Прозни искри

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Кога воздишката на рибите е толку длабока да ја исцицува целата вода од океанот,мравките го играат победносниот валцер на моќта и истрајноста,тогаш, баш тогаш наидува болката која сака да заврши во нечија одводна цевка.


Не дека нешто ја сопира да поита таму,едноставно и болката несака мрачни места,ја посакува светлината за да може гордо да поминува преку нејзе.И немој баш тогаш да ја испуштиш марамата,држи ја цврсто за да може балонот да те познае дека сакаш да покриеш со нејзе,за да може да исдишне и да ти го подари воздухот тебе. Немој да иташ за да го фатиш,само погледни го тој умее сам да слета кај тебе ,сам умее да ти даде полни раце риби уморни од пливање и пеперутки очајни за да живеат уште еден ден.


Иако си болка,иако си во градината во која нема никој стапнато со чисто тело,исправи се за да рбетот ти ја одслика потребата од живот ,потребата од ритам кој го немаш негувано до сега.Остави го белегот на тротоарот и вдиши го воздухот од балонот.
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
17
Поени од реакции
12
До кога ли ке се лажам самата себеси и ке се преправам дека се е во ред дека сум срекна кога во себе плачам....неможам повеке да се преправам.....па не сум јас од камен...еј размисли малку што правиш...не е моето срце од камен....мислев дека си се сменил...но не ти си истиот...никогаш нема да се смениш....затоа морам да те напуштам.....но како...срцево мое само за тебе чука.....неможам повеке полудувам....
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Сетингот е едноставен.Еден човек и една млада жена седат на кревет.Тој носи некоја релаксирана верзија не костим,а таа црвен фустан,црвени штикли и премногу кармин.Жената е уплакана,а човекот ја гледа со грижлива експресија.

Жената-Не било секогаш вака.Јас се родив во Молдавија.Таму живеев долго време.До мојата дваесетипрва година.Бев...прилично паметно дете.Сакав да станам правник.Не ми беше лесно.Мајка ми беше болникава,татко ми пијаница....не тепаше кога ќе му дојдеше.Не губев надеж.И покрај теророт дома,и покрај сиромаштијата,едноличната исхрана,полското ве-це надвор од куќата,распуканите ѕидови...јас бев,на чуден начин среќна.
Човекот-Среќна?
Жената-Да.Живеев за Утре.Се надевав дека ќе присоберам пари,ќе се запишам на факултет и ќе успеам да направам од себе нешто,а со тоа да и вратам на мајка ми за пожртвуваноста.Имав и момче.
Човекот-Да?
Жената-Мхм.Се викаше Олег.Беше многу добар.Мирен и грижлив,никогаш не крена рака на мене.
Човекот-Го сакаше?
Жената-Да.Знаев дека секогаш ќе биде со мене и тоа ми даваше сигурност.Тој беше тука за да ме сака.
Човекот-Досега изгледа дека се било во ред.Што те натера да заминеш?
Жената-за кратко време после моето станување полнолетна,мајка ми почина.И се собра.Татко ми го превзеде мојот живот.Сакаше да ме мажи за некој син на Инспектор.Кај нас тоа така оди,жените се мажат за оној кој таткото или мајката ќе го предодредат.Горчливи времиња.Олег ме остави,овој беше ист како татко ми,само што и се курваше.Три години пекол.

Таа се расплака.Човекот полека ја погали за лицето.

Жената-Потоа најдов врски кај еден пријател на Олег за да извадам документи.Сакав да одам странство,да просперирам,да успеам.Тој ми заврши работа.Ми рече и дека кога ќе стигнам во Франција,човекот кој ќе ме пречека ќе ми помогне да се снајдам.Бев премногу очајна за да размислам.Прифатив.Тие пари кои ги имав ги искористив за авионскиот билет.
Кога стигнав Франција,човекот кој ме пречека,ме качи во една кола и ме однесе во некаков си бар.Таму ме внесе во темна просторија,ме истепа и ми рече дека од тој ден па наваму,јас сум курва и ќе работам за него.
Човекот-Боже мој...
Жената-Две години веќе.Еднаш пробав да избегам.Ме фати и ги пушти кучињата на мене.Две недели се опоравував.Не ми даде ни во болница да отидам.И до телефон немам пристап.Изгубив секаква надеж.Сега....само сакам да си одам дома.

На човекот му се насолзија очите повторно.Ја погледна продорно,длабоко издиши и со тежок глас и рече:

Човекот-Слушај...јас знам што се ти се случувало.Затоа и му платив на твојот газда за цела вечер.Ова што ќе ти го кажам можеби ќе ти звучи неверојатно,но не избувнувај...
Жената-Имам доверба во тебе повеќе од било кој друг.Ти за една вечер беше подобар и пофин со мене од било кој друг.
Човекот-Знаеш....има многу приказни во кои паранормалното е опфатено.Многу бајки и делови од народниот фолклор.за да тие постојат,мора да има некаква причина.Јас верувам во нив,и затоа почнав да се занимавам со паранормалното....Открив дека имам дарба.Дарба која може да те врати дома....само ако веруваш.
Жената-......Верувам.
Човекот-Јас сум Волшебник.Можам да го остварам твојот најголем сон...да се вратиш дома.Од тебе ми треба само силна волја и судбината сама ќе ја заврши работата.
Жената-...Што тоа треба јас да направам?
Човекот-Дали ми веруваш?
Жената-Па...вакво нешто никогаш порано...
Човекот-Дали ми веруваш?!
Жената...Да.
Човекот-Стани од креветот,застани пред мене,затвори ги очите и замисли си го домот.Тогаш тропни ги штикличките една од друга и по секое тропање речи:There's no place like home,there's no place like home,there's no place like home.
Жената-Дали...
Човекот-Само ти направи го тоа.

Жената стана од креветот.Очигледно беше дека му верува на овој човек.Го смени изразот на лицето.Стана радосна.Знаеше дека има луѓе на овој свет кои можат повеќе од другите.Знаеше дека овој човек има нешто посебно во себе.Му го виде тоа во очите.Му се насмевна.И тој и се насмевна.Ги затвори очите очекувајќи следната глетка да биде нејзиниот дом.Почна да тропа со штиклите...

Жената-There's no place like home!There's no place like home!There's no place like home!!!

Почувствува топлина во градите.Полека ги отвори очите...човекот сеуште седеше пред неа.

Жената-Но...
Човекот-Не го правиш тоа со доволна страст.Мора да веруваш во судбината за таа да сака да ти помогне.Направи го тоа пак.

Жената ја повтори процедурата.Овојпат навистина се препушти.КОга ги отвори очите,пак ја виде познатата глетка.

Човекот-Не ја предизвикувај судбината.Знам дека и таа сака да се вратиш дома.Ајде мила!Уште еднаш.

Жената и по трет пат,со крајот на веќе истенчените гласни жици,со солзи кои капеа од нејзините очи и со страст која беше надчовечка викаше There's no place like home,there's no place like home,there's no place like home!!!

Кога ги отвори очите,човекот беше раскопчан,панталоните му беа спуштени и неговиот пенис беше изваден.

Човекот-Мило,немој да речеш дека не пробавме.Судбината едноставно нејќела денес да си одиш дома.Судбината сакала денес да ми го испушиш ку*ов.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Колку е сега убаво да си дома, по секоја цена. Не е битно дали е тоа санатизам или изработување чадори, битно е да е твоето дома.

Не можеш да бегаш од циркот на кој му припаѓаaт твоите внатрешни органи.

Ќе бегаш, и ќе го среќаваш насекаде, во секое дрво и стакло, но ќе боли кога ќе се гледаш распратален себе од другата, забранета страна на реката.
Одете си дома.
Дома не е топло огниште со топла супа врз белата прекривка.
Дома е исчезнатото парче илузија од сложувалката.
Дома е темна автобуска станица со дури два улични фенера.
Дома е огромно жолто поле пченица полно со непријатен мирис од отровите на ситните животинки, но безгрижно оптегнато под коктелот од небо и авиони.


За само неколку јаболка, би можеле да станеме зависни од таа прегратка.
 
С

Сатори

Гостин
Прости ми

Прости ми...
Не верувам дека така треба да започне приказната полна со црни дамки и извитоперени страсти, но, не е моја вина нели? Едноставно морав така да го почнам почетокот.
Секогаш сум го сакала мирисот на лето, зелените ливчиња по дрвјата и тагата, очајот во кој што е прекрасно да се тоне до граница на лудило и шизофренија, депресивна не сум била никогаш, односно, никој сеуште не ми ја дијагностицирал.Но и да сум имала црно на бело дека имам проблем, немало да ми направи некоја битна разлика.
Фиксни проблеми и фокусирана енергија, токму тоа е совршената слика за животот на моите предци, сведоци и просветители.Жал ми е што јас, Близнак, не сум расположена нешто ново да научам, премногу е комплексно за мене.Или не е? Просто не сакам.
Не знам.
Ги буткам сите карти со еден здив, рушам кули со еден замав, толку труд, толку многу сила и желба, ги нема само за еден миг, во лето.Затоа ги мразам летните романси и анкциозните разговори со луѓе кои што ги почитувам а ги презирам додека разговараат со мене.
Лицемерно е во крајна граница, но снобизмот го чувам под клуч за да не се навредат маестралните умови на просечноста и лудилото.
Сакам остров, не сакам лекции, сакам мир, не сакам моќ.
Сакам воздух, не само кислород.
Прости ми...
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Поетот


Поетот е интровертна личност. Поетот поминува часови во самотна интроспекција и реч со себе. Поетот ја мрази гужвата ги мрази лугето затоа што тие му го одземаат најсветото-творештвото кое себично го чува за себе и во себе!
Поетот својата инспирација ја црпи од монотониот живот. Интензивните чувства се смрт за поетската мелодија. Тие сами по себе се уметност. Поетот го чека животот, не го живее.Тој пее го опејува и се надева дека ке има време за него! Поетот подкраднува моменти од вистинскиот живот, меѓутоа никогаш не ги живее оти така ќе го изгуби времето. Времето за скапоценото творештво кое му е изговор за лажниот живот!
Поетот оставете го на мира! Вашето бучно и агресивно постоење го убива него!
Сега одете и коментирајте колку што сакате. Но запомнете што и да кажете тоа нему не му е важно! Зошто тој постои за себе, и за никој друг на овој бучен свет!
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
17
Поени од реакции
12
Последна вечер со тебе...се нашминкав добро за да несе познава тагата на моето лице...срцето плаче..насмевка на лецто...доагам крај тебе обоена од така...се предавам во твоја прегратка...ти велам..те молам вечерва не прашувај ништо само бакни ме и прегрниме и кажими дека ме сакаш па макар и излажиме ништо друго не е важно...солзи течат по моето лице...ох само да знаеш колку те сакам...само да знаеш колку ми е тешко што морам да те напуштам...неможам повеке да издржам ми доага на цел глас да плачам...а јас наместо тоа како и секогаш....насмевка на лицето
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не,тоа не сум јас.
Не,тоа не е тоа што сакам да сум.
Тоа е нешто,што ни самата не можам да го објаснам.
Сакам јасни работи,не конфузија.
Сакам концизност,не противречност.
Не сакам студенило и празна душа.
Но,не можам.
Стравот ме надвладува.Бегам.
Од што?
Од се.И од секого.
Плачам.Сега.Да.
Дали знам што напишав сега?
Не.
Дали воопшто нешто знам последниов период?
Негативен одговор.
Само знам дека сум сама,празна,исцрпена.Секоја можна емоција од мене беше исцрпена.Од сите.Секој си зема колку што му беше потребно.А на мене заборавија.Заборавија малку емоции да ми дадат.
И сега...што?
Сега сум само една исплашена мала срна,која нема сила...не може веќе.
Сакам само некој што ќе ме прифати таква каква што сум.Некој пред кој нема да се плашам да бидам јас.
Но,таква личност не постои.

И јас секогаш ќе бидам заглавена во тој простор.Постојано сама покрај толпа луѓе.
Во прашање е некоја лоша карма.
Секоја вечер со насолзени очи.

Има луѓе на кои љубовта им е судена и ја пронаоѓаат на крај.
Јас не сум меѓу тие луѓе.
Јас...јас само ќе се радувам на среќата на другите.

Јас...јас...не знам што е љубов.Онаква ЉУБОВ.Взаемна ЉУБОВ.Возвратена љубов.
А нема да дознаам.

The greatest thing you'll ever learn is how to love and be loved in return.

Јас очигледно нема.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Светот секако е доволно хазарден со присуството на сите овие перачи на мозок, заведувачи, поттикнувачи, а сепак уништувачи. Два веројатно најмногу соодветни типа на послужавник:

Политичар
Надежен реалист заглавен во луцидна игра на зборови составена од вртоглаво вртење на нивната смисла кога единствено што добиваш е една безглавна ништожност, обвиткана со лицемерна насмевка со идеја да ти сервира масовно уверувачка Вистина.

Курва
Максимална отвореност, чиниш мозокот се излеал низ порите на похотното тело а духот тлее блесаво изгубен во длабочините на откажувањето од секаква друга шанса за навидум помалку бедна егзистенција.

*Еден wannabe писател-аматер трага по дефинирања на луѓе во бестрага.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Ме прегрна нежно мојата миленичка ноќта со својата поданичка тишината,ме прегрна и ми нареди со строг глас,во првиот момент бев навистина изненаден,но како одминувашевремето сватив дека навистина има право за својата лутина што така ја истураше на мене,ми нареди вечерва да ги напишам најтешкиот нои најискрен монолог,дури и насловот на тој монолог ми го кажа“Ја молама совеста да ми прости .„во еден момент нејзиниот глас имаше бес,а веќе во другиот момент имаше загриженост,тогаш извика со еден громогласен глас,не простете тоа не беше глас тоа беше еден нејзин болен крик,кој изгледа и се откорна некаде од длабочините,но крикот нејзин беше исполнет со светлост,прво беше еден но како гледав тоа беа снопови од светлост,крикот светлосен што одекна во првиот момент ме заслепи,и навистина не знаев што е и како понатаму.зборуваше за ноќта нејзината болна светлост,зборуваше а нијансите постојано се менуваа,зборуваше а подоцна разбрав дека тоа беше мојата совест.
-Смртнику,ти да да ти кој во себе го носиш генот на една од најстарите цивилизации на овој Балкан,еве погледни зад себе за да видиш подобро напред,погледај добро зошто јас ги слушам илјадниците клетви на твоите поколенија,ги слушам како ги фрлаат секојдневно врз вас,врз тебе и сличните натебе,ги фрлаат зошто го направивте најбезумниот чекор,го направивте тој чекот на ним и направивте безимени,вразумисе и вразуметесе,зошто стоиш на само еден чекор од сопствениот понор,понор кој нема крај,а крајот ќе биде една цела вечност,вразумисе зошто твојата и вашата неразумност ќе те однесе и тебе и сите како тебе во една агонија,да да тоа ќе биде и лична но и колективна агонија,погледни сега ќе го згуснам мракот и погледај добро овие снопови со светлост што евеги бликаат од оваа земја,тоа се смртнику гробовите на твоите предци,погледај добро ,погледај добро зошто ги има милиони,зарем сакаш ти тие како тебе со една безумност да ги изгаснеш овие светли факли кои милениуми пред тебе гордо светат и блескаат,кажими зарем сакаш со една неразумна и безумна постапка сакаш и сакате овие факли да ги изгаснете,и еднаш засекогаш да ги избришете гробовите на вашите предци,та момче овие факли беа тие кои и на твојот татко,и на твојот дедо и на твојот прадедо му го осветлуваа патот по кој чекореа кон својот вековен сон,сега кога тој сон ви е веќе стварност ти и сличните на тебе сакате да си направите кошмар и да ги изгасните факлите кој ви ги осветлуват вашите патеки по кој врвите секојдневно,сакаш и сакате со еден безумна постапка да избришите илјадници и илјадници страници историја,историја која е пишувана со потоци од крв,смртнику зарем мислиш дека твоето име Македонец е толку срамно та се срамиш да го носиш,па сега сакаш така лесно сакаш да го смениш,и зарем мислиш дека новото име ќе биде повеличествено и ќе те направи погорд него што си сега,та погледај ти сега збунет смртнику,погледај околу себе и начулиги ушите,да да начулиги и добро послушаја музиката која ја свири старата вавилонска блудница,знај оваа музика ја слушале и твоите предци многупати,но тие за разлика од тебе смртнику македонски имале доволно храброст да издржат и со гордо крената глава да заминат на небесниот свод како македонци.
Јас знам дека ти и сличните како тебе не случајно сте родени тука на оваа земја македонска како македоци,во оваа земја библиска,роденисте зошто бог,или судбина,или бесконечноста или наречетего како сакате,ве создал зошто верувал во вас,верувал во вас дека ја имате сета потребна сила но сета потребна храброст да на вашите плеќи носите едно големо и славно ИМЕ,име кое и во бескрајните сводови блеска со сјај што не згаснал со милениуми.
Ако мислиш дека јас совеста ќе ти простам за твојата безумност,можеби,можеби и ќе ти простам делимично,но твоите поколенија нема никогаш да ти простат ,а нема да ти простат зошто ќе им го одземеш тоа што природно им припаѓа.
Ајде ајде отвориго барем само на еден миг едното око и погледај добро,погледајги овие прекрасни планини,реки и езера ,зарем сакаш и тие со твојата безумност да станат безимени,да станат ничии и сечии,погледниги пред да ги направиш безимени,помилувајги со погледот,ако во тие планини не ги видиш илјадниците чекори што ги праеле твоите предци,тогаш сториго тоа.
Смртнику Македонски не се плаши да го изговориш храбро сега твоето најмоќно НЕ,изговори доволно храбро-НЕ НЕ ГО МЕНУВАМ МОЕТО ИМЕ-НЕ ГО МЕНУВАМ ЗОШТО ЗНАЕМЕМ ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ,ДЕКА ОВАА ЗЕМЈА ОТСЕКОГАШ СЕ ВИКАЛА МАКЕДОНИЈА А ОВОЈ НАРОД МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ МОЈОТ ЈАЗИК БИЛ МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ СУМ ЗБОРУВАЛ МАКЕДОНСКИ.
Не се плаши Македонецу да ги изговориш овие зборови,не се плаши еве твоите предци знај ќе воскреснат од пепелта, ќе ти ја дадат сета потребна сила за да истраеш по патоѕ по кој ќе одиш,знај дека непријателите трновит пат ти спремаат пат кој е сличен на една нова голгота,но повторно знај подобро горда голгота.отколку срамно исчезнување.
Сеуште се сомневаш Збунет Македонецу во аргументите што ти беа кажани,ако се сомневаш тогаш барем сетисе на твојот Предок Синот на Македонија Александар Македонски,сетисе само на колку едоставен начин го решил гордиевиот јазол,го решил со еден удар од својот меч,го решил и ја прекинал сета агонија на сите пред него кој сакале да го одвразт,сега ти потомокот на Александар Македонски го имаш најмоќниот меч,го имаш мечот кој се вика едно големо НЕ НЕ ГО МЕНУВАМ МОЕТО ИМЕ-НЕ ГО МЕНУВАМ ЗОШТО ЗНАЕМЕМ ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ,ДЕКА ОВАА ЗЕМЈА ОТСЕКОГАШ СЕ ВИКАЛА МАКЕДОНИЈА А ОВОЈ НАРОД МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ МОЈОТ ЈАЗИК БИЛ МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ СУМ ЗБОРУВАЛ МАКЕДОНСКИ.
Кажи им го ова доволно храбро и гласно на сите кој сакаат да те направат безимен.
Македонецу не го корни сопстениот корен од твојата земја,не го корни зошто уште много многу други како тебе треба да се родат на оваа земја и да го носат твоето име,не го гаси жарот во твоето огниште кое го запалиле твоите предци пред тебе,не го гаси зошто ни ти ни сличните на тебе го немате тоа екслузивно право да го гасите вие.
Имам уште илјадници аргументи Македонецу да ти ги кажам,но сепак чуствувам дека и овие се доволни да се вразумиш и да не го направиш твојот безумен чекор.
Сега кога гласот на сопствената совест замолчи,тишината стана морничава,темнината стана некако густа и злокобна,стравот од утрешниот ден се вовлече длабоко во мене,стравот што навистина ме натера да се завртан назад и таму да го побарам одговорот за утрешниот ден.а
МОНОЛОГ НА ТИШИНАТА(ЈА МОЛАМ СОВЕСТА ДА МИ ПРОСТИ)
НИКОДИН ЧЕРНОДРИМСКИ
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Предавниците не заслужуваат ни презир
-Заминувам-беше краток Аврил
-Добро –му возврати Леонид.
-Дали ме слушна Леониде заминувам,заминувам засекогаш.-со гласот сакаше Аврил барем миг внимание да привлече од Леонида,само сега тоа тешко му одеше.и бесот кој вриеше во него не можеше да го контролира,целосното игнорирање со секоја помината минута го кинеше на парчиња,успеваше со големи маки да се исконтролира,да ја стави насмевката на лицето и да им се насмее на луѓето,но таа насмевка и колку да сакаше да ја направи природна едоставно таа него го издаваше.и сега повторно Аврил денес застана пред Леонида кажуваќи му дека заминува засекогаш.
Леонид и колку да имаше чувстава кон Аврила со предавството што го изврши,одеднадеш му го замрзна срцето,кога беше сам леонид се прашуваше дали и навистина сите години на пријателство беа вистински или беа само еден параван за да може Аврил да дојди до целта која од тоа што го направи долго време ја планирал,се почуствува измамен,изманипулиран,се почуствува не незнаеше леонид веќе тоа чувство на разочарување правилно да го дефинира.му беше доволен само еден поглед кон аврила за да пламни.
-Замини замини за секогаш ти проклетнику,замини и никогаш немој да се враќаш на оваа грутка земја,таа не твоја,а и никогаш не била твоја,замини зошто премногу несреќи донесе-го погледна со омраза во очите-замини што чекаш,и онака овде веќе никој не те сака,кај никого не си добредојден,ајде ајде замини веќе еднаш и изгубимисе од пред очите.
Напнатоста помеѓу нив двајцата од миг во миг растеше,Аврил стоеше и молчеше,мислеше дека сепак Леонид ќе се премисли и повторно ќе си подадат рака како некогаш,ќе се ракуваат и повторно ќе кројат планови за иднината на овој напатен народ,но тоа не се случи.Леонид молчешкум се заврти,гордо со дигната глава зачекори напред по улицата,го остави Аврил сам на масата да седи,сам зошто уште неколкумина кој седеја на масите кога разбраа кој седи тука во нивната близина,стануваа и му испраќаа погледи со презир,замина Леонид и не се заврти да го погледне барем и да го види Аврил како стои и исчекува повторно да го викнат да му простат и да одат понатаму.
-Леониде-викна,но гласот му се стегаше од солзите кои му навираа,барем еден збор на прошка да му кажеше,
Леонид со сета лутина и бес во себе се заврти и силно викна ,викна да слушнат сите во улицата.
-Авриле,предавниците не заслужуваат ни презир а камоли прошка,оставам на историјата да ти пресуди,оставам со најгустото црно мастило да го запише твоето име,така да ни времето да неможе да го избрише.-ги изговори овие зборови и со брзи чекори се одалечи.
Аврил стоеше сам,сега кога остана сам со себеси,не знаеше каде да замине,овде во својата земја беше веќе туѓ,обележан како предавник,предавник кој ги продал насветлите идеали на своите браќа,на своите соборци,да се вратеше таму од каде што дојде,таму од каде што така наивно падна во пајаковата мрежа,падна и несвесно влезе во играта која кога ја заврши задачата виде што сторил да се вратеше ,и таму беше непожелен,сега за нив беше само потрошена роба,да се вратеше кај нив посакуваше барем да го ликвидираат,но познаваќи ги знаеше дека нема да го направат тоа,нешто одвнатре му кажуваше дека и тоа нема да го направат,ќе му го подареа сега животот,не не знаеше дека тоа нема д биде живот,ќе му го подареа сопствениот пекол од кој никогаш повеќе немаше да излези,ќе му го подареа пеколот за да се бори со сопствените демони,а ги разбуди со предавството.стоеше Аврил на улицата со погледот во калдрамата,ја гледаше и свати дека навистина предавниците не заслужуваат ни презир


Никодин Чернодримски
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75


Бети стави штикли


Пополека шетам низ корзо.Имам време да го одредам правецот. Едно “брмчало“ цело време зборува за високите штикли што ги носи. Друга демек, перцепција има на светот сега, гледа од високо! Истото брмчење го слушам веќе петнаесет минути, веќе ми станува природно, скоро и нормално!Имав среќа таа вечер, “брмчалото“ да се свикни на штиклите. Почнавме да брзаме и се беше како порано. Нешто се смени таа вечер и пак се врати по старо. Вечерта кога Бети стави штикли!
 
С

Сатори

Гостин
Дојди и погледни ги корузите на земјата по која што газиш.Како да бидеш добар кога ти ги бодат очите со шило?
Сите истурени бокали со вода за да се зачува префинетоста на идеологијата, на што?
На кој?
Иструрам фрустрации, чиста вистина, голи факти.Но зарем би се грижела што трошам зборови за да ми биде полесно?
Не.
Затоа што ќе можам една минута подолго да ја поднесам внатрешната болка и да и го пролонгирам мандатот за уште некое време.Растурени борби и искршени правила.
Она што ме пече како солна киселина на мазна кожа, тешко е да не ги гледаш луѓето додека се одвратни.
А јас ... јас само бегам, од ден на ден ...
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Празнината е некогаш подобра.
Не верував, но сватив дека е така. Прости ми срце, но така е. Подобро е да те осеќам како си празно, отколку да бидеш полно, но да трпиш болка. Се додека си мое и толку многу те сакам, нема да дозволам да патиш. Пушти ја, батали, почекај, не се брзај - што е твое ќе биде, ќе видиш. Само те молам не ни нанесувај пак таква болка. Морам малку да те искарам, но сепак јас и ти сме една целина и мораш понекогаш и мене да ме послушаш. Секоја твоја болка и мене ми нанесува уште поголема. Те осеќам дека патиш а како да ти помогнам? Не ме слушаш, си тераш по свое. Прашувам по луѓе да најдам лек, но секогаш истиот одговор - НЕМА ЛЕК. Затоа Те молам - послушај не некогаш и мене и разумот. Никој не е вечен, па дури ни ти, иако си најголемо и најдобро на светот. Мора да се чуваш и послушај ме. Празнината е некогаш подобра.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Го знаеме, добро го знаеме моментот кога си велиш сам на себе: јас сум ебан мал мрачен господар на ништото, колекционер на атоми воздух во различни бои. Никако не ти одговара начинот којшто се мора да биде, па кенкаш колку што ти се кенка, додека не се искенкаш доволно за да ти здосади па да се тргнеш од ладниот бетон и да си влезеш посрамотен дома.
Епа се изнакенкав конечно.
Доста беше.
Се освежив толку многу што ми никнаа хербалии во белите дробови.
Мали, сеа ој купи ми улошки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom