем најверојатно. А најверојатно, ова не е сон!“ - нервозно рече Прозак.
Дај да прашаме нешто некого, некој сигурно ќе ни каже нешто, кај сме, што сме и зошто сме!“ му реков јас демек смирено, со пулс над дозволеното.
Растревоженоста не носеше од човек на човек, ама сите гледаа лево - десно, сите си бркаа работа. Никој, абе никој не не гледаше.
-„ Не е можно ова, абе неее! - реков јас. И ја ставив раката на чело додека се завртив 180 степени.
Тhere must be some kind way out of here - saud the prozaque to the priest. There's too much confusion, I can't get no relief - додаде Прозак.
Ај, чим велиш така, така нека е. Дај да „здрвиме“ по една пљуга. И запаливме по една.
-„Седи - рече Прозак. Најверојатно, тоа ни е најпаметно сега. Бар да видиме нешто, што како. Може ке се разјасни сета оваа мешаница.
„Е, ај! - реков јас и се упативме до една блиска кафана.
Застанавме на шанк, и откако веќе имавме утврдено дека никој не не „мава од ремен“, оти како да не постоевме, Прозак отиде позади и извади шише. Најверојатно беше ракија. Ама чудна беше. И таа ...
Седевме и пиевме, а кога ќе си на шанк, муабетите околни беа неизбежни. И слушавме.
Имаше еден тип со долга црна коса и каубојски шешир.Косата најверојатно беше црна. Ви реков, се беше црно-бело. Како старовремски филм. Зборуваше нешто многу нејасно.
- „Слаба дикција има типов“ - рече прозак, а преводот од англиски на македонски го видов во огледалото зад пијачките пред шанкот.
„Да бе, не можам да разберам ништо, а и преводот е матен!“
- И ти го гледаш прводот? Лее брат, не знам, не знам ... и ја „мавна“ на екс ракијата. Прозак делуваше се' по нервозно.
Businessmen, they drink my wine, plowmen dig my earth, None of them along the line know what any of it is worth” - рече човекот со долгата црна коса кој стоеше десно од нас на шанкот. Не му го разбравме муабетот, ама и тој беше нервозен. И наеднаш стана, без да го допие, тоа што го пиеше, а не знам што беше.
“No reason to get excited” му рече шанкерот, елегантно пополнетиот мустаклија.
Се насмеа типот со долгата коса и му рече: yeees? Are you a father? If you have a son, you would know what it's like ... - рече доста нажалено косијанерот. Наеднаш покажа со прст низ прозорецот до едно детенце кое седеше блиску една чешма. Најверојатно се ладеше од жешкото сонце. Косијанерот излезе од кафаната и извади нешто од џепот. Тоа сигурно беше марихуана. Изгледа му требаше .. да се смири малку.
Дебелиот шанкер ја навали главата и цинично се насмеа и рече: “There are many here among us who feel that life is but a joke“ и се заврте да ги „гланца“ чашите.
-„Брат, ај надвор. Не ме „збира“ ни овде - му реков на Прозак. И веднаш излеговме.
Не можеш да ми поверуваш, оти не можам ни јас самиот, ама залутани сме негде - му посочив на Прозак тогаш. И ваљда направив гримаса со која изразив помиреност и разочараност, па Прозак за да ме утеши ми рече: you and I, we’ve been through that, and this is not our fate, so let us not talk falsely now, the hour is getting late”
Ме облеа иронијата, и некако нервозно се запрашав каде тоа ние брзаме, ако не знаеме каде воопшто се наоѓаме. Но, Прозак имаше некаква фаца со збрчкано чело што асоцираше на решителност. Знаев дека тој знае нешто!
-„Не гледа детено. Ај, ваљда не' гледа. Ела до кај него“ - ми рече Прозак и ме тргна за ракавот од војничката кошула.
Детето имаше околу 10тина години, според мојата прва проценка. И веќе не ми беше важно колку години има, кога чув дека ни рече: Hello! Некако се почувствував среќен, и спасен. Спасен од не знам што!
Се насмеа и Прозак и веќе беше сигурен дека ќе дознаеме што навистина се случи.
Здраво - рече Прозак. И се зачуди. И јас ги закосив веѓите во чудење.
- „Аман бре, сега најде да се конвертира јазиков на македонски“ - рече Прозак и се насмеа цинично и со преголема доза на фрустрација. - Кај најде баш сега - додаде, и плус некоја пцовка.
Детето се насмеа и рече:
Today is my birthday. My 8th birthday...!
Прозак го прекина ... ме заболе мене дал ти е роденден или не! налутено рече Прозак. Туку, кажи, што се случува овде!
Детето се насмеа ...
Јас го прашав „Како се викаш?“ Некако ме разбра и ми рече: My name is Dylan, Robert Dylan, and today is my birthday. И пак се насмеа ...
Остај го брат, не не токму детево - рече Прозак. Туку, ај низ чаршијава да се раздвижиме, ваљда ќе најдиме некој посалам од ова детиштево!
Се исправив и тргнав да го следам Прозак. Само што свртевме грб и одминавме два - три метра, детето рече:
I saw you approaching, the wind began to howl ... и пак се насмеа.
Двајцата се свртевме. Детето веќе беше затрчано кон кафаната. Воопшто не се запрашавме што бара мало дете во кафана бидејќи видовме нешто големо, нешто грандиозно.
На хоризонтот, од нигде - никаде здогледавме саат кула. Под саат кулата имаше мачка, неколку девојки и неколку слуги кои беа боси.
„Што е пак сега ова?“ - реков јас.
Прозак запали цигара и само рече „не знам“
Ама ќе дознаам ... и решително тргна кон кулата

....
(end of part one)
 
T

the Carpenter

Гостин
Тhe Watchtower pt. 2


Прозак силно се затрча кон саат кулата. Поитав по него и јас. И наеднаш, стара циганка ни го пресече патот.
- The tarot is faith - said the gypsy ... и само што сакаше да додаде уште нешто, и веќе помислив дека сето тоа би изгледало како некоја приказна, Прозак и се вмеша во зборот:
- „ај не заебавај и ти, какви карти, какви глупости ..!
Знаев дека Прозак ни верувал, ниту ќе поверува во такво нешто. Иако се' околу него и околу мене беше толку нереално, а сепак беше и постоеше, па сепак тоа што ѓупката проба да го направи, проба да го каже изгледаше сосем нормално. Во соредба со филмската црно бела реалост.
Прозак ја оттурна од патот и продолжи да потрчнува кон саат кулата која се повеќе се одалечуваше од нас. Што повеќе се трудевме да се прибли
име, тоа подалеку изгледаше.
-„Ај мајката! - рече Прозак тогаш, полу разочарано. Се понашат кулава ко виножито. Ко да е оптичка варка, па никош не можиш да се доближиш. Да му се сневиди, веќе не знам што да мислам.“ И се насмеа со поглед вперен в земи. Во истиот момент исвади цигара.
-„сакаш пљуга“? - ми рече
-Дај да здрвиме по една ак не. Да одмориме ко луѓе и да прајме нешто.
„Е, ај“ - рече Прозак и застанавме под една стреа. Саат кулата беше пред нас, скоро на истото место каде што ја видовме. Само, една работа беше чудна. Ние бевме скоро еден километар поназад од каде што ја видовме.
Се насмеа Прозак со цигарата в уста и ми рече: Не му ја мисли брат многу. Којзнајт допрва уште шо не ќе видиме. Јас само воздивнав набрзина, онака - нервозно.
Саат кулата покажуваше 3 и 26 кога ја видов последен пат. Фрлив поглед кон Прозак, а тој веќе задремал. Пак се насмеав и ... толку.
Се разбудив по некое време и погледнав кон кулата. Саатот беше 3 и 25 попладне. Уште не расонет, не ми беше толку чудно. Тогаш го разбудив и Прозак.
„Ај брат, станви, доста е дремење!“ Стана веднаш и запали цигара.
„Е ај, на муабетов, дај една“ - му реков тогаш. И ме праша „колку време спиев?“ Не знам му велам. Според саатов на кулава, 24 саати без една минута. Ете, толку.

„Многу бре брат, сме претерале да му се сневиди. А ипак уште ми се спие, оти така ... не знам.
„И мене брат, не знајш колку. Цел ден и цела ноќ ја преспавме, а ми се чинит дека пак ќе заспијам ... кај да е
-„Спиеле, не спиеле, исто ни се фаќат. Не дека дознавме нешто ... ништо! рече тогаш Прозак и почна да се прозева ко да не спал три дена.
Епа ај, стани - му реков. Ај пак да пробаме да „узнајме“ нешто ... „Е, ај“ - рече и станавме.
-„Брат, не застанавме под дрво, нели под стреа кај куќаркана онде бевме?
„Еј, стварно ... абе ... абе, шо е работа море?!?! - панично му реков. Отидовме до кај стреата кај што задремавме пред тоа и стварно. Имаше две недопушени цигари.
„Еве бе брат, овде бевме ... а како се најдовме онде ... е, ај сега. Уствари, ништо чудно. Ова во споредба со се останато е ништо.
И тогаш тргнавме кон кулата. Пак. И тогаш забележавме дека сатот е 3 и 23. Стрелкиве се движеле наназад. А тоа значи ...

Добар ден, прочитавме на превод на небото, а до нас се појави детето што го видовме вчера. Пардон, пред некое време. Роберт се викаше, и пак беше насмеан до уши.
Today is my birthday. I'' be eight...
„Чудо големо, колку ќе си имал“ - рече Прозак. „Или кажи нешто што ќе ни поможит да разбериме што се случуват, или ... ој таму, тркалај камења!“
Детето го разбра, и пак се насмеа.
Јас не знам ништо - рече детето Роберт. Барем не знам ништо што може да ви помогне“. Сето тоа го кажа на англиски, а ние го слушавме на македонски.
„А зошто само ти мојш да не видиш, а? - рече Прозак, и во тој момент му текна на ѓупката со картите.
Еј бе стварно, и таа не виде. Требеше нешто да ја прашаме и неа нешто. Сигурно ќе кажеше нешто, покрај глупостите со картиштата.
- Таа е слепа!“ - рече Дилан. Сигурно не ве видела, ама ... најверојатно ве осетила, го осетила вашето присуство. Your presence. Ама, таа се појавува таму кај реката само во 3 и половина, тогаш кога нашето сонце е највисоко, над нашите глави. Тогаш може да ја видите, да ја прашате што сакате. Ама не знам колку може да ви помогне.
„Сполај ти“ му рече Прозак на детето. И од тебе некоја корист. Ај сега, бегај, оди играј си со камења.
А ... може ли да дојдам со вас? - праша детето!
„Каде?“ го праша Прозак, додека јас го гледав во очекување на негова остра реакција. „Ние не одиме нигде. Најверојатно. А, ако одиме некаде, не ни знаеме каде и како.
„Ако,сакам да дојдам, каде било“ „Мене барем ме гледаат и можам да ви помогнам. I guess so ...“
„Епа ај, тргвиме ... некаде“.
- Супер! - рече детето Дилан. Само да земам некои работи од дома и веднаш доаѓам. Почекајте ме.

Помина некое време, на саат кулата веќе беше точно три сатот.
„Што се стори малово“? - рече Прозак. Туку, ај мафни го, ќе скитаме негде. И ја извади од џеб кутијата, сеуште неотворена.
Запаливме по една цигара и тргнавме назад кон градот, кон местото каде што вчера, односно прееска за прв пат разбравме што е и како е.
„Уште не знајме ништо брат. Ни зошто сме овде, ни зошто е 49та година, ни од каде се појави саат кулава, ни детиштево, ни ѓупкава ... ништо!“ - доста нервозно искоментира Прозак. -„А ти брат, нешто тивок си, што е работава“?
- Не знам брат, само некако ... немам потреба да кажам што било. Секој збор ми изгледа како непотребен. Веќе ме фаќа страв, не знам кај сме и што сме!“
„И мене брат, ама ќе се суредиме некако, ќе видиш.
Стигнавме пред кафаната кај што бевме претходно. И влеговме внатре. Немаше никој друг, освен дебелиот шанкер. И тој делкаше ракија, очекувајќи луѓе за муабет. Само колку сакавме да го прашаме нешто, само да можевме. Сигурно тој ќе знаеше нешто!
Откако туривме по една, слушнавме некаква галама надвор. Малиот Роберт ...
„Еве го ова пак“ рече Прозак. Ај да излезиме надвор ...
Го видовме како тепа една мачка. Тоа беше истата мачка која стоеше под кулата претходно, кога за прв пат се покажа на хоризонтот, кога за прв пат ја видовме. Најпрво, не обрнавме внимание на мачката, која веќе беше претепана и некако пробуваше да избега.
„Кај ојде бе ти?“ - му рече Прозак на „џуџето“ налутено. И остај ја мачката, дан те нај истото!“
Тогаш Роберт ја остави мачката. И И рече: Run, all along the watchtower. И наеднаш задува силен, многу силен ветер и ни ги запраши очите. Детето Дилан стоеше пред нас и ни се смееше. И тогаш, на наше изненадување ни рече:
Hello!
Јас само се насмеав во неверување, скоро исфрустрирано и тогаш го чув гласот на Прозак.
-„Абе, не се прај будала, те чекавме онде кај дрвоно пола сат.
Детето пак се насмеа. И двајцата бевме збунети и тогаш го прашав. - „Како се викаш?
My name is Dylan, Robert Dylan, and I'll be eight today.
„Овај е забеган“ - рече Прозак. Туку, види го мачиштено. Одма стигна кај кулана. А сега пред кула нема никој. Само мачиштено. Прее, ако се сеќаваш, имаше чупиња појќе. Ама, како стигна мачкава таму, а ние не можевме. Чудна работа“ - рече Прозак, и како да размислуваше и бараше некоја поврзаност меѓу детиштево, мачориштево и саат кулата.
Додека гледавме во саат кулата, покрај нас помина истиот момак со долгата црна коса и со каубојскиот шешир. Ја лупна вратата на кафаната и веднаш нарача пијачка. Изгледаше доста нервозно.
Сакавме да влезиме в натре, да чуеме што ќе каже нешто, нешто како минатиот пат, но наеднаш... на прозорецот на кулата се појави некоја девојка и само гледаше наоколу.
-„Тргви брат!“ - рече Прозак. Ај, пак кон кулата. Ваљда овој пат ќе стасаме некако. Следи кај што одеше мачката, по тој пат, по истиот.
„Почекај! - му реков. Ај бар по една пљуга да мавниме, и ќе ојме. Нервозен сум брат, и то многу! Одмори малку и ти.“
„Е, ај, чим велиш така, земи една и тргвиме. Мора да има нешто кај кулата што го бараме. Не дека бараме нешто, ама ипак.
А девојката сеуште гледаше низ прозорецот.
И по некоја минута тргнавме.
„Оваа уште глеат негде“, му реков на Прозак. Којзнајт што гледат. Ако знајт и сама - му реков на шега, како да заборавивме кај сме, во моменти кога не ни беше до смеење. И Прозак се насмеа.
Задува силен ветер тогаш и мораше да се свртиме наназад, во правец на дување на ветрот. Воопшто не ни пробавме да видиме што има толку интересно што девојката гледа низ прозорецот.
Иако не ни се веруваше, ама низ ветрот, лека полека, стигнавме до кулата. Мачката, здрава и права, мијаукаше пред вратата, додека еден од слугите ја прскаше со неколку капки млеко.
-„Замисли ко шо не ме гледат, да му го земам шишето и да му го удрам од гла! - рече Прозак и силно се насмеа. Се насмеав и јас.
И после неколку секунди престанавме да се смееме, а мене ме облеа студена пот. Слугата со шишето се намурти, се исправи и ни рече:
welcome, the princess is waiting for you..
Прозак го гледаше зачудено. Исто и јас, но тој го праша: Знајш кои сме ние?
No! - луто викна слугата, кој немаше повеќе од 22 години. And I dont even care! But, you're welcomed, the princess is awaiting!
Во тој момент дојде Дилан и ја грабна мачката и почна да ја носи кон кафаната. Со тепање, нормално. Изгледа не сакаше мачки воопшто.
Ни јас, ни Прозак не обрнавне внимание на детето и влеговме внатре. Во саат кулата. Во кулата која не претпоставував дека може да биде толку голема.
Знаевме и двајцата дека има нешто невообичаено во неа. А и така беше. Не беше црно бела како се' надвор, туку ги имаше сите бои на виножитото. И двајцата уживавме во гледката. Се беше толку убаво внатре. За разлика од надвор ...

„Ај нагоре! - рече Прозак. Изгледа многу скали се, ама вака - така ќе ги качиме. Морат!“
После искалувањето на првиот праг, наидовме на врата, на која пишуваше: Enter, or not!
-Ебати назнаката! Не само што ќе влезиме, туку и ќе ја зачадиме просторијава - - рече Прозак, со психо фаца. Запаливме цигара и влеговме внатре. Додека се отвораше вратата, бавно и полека, слушавме силно чкрипење, а надвор задува силен ветер. Вратата се затврои сама од промајата. Прозак повторно се обиде да ја отвори. И одново, и одново ... И на крајот успеа. Влеговме внатре. Собата беше растурена, како ветрот да потекнува од тука. Се беше на подот и се беше искршено. На ѕидот висеше слика. Изгледаше како да не е поместена, но сликата беше уништена и заматена. Се гледаше само подиум и гитара. Воопшто не претпостаувавме што претставува.
Забележавме голем прозорец. Се приближивме до прозорецот и фрливме поглед надвор.
Под прозорецот имаше провалија, сигурно длабока едно 300 метри.
-„А нели не можевме да ја стигниме кулата, а? Нели беше се подалеку, како да се движи кон некаде?“
И двајцата бевме доста збунети.
There must be some kind way out of here ... си потпевна Прозак ... и баш така и беше.
Излеговме од собата, и почнавме да ги искачуваме другите скали. Тие не однесоа на друг праг. Од една врата излезе младиот момак од слугите со шише млеко. А по него тргна мачката. Пред да се затвори вратата, ние влеговме внатре.
Само што влеговме Прозак силно викна:
Да му се сневиди!!!!!!!

....
 
T

the Carpenter

Гостин
Тhe Watchtower pt. 3

Јас, најпрво, не ни забележав што има во собата во која што штотуку влеговме. Само обратив внимание на реакцијата на Прозак. Тој, изгледаше доста нервозно, но како да очекуваше нешто такво. А тоа што го видовме внатре, можеби и требаше да го очекуваме. Собата беше доста средена, имаше секакви полици, крај прозорецот имаше телескоп. На средината од собата беше циганката,изгужвана и извалкана. Истата таа што не „малтретираше“ со тарот и разно разни глупости некое време претходно.
„Еве ја оваа пак! Брат ... влези - излези, само глупости среќаваме. Кај ја најдовме пак оваа сега. Уште ако почни пак да ни зборва за картите, ... не знам, не знам!“ – рече Прозак и ја фрли цигарата на тепихот во собата.
Циганката ги тресеше раските од нејзината стара облека и се заврте кон прозорецот.
„Што мислиш, пушењето убива ли? – го праша циганката на Прозак, додека беше свртена со грб кон нас.
-„Не знам“ – рече тој. Но знам дека глупостиве твој сигурно ќе ме остарат предвреме, и ај не ...
Тогаш циганката го прекина во реченицата и рече: Мое е да си кажам, мое е да си прашам. Мое е да зборувам цело време. А ти, ако сакаш, можам да ти ја раскажам судбината. Со картите мои, знаеш ...
Прозак се насмеа доста цинично и и рече: Не, не ... сполај ти. И запали цигара ...
Во времето кое следуваше, владееше молк. Јас и Прозак ја разгледувавме собата. Впечатлив б еше телескотоп. Оти знаевме дека циганката беше слепа, и се запрашавме зошто би и бил телескоп воопшто. Ама, знаевме дека нешто со неа не е во ред, па сето тоа го зедовме со резерва.
-„Зошто ти е телескопот“? – ја прашав јас. Нели си слепа. Таа само се насмеа и се сврте кон мене, додека јас прелистував една книга.
„Заради тоа чудо сум слепа. Ослепев гледајќи низ него. Секогаш ги набљудував ѕвездите, и ја знаев секоја. Знаев се што е на небото. Еднаш, пред неколку години паметам, гледав низ мракот. Ѕвездите ги снема, а сонцето никогаш не изгреа. И сеуште таа слика ја гледам сега. Додуша, тоа „гледам“ и нема баш некоја смисла, така ли?
„Чудно, навистина чудно. Не знам како воопшто си го изгубила видот. Но добро, живот иде даље“ – и реков јас тогаш.
This is a place in which you’ll wander. And now I know that you can’t see, you can’t feel . Words are dust…

„Ете, ех .. еве ја оваа. Почна со проповедите.“ Прозак зборуваше додека гледаше низ телескопот. И, најверојатно, преку телескопот го виде и преводот на зборовите на циганката.
„Немој, немој“ – реков јас. „Не ја слушна оваа, заебан е телескопот, остај го“.
Гледам дека е дефектен. Гледам само виножито. Виножито над таа фонтаната кај што го сретнавме то дебилчето.
Додека Прозак гледаше низ телескопот, јас малку збунет тргнав кон прозорецот. Како е можно, си реков, со телескоп да гледа нешто надвор што е многу блиску. Прозак гледаше низ телескопот, а јас низ прозорецот. Малку уплашено го прашав: Сега, што гледаш?
„Виножито над фонтаната брат, в град. И некои луѓе што се рашетувет. Ама многу јасно се гледа се. И кафаната од овај дебелиот се гледа. Никој нема внатре. Сам лока дебелиот.
Јас брат ... гледам песок. Само песок и песок. Еве, и околу нас само песок, песочни дини и ветриште. Како сред пустина да сме. А всушност, сме ... Како вака ...?
Прозак го тргна погледот од телескопот и погледан низ прозорецот. „Стварно. Стварно, како 100 километри да сме далеку од градот. Како да не е таа кула.
Циганката седеше на една столица до вратата, и се смееше додека пушеше цигара.
Прозак се сврте кон неа, но беше лут како рис. Го зеде телескопот враце и го удри од ѕид. Телескопот се раскрши на 1000 парчиња.
„Ииииииии“ – извикна циганката и нагло стана од столицата.
„Леле, леле! Не знаеш што направи. Не си свесен што направи! Ти ... ти ... ти не знаеш што направи сега...!
Прозак малку се вознемири од реакцијата на циганката, и како подисплашен поради реакцијата на циганката, ја праша: Шо, шо напрајв? ...
„Најверојатно ... го скрши телескопот. Така ми се чини ... рече циганката и силно се изнасмеа.
„Е, стварно никој овде не е нормален брат. Ај, ја надвор.
„come again, come soon. Very soon, before noon … рече вештерката. И бидејќи беше слепа, си рековме дека можиме да и „здиплиме“ по некоја работа од собата. Мислевме дека ќе може да ни користи нешто од се што имаше.
И со неколку книги в рака излеговме надвор. Планиравме да ги читаме, или под дрвото, под дебелата сенка кај што преноќивме претходно, или пак, ако некогаш си одиме дома. Иако, веќе не ни мислевме на дома. Чудно, ама вистинито. Лека – полека, се навикнавме на глупостите, на неверојатните слики и случувања, на сивилото на 1949та година.
Откако излеговме од собата кај што беше циганката, неколку скали погоре имаше гужва. Неколку луѓе стоеа пред прагот , измеѓу катовите. Поитав да ги прашам, и наеднаш почнав да зборувам шпански. Тоа веќе не ми беше чудно, па ги прашав што прават тука.
Тие ми одговорија: Ние чекаме воз. Го чекаме црниот воз!
„Јас се насмеав, и додека чадот од цигарата го издував во нивното лице, без да можам да се воздржам, им возвратив. Нормално, пак на шпански:
- Луѓе, не знам што сте пиеле, ама овде воз – цук!
Ова е кула, саат кула безбројкатница, овде воз, не би требало да поминува.
-„Ако не поминува, тоа не значи дека не треба да го чекаме – рече еден постар Шпанец. Еве, јас сум овде веќе 40 години. И сеуште не губам надеж дека, еден ден ќе дојде возот. Ех, црниот воз ... и почна да зборува ...
„Јас уште како помал седев овде и чекав. И секогаш прашував: кога ќе дојде, кога ќе дојде? Дедо ми секогаш ми велеше: Наскоро, наскоро! И секои 3 минути погледнуваше кон својот златен часовник, гледаше дали и колку касни возот. Но, тој не го дочека возот. Тој, умре чекајќи го. А сега, неговиот саат ми припаѓа мене. И сеуште го чекам возот. Црниот воз, иако заборавив зошто го чекам. Или, можеби, воопшто не ни знаев зошто го чекаме. Само, знам дека морам да го чекам! Ако сакаш, придружи ни се!
Да ви се придружам? – реков гласно и доста панично, додека се свртев наназад? И бидејќи стоев на ивицата на прагот на спратот меѓу скалите, поради паниката што ме обзеде, најмногу поради фактот што моментало, на некој начин сфатив дека сум сам, дека Прозак не е тука, а не поради поканата од шпански тотални маргинални непознаници да го чекам црниот воз, паднав надолу по скалите. Тоа, на некој начин беше пад и пат, ама најдолг досега.
Скалите беа безброј ... Наеднаш се најдов на подолниот спрат, на прагот после скалите. Лежев пред една друга врата. Врата што, додека се качувавме нагоре, сме ја одминале. Мислам дека бев добар. Не чувстував болка, ниту загубив свест. Станав, ја истресов прашината од војничката кошула. Откако се запрашав каде е Прозак, го повикав неговото име. Но, не се одзва ... И почувствував неверојатна самотија. Бев сам, некаде низ времето. Се изгубив некаде меѓу времето и просторот. Но, тоа дека веќе подолго време не знаев кај сум – наеднаш не ми претставуваше најголем проблем. Сега најбитно беше да го пронајдам Прозак. Одлучив да запалам цигара, и да влезам во вратата до мене, која штотуку се отвори. Најпрво, мислев дека се отвори самата од себе. Но, најверојатно не беше така.
После првиот чекор внатре во собата, слушнав: Welcome, come in! Welcome, welcome!
Тоа беше длабок машки глас, но не видов никого. Собата беше неверојатно ладна и темна. Откако влегов внатре, врата се затвори, и тогаш ја снема и таа мала светлина која продираше од надворешниот дел. И воопшто немав ориентација каде сум во собата, што има и колкава е. И наеднаш, посакав да сум надвор. Недалеку од мене, забележав светлина на жар од цигара. Отпрво помислив дека има некој таму, но набрзо сфатив дека тоа е огледало, дека тоа е мојата цигара. Оти собата беше темна, не ни сакав да се движам. Се завртев кон вратата и повторно го слушнав истиот глас. Ама сега, на македонски.
Како си? – ме праша. Иако не гледав ништо, одговорив.
И малку, како со трема реков добро. Да, да, добро сум. Барем така мислам. И малку, по инерција ќе речев „а ти?“, ама премолчев. И само стоев и гледав во празно. И да замижев и да гледав, исто се фаќаше. И не знам колку време помина, а веројатно околу 3 минути, добив уште едно прашање од мистериозната личност. –„Како ти се допаѓа овде?
Не знаев да одговорам на тоа прашање, ниту пак некогаш ќе знам. Едноставно, не го знаев одговорот. Малку се поднасмевнав, и само запрашав: А, што е тоа овде? Каде е тоа и како треба да го перцепирам за да знам дали ми се допаѓа или не?
Таа, најверојатно таа се насмеа. И ми рече: Си бил овде, си бил, знаеш добро дека си бил. Само, разликата е во тоа што не знаеш каде. Никогаш не знаеш. А тоа, ако се прашувам јас, е добро. Ама, за тебе, воопшто не е добро ако јас се прашувам.
„А, со кого ја имам честа да разговарам, ако не е тајна?“ – прашав и едвај чекав да го чујам одговорот.
Слушнав тогаш тивко смеење и брзо и неконтролирано испуштање на чад од цигара. И после некое време.
„Не е битно, воопшто не е битно кој сум јас. Онака, случајно сум во собава. Прв, втор, трет пат можеби. Затоа, не е битно кој сум. Битно е кај си и како се чувстуваш!
Мене, ништо не ми беше јасно. И тогаш го прашав каде сум и што му значи тоа дека сум бил овде и слично ...
„Треба, треба, треба самиот да знаеш каде си. Не си прв пат овде!“ Откако ми го кажа тоа, јас некако разочарано и помалку исфрустрирано воздивнав и реков:
Ако сум бил овде некогаш, сигурно ќе знаев. Сигурно ќе знаев се што ми се случува. За се што видов и почувствував денеска. Барем мислам дека можам да кажам денеска. Не знам ни колку време сум овде...
„За надвор, не знам. Јас ти зборувам само и само за оваа соба и ништо друго. Зарам, зарем не се сеќаваш?
„Не!“ – извикав силно и луто јас. Не сум бил, а и да сум бил, што е оваа скапана соба поинаква од други темни простории. Која е разликата, зарем има некоја разлика? И дали воошто ова е соба, или кој знае што е!
Откако го кажав тоа, слушнав на смеење кое симболизираше потврдување и одобрување.
„Токму така, баш така! Нема разлика. Секоја соба која е темна и ладна е иста. Иста со секоја друга. Се додека нема светлина, или пак, додека воопшто не посакаш да се помрднеш од точката каде што стоиш! Се додека е така, сите се исти!
Додека зборуваше, ја креваше ролетната од прозорецот. И собата стануваше се посветла. Сончевите зраци нагло паѓаа од високиот прозорец и брзо ја осветлуваа собата.
„Точно 22 минути откако си овде, и веќе сонцето ја смени работата. Малку светлина не шкоди никому, па дури и мене.
И наеднаш се беше јасно. Собата ми беше некако позната. Навистина се чувствував како да сум бил тука некогаш. Собата беше навистина голема, а наспроти мене, од другата страна седеше момак, не постар од мене. Седеше со скрстени нозе на убав и висок стол. Но, лицето сеуште му беше матно.Светлината не беше доволна да му го открие идентитетот. Можеби и не требаше да видам кој е. Очите почнаа да ми шараат и почнав брзо да ја перцепирам собата. Беше полна со кактуси, а на врвот под плафонот имаше балони. Меѓу балоните и долниот дел на собата имаше голем и дебел слој на пајажина. Пајаците успеале да направат два спрата во собата. Сигурно долго време ја плетеле мрежата. Сега го видов и огледалото кое беше скршено во горниот дел. Ѕидовите на собата беа бели и испукани. И откако, ја „восприемив“ целата ситуација и целиот изглед, тргнав напред кон личноста со која „кршев“ муабет скоро половина саат.
Само што го направив првиот чекор и слушнав глас како ме повикува. Се свртев и ја отворив вратата. Дури сега забележав дека вратата имаше црна боја. Откако излегов надвор, на местото каде што паднав, сега малку подзастанав. И со она чувство, што го викаат déjà vu, малку подзастанав и се згрчив. Како да чувствував ... не знам, зне ни знам што почувствував. ЗНам само дека ми беше многу, многу чудно. И почнав да дишам некако забрзано.
-„Арен си брат? Дан ти падна неубо?
„Добар сум“ – му реков. „Пред малку се лизнав на скаливе и паднав! После, влегов во оваа собава зад мене. “ – му реков на Прозак, сеуште зачуден од збирот на случките претходно. А, кога се свртев, да му покажам на Прозак за која врата зборувам, вратата беше затворена и запечатена со две летви во вид на икс. Онака, кога ќе за затвори некој влез каде што никој не треба да влегува. И наеднаш занемев, после уште еден шок и неверување. Ја гледам вратата на собата во која бев пред помалку од минута, а сега ја гледам ... запечатена! Малку се средив, и му реков на Прозак. – „Уствари, сакав да влезам во собава, оваа овде, ама видов дека е запечатена. И тогаш дојде ти и ме викна ...!“ Вистината која беше неверојатно изобличена, овојпат, ја скрив од Прозак. Најверојатно, мислев дека не морам да го шокирам и со моето „патешествие“ од претходно.
-„Е убо брат, чим си арен. А сега, ќе те однесам на едно место, сега бев дотаму. Малку залутав нагоре. Горе брат, уште позабегани работи има. Дој, да видиш кај бев ...
 
T

the Carpenter

Гостин
The Watchtower, pt. 4

Прозак ја заврши реченицата, па запаливме по една цигара. На местото каде што стоевме имаше прозорец во вид на круг. Надвор, сонцето беше ниско над хоризонтот, само што изгреало. Со Прозак решително се упативме нагоре по скалите. Попат, повторно наминавме кај старата „компанија“ од претходно.
Не им прај муабет на овие“ – рече Прозак додека поминувавме покрај шпанците кои правеа гужва додека го „чекаа возот!“
- Зошто? – прашав јас, и пак малку подуплашено.
„Така. Уствари, ќе видиш сега зошто!“ –рече Прозак и се упати кон една врата која се наоѓаше на левата страна, претпоставувам на петти кат на саат кулата.
И влеговме во собата ... во уште една од многуте!
Знаев дека ќе има нешто големо, чудно и поразлично од сето тоа што го видовме досега. Искуството ме натера да чувствувам дека и оваа соба ќе биде ... забегана!
И стоевме, двајцата, на прагот на собата од внатрешната страна. И само гледавме наоколу. Собата беше неверојатно голема. Изгледаше како некоја голема биртија. Имаше повеќе маси и столчиња. На другата страна, спроти нас, имаше голем камин и гореше оган. Тоа најмногу ме зачуди.
Имаше многу луѓе, и сите расправаа за нешто. Во собата владееше огромна врева, и бидејќи секој беше зафатен со расправии, никој не ни забележа дека сме внатре.
Прозак силно ја турна вратата и од силниот удар кога вратата се затвори, молкот настапи во собата. Сите замолчеа, и ги вперија своите погледи кон нас. Ние гледавме во нив, тие во нас. И никој не знаеше да каже што било. Никој не се ни осмели да ја наруши тишината во тој момент.
После некое време, Прозак многу тивко ми се обрати: - Абе ... прее ко влегов овде, имаше само два – тројца, и тие го ложеа огнот. Не знам од кај испаднаа овие. Со тие што го ложеа огнот попрајв муабет малку, и тие ми кажаа некои работи. Ама сега не знам кај отидоа тие ...
„-Немај гајле, тука негде се. Немат кај да одат!“ – му реков на Прозак.
Воопшто не се чувствував како што треба. Не се чувствував удобно, ниту пак, добредојдено. Нешто не беше во ред.
„Двајца нови?“ – рече еден од позадината на собата. „Изгледаат многу млади и свежи, би можеле да послужат за нешто!“ – заврши истиот „коментатор“!
„За што да ви послужиме бе? – неверојатно силно извика Прозак, и очекуваше одговор од истиот тој што веќе не „измерка“! Но, одговорот изостана. И после тоа, секој почна да си ја гледа својата работа, и повторно ... завладеа неверојатна галама! Повторно караница на секоја маса.
Сите пиеја пиво, сите пиеја исто пиво. Пивото се викаше Winwood, а дотогаш, да ви кажам право, ниту сум видел, ниту сум чул за такво пиво. Ама, сите го пиеја. Само, не знам каде го најдоа. Во собата, најголема соба што досега сум ја видел, немаше никој што би можел да ги послужи. А сепак, по малку, личеше на биртија. Но тоа, воопшто не е важно.
Седнавме јас и Прозак на една слободна маса, од десната страна, одма под прозорецот. Масата беше за двајца. Имаше пепељара, преполна со испушени цигари. Имаше една цигара, сеуште не беше догорена. Сигурно некој претходно седел тука. Многу скоро.
Само што седнавме, се отвори вратата. Низ неа истрча детето кое многу добро го познававме. Тоа беше малиот Роберт Дилан. Во рацете имаше две шишиња. И ни ги остави на масата. Тоа беше пиво, Winwood пиво. И тогаш ми стана јасно од каде сите пијат. Нарачал – не нарачал, имаш пиво. И наеднаш, се почувствував добредојден. Ако ништо друго, барем едно пиво да се напиеме!
Само што ни ги остави пивата, детето Роберт повторно се затрча и некаде низ собата пак ја начека мачката. Како што беше затрчан, ја шутна со сета сила. Мачката летна како топка и се удри од ѕидот. Повеќе не се помрдна. Прозак слатко се изнасмеа. Јас, само запалив цигара и го викнав детето.
- Come here, Robert!
Како знаеш како се викам? - рече детиштето на Енглески. И, кои сте вие, воопшто?
„Ејјј .. пак се прајш паметен, а? Абе, стопати те сретнавме до сега, стопати истиот муабет, и сега кои сте вие, а? Море, не си мал ... не се понашај ко да си од вчера!“ – му рече Прозак на Дилан.
Роберт воздивна. Зеде стол од една друга маса и седна до нас. Потезите кои ги правеше наликуваа како на постар човек, а не на 8 годишно дете.
Very well – рече Дилан. Let’s not talk falsely now. You know, the hour’s getting late! Тогаш, детето погледна на часовникот и наеднаш стана. Се напи од пивото на Прозак и истрча низ врата.
После неколку минути во собата влезе младичот со долгата црна коса. Момакот со шеширот кој претходно го забележавме кога пиеше во кафаната надвор, истиот тој кој му се жалеше на дебелиот меанџија. Не’ виде и седна до нас, на столот кој го намести Роберт.
„Масата е за двајца, но, смеам ли да ви се придружам?“ – рече момакот. Прозак со цигара во устата му даде потврда на неговото прашање, па младичот седна до нас. „Благодарам“ – рече тој.
„Сигурно не се знаеме, па ајде ... јас сум Боб. Така ме викаат овде.
Откако се претставивме, младичот почна да зборува.
„Епа, дечки, добредојдовте кај нас. Се надевам дека ви е интересно. Барем мене ми е!“ – рече Боб.
„Ниту ни е интересно, ниту сакаме добредојде кај Вас. Не знаеме што се случува, не знаеме како дојдовме овде. Не знаеме како да си одиме, не знаеме до кога ќе сме овде. Не знаеме ништо!“ – рече Прозак, малку налутено ...
Боб слушаше внимателно, додека Прозак зборуваше течно англиски. Откако Прозак заврши, Боб го погледна и му рече:
No reason to get excited, man! Ништо страшно. Мислев ... дека ви се допаѓа тука. На многумина им се допаѓа. А и воопшто не е лошо. Јас сум тука долго време. Подолго отколку што мислите. И најпрво, не ни знаев дали сакам да бидам тука. Не знаев дали е вопшто реалност или фикција. На вас, најверојатно ви е потешко да се прилагодите. Мене, не ми беше толку. Иако ми беше чудно се што се случува. Цело време лутав од фонтана до кулата и назад. Патот некогаш беше неверојатно долг, а некогаш стигнував за момент. А, по пат, луѓето што ги гледав, луѓето што ги среќавав, начинот на живот, приказните и случувањата, лудиот часовник, сличноста меѓу денот и ноќта, разликата меѓу утрото и самракот. Сличноста меѓу сонцето и месечината. Брзото прелевање на топло во ладно и обратно. Боите, воздухот ... се е поинаку. Но, сето тоа е онака како што не треба да биде. Онака како што не е од каде што се дошле. Само, треба ... малку време и се ќе биде релативно потребно, неважно, исто ... Еве, и сами гледате колку луѓе има тука. Никој не ни помислува да го напушти градот, а камо ли кулата. Секојдневно низ кулата, поготово низ собава поминуваат многу луѓе. Ама, ретко кој застанува, ретко кој е забележан. Ретко кој го поминал прагот. А, како што гледам, вие дури и пиво добивте. Winwood е добро пиво. Пробајте го!“
Го слушавме внимателно се што зборува. И знаевме дека тој знае се што ни треба. Тоа, на некој начин беше добар знак. И веднаш, надежта дека ќе се вратиме дома беше обновена.
„Чекај, чекај ... а како дојдовме ние овде? “ – праша Прозак!
-„Има многу начини да се најдеш овде. Најчесто, поминуваш низ магла. Некогаш магла се спушта на некои места во градот. Не секогаш, не секаде, но, ја има. Можеш да ја одбегнеш, можиш да ја заобиколиш, можеш да поминеш низ неа. Можеби патот низ неа ќе те доведе до ова место, а можеби и ќе луташ низ маглата некое време, па ќе излезеш низ неа кога ќе се крене. Значи, ако има магла на некое место, тоа е лесен начин до нашето место. Можеш да го посетиш. Некогаш сакаш, некогаш нејќеш. Некогаш е сосем случајно. Некој пак, сакаат да дојдат овде, а не можат. За таквите, кулата е секогаш затворена. Можеби еднаш влегле внатре, но, нема втор пат. Таквите, секогаш се збираат кај фонтаната, спроти кафаната надвор. Јас, на пример, мразам да сум таму. Мразам! Но, крај краева, морам! Барем еднаш дневно сум кај фонтаната и фрлам поглед кон кулата Поминува некое време и сум смирен! После, полесно се снаоѓам во кулата. Оти ... си имам проблеми јас. Од најразлична природа!“
Туку, ајде, да не ве задржувам, ниту вие да ме задржувате мене. Јас сега одам, а вие уживајте во остатокот од ... времето. If you can tell the night time from the day! Додека зборуваше, ги стави наочарите кои ги извади од внатрешниот џеб на капутот. „Се гледаме дечки! Одам најгоре!
„Чек малку ... – рече Прозак. – Ги знајш тие луѓето што го ложат огнот овде?
„Не! – Но, тие сигурно ме знаат мене! – рече Боб и се насмеа. И замина ...
Прозак продолжи да зборува...
-„Брат, тие двајца многу поинакви приказни ми праеја за ова. Многу поинаку од овај!
-„Шо ти рекоја тие? – го прашав јас.

- Абе ... види ...
Прозак се потпре со лактот на масата. Запали уште една цигара и се припреми за долго зборување.
„Прее ко те остајв сам, се качив горе. Ги начекав Шпанците, тие шо ти реков да не им прајш муабет. И само ги одминав набрзина. Влегов овде. Собава, ко шо ти реков, беше празна. Имаше луѓе што ставаа нешто во каминот. Едниот ставаше дрва, другиот книги. Книги гореа овие. Несалам луѓе. И ги викнав. Едниот беше шпанец, другиот беше Англичанец, најверојатно. Не ги прашав ништо, туку самите почнаа да ми кажуваат приказни. Едниот, тој шпанецот, цело време фрлаше книги в оган, а другиот ми зборвеше. Е сега, приказната од овега беше сосем поинаква. Англичанецот ми рече:
„Здраво пријателе. Не знам што бараш овде, ниту дали ќе го најдеш тоа што го бараш. Но, ако веќе бараш нешто, сигурно кулата не е најдобро место каде што можеш да побараш што било. Ниту, пак, овој град е добро место за одговори. Ниту за прашања. За ништо не е погодно. Ниту јас не знам зошто сум овде, ниту некогаш ќе знам. Затоа, најдобро ќе биде да ја напуштиш кулата. Најдобро ќе биде да те нема одовде пред зајдисонце. Ако сакаш можам да ти го кажам патот за надвор.“
Прозак сеуште зборуваше. Тогаш ми кажа дека го прашал на англичанецот кај каминот за патот надвор. А тој му одговорил:
-„Мора да ја прошеташ цела кула. Откако ќе го направиш тоа, ќе дојдиш овде и ќе одлучиш што да направиш со книгите кои ги носиш. Истите тие што ги зеде од кај слепата циганка. Потоа, можеш да научиш да зборуваш шпански, па да им се придружиш на тие надвор. Или пак, да го почекаш зајдисонцето пиејќи пиво. Потоа, ќе видиме ... И уште нешто, ... што и да правиш, не и верувај на циганката!“
„Е сега ... ко ми го рече то, јас излегов од соба и те побарав тебе. Ама сега, не знам кај е тој. Кај каминот го нема.“ – рече Прозак
„Туку, дај види што пишува во книгите, дај да ги отворите. Знаеше овај дека ги здипливме, не знам како ...
И тогаш на маса ги извадивме книгите што ги зедовме од полицата кај циганката. Прзак ја отвори едната, јас другата. Ги листавме 3-4 минути. Откако сфатив што читам и за што е книгата, ме облеа ладна пот. Фрлив поглед кон Прозак. И тој беше блед ... и некако знаев дека тоа што го чита е слично на моето. И тогаш, ми рече:
„Брат, книгава ... е цела ... твоја биографија. Се има, се!
Прозак ... во мојава пишува се за тебе! Исто ... јас ја читам твојата приказна, а ти мојата. Ама, што барет овие книги кај овие. И ко второ, кој ги напишал.
Двајцата молчевме некое време. Најинтересна работа е што книгите беа напишани на македонски, се до моментот кога планиравме да одиме на кошарка, па баревме место за да ја надуваме топката. Потоа, има уште неколку страници, но се е напишано на арапски. Е тоа, не го разбиравме!
-„Затвори ги книгиве брат , и земи ги. Стај ги в ранец. Јасно ми е што книги и какви и чиви книги палат таму. Огнот не е заради то што е студено во собава. Напротив, почви да станва неподносливо жешко. Допиј пивата и ќе видиме што како!“ – Прозак сосем смирено даде коментар на нештата . Изгледаше многу одлучно. Јас - не можев. Бев страшно вознемирен. И цело време се прашував – што е со книгите и како е сето тоа можно!
Уште бевме на масата кога го прашав што е работа ва со Шпанците надвор. Тие го чекаа црниот воз, возот на смртта. Шпанците беа симболика од глава до пети.
„Заебани се тие скроз. Од раѓање, па се понатаму. И се им е зафркнато. И многу е глупо кога е така. Единствен начин да биде подобро, барем за нив, е да го фатат црниот воз. Мислеле, дека, ако дојдат во кулава, ќе дој возот побрзо, ама ... се зафркнале луѓето. И сега, си чекаат, си чекаат.“
„Чудно, многу чудно. Јас попрајв муабет со нив. Долго време се таму. И не знаат зошто го чекаат тој воз. Воопшто не ни знаат што претставува тој воз. А како што велиш, тој воз е за крај. Тие го чекаат крајот, а не знаат ни што е тоа!“ – реков јас, како коментар на муабетот на Прозак.
Се насмеа Прозак тогаш и го сврте погледот кон прозорецот. И рече: There are many here among us, who feel the life’s but a joke. А да ти кажам право, не се само шпанците надвор такви. Сите се. И овие идиотиве овде, што пијат пиво по цел ден овдека. Што не знаат ни што е бел ден. Што не знат што е дома, што е живот. Цело време застанати овде – онде низ кулава. Потаму од ова не знаат ништо. But you and I have been through that, and this is not our fate ...“
 
T

the Carpenter

Гостин
The Watchtower, pt.5

Станавме тогаш. На масата останаа шишињата со пиво и една недопушена цигара на пепелникот. Ја заборави Прозак. Само што станавме, низ вратата влета малиот Роберт Дилан. Само претрча покрај нас, ги собра двете шишиња и ги фрли низ прозорец. Продолжи да трча и ја грабна мачката која сеуште беше во кома од силниот удар што го претрпе пред некое време.
Само што сакавме да излезиме низ вратата, се слушна гласно грмење. Се најави бура. Во истиот момент почна да врне силен дожд. Дождот беше неверојатно силен, што до сега такво нешто не сум видел. Само погледнав низ прозорецот, а долу на земјата веќе имаше големи локви од вода дождовница. Собата почна да се полни со луѓе. Сите бараа засолнување од дождот. Грмотевиците беа уште посилни.
Сеуште истураше силен дожд. После некое време, успеавме да излеземе од собата. Поради многу луѓе кои влегуваа внатре, беше тешко да излезиш надвор. Кога излеговме, се вчудоневидовме. Првиот и вториот спрат од кулата беа поплавени од водата. И нивото на водата се зголемуваше. Веќе беше јасно дека водата ќе надојде до спратот кај што сме ние. Едвај погледнавме нагоре, поради силните капки кои не удираа по глава. Дури сега сфативме дека кулата нема покрив. А јас и Прозак сеуште кисневме на дождот надвор. На спратот под нас, кој веќе почна да се поплавува сеуште чекаа неколкумината шпанци. Водата веќе им беше дојдена до колента.
„Сега брат, шо прајме“? – го прашав на Прозак. Тој веднаш ми одговори:
„Во кулава сме. Нема назад, нема долу. Сега, постои само горе. Ојме нагоре!
Почнавме да ги искачуваме долгите мокри скали ...
Саат кулата во која се наоѓавме изгледаше се повисока. Одевме само нагоре по бројните скали, но се движевме бавно, како да имавме пранги на нозете. Дождот беше се’ посилен. Тој силно не’ удираше, а низ скалите надолу течеше река од дождот. Ако не се држевме цврсто за оградата на скалите, сигурно водата ќе не однесеше по нив надолу.
-„Како си брат“? – ме праша Прозак додека се качувавме нагоре. Јас го слушнав неговото прашање, но не му одговорив одма. И само што почувствував дека ќе ме препраша, во случај да не сум го слушнал, му реков:
- „Арен сум брат. Само ... ме нервират дождов. Ме нервират , ми идет да искршам све околу мене. Ама и то не можам да го напрам. Не можам ни очиве да ги држам отворени, ниту да гледам нагоре. Цел сум воден и тоа дополнително ме фрустрират“.
Прозак го слушна мојот одговор и не ме праша ништо во следните неколку минути. Знам дека и тој не беше на своето. А дождот ... изгледаше се пострашен. Тој правеше неверојатна галама и голема бука, која напати беше прекината од силните грмотевици .
„Хахаха“! – цинично се насмеа Прозак и ме одврати од гушењето во галамата предизвикана од дождот и грмењето.-„ Кулава немала покрив.! Зато ни врни и внатре ненормално. Ние толку бевме зафатени со други глупости, и ич не ни помисливме на то. А кај да е ... кулава оти нема покрив, ќе се наполни цела со вода. Дождов не му текви да прекини, а то значи дека мора да најдиме место да се скриеме. Можи требаше да останиме кај собата од Боб. Ваљда немаше да се поплави!“
Јас го слушав претпазливо, оти во секое време очекував дека ќе даде некој предлог или решение за ситуацијата во која сме. Оти, времето и просторот не одбија. Дожд се појави од никаде. Единствено светло на крајот на вертикалниот тунел беше само грмотевицата. Надолу се беше пропаст. Најверојатно, многу од луѓето кои ги сретнавме претходно се удавени. Откако ја видов таа „голема слика“ дури тогаш спознав во каква ситуација бевме, сме или допрва што ни следува. Ние сме во кула која се полни со вода. Ние сме ... зафркнати скроз на скроз. И нема назад.
Си размислував јас малку по малку ... а ми се чини дека и Прозак го прави истото.
Му реков тогаш на Прозак:
„Знам дека не е време за зафрканции глупи, ама се осеќам ко да сме затворени во шише со ракија, кое има скала во него, и сега некој го полни со ракија. А ние се качуваме по скалата безполезно. Ваљда нема излез и горе. А дождов ... нема престан. Уште посилен е со тек на време...“
Прозак подзастана на скалите, меѓу спратовите. Се сврте кон мене и ми рече:
„Ти реков и претходно: There must be some way out of here! И сигурно има. Нема ни да се удајме, ниту ќе не опери гром. Или ќе излезиме преку покривот, па ке видиме шо како, а можно е да преврни дур да стигни вода до горе. Крај краева ќе влезиме во некоја соба. Ваљда нагоре има големи соби како подолу. И овај, како се викаше ... Боб. Тој ни рече дека ќе бил горе. Па сигурно ќе го најме“.
„Чим велиш така брат, така морат и да бидит! Ај, продолжвиме нагоре да најме излез!“ – реков јас полн со надеж после последната оптимистичка изјава од Прозак. И двајцата продолживме нагоре ...

Поминувавме и заминувавме неколку соби. Правевме отвори – затвори по вратите. Ниедна од собите кои ги погледнавме, не го „нудеше“ она што го баравме. Човек, или пак, нешто што би можело да послужи како последна сламка за спас. Па дури и циганката би била добредојдена сега. Ама, и неа ја немаше. А собите кои ги гледавме беа исти. Сите беа скоро празни, со по некое парче мебел. Беа средени и чисти, но ѕидовите беа или кафеави или црни. Како да се пушеле цигари, па ѕидовите не се варосани од кога е направена кулата.
Во ходникот од кулата, фрливме погледн надолу. Оградата на скалите правеше неверојатна глетка поради кружниот облик на скалите. Но, веќе не се гледаше дното на кулата, туку се беше сино. Водата надоаѓаше, и веќе беше само неколку спратови до нас. За кратко време ја наполни половина кула со вода. А, како што можеше да се претпостави, според најцрните сценарија, дождот немаше абер од запирање. Дождот беше се погласен, исто и грмотевиците. Звучеше како да паѓаат громови над нашите глави.
Во тој момент слушнавме глас кој не повикува. Тоа беше човекот со долга црна коса. Тоа беше Боб. И не повика да ги искачиме скалите и да дојдеме пред собата кај што стоеше тој. Забележавме дека носи чадор. Чадорот беше многу голем, па сите тројца се прибравме под него.
„Кај скитате по невремево“? – не праша тогаш Боб. „Ова е големо невреме, не требаше да скитате низ кулата кога знаевте дека ќе има невреме! Или ... не знаевте?“
Прозак тогаш одговори, со неверојатна лутина: „Ни кажа некој дека ќе има невреме? Или глумиш, или толку ти чини.? Од кај да знајме ние дали ќе има невреме во скапаниов град? Племето ваше!“
My bad, sorry guys! I forgot how brand new you are here! Рече Боб тогаш. Не се слушаше најдобро, но преводот се покажа како многу корисен овој пат. Боб продолжи да зборува:
„Требаше да ве предупредам дека доаѓа бура. Требаше да ви кажам каде да се засолните. Најдобро ќе беше да останевте во градот. Таму сигурно е мирно и чисто. Кулата многу често ја фаќа невреме. Посебно кога же има виножито. Посебно тогаш. Јас го видов виножитото, па знаев дека ќе не снајде ова. Но, имам чадор, имам каде да се засолнам, па немам гајле. Туку, што ќе правиме со вас. Што сега. Нема назад, нема надвор. Има само ... горе! Можеби глупаво од моја страна што нема да ве поканам внатре, во мојата соба, но знам дека нема да прифатите да бидете мои гости. Иако ми е роденден. Впрочем, утре ќе ми е, ќе полнам 26 години. Но, во случај да ми се придружите, ќе мора да останете за роденденот, и уште многу подолго. Но, знам дека нема да ја прифатите мојата понуда. А во тој случај, можам да ви посакам многу среќа, одејќи кон врвот на кулата“.
Само што се заврте да си влезе во собата, го фатив за рака и му реков: Чекај, застани уште малку. Зошто да не ја прифатиме понудата. Зошто да не останеме неколку дена. Ќе почекаме се ова да се заврши, да измине бурата и високата вода, па ќе си заминеме. Ако е до нас, не е проблемот!
„До вас е! Види вака. Ако дојдете во мојата соба, во моето прибежиште, сигурно ќе се спасите од големата вода која веќе е дојдена до нашиот кат додека правиме муабет. Но, ќе мора да чекате да се повлече. А тоа може да трае со денови. Ако вие останете овде уште малку, пример еден ден, никогаш нема да си одите од овде. Ќе останете во нашиот град, во нашиот црно бел рај. Во нашето место кое е некаде низ времето. Најголемиот град во универзумот кој не е регистриран на никоја карта. Градот во кој виножитото е посјајно од сонцето, а месечината ги менува своите страни. Нашето место кое е пресликано во соништата. Соништата се разгледници на нашиот град. А кулата ... е нашата саат кула е величенствена. Затоа ... ви реков. До вас е. Ако сакате да останете, повелете!
Прозак тогаш ме погледна и ми рече: Тој Англичанецот што го ложеше огнот пред малку во таа собата ми рече да се вратиме таму што порано. Инаку, ќе си останиме овде, баш како што кажува оваа будалава. Не мојме да влезиме внатре. А чекај ... како не влегува вода внатре? Вратава е херметички затворена? Што врата ќе беше па да не попушти толку вода, толкав притисок ...?

„Абе дечки. Мене ми е повеќе страв од дождов дур сум овде, пред врата со вас, па затоа си зедов чадор. А од големава вода не се плашам, ама ич. И да ви кажам право, не е прв пат да ја видам. Ви кажав, често има невремиња, поплави и грмотевици. Секој се снаоѓа како знае. Скоро никој нема гајле, посебно од водата. Понекогаш има некој што ќе остане ни горе ни долу, па водата го „проголтува“ и веќе никогаш нема да го видиме, ама најчесто, секој знае каде, што и како! Јас на пример, откако ќе влезам во мојата соба, ќе се спружам на креветот и ќе заспијам. Најчесто, одма заспивам. После шетањето низ градот, кулирањето кај фонтаната, и качувањето низ кулава, се чувствувам неверојатно уморен, па одма заспивам, и тоа цврсто. И откако ќе заспијам, не знам што ќе се случи. Можеби водата ќе влезе внатре, можеби ќе ја наполни собата, или којзнае што, но, ви реков – јас ќе спијам цврсто и кога ќе се разбудам се ќе биде како што било. Знам, не е ова прв пат!“
Боб се заврте и влезе во собата. Пред да ја затвори, ни рече: So long bros, I hope you enjoyed it! In the town we call …
Тој не поздрави, и само што сакаше да ни го каже името на градот, вратата се затвори, а преводот беше нејасен. Не ни пробавме да ја отвориме вратата туку одлучивме да одиме нагоре. Водата беше многу блиску под нас, а над нас имаше уште неколку спратови.
-„Баравме одговор овде. Баравме траги, помош и објаснувања овде. Баравме логика во сето тоа што го видовме и чувме надвор баш на ова место, во кулата од која сега мора да избегаме. Да бевме надвор, сигурно ќе си бевме ојдени дома до сега. Ваљда се ќе беше ко шо треба!“ Зборуваше Прозак се поразочарано. Уморот и нервозата си го направија своето. И тој веќе го губеше оптимизмот од претходно. И само се качувавме по скалите. Летаргично и без преголеми очекувања. А кога веќе бевме на два три спрата блиску до врвот на кулата, видовме нешто што не замрзна. Кулата можеби немаше покрив што ја запира водата, но дефинитивно имаше нешто што не може да го поминеш. Беше прекриена со неколку прекрстени метални шипки, и тоа одеа точно преку врвот. Дождот можеше слободно да навлегува низ отворот, но ние сигурно не можевме надвор. Најлошо беше тоа што, доколку чекавме водата да ја наполни кулата, па ние да пливаме и да се држиме над водата на врвот од кулата, тоа веќе беше неизводливо. Поради шипките, сигурно би се удавиле. Уште еден факт кој ни ги докрајчи надежите.
„Кој идиот ја има правено кулатa? Кој идиот ја напрајл вака? – се развика Прозак во целата таа галама. Не поминаа неколку секунди, а јас мирно му одговорив:
„Извесен Тимоти Лири е архитектот!“ Така прочитав во една книга кај ѓупката, додека ти гледаше во телескопот. И ако ценам според кулава, тој Лири треба да биде обесен на плоштад во Битола, ама ај ... не се прашвам јас!“
Прозак искоментира кратко: „ Ја утнал работата тој Лири. Ја утнал скроз!“ - и продолжи нагоре.
Нагоре, веќе немаше врата која беше отворена. На сите имаше по некој катанец. Да ви кажам право веќе размислував за мојот последен говор, односно, што да кажам пред да ме „однесе“ водата која веќе ни беше под стапалата. Почна по малку да не заплискува.
Стигнавме на последниот спрат.
 
T

the Carpenter

Гостин
The Watchtower, final

Таму ја сретнавме девојката, која веќе ја заборавивме, а ја видовме претходно, како го гледа градот од височината. Најверојатно стоеше на тоа место каде што јас и Прозак ја начекавме кога го гледаше градот. И сега гледаше низ прозорецот и се смешкаше. Отпрво, се сомневавме дека може да ни помогне, оти веќе бевме изморени од глупости, од лажна надеж, од слушање приказни. Мислевме дека и со оваа ќе биде исто. Но, не беше исто. Беше полошо ... Таа се сврте кон нас, се насмевна и рече: The Rainbow, the rainbow, the rainbow …! Го повтори тоа неколкупати. Додека таа не гледаше како што теле би гледало во шарена врата и повторуваше rainbow, rainbow, Прозак ја прекина и и рече: Е де, rainbow … и? Taa пак продолжи со својата “елоквентна“ фора rainbow, Rainbow. Тоа го повтори уште неколку пати, и само што сакавме да и се оддалечиме, рече: You don’t have to be at the Watchtower to see the Rainbow! Само што ни ја соопшти таа порака, си скокна во водата и почна да нурка надолу. Воопшто не ни беше исплашена, туку беше сосем сигурна ви тоа што го прави. Таа одлучи да плива надолу, низ водата и да проба да стигне ... некаде! Најверојатно знаеше што прави. А ние само ја гледавме, само ја гледавме како плива надолу. И наеднаш се изгуби од видикот. Јас и Прозак се погледнавме еден со друг, и само ги кренавме рамениците. Стварно не изненади нејзиниот потег.Само, барем во тој момент не знаевме што сакаше да каже. Но, не ни дозволи да ја прашаме што било друго. Таа замина надолу по водата. Дури за момент помислив на Прозак да му го предложам истото да го направиме, но ... не знаев дали ќе издржиме со пливање, до каде и до кога. И затоа, си премолчев.
Последниот спрат беше најубав. На тој спрат се наоѓаа механизмите од саатот и огромните стакла и стрелките на часовникот кои се гледаа од надвор. Овој спрат беше највисок и најширок. Имаше многу место. Не ја почувствувавме глетката надвор кон градот. Не дека не можевме, но мислам дека не ни пробавме. Дождот беше сеуште силен, а грмотевиците уште погласни. Горе по ѕидовите беа напишани некои реченици. Изгледаа како да се напишани од различен човек, во различно време. Изгледа, не сме биле единствени овде низ времето. Имаше еден доста интересен текст. Одеше некако вака:
I lived in magic solitude,
Of cloudy looking mountains,
And a lake made out of crystal raindrops.
Roaming through space, ten thousand years ago,
I've seen the giant city of Atlantis,
Sinking into eternal wave of darkness.
Somewhere in the blue distance
Are those long forgotten trees of yore
A broken violin floating alone in December
Darkness everywhere, and nothing more
Symbol, strange symbol, melancholy
Painting torrid colors on a sky of green
Candle breathing one night only
Far away, in chillness, bleak, unseen
Drifting galley, ghostlike shadow
Sails rigged to catch and kill the time
Echoes wandering down an endless meadow
I feel ... sublime
Тоа беше можеби едно од најинтересните делчиња на текст што воопшто некогаш сум прочитал, ама воопшто не ни помогна, па така неговото значење за нас во тој момент беше никакво, иако го напишал некој шт бил во ситуација како нашата. Барем претпоставувавме.
Каде што беа стрелките од големиот саат според кој се мереше времето во овој скапан стар град, имаше дена мала стреа. Таму малку се задскривме и запаливме по некоја цигара. Свртевме некој муабет со Прозак, ама се што кажавме беше излишно. Двајцата изразивме жалење заради кошарката која никогаш не ја изигравме под врелото скопско сонце. Можевме да правиме многу попаметни работи отколку да чекаме овде. А што чекавме? Да догори цигарата? Знаевме дека додека пушиме цигара сме безбедни. Кога таа ќе се потроши, веќе водата ќе ни биде до грло. А тогаш, нема голем избор и нема место за маневри. Тоа беа тешки, но значајни моменти. Мене веќе почна да ми се гледа се поматно и поматно. Забележав дека и Прозак не се чувствува најдобро.
-„Тоа е тоа брат. Шо велиш, што да прајме“? – го прашав на Прозак за совет. Можеби и последен.
-„Нема друго. Ќе нурниме во водата, па ... по среќата надолу, низводно. Ќе се снаоѓаме! Ако имаме среќа ... ќе се спасиме. Ако има време ... рече Прозак, па го прекинав ...
There is always time! –му реков јас, прилично сигурен во тоа што го зборувам! Знам дека ќе се спасиш, барем ти. Ако излезиш од кулава, вака така жив здрав ... побарај ме! Во случај да останам внатре ... знајш ...
Прозак се насмеа, ме погледна и ми рече: You’ll never walk alone, brother! No matter what …
Во тој момент двајцата нурнавме во водата која веќе ја преплави целата кула и почна да се прелива од другата страна. Нуркав надолу некое време, кога забележав неверојатно блескава бела светлина која доаѓа кон нас. Toa беше последното што го видов. Се беше како во забавена снимка. Последното нешто ... The last thing I remember …
После тоа, не знам ништо повеќе. Знам дека полека почнав да ги отворам очите, додека седев позади шанкот во некоја биртија. Главата ја држев во двете раце. Откако добро се освестив, го видов и Прозак. Седеше до мене, а главата му беше потпрена на едната рака. Не знам како изгледав, но тој ме погледна како да видел дух. Одмаравме така некое време без да изустиме ни збор. Шанкерот не праша што ќе пиеме ... Откако не му одговоривме во првите ... не знам дали и беа минути, тој си замина. Тогаш, на радио слушнав нешто: Тоа беше Боб Дилан со неговиот хит All along the watchtower! Уживајте и понатаму во нашата програма ... следува Рони Џејмс ДИО со неговата Rainbow in the dark.
Тогаш го прашав на Прозак: „Чек ... што воопшто се случи?!?!?!“ Прозак ја извади кутијата цигари и извади една. Само што сакаше да ја запали цигарата, вратата се отвори.
Низ вратата влезе едно мало дете со кошаркарска топка во едната рака и мачка во другата рака. И не’ праша:
„Ваша е топката? Јас ја најдов надвор, ама не можев да играм. Не е надувана ...“
Прозак само се насмеа и ја стави раката преку очите додека се потпираше на шанкот.
Но, неговата насмевка беше чудна. Like a Rainbow in the dark ...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Писмо

Ова е веќе враќање во минатото.Малку повеќе иронично е додека гледам во восокот на свеќата што се топи ,а пред мене лежи лист хартија.Надвор има ужасна бура,снег и дожд паѓаат цела ноќ но ти веќе го знаеш тоа,можеш да видиш и самата.Но не можеш да ме видиш мене. И подобро што е така...зашто се на мене е скршено,искривоколчено,дотолчено.За прв пат ме боли срцето кое мислев дека го немам.И рацете ми треперат и нозете ми се пресечени ,и се чудам себеси како издржувам да не препукнам да не легнам во креветон и во екот на оваа бура да престанам да живеам.Силно го посакувам тоа,ако сите денови без тебе се исти вакви јас и онака сум мртов.
Како е можно да постои волкава доза на очај.Како се преболува вакво нешто?Би дал се што имам само некој да ми ја каже тајната на преболувањето .Некогаш ќе дадев се што имам за да те задржам во својот живот,но ти никогаш не сакаше се,ме сакаше мене поинаков.Сакаше невозможно ,а јас....јас сеуште те љубам тебе.Сега сите зборови се смешни и оваа бела хартија на која испишувам смешни реченици во смешно писмо кое ти нема никогаш да го прочиташ ме прават веројатно најголемата будалетинка на светот.Најголемата иронија е што воопшто не сум загрижен за тоа.Загрижен не сум ниту за себе.Трагично но јас сум загрижен за тебе.
Јас знам дека ти бев најголемата потпора на светот,јас знам дека мојата сила ти беше бедем за да не те повреди светот.Како ќе живееш ти без неа,без мене...настрана моето его јас знам што сум ти и што ти бев.Посакувам да е се поедноставно во овој живот,да разбирав помалку да не се прашував премногу,да љубев почисто.
Премногу прашања мила моја.Овој разговор кој го водам со самиот себе ме искушува да рипнам од овој дрвен стол ,да се пробијам низ бурата и да те донесам овде.До мене,каде што и ти е местото.Секогаш ти било местото до мене,ќе се сретнеме во вечноста ако не во овој живот.А вечноста трае многу подолго отколку неколку мизерни години поминати на оваа земја.Јас дишам за таа вечност и затоа ми е полесно да ја издржам оваа аритмија,оваа мизерија,болов...Но знај во вечноста јас пак ќе бидам истиот ,исто ќе те љубам на истиот начин...но вечноста е многу подолга за да можеш да се увериш дека можеш да ме љубиш и ваков.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Го навртуваше кругот на клучалката, во моментот кога посака да ѕирне низ неа. Го вкалапи погледот низ таа студена далечина и го остави ирисот да се разлева како колорит низ врел асфалт.

Почна да се допира панично, не отстапувајќи од погледот, не можеше да се осети, затворник, бездомник ... во сопственото тело. Сакаше да го дофати привидението кое трчаше кон него ... клучалката почна да се одвртува, да испушта крикови, го туркаше назад, во пукнатините на ѕидот, полни со пајажини ... заборавени од отровот на медузата.

Го зема кругот со себе, не сакаше да и го остави на таа проклета железна клучалка која носеше само искривување на внатрешноста, се зема и себе си и длабоко се напика во прашината која потскокнуваше насекаде, ги тресеше пајажините кои му се плетеа и го прергнуваа толку силно и го стеснуваа погледот во аголот на недопирливото.

Си го извади колачот, реши да и даде радост на прстите ... истите прсти кои беа покриени со росата на новиот момент. Прстите не беа доволни, посака да го вдише колачот, само сакаше да го вдише и да ги осети сите состојки, оние кои танцуваа од радоста на измешаноста ... Се премисли. Го плукна, толку силно да направи тунел во пукнатините, во ѕидот кој се стеснуваше ... ѕидот кој немаше крај.

Остана само отисок, отпечатоци од плунката која сакаше да танцува, долг и раскрилен танц која ни една птица до сега не го покажала. Зарем толку е далеку гнездото, за да застане и да танцува слободно ...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Ноќната принцеза

Се приближуваше моментот кога требаше да се збогуваат, да стават крај на нивната прекрасно мината вечер. Беше свесен дека можеби нема веќе никогаш да ја сретне, дека можеби неговите очи за последен пат се губат во погледот на таа нејзина, невина насмевка. Но, не му беше важно, зашто живееше за овој момент, и беше решен да го дознае името на таа девојка, за него принцеза во ноќта... Следеше едно одлучно: "Зар на ваква прекрасна девојка да не и' го знам името? Не би си простил таков грев никогаш!"
- Следеше едно срамежливо кикотење од нејзина страна, но потоа одеднаш меѓу нив двајца настана тишина... Тишина, која можеше да биде прекината само од интензивните отчукувања на неговото срце, кое како да нервозно се поклопуваше со ритамот кој го наметнуваа штурците кои, како и секоја ноќ, ја пееја својата монотона песна. Му се чинеше како вечност, но вечност во која не би сакал да се најде тој, вечност која правеше да се чувствува напнато, несигурно, па дури и за момент да се запраша дали воопшто требаше да го каже она што последно го кажа, кое само до пред неколку секунди делуваше толку сигурно, самоуверено од негова страна. А таа? Мудро молчеше, а нејзиниот поглед беше фиксиран на напнатиот израз на неговото лице, а со рацете му помагаше на тивкиот ветар кој весело подигруваше со нејзината долга коса. Не беше свесна дека тој во моментот токму за таа коса фантазираше, му ЉУБОМОРЕШЕ на ветрот што толку дрско си зема за дозвола да ја гали нејзината коса, иако не се знаеја, нешто по што тој копнееше... А нормално дека тој колку-толку ја запозна подобро од еден вечерен ветар. Но, секундите минуваа, а тој почна да се чувствува како мачка која полека го губи и својот деветти живот. Мислеше дека е подготвен да врисне, како воин признавајќи го поразот во некоја битка, соблечен од својата гордост. И како да доаѓаше тој крик од некаде длабоко, внатре во него, кога одеднаш гласовите кои во него веќе вриштеа ги замолкна едно нежно зборче: "Александра...". Се збуни, како да имаше заборавено што треба да значи тоа. Но за среќа, таа како да насети и повтори: "Убавата девојка се одзива на името Александра.". Се свести, и за момент поцрвена... Александра? Па чекај, тоа е сосем обично име, име кое го имаат милиони девојки. Очекував нешто далеку посвечено, пограциозно... - ова беа мислите кои се провртеа низ неговата глава. За веќе наредниот момент да сфати дека овојпат тоа име некако звучеше посебно. ДА, беше сигурен! Можеби има и други девојки со исто име, но оваа дефинитивно го имаше најубавото од сите нив! Имаше нешто посебно во оваа Александра, нешто што останатите го немаа, нешто што ги правеше незаслужни да го носат тоа толку обично, а за него толку свето име. Сите овие мисли беа прекинато од нејзиното : "Време е да одам. Знаеш, нели?". Да, знаеше, и тоа како знаеше, и тоа како се јадосуваше заради тој факт. Но, моментот беше тој. Ја фати нејзината рака, притоа заземајќи џентлементски став, се наведна, и ја бакна, нежно како што никогаш не бакнал... "Како треба да го сфатам овој гест?" - запраша таа. " Сфати го како еден најобичен бакнеж за добра ноќ, Александра." - рече тој, особено внимавајќи во изговорот на нејзиното име, кое сакаше да звучи некако понежно. " А јас не треба да го сфатам никако, зашто веќе знам што претставува за мене. За мене овој бакнеж кој ти го упатив, претставуваше резиме на сето минато време со тебе ноќва. Да, можеби е еден мал, нежен бакнеж на твојата бела рака, но токму преку таа нежност сакам да ти покажам колку всушност внимание ти посветувам... Внимание какво што заслужува една принцеза, принцеза по име Александра.". Овие зборови дојдоа како музика за нејзините уши, и се' што успеа да изусти потоа беше:"Ми се допадна твојот гест, ако е така како што велиш. Но, имам една подобра идеја, односно, знам начин како таа нежност да ми ја покажеш на поинаков начин.". Веќе наредниот момент, му скокна во прегратка, а нејзините усни се споија со неговите... Додека ноќта беше таа која се погрижи за се' останато.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom