Прозни искри

С

Сатори

Гостин
Никогаш не посакав да патувам толку силно како што тоа го правам денес.Се качував по скалите во болница за да си ги земам резултатите, и секоја скала беше нова исповест кон Бога, нова молитва, ново жртвување и ветување, ако сум сама, му го давам телото и душата.
Последниот спрат, резултатите си стојат на своето вообичаено место, а јас молчам, се придвижувам, ги земам и размислувам на кој автобус или воз да се качам ... но не, повторно рационално размислуваме и се враќаме назад во колосек.
Денес, навистина не треба да патувам.
Седнувам на клупите пред Нервно, ми се мота во глава дека некои работи не би требало да ги правам сама, но што е тоа е, ако не ги направам сама, нема воопшто да ги направам.Мислам, сигурно сега треба да одам по ходников и да се пријавам.Добро ќе ми дојде одмор од светотот со лудаците, сигурно ќе ме разберат подобро само затоа што нема да ме слушаат.Мигови на параноја и анкциозност, еден, два, еден, два, ми помина.
Станувам со растресени мисли и рубикови коцки во рака, цигара, да тоа ми треба сега, да се оптератам со никотин за да ме релаксира.
Момент на колебање, да одам на автобуска ... не.
Доаѓам овде и седам, не треба да патувам, не сега кога можеби не сум сама.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Проклето добро знам дека е нереално да те помнам само по лошото. Но, сепак правам така. Наречи го тоа одбрамбен механизам кој ја прави мојата меморија толку селективна. Наречи го секој твој обид да останеме пријатели веќе позната информација за мојот нервен систем кој добро знае да игнорира.
Како и да е, постои едно нешто, феноменот на моментот, доволен е еден за да те маѓепса, воздигне до небото но и да те смачка на асфалтот. Тие моменти на еуфорија, моменти на екстаза, моменти на афект, моменти на одлука, моменти на збогување... Сите тие премногу силни а кратки за да бидат доживеани, почувствувани и објаснети во тие неколку минути или безздивни секунди. Затоа тоа се случува дури подоцна. И ете така, затоа е сурова селективната меморија на едно злопамтило. И ете жалам што во моментот на збогување држев до суровата леснотија на егоистичкото однесување.
Но сега, никој од нас двајцата не го зема тоа при срце, растеме, искусуваме, учиме и сфаќаме дека да, можело да биде поинаку, но тој факт не е за оптеретување од проста причина што многу работи кои своевремено личеле големи, отпосле стануваат пропратна мината работа. Мината, свршена. И нормално, продолжува животот за да преживуваме нови моменти, да се искачуваме и паѓаме затоа што тоа е суштната на тркалото наречено живот. Подемот и падот.
Во секој случај, забележувам дека не се тркалаше долго во калта, не се надевав на тоа, можеби ни ти. Ете, жив пример дека времето и далечината лечат се`. Ха, зар заборавот не е почесто благослов отколку хендикеп?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Меѓупростор

Го имам тоа чувство на раштрканост. Едната страна полека избледнува, додека се појавува другата. Во меѓупростор сум. Мачно е но што можам...Срцето е тоа кое ме издава. Не памтам дека некогаш сум го имал ова чувство, чувство кога згаснува старата љубов, а се раѓа новата. Старата која не заврши најсреќно. А новата која сеуште не ги има подадено стебленцата на сигурност кон мене, новата која е сеуште неоткриена. Знам, глупо е малку ова, но сеуште е почетокот. Поточно меѓупростор. Може ли среќно да заврши? Или тажно? Не знам. Ќе дадам се од себе. Не сакам да изгубам добар пријател.
Ако ја изгубам - скршен сум. Парчиња чувства залепени со сомнеж. Повторен затвор. Нема излез од таму. Не така лесно, не така брзо. Повторно ќе мора тој сомнеж да го тргнам од себе. Да заздрават парчињата да се спојат во едно. Љубов... самодоверба...
Ако остане крај мене... ако остане... неизмерна среќа. Не е битно да ми каже дека ме сака. Битно е само да остане. Па макар и како пријател. Пријател кој вечно ќе биде сакан.
Да можеше да знам. Но уште е рано. Ќе почекам... Трпението е најголема мудрост. Те учи да бидеш трпелив, да чекаш. За сето тоа е крива надежта. Да надежта, која никогаш не умира. Надежта која влева енергија, која ме тера да живеам. И жив сум. Жив да признам дека ја сакам. И да си замине ќе останам жив... Барем се обидов.
 

Lost Angel

Машко сум, конечно.
Член од
28 јуни 2007
Мислења
417
Поени од реакции
21
Не знам...
Убаво е...
Да крадеш туѓи погледи...
(со тон шминка, перфектно ставена пудра, совршено наместена коса, која сега е кратка, нема долги прамени, нема локни... кратка е)
Да гризеш непознати усни...
(додека здивот ти мириса на алкохол, конзумиран само со неколку голтки, очите добиваат поинаков сјај, а жртвите паѓаат на тоа)
Да добиваш прегратки од туѓинци...
(и еден тон комплименти, бла бла бла...)
Да лажеш...
Да бегаш од себеси...
(да се претвориш во комплетно чудовиште кое уништива се` пред себе, гази, поразува...)
Да не дозволуваш да те допрат понатаму од твоите дланки...
(грубо да ги тргнеш нивните раце од твојата половина и да кажеш: Не ме допирај, те молам; протоа стрелајќи го со огнен поглед од кој му се потат неговите дланки, од страв ќе направи се` за да останеш крај него)
Да си заминеш...
(без збогум)
Да даваш погрешни броеви...
(само последната бројка ја менуваш, така е полесно)
Да ги оставиш со зината уста...
(да им одѕвонува звукот на твоите потпетици кои им даваат совршена линија на твоите нозе, носејќи кратко здолниште и дискретно деколте)
Да те бараат и да не те најдат...
(да се распрашуваат насекаде за тебе, а ти да слушаш и да останеш невидлива)
Да ти ветуваат љубов, а ти да делиш шамари...
(не бладодарам, добро ми е и вака)
Нека се гонат сите од дупките од кои излегле!
Нека плачат, нека молат, нека викаат, нека бараат- нема да добијат, најдат, видат...
Повредувам...
Не знам...
Убаво е... :pipi:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Се шеташе низ улиците како да бара нешто.Така понесена со својата истрага зрачеше со мистериозност ама никој не ја приметуваше,можеби зошто беше малечка за да можат случајните минувачи да ја забележат.
И кога го поминуваше мостот пак гледаше надолу,навистина изгледаше дека има нешто заборавено,можеби дека не смее да се движи толку многу.
Продолжи да оди се додека не стигна до местото кое го обожаваше-метрото.Не гледаше во часовникот зошто залудно ќе беше и да погледне,не умееше да се справи со времето ,едноставно реши да чека.Набргу дојде очекуваното нешто и се качи во него толку мирна и тивка како во некое свето место да влезе.Не седна,не умееше со луѓето,само застана и чекаше да се симне онаму каде што најмалку луѓе ќе се качат,тоа и беше знак дека таму не се движи никој,ќе може слободно да бара.Пак пронајде црвена свеќа,па си помисли дека е време да замине дома.
Каде?
Дома?
Не ја чекаше никој таму освен неколку книги и плочи кои лебдеа насекаде во собата и еден мал кревет кој беше ист како подот.И беше пријатно внатре зошто ја запали свеќата и можеше слободно да воздивне исто како тогаш кога го најде кибритот со кој успеа да запали 39 цигари.
Се навали на импровизираниот кревет.Токму во моментот кога помисли дека уште еден ден помина и нејзиниот сјај во очите не се врати,затропа некој на вратата.Се приближи до прозирното тело,му се гледаше душата на тој човек,како топче собрана.Сфати дека човекот со импровизираното тело дојде да и го земе целиот нејзин пожолтен свет.
Со куферот кој имаше само пожолтени книги и плочи кои немаше ни каде да ги слуша тргна...а кога застана сфати дека има премногу гаврани над нејзе па си помисли дека е во паркот кој е олицетворение на нејзината надеж.Не парк како зеленило,парк како простор во кој можеше да застане и да го слушне старецот како и кажува дека вистинските нешта се надвор од ѕидовите и од нивната ограниченост.

Воздивна и остана во просторот кој и го поклони некој.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
„Зошто ми се случува ова“ - се прашуваше додека се допишуваше со својата добра другарка. „Не ја ни познавам лично а сепак ми се допаѓа. Не верував дека ова баш мене ќе ми се случи.“
Ги гледаше збуквите што беа напишани на екранот. Размислуваше длабоко, замислуваше како седи пред него, како разговараат, таа му се смешка, погледнувајќи го продорно во очите. „Сака нешто од мене, или се прави само фина пред мене“. Не знаеше. Беше скептик. Но му се допаѓаше тоа чувство. Не го потсетуваше на ништо, како прв пат да го почувствувал тоа. А не му беше прв пат. Беше свежо излезен од кругот на љубовта. Веруваше дека уште долго ќе остане таму. Се излажа себеси. Но претпазливоста е сеуште присутна. Не е сигурен сеуште. Ова е само почеток. Што понатаму? Ќе чека? Или да потегне чекор? Не знае... Си го врати филмот назат во реалноста. Го погледна последното напишано од неа. Му заигра срцето.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Дали знаете како изгледа да се има сон? Мислам на оној вистинскиот јаве-сон, оној кој го посакувате секој ден и не ве остава на мира се додека не го стигнете а потоа наеднаш ќе избледи и исчезне како никогаш да не постоел.
Не знаете, не знам ни јас, но имам читано дека потоа исчезнува од преголемиот број шушкави бројки и автограмски посвети за малите дечиња некаде во селата ширум Австрија.

Сон е браќа, она што ве тера да заспиете бидејќи е мост помеѓу будниот ти, и миг подоцна заспаниот ти. Сон е она што наутро ќе го доживеете како двигател, како прв запчаник во денот кој ќе ве подигне со насмевка. Сон е тоа што нема да ве остави на мира кога ќе бидете на дното, тоа е состојба на умот кој е заслепен од него и не сака ништо друго, желба за херојска смрт, бидејќи по остварувањето на сонот и смртта изгледа добра.
Дали го имате?

Ќе ви раскажам приказна за малиот комшија Перо кој сакаше да биде безбол играч... Тој... малиот... хм. Перо требаше... ... . Океј, батали споредби, одјеби одредби и читај ми од прсти како вистински е.

Сакав да бидам некој... и нешто, и со првите чекори бев проклето добар во намерата да успеам. Потоа вториот чекор малку ми се измести, па тоа допринесе и третиот да биде благо заебан, но барем положувањето кое варираше во екстреми успевав да го изведам идеално. Не дозволував да бидам истуркан. Се борев, се потев, се отимав и претав. Клоцав тивко и урлав на места каде никој не ме гледа. Се борев и се изборив и покрај тоа што практично се` изгледаше како да ме турка настрана. Така и знаев дека сум на вистинскиот пат, бидејќи патот до врвот е прилично жежок и вистински тежок и без глупави рими кои ќе направат да изгледа како нешто посебно. Лаконски е, концизен и јасен, бори се или откажи се.

Сега се наоѓам во ситуација од која нема излез, па затоа барам помош од вас. Барам сите да размислите кој е најидеалниот начин да го убедите оној заспан дел од мојата глава дека ситниците ја прават големата слика и дека без нив сум осуден на пропаст од која толку многу се плашам. А времето е кратко, мнооогу кратко... тик так, тик так.

Добро, текстов нема некоја поента, но барем се испукав тука отколку на место каде не треба. А и секако тука може некој да прочита дека сум неречи изгубен, на “Драга Кајгана“ сигурно никој нема ни да ме примети. Благодарам за сеансава, поздрав...
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Дежа ву.
Тие два збора му ги реков на срцето кога го расплакав.
Знам дека му беше тешко, но некои работи едноставно - мора да се случат, бидејќи сепак, срце мое - МОЕ СИ и мора да те чувам.
Ете, виде минатиот пат ? Пак затрепери кога ја видов и ... ? Пак се каравме јас и ти.
Дежа ву.
Ти реков дека мора да ја заборавиш иако те сваќам дека лузната што таа ти ја направи е многу голема. Коку пати му велев на разумот - пушти го срцето нека не води - и те слушавме, но сега ти велиме заборави ја, срце МОЕ големо и пушти не ние да те водиме, бидејќи се додека ти мислиш на неа, секогаш ќе морам да ти ги кажувам тие два проклети збора.
ДЕЖА ВУ.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
....Го сети неговиот мек допир по лицето следното утро.
- Спиеш? - ја погали по образот
- Мммммм - сонливо му се насмевна.
- Сакаш кафе?
- Ако ме бакнеш за доброутро.
Ги принесе нејзините усни кон неговите.
- Вкусен си посабајлечки.
- Растопи ме со кафе и пробај. - и` ја крена главата од прегратките.
- Уште малку. - ја мушна внатре. - Прекрасно ми е вака.
- Значи тоа дека сум ослободен од должноста? - ја масираше по косата.
- Привремено... - го бакнуваше по градите.
Подоцна и двајцата станаа. Ангела се упати во бањата, а Игор во трпезаријата.
- Уште многу имаш? - ја праша.
- Не, зошто?
- Ќе ти се олади кафето.
- Ах и млако да е, го сакам. Сега ќе излезам.
Седнаа да појадуваат. Разговараа за тоа како ќе гопоминат денот
- Сакаш да отидеме до една прекрасна плажа?
- Да, а каде е тоа?
- Отспротива од Херцег Нови. Ќе изнајмиме бротче.
- Важи. И друштвото со нас?
- Да. Сигурно би се сложиле. Сме биле на времето јас и Сања. Убаво е многу.
- Верувам, штом ме викаш да отидеме таму. А утре на нашето место, така?
- Да. Сами, прегрнати. Со погледите вперени кон зајдисонцето.
- Аххх... - воздивна тивко. - Прекрасно...
Подоцна заминаа кај Сања.
- Спремни? - се јави Игор од капијата.
- Ах, не знам дали да одиме... - се јави Сања.
- Зошто? - ја праша Ангела.
- Така... - одговори со доза на немир.
- Што се случило? - се вмеша Виолета. - Наеднаш брат ми е нешто мрзоволен.
- Ништо... - Сања погледна долу во земјата.....

Извадок од “Летување’’
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Се шеткаше по плоштадот безидејно. А имаше задача. Славеше вечерта и требаше да купи колачи. Честопати купуваше од таму. Вкусни се. Го асоцираа на среќа. Ја претчувствуваше. Се фати за кваката и влезе внатре.
- Се извинувам, сеуште не се готови.
- Ќе почекам. - седна на столчето. Ги гледаше луѓето како ги испразнуваа витрините. Беше екот сезоната на прославите. Месецот во кој најмногу се склопуваа бракови. Се смееше во себе. Сеуште беше нлад. Имаше 22 години, вежо излезен од факултетот. Не беше задоволен многу од успехот. Не му беше ни гајле. Важно се откачи од тој проклет факултет. Додека седеше така, слушаше како некој се доближува до слаткарата. Го чу ѕвончето на вратата.
- Добар ден, ќе ми дадете од тие малите колачиња.?
- Се извинувам, почекајте сеуште не се готови. Заедно со господинот... - и покажа кон него.
Тогаш прв пат ја виде. Беше облечена едноставно, во фармеркии крем маичка со кратки ракави. Косата и беше со боја на мед која на краевите се прелеваше кон смеѓа. И` беше фатена во опавче. Седна до масата дијагонално на неговата.
- Уффф, а таман се брзав. - си мрмореше во себе.
Ја подгледнуваше кратко. Му се виде симпатична. Сакаше некако да започне диалог. Но не му доаѓаа зборови.
- Прослава? - Чу милозвученглас кој доаѓаше откај неа
- Да, дипломска. Претпоставувам и кај вас. - и` се насмевна.
- Да. Вечерва. Набрзинка сум излезена да купам по нешто.
- Роденден?
- Како знаевте? - му се насмевна.
- Нагаѓав.
- Имате шесто сетило. - восхитувачки му одговори.
- Комплимент? - ја праша со поглед
- Искрен.
- Господине, колачињата за вас се готови. - ги прекина услужничката.
- Благодарам, но дамата нека ги земе наместо мене.
- Господине... - го погледна незгодно.
- Инсистирам. На брзање сте нели?
- Но...
- Само напред. Ќе почекам уште малку.
- Благодарам - му се насмевна.
- Во секое време. Извините не се претставив- Виктор.
Го гледаше некој миг во очите. Ја допре раката. Прво мала доза на несигурност, потоа, кога тој и ја стегна цврсто, го рече своето име.
- Ми беше многу драго што ве запознав. - му рече.
Таа излезе, а тој ја испрати со поглед.
- Често доаѓа тука? - ја праша услужничката.
- Да.
По некое време и тој излезе. Беше весело расположен. Шетајќи, се врати дома.
--------------------------------------------------------------------------
Вечерта беше многу топла. Не знаеше што да прави. Се чувствуваше осамено. Сите беа излезени некаде. Некои уште не беа вратени од летувањето. Излезе надвор да се освежи. Шеташе по уличкат, полна со дрвја. Имаше некое чувство дека не зажали што излезе. Навлегуваше во плоштадчето. Сети толку познат мирис. Мирис на чоколадо. Ама не било какво. Единствено. Уникатно. Влезе внатре и седна на масата. Чекаше нешто. Размислуваше.
- Добровечер, што ќе нарачате? - се јави услужничката.
- Порција мали колачиња. Едно со тирамису крема и едно со мелени лешници.
- За момент...
- Благодарам..
Натажено погледна кон масата дијагонално од неа. По вкуснното облажување, стана и се упати кон вратата. Ја допре кваката да излезе. Но мислите ја запреа
- Дали беше овде? - ја праша услужничката.
- Мислите, Виктор?
- Да.
- Од тој ден, не...
- Благодарам. - излезе од слаткарницата.
Се шеташе безволно по плоштадот. Ја избегнуваше толпата народ која беше присутна во центарот. Не ја сакаше гужвата. Беше од тие девојки ки ретко излегуваа во места полни со луѓе. Го погледна часовникот. “Рано е...’’ си помисли и отиде пешки по сокаците.
- Луција! - чу понат глас додека се приближуваше кон својот дом. - Луција, како си? - го забележа во густежот темница што се беше напластил веќе одамна.
- Еве излезена малку на свеж воздух. А ти марко?- љубопитно го праша.
- И јас. Пред некој ден се вратив од летување и така... Имаш слободно време? - беше директен.
- Па, да...
- Би сакала на едно кафе? - не попушташе.
- Хмммм, што знам. Ајде.
Седнаа во кафулето што се наоѓаше во нивна близина. Разговараа како странци. А се познаваа добро. Но и двајцата беа во тажно расположение. Марко со својот раскинпред некој ден, а Луција... Луција беше разочарана поради ситна работа. Еднаш го имаше видено, но тој и` беше длабоко врежан во сеќавањата. Знаеше точно како изгледа. А сега Марко. И` беше пријатен, но овој пат како едвај да чекаше да се отргне од него. Но и беше незгодно туку така да го одбие. Знаеше дека тој не беше виновен што така му се распадна врската. Затоа и се согласи да му се придружи.
-------------------------------------------------------------------------
- Викторе, ќе ми помогнеш да го облечам фустанот? - го молеше неговата сестра Лора.
- Еве доаѓам... - мроволно стана. - Не ми е јасно како можеше да ја прифатиш поканата....
- Ах Викторе немој така... Знаеш Марта дека ми е добра другарка. Грдо би било да ја одбијам.
- А јас па што барам таму? Никого не познавам. Бар ме знаеш дека не сум љубител на прослави...
- Ај убаво би ти дошла една. Ме загрижуваш. Цело лето го помина сам, без ниеден пријател.
-... И убаво ми беше. - инаетливо промрморе. - Сигурно и оваа ќе биде досадна како и сите други на кои сум одел. Гласна музика или досадни разговори.. Ууууухххх. - извика.
- Немој така со негативно мислење. И ајде прибери се малку. Знаеш дека со вакво лошо расположение нигде нема да стигнеш. Ајде, треба да ја заклучам вратата.
-Заминаа со таксито кое што ги чекаше на излезот од куќата.


To be concluded............
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Concluding......

Како си ми Лора! = изненадено ја поздрави Марта.
- Па одлицно. Еве со брат ми се наканивме да дојдеме на роденденот. Кој ти е се дојден? - љубопирно ја праша.
- Ах Многу се. И мои и пријатели на брат ми.
- А фино, полна куќа. Дојде и Винченцо?
- Да. Ене го таму со онаа прекрасна дама.
Виктор во тој момент го полазеа морниците на изненадувањето. Ја виде како стои фатена со раката на Винченцо. Разочарување. Сакаше да исчезне во истиот миг. Почувствува како некој фо допира за рамото.
- Ќе мрднеш веќе или? - го молеше сестра му.
- Не знам. Незгодно ми е малку.
- Ајде, ајде ќе ти биде подобро. - го тешеше.
- Не верувам. - но се упати кон масата на која беше сервирано јадењето. Седна. Погледот му беше цело време вперен во неа. Не ги забележуваше другите. Вмиг забележа како му се насмевнува. Таа ја пушти раката и се упати кон него.
- Познато ми изгледате. - промрмори додека се приближуваше.
- “Желба’’ слаткарницата? - ја потсети.
- Аааа да. Дипломецот. - се правеше наудрена. - И како прославата тогаш? - започнуваше
- Па што знам... Не беше лошаиако не сум некој голем љубител.
- Ни јас. Знаете јас сум од оние кои не сакаат гужви. Што велите за едно кафе?
- Ама... не ми е баш згодно. А и вашиот дечко....
- Ах сега баш ме насмеавте. Тоа е брат ми Винченцо. А за прославата, ќе се вратиме попосле.. Ајде со мене. - беше упорна.
= Добро. Само да не се навредат домаќините. - незгодно рече.
- Нема. Ајде. Го фати меко за раката.
Излегоа кришум о куќата.
- КАде сега? - ја праша.
- Што велите за кафулето на главниот плоштад?
- Важи.
Седнаа. Прв пат Виктор се почувстува толку пријатно. А и Луција.
- Кажете сега зошто толку инсистиравте да дојдеме на ова прекрасно место? - почна да ја испитува.
- Аххх да ви кажам, досадни ми се тие прослави. Како кокони сите стојат, се водат безвезни разговори. А и должник сум ви.
- Должник? - збунето ја погледна
- Тогаш кога ме пуштивте преку ред. Многу ми помогнавте.
- Мило ми е. - и` се насмевна. А јас будала па не сакав да дојдам. Леле колку би ми било криво да не дојдов на забавата. Ќе ја пропуштев можеби единствената прилика да се видам повторно со вас.
- Но сепак дојдовте.
- Аха. А од каде се знаеш со Марта? - почна отворено да ја прашува.
- Брат ми е добар другар со неа.
- Аааа па затоа.... Ах ништо. - почна да се смее Виктор.
- Што тоа?
- Сестра ми се познава со Винченцо. И не ми кажа ништо за тебе.
- Сестра ти е Лора? - зачудено го праша.
- Да.
- Хаха. - се насмевна гласно.
- Штго е толку смешно?
- Ништо. Се потсетив на една стара поговорка - “Светот е толку мал’’
- Во право си. И кажи ми до каде си со животот?
- Па не е многу за фалба. Завршив трета година гимназија. Успехот, хмммм, не е многу за пофалба. Но тоа е. Ти?
- Ах... добро е, добро.... Дипломирав на историја на уметноста.
- Тоа го студираше? Леле кажи ми, лесно ли е? - изненадено го праша.
- Па.... ако го сакаш, да. Кај мене имаше некои предмети кои ми одеа лесно.
- претпоставувам омилени ти беа.
- Да. Но последната година лошо ја поминав. Ама да не те заморувам со глупости.
- Ни најмалку. И вака интересно е?
- Да. До одреден степен. После станува заморно. Но та се студиите.
- Претпоставувам.
По поминатите два ипол часа во пријатен разговор, станаа и се упатија кон местото каде што се одржуваше прославата.
- Многу убаво си поминав - и` ја подаде раката за збогум. Таа му ја тргна и го прегрна пријателски.
- Ќе се видиме наскоро се надевам. - му шепна.....

To be concluded.....
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Се вика Антика. Примамливо безвременско име за најновата, свежа гостилница во мојот видеокруг.
Но, одамна велевме дека е нова? Веројатно бидејќи беше последното живо жарче кое никна од купче камења и грмушки во тие улички.
И денес е сосема незабележливо прашлива и искината, а натписот сеуште рамномерно блеска.
Во нејзиното мало дворче секогаш има многу луѓе. Различни, исти. Објектот е свртен кон улицата, и луѓето што дремат на масичките во дворот имаат можност да уживаат во краткиот пејсаж од ниски изгниени куќички, издупчен тротоар, и мочуришта од вчерашниот дожд кои ја делат кафаната од спротивната страна на улицата.
Убави и бедни коли паркирани пред оградата.
Понекогаш ги разгледувам шарените колички, но никогаш не ги испитувам лицата на луѓето. Бидејќи уличката е тесна и најчесто пуста, тие секогаш се заинтригирани од мојот чекор кој ја исполнува се до високиот врв на силосите. Ги вртат главите како сончогледи, и тие нееднакво подредени глави од исправени, полулегнати, превисоки или скоро детски анонимни посетители ми го пополнуваат видикот на левата страна правејќи го заледен пејзаж со зјапнатите погледи.
Тие воопшто не ни мислат на мене кога ме гледаат, знам. Всушност некои не ни ме гледаат мене. Или виното ги вовлекува во мисли длабоки колку празното шише, а погледот им се полира во стаклесто манијачко набљудување врз првиот движечки објект, или посакуваат да се на мое место, слободно забрзани кон железничката станица, со ново патување во распоредот, наместо стуткани во долгите канџи на девојката со фарбана коса до себе.
Без разлика дали ме гледале или не, додека мигрирам по мојата добро истапкана патека која ги поврзува внатрешниот маалски, див свет и надворешниот полу урбан циркус, воздухот веќе е доволно нараснат за да ја прими бојата на скапано, зајдено сонце, кое не се гледа од високите силоси, нивните збунети погледи се спојуваат во еден сноп, кој се фокусира директно на мене. Не ми прави дупка, туку им го рефлектирам назад. А токму тогаш сум некаква.
И откако ќе го поминам краткото патче, размислувам колку ли мои лица се одразиле врз ѕидовите полиени во алкохол.
Еден ден ќе ги прочепкам невроните и сите на кои ќе се сетам ќе ги запишам на лист.
Би се собрала широка и долга дружина, бројна колку што имало зајдисонца до сега, генерации од плакати со мојот лик и понуди да се мине оваа ноќ во распеаното кафанче.
Топло насмеана како наснежено божиќно гранче, кога нерамномерно ги влечам избледените патики по дупнатиот асфалт, иако енергијата и материјата ми се исцицани се до нивните рапави коски.
Или со скокотливо насмевнати веѓи, извивајќи го бавно телото од високите потпетици, преку мазниот фустан, се до непослушната коса.
Кога во тенко џемперче уморна се прикрадувам дома надевајќи се дека сите веќе спијат, нервозно барајќи било каков излог за да видам дали ми се познава на лицето каде сум била.
Кога накострешено брзам, за малку полетувам над зјапнатиот тротоар, од лутина бојата на облеката ми потемнува за 4-5 нијанси а солзите кои не си ги оправдувам ги размачкуваат прамени бидејќи за нив немам простор за да се грижам.
Или кога нишајќи се мрзливо лево-десно, тажно ги вадам и повторно ги ставам сувите раце во џебовите, иако знам дека таму нема ништо.
Виделе безброј случки.
Безброј млади и стари Јас, како наутро полу-освестени но полни надежи и мириси на нов парфем, одат кон градот, точно знаејќи каде ќе стасат; гладни и жедни се враќаат попладне без никаква друга очигледна причина, само им недостасувал мирниот зелен дом; навечер се движат како сенки додека ја бараат месечината над силосите која пружа светлина врз ѕидовите на куќичките и мали парчиња од улицата, повторно патуваат кон градот но тој овојпат е една огромна студена катедрала, со многу светли соби внатре, и заборавени врби наоколу.
Признавам, го мразам воајерскиот профил на тоа мало кафанче.
Но не би сакала да го нема.
Се навикнав или да внимавам или да не внимавам, да се сетам да престанам да си зборувам сама на себе додека минам покрај луѓето, сите свртени кон уличката како кон сцена од некаков слабоспонзориран средновековен театар, или да не престанам врапчешки да се смеам и да ги промашувам тротоарите дури и додека сум пред нивните камери.
Нареден пат дефинитивно ќе облечам кратко тесно фустанче и ќе го вовлечам стомакот а испрчам газот додека поминувам, па можеби, ете еднаш, некако ќе се издадат дека всушност, тие цело време пазат на мене, а конците ги влече некој друг?
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Пред да заминам уште еднаш проверувам дали се имам земено со мене.Седам со полн куфер пред врата и погледнувам уште еднаш наназад.Погледнувам кон таа кука полна со спомени.Погледнувам уште еднаш кон тебе...Каде исчезнаа нашите денови..Безброј спомени се нврајкаат како река протекуваат низ мене.. неможам солзите да ги запрам ги оставам слободно да течат..можеби ке ги избришат спомените..они само наши кои беа..се секаваш ли и ти на
тие времиња??...Не несакам да ми одговориш...Мој беше изборот да заминам..Така е најдобро не сакам повеке да патам..Несакам повеке непреспиени ноки..Несакам повеке непотребни кавги..Несакам повеке да те ограничувам..несакам повеке да те гушам така велиш ти...ке ја добиеш сета слобода што ја сакаш...ке добиеш живот каков што посакуваш..но пред да заминам сакам да знаеш нешто.Те сакав ми беше се за тебе живеев,но ти ти бараше уште...никогаш не беше задоволен со она што ти го пружав...Сакаше да ме имаш мене но сакаше и да бидеш слободен...сакаше крај мене да заспиваш но крај други да се будиш...сакаше да бидам само твоја а ти никогаш мој..сакаше да ти бидам љубовница и сестра..сакаше да плачеш како дете во моите прегратки но сакаше да бидеш маж... неможам повеке така моето срце не може повеке да ги простува твоите проневери..твоите непромислено кажани зборови кои печат и болат..сега го добиваш животот што го сакаше... да си слободен..но само едно немој од ко ке заминам да ме бараш..немој никогаш немој..заборави ме..закопај ме во минатото..зошто јас ке го направам тоа...откако ке ја затворам оваа врата...почнувам нов живот..живот во кој ти не припагаш...незнам како ке успеам но ке ја кренам главата горе и повеке ни минута нема да трошам мислејки на тебе доволно време потрошив со тебе..но не се каам за тоа време..ти ми беше се...но доволно беше...и јас залужувам да бидам слободна..и јас заслужувам некој вистински да ме сака...некој кој ке биди тука за мене кога ке ми е тешко..некој кој ке имам да ме гушне и бакне...некој покрај кој ке можам да се будам ..некој кој ке биде само мој...некој кој ке знае да ме насмее и кога ке ми е најтешко...некој кој нема да се плаши да ми каже те сакам...некој кој нема да почне кавга кога ке го прашам дали ме сакаш...викаш романтиката ти е слаба страна но кажи ми кој бараше од тебе романтика..???зарем побарав од тебе ѕвезди да ми симнуваш а..??Јас само барав да бидеш нежен..да ме почитуваш...да ми покажеш дека ти значам...а тоа знаеше да го направиш кога работите ке станеа претерано густи...кога ке осетеше дека ме губиш...е па не можам повеке така...сакам некој кој ке знам дека ке е покрај мене кога и да ми затреба..некој кој секогаш према мене ке се однесува исто без разлика дали сме пред друштво или не...а тебе секогаш ти беше важно што мислат другарите..секогаш гледаше пред нив да бидеш маж..хехе ама маж беше хехехе..зарем со тоа што пред нив беше безчуствителен мислиш дека беше маж... не....само си се лажеше себе си....затоа сега заминувам...сега свајкаш дека за секогаш ме губиш...не тргни се од мене..несакам да ме бакнуваш....не сакам да ме додирнуваш...несакам сега да ми кажеш те сакам...сега ништо не ми значи..заминувам...те молам немој да пробваш да ме вратиш...јас нема да се вратам.. и тие солзи на лицето твое не знам повеке дали се лажни или вистински...но сега повеке ништо не ми значат...сега заминувам...заминувам од твојот живот...ја сакаше слободата ја доби...сега уживај во неа
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Водата која истекуваше од чешмата денес не се слушаше каде истекува.
И телефонот кој толку силно звонеше ,денес не се слушаше или пак можеби не ѕвонел никој .
А јас си купив шал,да уште еден.Немаше на кој да се пофалам дека надвор имаше вртлози од мисли,а ветерот беше замрзнат како што беа и луѓето замрзнале во сопствената кожа.

Имаше една продавачка на шалови,секогаш од кај неа купував.Имаше сиво,модро лице, а убав бистар сјај во очите.Денес ја немаше нејзе кога купував,беше едно младо девојче кое незнаеше што му зборувам.
Тажна бев зошто ја немаше продавачката која и без зборови знаеше што барам.
Поитав до нејзината куќа која имаше голема дрвена порта .Од кога тропнав излезе еден човек ,но имаше заматен поглед,не го барав тој поглед јас.
-Добар ден.
-Што сакаш девојко?
-Продавачката овде живее?
-Се пресели во Париз,не ја барај повеќе овде!
Се свртев ко рингишпил и продолжив,а знаев дека ме лаже.Што бара една продавачка на шалови во Париз?Па таа незнае да зборува друг јазик освен јазикот кој ја следеше!
Се вратив.Очајно го сакав пак тој сјај во очите .
-Извинете тука живее продавачката на шалови?
-Да,повелете .Сакате да влезете?
-Да, ако смеам.
Пред да каже било што тој,влегов во тој простор кој силно мирисаше на темјан.Седеше таа со зелен јорган обвиткана.
-Јас дојдов денес зошто сакав да купам шал,а вас ве немаше таму каде што го поминувавте цел ден.
-Јас не продавам шалови,само чаршави!

А тоа беше истата продавачка,знам дека беше истата.Тој поглед не се заборава ни после многу години умор.
Бев скршена од нејзината рамнодушност која се одзираше на масата полна со прашина.Не проговорив повеќе,заминав од таа куќа во која не се знаеше каде лежи вистината,дали помеѓу садовите или закачалките пожолтени од дим.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Vote...or Die!!!​

Чујте и пошујте!!Набргу вие ќе можете да го остварите вашето право да излезете на избори и да гласате.Да го дадете по демократски пат вашиот ценет глас кој декларативно може да значи победа или пораз на некоја партија која можеби вие ја фаворизирате во вашите мозочни визби.
Иако реално вашиот глас не вреди шит...
Овие избори се навистина интересни.Сега јас со мојот претерано скромен капацитет ќе се обидам да ви ги претставам изборните кандидати и опции кои вие можете да ги разгледате поподробно и да се одлучите за кого ќе гласате.Се разбира,трката на крај краева се води меѓу две поголеми политички опции,па затоа ќе се концентрираме на нив.

ОПЦИЈА БРОЈ 1
ПОВТОКАЛОВИОТ ПВЕВОДБЕНИЧКИ ПАТОЛ


Овој повтокалов пвеводбенички патол во својата програма има неколку зацртани цели.Тој сака да продолжи со декларативната таканаречена ПВЕВОДБА.Пвеводбата има за цел да обезбеди "подобал живот за сите селски патки пвеку субенионивање на земјоделските патки,пвеку намалени даноци за купување вевпвоматевијали,машини и вазни двуги пвоизводи потвебни за да селската патка осети добво од земјоделската вабота."


Потоа,Пвеводбеничкиот Патол сака да ги научи младите патки на повеќе од еден странски јазик,работа со интернет и поголем спортски дух,преку градење на помали и поголеми базени на отворено и затворено,за да младите патки можат да спортуваат и лете и зиме.

Пвеводбеничкиот Патол оваа програма ја презентира преку оддавање слика меѓу паторската јавност на вреден и чесен патор кој ги знае вредностите кој секој патор или патка треба да ги има.Тој во јавните средби е умерен и се труди да говoри,како што и самиот вели- "Наводски,за да ве вазбеве Наводот.Оти на Наводот му е доста од висок стил на политичка манипулација и лаги зачинети со декол на интелектуализам.Наводот сака да вазбеве што му говови неговиот лидел".Затоа,овој Патол верува дека ќе успее да го убеди Народот да гласа масовно за него,со што конзервативната партија чиј лидер е тој би добила многу гнезда во парламентот.


ОПЦИЈА БРОЈ 2
ИСОНЧАНАТА ЕВРОПСКА ВЕРВЕРИЦА
Оваа верверица е страшно образована.Завршен електро факултет и долги години стаж како помлад асистент се зад неа.Млада,амбициозна,инвентивна,про-европски ориентирана,таа многу ја сака Европа,па поетски ја гледа како сонце кое треба да ги огрее сите верверици во оваа земја.Таа излегува без посебна програма за разлика од Преводбеничкиот Патол.Не и треба.За нејзе приоритет е да се влезе во Европското Сонце каде лешници има на претек...а богами и дрвја.Таа сеуште незнае баш како да ги однесе нејзините верверици во Унијата,ама гарантира со врат и опашка дека ќе го направи тоа за пола година.Оти знае и може и сака од тука та до небото.Таа си живее со верверичките на Југ и заедно со нив,преку еден компромис во лешници,ќе може да ги внесе верверичките од оваа држава во новиот свет на игра,забава и непрестано пеење и играње.

Нејзината кампања се сведе на собирање стари и истрошени верверици кои гласачкото тело многу не ги сака,за да таа самата изгледа убаво.Во споредба со белокосите,политички искурваните верверици зад неа на бината,она е лепотица.Единствена лепотица меѓу орли.И со таа тактика на илузионистички добар изглед плус ветувањето за лешници во рок од 6 месеци,се надева дека ќе го добие гласот од избирачите,а со тоа и што повеќе мандатарни гранки по дрвјата.



Jас на овие избори ќе гласам за сосема трета опција.Човек кој мене ме импресионира секој ден со своите способности,своите таленти и неверојатна моќ да го реши проблемот пред него.Човек кој знае,може,а богами и сака....




МОЈАТА ОПЦИЈА
Evan Stone-Porno Actor




Неговите порничи се класици.Тој е добар во секоја улога.Кога е во кревет,тотално доследно ја извршува својата задача и успешно го убедува гласачкото тело дека тој е повеќе од добар во својата работа.
Кога не е во кревет,знае да глуми секаква улога.Знае да биде смешен,сериозен,длабок,плиток....тој е камелеон пред камерата и со тоа вистинска жива легенда меѓу Лугето Кои Нешто Значат.​

Неговите филмови зборат за неговата изборна програма.Тој со само еден мал дијалог во еден извонреден порнич ме убеди да гласам за него.Имено,во дотичниот филм господинот Stone глумеше цајкан.И тој жолчно го бараше убиецот,минувајќи ги,патем,со леснотија и малку пот сите препреки кои му се појавија на патот.Кога,на крај,го пронајде убиецот,увиде дека се работи за прекрасна,големоцицеста девојка која секој од нас би бил спремен да ја пушти на слобода само за еднаш да му го земе без раце.Но не и господинот Stone.Еве го подолу краткиот дијалог по кој јас се одлучив за кого ќе гласам на овие избори:​


The Killer: Oh,please,mister Police Officer,please let me go.
Stone:No way,madam.I must take you downtown and you must go to serve your just sentence.
The Killer:If you let me go,mister Police Officer,i will let you Tittie-Fuck me!!
Stone:HA!The only Lady i Tittie-Fuck is Lady Justice!!!​

-Неверојатно!!!Long Live The Stone-Man!!​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom