Прозни искри

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
Колку е прозна искра ова моево, не знам. Ама го пишував за училишниот весник пред две години обидувајќи се да доловам некоја реалност на младинава во Прилеп. Се надевам ќе Ве бендиса. Уживајте.




Die or get rich tryin` ( to become a Famosa, Џек, Шмизла )

Пример како шо почнува секоја колумна или ватева мојоф текст е.. би почнал со едно големо ЗДРАВО!!! Вечерва е 02.02.06 и Јас најискрено се чувствувам многу за-накај-никаде бидејчи конечно видоф некој неубај хомосексуални работи (со сфој очи) во Прилеп. Да да.. иаме и ние од “Лујџето со преобратена сексуалност”..ГЕЈ.Сепак, немам ништо протиф ниф ни со ниф ни па сакам да имам. С`идам дома од Лидо -> стандард шема едно кафе после 6-7 часовното одморање од училишното седење в клупа и ги глеам стариве гледа А1 нешто.. и нешто ми вика.. чим ги глеам вака заинтригирани во телевизороф не че да е на арно ова.. и седнувам до ниф.. глеам некое бате од Битола.. Кочо беше Коста врска немам и нешто јачи.. “Ма денес ни е празник бла-бла-бла..” и уште толку ми се стемни од пред очи.. Си викам со умоф: “Се е лудила значи низ Лудницава..ова де низ Македонијава..”. И еве ме сега.. се скопаф в детска и прво шо слушнаф таму комшијава на син му: “МА НЕМОЈ ДА ВРИШТИШ МЛАД ГОСПОДИНЕ!!!МА ИМАШ ДЕВЕТ КЕЦА!!” КОЛКУ!? 9? Оохохоооооо арно ги нарембал овај J. A сега работата поради која шо дојдоф тука.. да напишам нешто за нашиот весник. Да преминам на главното. Не сум некој класичен тип на “Lil School Boy” новинарче па да земам да критикувам училиштето вакво-онакво.. служителите ова-она.. професориве вака-така.. Училиштето ни е закон.. морате да си признајте.. па кој не го бендисува то шо студело насабајле или дека некој од служителите пушел цигара в ходник.. ич нека не иди пошто и самите знајме дека средното образование не е ЗАДОЛЖИТЕЛНО иако поинаку не уча од домаJ. Значи сега да преминиме на главново. Да стори (приказнаВА) оди така.. ова де вака: Станаф од 6 сабајле, прва работа шо бараф да видам весник која година сме да не сум замрзнал и сега ме одмрзнале некој од следниве генерации по 2-3000 години. Најдоф! Ок е сега засега. Добро. Се стоплиф. Се средиф. Ме однесоја на училиште. И тука почна. Седиме ние ф клупи стуткани од 7 фтерани в училница да се надоградуваме себеси. (или да си го надоградиме носо со по некој мразулец J сеедно) и ко еве ја професорката влегува, без разлика која.. и нормално.. си почнува со предавање.. и се пулам лево-десно.. од 34 во класон - 48 спија... арно ама прва клупа лево има едни двајца... само шушта нешто..: “ го гледаше филмо.. (не бе).. се виде фчера со Џеко (да да.. го поздравиф без гајле).. тортата убо ти излезе (оуф поуба торта немам пробано сине..)” и цел час то.. ко пред легнување да фтерале по 4 редбули.. и станува сабајлево фул со енергија да треса глупости и да си прераскажува рецепти.. се обидувам да прислушнам уште нешто ама не бе... од ко слушнаф дека мажиштава торти праеле.. не работа ушиве.. чепкам, чепкам мраз да не има.. ништо нема. Дремам. И. Таман шо се подразбудиф на секунда.. ја слушам професорката.. марш надвор.. џубрина едни само вас че ве трпам.. и двајцата.. ко попои низ врата.. фала богу то го чекаја.. надвор уште поубаф муабет пајџа.. Гајле му е дали че му припиша уште некој неоправдан.. че оправда класнио шо си вела со умо.. Фајнали.. го протуркафме првио час.. и прва работа шо ја слушнаф од ко Темелко стегна на она прекидачон ко од ламба шо е беше.. ај бе да зажариме по една.. и прашање.. (шо да зажарите бе).. па да напрајме по една цигара.. олелеле си викам.. нездрави едни.. кај че најда цигара во 7 сабајле.. од ко поскапеа.. и гледам еден вади цела кутија.. и си зема една цигара другите ф чанта на сигурно.. се закачува 12-13 души во WC и ја врта цигарава ко лулето на миро да е.. сите се ок сега.. смирени.. тргнаја по еднаш од цигарата.. релаксација фкрај.. и ете го фторио час.. малце порасонети.. не знам шо беше.. англиски, германски или македонски.. ама знам дека за некое време се трујафме ..дали минато или идно.. ама ете не ми текнува.. оп.. ете го чука пак ѕвончево.. сите надвор ајде..вришти некој со двеста:”Абе вие будали сте море а?.. Ти бе Деко.. Будала сссссси?...Ама вие не знајте кој е најбудала во гимназијава изгледа?”..се наситувам од убајте зборои и сега почнува дилемава.. дали да јадам или цигари да купам.. уствари шо поарно че јадам наместо за бон на парче да земам 2 цигари.. Се најадува здраво 5-6 души и одма кај тој шо од сабајле се осигурал со цигари.. Дај бе сине една цигара.. и контрава следува (Купете си-пијајте си бе.. зошто работа продавнициве).. значи царои сме за глупости нема шо.. ми се чини ова секој фтор би го потврдил.. и сега завршува одморо.. опа 9 без пет дојде.. арно ама то да ти скоривал третио час (без разлика шо имаме).. и сеа? Шо.. не одиме.. то е то.. седнуваме со другарчево во кафанава кај шо сме стандард-муштерии а сепак немаме добиано еден упаљач за Хепи Крисмас.. и туп-туп се закачува едно бате тука до нас на маса.. старичко негде 5-60 години мож`да беше.. и почна.. оти не одите ова она.. ние игнор му маваме и чутиме.. нема гајле си викаме.. арно ама тој муабетчија да ти бил.. и почна да ни раскажува едно филмче.. “Збогати се или умри пробувајќи” .. ни го раскажа шо ни го раскажа филмо изнакажа цела биографија од Фифти Сент.. и вика на крајоф.. Да ви кажам.. во Америка.. тие си живе “Американ Џрим”.. а ние овде спијаме на “Мацедониан Скрим”.. на домати и пиперки и други зеленчуци.. а Американциве (и уствари кара-врни типо) .. само на пари спија (5 секунди пауза и пак се отепува од карање).. Работава беше.. сакал да не поучи тој нас.. дека Фифти Сент рекол.. или ч`умрам или че се збогатам.. и то му станало животно мото.. а кај нас треба да си речиш еднаш: “Умри или збогати се пробувајќи” ја (читај наслоф).. демек финтава е за да станиш богат и популарен во МКД.. пробај да умриш неколку пати.. тепај се со сите.. нека те испука 2-30 пати итн.итн.etc. Ех.. можи малце почнаф да станувам досаден ама знам дека че ми простите пошто вистина на моменти сум интересен (не си ласкај бе камен).. леле шо е ова море 00:19 сато дошол.. дом да легнам оти утре тешко че биди од сабајле сме на чколија..
Мај фајнл вордс ар.. поздрав до сите професори/професорки и до сите џекчина низ гимназијава.. Дис из мај хепи-ендинг.. да ми останите поздравени, во добро расположение и по малце пари да фрлате за пијање.J Professors.. just chill and stay cool..Џекчина stay warm and be Jacks 4ever.. поздраф од мене се читаме во некоја некст окејжн..
Вритен бај:​
Марко.​
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Concluding....
Седеше покрај мониторот на компјутерот. Го кроеше разговорот во својот ум. Сеуште се чувствуваше несигурно. Ја јадеше ставот. Страв од нешто сеуште непознато. Ќе му каже в лице. Поубаво така... Го заврши разговорот, со едно слатко „збогум. Ќе се видиме вечерта во слаткарницата „Желба“ “. Потона во мислите. Го гледаше него како и` се доближува. Ја подотвоеи устата сакајќи да го бакне. Вмиг тој исчезна, сликата се расчисти. Се врати во реалноста. А беше лудо вљубена во него. Иако делуваше присебно, едвај се спавуваше таа трезвеност да ја зачува. Стана и се пари во ванјата. Го пушти тушот. Топлиот млаз вода и` ги опушти сите сетила. Мечтаеше како го прегрнува, како ги допира усните негови со нејзините. Опсесија? Можеби. Сеуште добро не го познаваше. Само неколку пати се видоа досега. Но во тие неколкупати, изгради големо мислење за него. Мислеше дека е вистинскиот. Единствениот. Човекот од нејзините сништа. Вечерта стоеше пред неа. Го облече темниот фустан без ракави. Таман седна да го нашминка лицето, го чу мобилниот. „Што мајка бара сега“ нервозно промрморе и се јави.
- Здраво, како си? - го чу упорниот глас на Феликс.
- Еве седам по дома и се ѕверам во мониторот. - излажа.
- Дома ќе бидеш? - не попушташе.
- Не знам, не верувам. Ќе излезам со другарките. - се бранеше.
- Ок, јави ми кога ќе си слободна. - го заврши разговорот.
- Важи ќе ти јавам. - ја склопи слушалката. Се насмеа иронично во себе. „Ќе дојде и тој ден“. Некако со презир гледаше кон Феликс. Му беше добар како пријател, но во последно време откога е поупорен и откако го запозна Виктор, го избегнуваше. А тој сакаше подобро да ја запознае.
------------------------------------------------------------------------
Иташе кон слаткарницата со голема возбуда. Кога стигна се обѕирна наоколу. Неа сеуште ја немаше. „Типична дама“ - се смееше во себе. Седна на клупата крај фонтаната која се наоѓаше среде плоштадот. Ги гледаше млазевите вода како хаотично летаат наоколу. Ги гледаше но не ги забележуваше. Мислите му беа на друго место. Изгубени во местото и просторот. Се врати во моментот кога прв пат ја виде. Ги слушаше истите зборови, го чувствуваше истиот мирис. Мирисот на чоколадо. И тоа не било кое. Чоколадото од слаткарницата „Желба“. Иако беше мала, беше уредена како да може да собере многу луѓе.
- Виктор! - го чу познатиот глас како доаѓаше одзади. Сликата исчезна. Реалност. Темна ноќ. Месечината се немаше појавено. А и не беше потребна. Сеуште не.
- Сакаш попосле да отидеме на една журка?- го замоли со доза на несигурност додека седеа и уќиваа во слатките. Се плашеше од нешто. Одбивање? Да се рече.
- Важи. Само да не е од ониее досадните.
- Сигурно не е.
Го гледаше право во очите. Сакаше повеќе да дознае за него. Љубопитство? Заинтересираност? Љубов? Не беше сигурна. Едно знаеше. Прекрасно се чувствуваше во негова близина. Го следеше секое негово движење. При самиот крај го фати за раката. Топло но со доза на немир.
- Гледам дека ти се брза. - и` се насмевна.
- Аххх не. - му ја отпушти раката. - Ништо. Само сакав..... - не можеше да дорече.
- Да? - ја фати тој сега.
- Убаво ми е вака кога сум со тебе. Знам дека сеуште е рано, но сакам да ти кажам нешто.
- Што? - ја праша со зачуден поглед.
- Ми се допаѓаш. И тоа многу. - попушти.
- Ах многумина ми го рекле тоа. Не знам зошто. - почна да се смее.
- Но.... - збунето ја погледна.
- Ок е да ти се допаѓам. И ти ми се допаѓаш. - ја пресече.
- Добро, тогаш ајде со мене. - го повлече меко за раката.
---------------------------------------------------------------------------
- Како си поминуваш? ја праша додека таа седеше отфрлена од купчето луѓе кои играа во средината.
- Не знам. Досадно ми е. - тажно го погледна.
- Си а еден танц? - сакаше да ја орасположи.
- Ајде. - го фати нежно за раката. Тој ја одведе до подиумот водејќи ја нежно за раката. Танцуваа полека, како што ритамот ги опкружуваше. Вмиг таа се опушти. Не можеше да остане рамнодушна. Ја мушна главата во неговите пазуви. Бараше нешто. Некој прекрасен смирувачки ритам. Потоа се измоклна полека и го гледаше во усните. Загуби здив. Тој ја виде како се губи и ја прегрна цврсто.
- Добро ти е? - ја праша додека танцуваа така прегрнати.
- Прекрасно. Овој момент.... - се губеше.
- Сакаш да седнеме на терасата? - ја праша со поглед. -Подобро ќе ти биде.
- Може.
Отидоа оставајќи ја толпата зад себе. Седнаа на самиот гелендер.
- Кажи ми сега... - ја богали нежно по косата. - ... убаво си поминуваш?
- Најпрекрасно... - му се доближуваше со лицето.. Ги сети неговите усни. Почувствува мали слатки болки во стомакот. Го бакнуваше прво кратко па страсно. А тој ја фати за половината и ја принесе кон себе.
- Те сакам. - ги чу нејзините зборови додека ги вкусуваше усните.

To be concluded... (попосле)
PS. Фала Александра за идејата.
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Секој ден седеше во ресторанот што се наогаше на улицата со липите..Секогаш седеш покрај прозорецот..сама..и чекаше некој..Беше млада и прекрасна жена..имаше плави очи и залутан поглед ..поглед кој криеше толку многу болка и тага...поглед кој криеше цел еден друг свет..Секогаш ја наблјудував од зад шанкот и се воодушевував од нејзината убавина...Но имаше нешто што не ми даваше мира..имаше нешто таинствено во таа жена...беше како излезена од друг свет ..имаше бела кожа како никогаш сонце да не ја видело..имаше сочни усни секогаш набоени со црвен кармин..секогаш беше отмено облечена...и секогаш носеше црни ракавици и црн шешир..никогаш не разбрав зошто...денес отидов повторно да ја видам..но неја ја немаше...дали конечно дојде човекот кој го чекаше...незнам но не можев да останам рамнодушна...можеби нешто и се случило??..го запрашав конобарот кој секогаш ја служеше..и тој ништо не знаеше за неа...само кажа дека од кога знае за него таа доага тука и секогаш седи сама..секогаш беше тивка и со никого не разговараше...секој ден порачваше исто....чај со млеко и бишкоти...и наредниот ден дојде...но неа пак ја немаше..се загрижив..почнав да се распрашувам наоколу..но никој не знаеше ништо за таинствената убавица...која секој ден чекаше некој да дојде....веке една недела ја нема...сега сите бевме загрижени за неа..сите сакавме да дознаеме што повеке за неа...која е ...каде живее...кого чека...но времето поминуваше а таа полека исчезнуваше со поминатите денови..можеби конечно стигна човекот кој го чекаше оној ден кога послено ја видов...по извесно време дојде еден човек...седна на нејзиното место и го порача истото што таа го порачуваше секој ден...не беше баш млад имаше повеке од триесет год но беше многу убав и со него носеше некаква мистерија...отидов јас да го послужам ...и ме замоли да му поправам друштво...се нафатив...незнаам ни сама зошто...кога седнав..почна да раскажува приказна..почна да ја раскажува приказната на неговиот живот...
Имав само 17 год кога ја запознав а таа беше 15...веднаш се вљубив во неа на прв поглед..седеше на оваа маса со нејзините родители..а јас ..јас бев сиромашно момче кое само беше чистач во овој ресторан..постојано мислев на неа...и морав повторно да ја видам..ја чекав после часови првоиот пат кога се запознавме..беше тивка и страмежлива..но беше многу фина и добра..почнав секој ден да одам со неа да ги посетуваме децата од блискиот дом..секогаш со нив си игравме..впрочем и ние бевме деца..тоа беше вистинска љубов..постојано бевме заедно..секој ден таа се искрадуваше од школо за да бидеме заедно...но..бевме многу млади..луди...вљубени...и не размислуавме...таа беше од богата фамилија..кога нејзините разбраа беа претерано бесни...направија се да не разделат..4 год се криевме...4 год беше само моја ..но нејзините повторно разбраја дека сме заедно..и понудив да избега заедно со мене..но не сакаше.....знаев дека и ако избега со мене нема да можам да се грижам за неа..немаше да можам да наогам лекарства за нејзината болест..но знам дека се ке сторев само да биди крај мене..па макар и животот ке го дадев..само да дојдеше со мене..ке се снајдевме ке успеевме...не сакаше да им нанеси уште болка на нејзините...рече ке ме чека...ке ме чека да се вратам по неа..рече ке ме чека тука на оваа маса каде што прв пат ја видов..мене ме протераа од земјата..има 10 год од како последен пат ја видов...рече ке ме чека тука на оваа маса...но кога стигнав неа ја немаше..отидов до нејзината кука да ја побарам..нејзините татко и мајка веке одамна починале..а таа...таа лежеше на постела кога влегов..нејзината кожа веке избледела...но сепак блескаше со убавина...ми рече секој ден те чекав да се вратиш..знаев дека ке се вратиш...само ме бакна..и со последната воздишка ми рече те сакам....тука завршва мојата приказна..кажи ми ...ми се обрати мене..дали сега вреди јас да живеам кога цел живот живеев за да бидам повторно со неа а неа сега ја нема....
 
С

Сатори

Гостин
Благонаклонето ги галеше своите рачни изработки преполни со недостатоци, никогаш не обрнуваше многу внимание додека плетеше или резбаше, секогаш почнуваше добро на почеток, а катастрофално на крај, недостатоци.Убиство на совршенството како подарок за сите поминати фатални години.
Имаше обичај да седи во долг бел фустан со корсет секоја недела на полноќ, кога седмиците се менуваа, а нејзината сила беше на екстазично висока фрекренција, ги милуваше дланките со рузмарин и го топеше фустанот во есенција од роза и суви ливчиња од темјанушка.
Пишуваше, се мачкаше со мастило и потоа повторно почнуваше да работи, често и везеше, и се допаѓаше тоа, секогаш кога сакаше да се смири на полна месечина.Ги повлекуваше линиите прецизно, но ... никогаш не ги завршуваше до крај делата.
Сите во селото ја сакаа, сите потајно ја мразеа, кога минеше, велеа, еве ја вештицата, си ја скратила по наредба на демонот косата и ја офарбала црна, златесто русата.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Дали си тоа ти?
Ако си...
...зар нема да ме прегрнеш?
...да ме пречекаш среќно.
Зар не ти е мило што јас стојам за ти да се одмориш?
А мене телото ме боли многу, мамо.
Како истапкана земја кожата ми тоне.
И одамна не јадам ништо.
Бидејќи во старата куќа веќе не садат цвеќе,
Почвата е затруена со семето на нашиот невен.
Неможам да видам што носиш на себе,
Затоа би сакала да знам како се чувствуваш денес?
Се поретко се погледнуваш во мене,
Затоа би проголтала се што ќе ми кажеш.
Но раката те издава, за да плачам.
Зошто раката ти е толку студена, мамо?
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Стварно не ми е јасно што е тоа што го чувствувам према тебе???Дали е љубов??Дали е потреба за освојвање??Дали е тоа што неможам да те натерам да се заљубиш во мене????Кажи ми што е???О зошто ми правиш вака..?Зарем е мој ред да страдам јас како што страдале оние ради мојата љубов??Кажи ми и престани да молчиш знаеш дека тоа ме побудалува....реши се или сакај ме или не...само одбери нешто за да можам да продолжам понатаму...оти вака само стојам во место ....неможам имам потреба од твоите бакнежи... од твоите преграти..имам потреба да бидеш крај мене..а ти ...ти си играш со мене...час ме љубиш...час ме одбиваш...еднаш ми велиш те сакам сакам да сум засекогаш со тебе...а после нема ни трага од љубота во твоите очи..кажи ми ме сакаш ли..?ако не остави ме јас ке се снајдам ке продолжам понатаму...само кажими....
 
С

Сатори

Гостин
Денес 01.06.2006

Нема да пишувам за да се испразнам, не и овој пат, не сакам да ги валкам зборовите со мојата крв и внатрешна потреба.Денес, пишувам за да се наполнам, да помирисам, да погалам ... сите големи и мали зборови ставени во кутичиња да ги изнесам надвор на тараса и да пуштам да лебдат на ветерот, денес за прв пат, јас пишувам.
Мразулците се најмалиот проблем на мојата желба за докажување и формирање на приказни со убаво извезени краеви и маргини насликани од Да Винчи, лесно е подносливо истурањето.Мразулците го прават тоа, ја имаат таа есенција на чудно и амфорно во себе, те тераат да ги опишуваш темните калдрми и високите цркви на крајот од патот, венчани со гробиштата веднаш зад капелата.Морбидни се слатките суштества што се кријат таму, но барем ти продаваат зборови, магии и светлосни енергии за твоите макотрпни ноќи полни со приказни.
Желбата за игривост помеѓу линиите е токму од нив ископирана и асимилирана врз мојата свесност на редуцирање лигави коментари при создавање.До вчера.
Всушност, за прв пат во животот, јас нешто напишав.Денес е убав ден за мене и моите мали гремлини што ги чувам во кафез покрај срцето.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Приказна за тажните Задници и наргилето

Полека и речиси совршено, климатизираниот воздух минуваше низ тенката, делумна празнина на суицидалниот задник. Заднинството се собираше од сите страни, растеше големиот собир на ЗАДНИЦИ! Задници кои самошто дефецирале, неизбришани, избришани, парфимирани задници, безмирисни, напудрени, парталави, депилирани, помали, поголеми, средни, елегантни, мазохистички, секакви...задниците веќе пристигнаа.
Огромната просторија каде секогаш се одржуваше собирот беше општопозната по својот мирис. Тоа беше мирисот на Задник. Мирисот на Задник е глуткав, со тенка граница помеѓу мирисните ноти, многу често споредуван со други мириси, но сепак уникатен по својот заднински, благо речено пресечен на две половини и преполовен мирис, оставен на случајната перцепција на надразнетите ноздри.
И откако и самиот мирис почна да се гуши од себеси, сите Задници беа внатре, подготвени за церемонијата на Веселите Задници. Нивната точка се состоеше и произлегуваше од самата градба на Задникот. Благото заоблување на случајно прилепените, една за друг, сферно-испакнати половини и нивното бавно замавнување во празнините на премногу мирисниот воздух симболизираше се‘ што треба да претставува еден Задник, софистициран и истовремено историски. Задникот на сите времиња! Задник. Овде и сега. Задник.
Секако, за Тажните Задници, чие испакнување беше речиси свенато надолу, оваа точка беше истовремена потажна од самите нив и патетична како функцијата на тоалетната хартија, но низ сферните допирања на разновидноста од Задници постоеше надежта и копнежот во лик на чмар. Тоа беше наргилето за Тажните Задници. Го донесеа од поодамна, наменето за секого, дезенирано со источни мотиви како награда за општиот заднински труд. Во моментот кога заврши брзо изведената точка, Тажните Задници се свртеа кон местото на наргилето ( секогаш во едниот агол на заднинската просторија, настрана од суицидалните Задници кои можеа да бидат доста креативни во своите мисии) и забележеа дека наргилето го нема. Одеднаш, чмарот преполн фецес стана само црна дупка во светот на Тажните Задници. Наргилето исчезнало, испарило само по себе, наргилето го нема! Тажните Задници сега еволуираа во Суицидални.
Пет часови подоцна ( или две дефецирања според заднинското време), еден Задник беше пронајден мртов. Заедно со него и дел од наргилето.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Concluding....

Се разбуди. Гледајќи во таванот се присеќаваше на деновите поминати заедно со феликс. Надвор беше студено, синоќешниот ненадеен снег се беше напластил по улиците, пречејќи им на луѓето слободно да се движат. Новата година само што не беше зачукала на портите. Вечерта беше пред нив. Ќе ја слават заедно. И другарка и` ќе дојде со својот партнер. Но и Виктор. Не се скараа. Сеуште имаше трошки од чувствата кои не можеше ни најгладната птица да ги исколва. Беше со Феликс, но потајно сеуште го сакаше Виктор. Феликс и` беше другар. Но само другар. Виктор беше сосема различно. Тоа беше тој, кого нејзиното срце го одбра. Седна на столчето во трпезаријата.
- Мама и тато ќе дојдат следната недела. - ја потсети Винченцо.
- Знам... - тажно го погледна.
- Зошто си таква? - ја праша.
- Каква?
- Безволна, натажена. Па нели ја најде љубовта од своите сништа?
- Така мислиш... Ја најдов... Но не е тој. Тој што го сакам...- Погледна надолу во земјата.
- Виктор?
- Да. Не можам да го преболам. - го прегрна, пикајќи ја главата во неговите пазуви.
- Во ред е... во ред е... Ќе се видите вечерва сите?
- Да. Виктор го одбра местото. Некое станче во периферија.
- Убаво да си поминеш. Со помалку глупи испади.
- Хахаха, фала за подршката. - му се насмевна. - Ти каде?
- Со друштво во еден клуб.
- И Лора?
- Меѓу нив и таа.
- Ти се допаѓа?
- Хммм што знам.... Убава е вака, ама сеуште не сум почувствувал нешто посебно кон неа.
- Аххх ќе биде... - го потапка по раменјата.
------------------------------------------------------------------------
To be concluded.......
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Не верував дека ќе го усогласиме дишењето пак заедно,незнаев дека сите цветови заедно ќе паднат и ќе се роди нова јаболка...туку остави тоа сега спремај се и да одиме во соседниот град една девојка ќе ја соголувале на плоштад,повикани сме да ги гледаме тие неартикулирани гримаси на лицата потопени во звукот на јатото гаврани.

И те молам остави ги тој шал сега,не те повикав на опера,одиме во големото здание од поплочени чекори ,одиме во облакот на мизеријата кој ни куршум од ноти не би го разбил.

Добро,јас ќе го спремам коњот и така секогаш го правам тоа кога ти посакуваш да нема заузданост но што сакаш во една ваква дефиниција од гревови,сакаш дисциплина без да впрегнеш ,сакаш лабавост без да одиш во кашмир.

Остави ја таа покана веќе и така ти ја раскажав целата програма,не сфаќаш дека нема редослед ,нема ништо освен милувањето на девојката со камшикот кој велат дека го заслужила зошто сакала да се напи вода од соседната река,полна со пијавици.

Застани овде до мене,сакам да бидам затскриена позади твојата шапка,не сакам вакви збиднувања кои создаваат виулици на шофинизам.И те молам не ја гледај девојката ,немој да пушташ солзи зошто нејзиниот грев јас ќе го превземам и фрли го тој проклет букет од љиљани,доволно сум предизвикана за љубов.

Добро,ти разбра што се случуваше овде?
Како можеш да разбереш кога ова беа иронични метаморфози,многу повеќе облици од колку што еден маж може да посакува жена во сите негови замислени варијанти.
Јас навистина несакав да го видам ова збеснување на машкоста,па повеќе би одбрала медуза во мојот прслук од колку лепливи прсти низ целиот бунар од невиност.

Остави ги ајде,сигурна сум дека сами ќе успеат да сфатат и без твојата потреба да објасниш што виде,повикај ги на кафе во вашата машка градина ,можеби истата девојка ќе ве послужи.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Concluding... (за делот после овој - воедно последен ќе го завршам после одморите така да ова е послениот дел пред да се манам од овде.)

...Возбудена си? - ја прашуваше додека се приближуваа до станчето, каде ноќта ги чекаше. И Виктор.
- Не. - лажно го погледна.
- Не ми изгледаш така... - сомнително и` рече.
- Па некако... - запре.
- Што? - ја погледна продорно како да сакаше зборовите да и` ги исцеди од очите.
- ...не ми се оди. Сакав самите да останеме кај мене дома. - сеуште лажеше. Сакаше да види дали лесно ќе потпадне.
- А мислам дека подобро е со друштво. Баш ќе биде забавно. За сами ќе има друга прилика. - и` се насмевна.
- Но нели на почетокот се противеше? - проба да го испитува.
- Тоа за тогаш. Сега сакам да бидеме задоволни обајцата. - се фати.
- Ама јас не сум. Продолжуваше таа.
- Не мора да глумиш. - гласно се насмеа тој. - Се гледа...
- Што тоа? - го прекина.
- Дека ти е мило.
Тоа малку ја заниша внатре. Што ако откриеше тој? Со Виктор се запознаа откако таа сер врати тој ден плачејќи. Не му беше многу омилен Виктор. Се плашеше од него. Беше љубоморна личност. Единец. Можеби затоа. Едно знаеше Луција; таа не го сметаше повеќе од пријател. Љубомората и` беше одвратна кај него.
- Како сте ми? - им ја отвори вратата Виктор.
- Прекрасно. - му се насмевна. таа.
- Стигнаа и другите?- праса феликс.
Ги оцекувам. - ја затвори вратата, потпрен, со погледот вперен кон Луција. - Сакате несто да пивнете додека да дојдат? - ги праша.
- Фала не, ќе ги почекаме, грдо е без нив да почнеме. - се смешкаше таа. Забележа како ја гледаше Виктор. Се судри со неговиот поглед. И` се појавија зрнца солзи на очите. Тој го тргна погледот натажено погледнувајќи во земјата. Го слушна ѕвонот на домофонот.
- Еве ги! - возбудено извика Луција.
Се собраа во дневната.
-Сега што ќе се напиете? - подбивно ги праша Луција гледајќи кон Виктор.
- Ми го земаш мстото за бармен. - ја задеваше.
- Хах не се нервирај, ќе дојдеш на ред. - продолжуваше таа. Фабрицио го пушти музичкиот систем. Тој и Клаудија беа одговорни за музиката. Имаа голем избор. Сешто. Од хитовите што се вртеа по радиостаниците доголемите евергрини. Луција беше задолжена чииите со храна да бидат цело време полни. Впрочем знаеше доста брзо да се справи со тоа. Супер домаќинка. А Феликс??? Феликс беше забавувачот. Просто зрачеше со хумор. Знаеше од секоја ситуација да направи виц, да ги насмее луѓето кои го опкружуваат. Седна покрај Луција, гледајќи во нејзините привлечни сини очи.
- Си за еден танц? - ја погледна молбено, како кога кученцето го моли стопанот да му го наполни чиничето со храна.
- Попосле, рано е. - пробуваше да го одбие. Сеуште се немаа „фатено“. Беа само другари. Но феликс различно милеше. Мислеше дека нејзиното срце му припаѓа нему. Се надеваше. Премногу. Ја погледна тажно. Со доза на песимизам. Се повлече.
- Не си ми јасна... - го прекина молкот што влаедеше меѓу нив двајцата. - Дојде тука да се забавуваш така? Зошто не сакаш да играме? - беше малку груб.
- Гледаш дека некој игра? - се обиде да му објасни. Тој се обѕирна наоколу. Ги виде Клаудија и Фабрицио како го слушааВиктор додека тој им раскажуваше нешто.
- Извини што бев груб. - ја погледна со доза на вина, која се криеше зад неговите очи.
- Те сфаќам. - го допре за раката за да му ја ублажи болката. Почна да разговара со него за да не го остави отфрлен. Не беше злобна. Ни егоцентрична.
- Сакаш да ти донесам малку од мартинито? го допре за неговата рака која беше стегната како полумесечинка, држејќи ја чашата.
- Може. Ако ми правиш друштво. -и` ја подаде. Таа му ја одзеде гледајќи го топло во очите. Тоа го развесели него. Но само него. Таа длабоко копнееше по нешто друго. Но не сакаше вечерва да биде тотален хаос. Замина кај регалот полн со шишиња.
- Добро си поминуваш? - ја праша Виктор, кој во тоа време си налеваше пијалок. Тие Зборови ја вратија во едно време. Првиот вкус на љубовта. Се сети на журката на која присуствуваше заедно со него. Бран од нежности ја погали по срцето.
- Да те лажам? - му шепна тивко.
- Дојди со мене. - неко ја повлече за раката. Скришно заминаа во бањата.
- Не сакав да не` види Феликс. - седна на плочките.
- Кажи. - го фати за раката. Почувствува силен трепет.
- Погрешив тогаш... Не требаше да ти свртам грб. Бев тотален идиот.
- За што збориш? - го праша таа како удрена. Но знаеше на што мисли.
- Те сакам. Отсекогаш сум те сакал. Не можам да си простам за тогаш како те испуштив од рацете. Се плашев. И сега се плашам. Но од друго. Се каам од дното на душата.
- Те молам - го прегрна силно. - И јас сеуште те сакам. Но не сакам него да го повредам. - солзи и надоаѓаа на очите. Радост. Тага. Возбуда. Му ги покри усните со нејзината дланка. Знак за нешто. Молба за прекинување на тортурата што и` ја вршеше. Или знак за чекање. Излезе прво таа од бањата. Се врати кај Феликс со пијалокот.
- Се задржа малку... ја погледна сомнително.
- бев и до тоалетот, извини. - излажа.
Атмосферата се опушти малку. Фабрицио и Клаудија го скршија мразот. Почнаа да танцуваат на нивната песна. Го обожава Рамацоти. Луција му ја подаде раката на Феликс. Длабоко во себе чувствуваше неизмерна среќа. Ја сака. Виктор. Тој, кој ја нурна во бездната полна со солзи и непроспани ноќи. Го фати Феликс за рамото. Не штимаше нешто.Вмиг го сврте погледот кон Виктор. Тажен е. Но не и љубоморен. Само тажен.
- Ќе ми дозволиш попосле еден танц со него? - таа го праша Феликс додека тој беше во занесот на ритамот.
- Да. - птврдно Климна со главата. Не сакаше да се испокара со Виктор за еден украден танц. А па со неа - најмалку. Но почувствува мала доза на љубомора. Сепак ја отпушти од прегратките. Таа направи знак на Виктор да и` се приближи.
- Ќе може да ти ја позајмам дамата за момент? пријателски го замоли.
- Имаш време колку за една песна - на шега му дофрли. Знаеше дека ќе играат многу повеќе. Но тако беше. Шегаџија. Виктор Ја фати за дланките и ја доведе на местото за играње. Таа го следеше секој негоб чекор. Ја фати за половината. Таа него за рамето. Другите две раце ги исправија споени меѓусебе. Танго. Играа страсно. Тој беше одличен, а и таа добро се држеше/ Погледна во нејзините очи па во усните. Таа ја нишна кратко главата. Не смее. Феликс е тука. Клаудија беше свесна за чувствата на Луција кон Виктор. Честопати и` викаше да не превзема глупи чекори. Но сега и` беше многу мило за неа. Ја виде среќна по толку изминатото време во јадови.
- Мислам дека време е да се вратиш кај него. - ја погледна тажно.
- Но не сакам. - му шепна тивко.
- Те молам. - ја прегрна. - Направи го тоа за мене.
- Прекрасно танцуваш. - го бакна во образот.
- И ти. Секогаш ќе ми остане во срце овој танц. - ја прегрна цврсто.
Се оддели од него како што се искорнува нокт од својот прст. Седна на фотељата покрај Феликс.
- Мора да признам, убаво танцува. - промрморе Феликс.
- Да. Ама да заборавиме на тоа. - тажно погледна во земјата.
- Сакаш нешто да ти донесам? - нежно ја погали по рамето.
- Може сок од портокал со сосема малку вотка. - му ја подаде чашата.
- Веднаш. - ја зеде благо.
Таа воздивна. Сакаше да го врати времето назат. Требаше само да почека. Но немаше излез тогаш. Феликс ја воздигна од мртвилото. Тој и нејзината најдобра другарка. Не сакаше да го изневери. Повредата што не ја заслужуваше тој. Погледна кон Виктор. Што па тој толку ја измачуваше? Беше само обичен смртник. Не и` беше јасно. Си го поставуваше прашањето честопати. Се појави однекаде Феликс со чашата в раце.
- Ќе ти биде подобро... - и` ја подаде. Таа ја зеде и голтна еднаш.
- Фала. - изусти и го прегрна. Се опушти малку. Се трудеше да заборави на се` што се случуваше пред Феликс. Вкусувањето на усните на Виктор, танцот, па дури и мирисот на чоколадо. Сакаше да се испроба. Некој миг пред да се склопат стрелките на часовникот на дванаесет таа ја подаде главата кон Феликс. Сакаше да ги проба неговите усни. Можеби се крие некоја таинствена страст? Нему не му беше најјасно. Тогаш ги почувствува. Меки како перничиња, а во исто време цврсти. Ја бакнуваше пополека. Таа ја навали главата малку накриво. Го бараше јазикот кој беше затскриен во длабочината на устата. Го најде. Вкус на лубеница. Примамливо. Ја прегрна додека се бакнуваа.
- Среќна нова година - го чу нејзиниот глас.
- И на тебе. - ја помилува по лицето. - Прекрасен подарок.
------------------------------------------------------------------------
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
......................

Тишина... Да, те замразив денес, проклета да си! Длабоко во мене те сакам, ама сега ме убиваш! Зошто?!
Влегувам во еден свет каде моите мисли немаат граници и крај, лутајќи кон бесконечноста на моите глупави фантазии и претпоставки. А можеби и не се. Што ако не се?? Не, јас не живеам заробена во неизвесноста...не можам да ја поднесам...искреноста е тука спасот. Ме зароби, ме врза, и како сенка пред мене застана, и ме уби нестрпливоста, и како резултат на тоа, произлегоа глупавите одлуки.
Се чудам како во овој свет, владеат и водат оние најмизерни особини на таканареченото живо битие- човекот. НЕ, себичноста, поквареноста, дволичноста не можат да бидат особини на ЧОВЕК, тој е чудовиште, идиот!!
Во моментов сфатив дека моите мисли отишле предалеку, без потреба, одлетаа во црната дупка, и веќе е касно да ги стигнам и вратам назад!
Знам, ме казни за мојата нестрпливост....од грешки се учи!
Ги спуштив одамна розевите наочари, но сега црно белото го претставува моето сегашно живеење. Или е се совршено, или не е.
Но кога ќе помислам дека ни совршенство не постои, како стакло се крши мојата замисла на илјада парченца.....
За жал, лошите особини кои ги набројав победуваат и владеат....Какви се тие "луѓе"??? Безброј прашалници во мојата глава.....
 
Член од
14 февруари 2007
Мислења
108
Поени од реакции
13
Тоа беше огромна табла со црна позадина, со чудни шари небаре извадени од народна носија, цела испрашена, со остри рабови на кои имаше и дамки од крв од љубопитните и невнимателни минувачи кои сакале да ја испитаат од поблиску и да ја сфатат нејзината суштина. А навистина привлекуваше големо внимание...Самата глетка на табла потпрена на јаболкница насред пустелија беше предизвик за сечие око и магнет за истражувачите на непознатото и чудното. Меѓутоа, тоа што беше прикачено на неа, всушност беше тоа суштинското, што ретко кој го забележуваше и разбираше. Изгледаше како витраж, витраж кој беше направен од разни парчиња човечка кожа, ситни парчиња, уникатни, секое приказна за себе. За обичното око тоа изгледаше хаотично, мешавина од разни кожи, кој поминал си оставил белег тука, додал парче во витражот, а со тоа само ја зголемил хаваријата што настанала во овој витраж уште од десетото парче кожа. Но побистро око на оваа табла можеше да види хомогена маса и ништо повеќе. Просечна слика, неинвентивност. И да имаше некое парче кое малку отскокнуваше од другите и кое се трудеше да се вклопи во толпата, се губеше во погледот на бистар човек, се смешуваше со останатите делчиња и ја прифаќаше нивната обичност. Неутралното око гледаше само табла со шари. Немаше хомогеност, нити шареноликост за такво око. Сеедно му беше. Немаше привлечност за подетална перцепција од страна на неутралните... Само табла, јаболкница, поле, ништо повеќе.....
 
С

Сатори

Гостин
Мир и спокој

Јасно отцртани патерни.Дефинирани релации.Мир некаде и спокој со некого.
Само тоа го посакувам целиот свој живот, моја лична рамка на обликување во историјатот на мојата вера и религија, од почетокот до крајот на воздухот што го дишам, ништо повеќе, но веројатно и тоа е многу.
Слобода.
Логото зад кое толку долго време се криев од сите можни достигнувања кои што ги опишувам постојано.Време за себе и работа на себе, реченица која што ме опишува кога се обидувам да побегнам од нечиј, туѓ рај убедена дека навистина не ми припаѓа.Прекрасна харизантема која што залутала во матните води на неконтролирана анархија.
Нема прости ми и жал ми е.
Луцидност на нивото на комплетна рационалност и стабилност.
Мир секаде, спокој со него.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Љубов.
Тоа е премногу експлоатиран збор.
Клише.
Мејнстримот на големо го опишува.
Андерграундот,веќе се срами од него.
Одбивен е веќе.
Како курва.
Секој може да ја има.
Секој сака да ја има.
Секој ја поседува,дури и кога не е до него.
Достапност.
Но проблемот е во тоа што,тоа не е нејзината вистинска форма.Тоа е само маска,модификација,за потребите на друштвото.Потсечени и се главните делови,оставено само малку.Еден ситен дел,кој само треба да го претставува јадрото на новата конструкција,да им дава енергија на нејзините екстензии,и малку од својата црвена боја да создава код,прифатлив за инстинктивната свест на човекот,доволно реален,за таа свест да ги спушти границите и да дозволи да влезе внатре и да ја одигра својата улога.Само толку е потребно јадрото.Само за влез.
Како зеница за идентификација.
Внатре,новосоздадените
светкави екстензии
сјајни и нови
гордост на нивните
свесни или несвесни креатори
Ја почнуваат својата работа.
Ја креираат илузијата.
Комерцијална љубов.
Навистина,денеска се се плаќа.
А тогаш каде е вистинската?
Можеби е засрамена од себеси,затоа што дозволила ова да се случи.
Можеби.
Можеби само постои,и го чека својот момент.
А можеби и се уште тлее некаде.
Нашла топол дом во некој и засега,само тоа и е важно.
Револуцијата може да почека.
Има време.
Но сепак е уверена.
Луѓето ќе дознаат.
Ќе видат.
Ќе почувствуваат.
Екстензиите ќе `рѓосаат и ќе паднат иако сметани за совршени.
Тоа и е најголемата грешка.
Совршеноста не постои.
Страдаат од истото нешто кое го создаваат самите.
Илузија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom