Paranoik
내 ♡, ∞.
- Член од
- 10 август 2008
- Мислења
- 1.873
- Поени од реакции
- 451
За тебе - in a state of trance.
Oва не е време на жалење во кое пишувам,
иако е полно со празни чаши и контејнери кои мирисаат на..
„Пак заборавив. Пак заборавив.“
Да се биде изгубен во гужва не е ништо повеќе отколку да ми недостигаш кога спијам, и да го гребам првиот слој од мојата кожа кога сум будна,
и никогаш знаејќи по кој пат да тргнам кога светлата на семафорот се менуваат,
и менуваат,
и менуваат,
а јас стојам во едно исто место.
Затоа што има нешто кое требало да биде нешто,
и разбирам дека еден ден судбината ќе ме има проголтано целосно,
и додека ја глода мојата долга кафена коса
помислувам на сите кошмари каде прекинувам,
а ти никогаш не беше таму.
Ќе се прекријам и ќе си ги избројам моите прсти,
и ќе се утешам со фактот дека бројот никогаш не се менува
затоа што кога нештата се менуваат јас играм на прагот од мојот прозорец, и мислам на времињата,
кога сакав да скокнам и самотијата ме облекуваше,
и секогаш наликував на тажалка.
Лакирани сјајни црни чевли. Ги гледав како те спуштаат во земјата,
а јас бев толку млада што се прашував колку долго ќе и треба на
тревата да порасне.
Но сега знам.
Помина една година,
и ништо не е променето,
а се` е променето.
Носам леќи секој ден, и отпрво ми требаа часови за да ги наместам,
и тогаш ќе плачев и плачев и плачев и шминката ќе ми се размачкаше и престанував да бидам убава,
но сега сум повторно убава и тие влегуваат лесно и ми недостигаш.
Пијам чај сега и ставам премногу шеќер во него и ти би го мразел тоа
и јас престанав да се јавувам и престанав да чекам
и ти престана.
И престaнав да посакувам и престанав да пишувам
и ти престана.
Пак е добро.
Бев послаба минатата година а моето тело сеа --
би го мразел.
Но сите се` уште ми се насмевнуваат.
Што можам да направам ако тие продолжат со смалување на стандардите?
Ја среќавам побарувачката и тие ја маваат мојата карта и ги ставаат перниците над моето лице
за да ја спречат светлината
и спијам до пладне
и ја читам пропагандата која ја објавиле за „Себепомагање!“ и јас верувам во тоа
бидејќи така е поубедливо
и се тркалам од креветот и си правам чај
и мојата мачка е таму за да седи на мојот граден кош и ме гуши и ме остава
да уживам во тежината, макар и на кратко.
Шетам сама во паркот кога е облачно и мислам дека може да врне
затоа што е убаво кога небото е сиво
и не е сосем црно или бело,
и не е сосем лево или десно.
Неутралност е она што ми треба сега.
Понекогаш го листам весникот и кога ја смирувам тагата има мастило на моите раце и мислам дека тоа е многу симболично.
Зборувам со моите пријателки за тебе, па ти не си некоја којзнае каква тајна.
Лошо техно свири во позадината,
и им го објаснувам мојот живот во движење на тапаните.
Тие мислат дека сум прекрасно трагична,
како да никогаш не си ни постоел.
Кога зборувам за тебе сега те изговарам како да си статуа, и велам нешта кои звучат како:
„Но, не се каам за тоа“, или „Среќна сум што сум го поминала тоа време“, и
чудното нешто е што го мислам тоа.
Тоа не значи дека се` уште не печам огромни купови храна,
немајќи кому да му ја послужам,
исто како часовите кога лежевме така спружени, и не моравме да зборуваме,
а сега се прашувам дали можеби требаше,
затоа што само моето лежење во твоите раце не те задржа тука.
Не те кривам тебе
но
не се кривам ни себе
..јас сум несреќа,
чии пропорции се толку епски што ме тераат да вриснам.
Можеби би.
Јас
мислам дека некој ден би напишала мемоар и твоето име би било нешто романтично во првата глава
и тогаш би се вратила назад и би го променила, секако, бидејќи ти си никој освен себеси
и тогаш ништо не би изгледало правилно по тоа и јас никогаш не би го завршила, би го нарекла потрошено време
и би го исфрлила,
но би знаела што испарило
пред на се да му помине рокот
и да биде фрлено во ѓубрето.
Се стркалав на патот и почнав да одам
но немав каде.
Па, каде да одам од овде?
Сите автобуси запреа и сите аеродроми се мртви,
а мојот багаж е зашиен во мојот стомак и се е накосо..
И наопаку.. Ми треба кафе.
Или чај.
Пијам чај во моментов.
А некои работи едноставно се влошуваат и влошуваат, иако времето треба да излечи се.. Само сакам да знаеш дека љубовта е како авион,
правејќи го рајот потежок за вдишување
кога си внатре, илјада метри над светот..
Но сепак си безбеден.
Пет-инчен прозорец од солзи, воздухот е тежок, и чистите пластични кеси каде кислородот нема да зголеми ништо..
Никогаш нема да те заборавам.
20 January, 2010.
You know who you are.