R
Razorblade Kiss
Гостин
Полноќно интермецо
Првото подмочување в гаќи се случи токму таму,на тие крцкави смрдливи штици,кои го мразеа секој кој ќе стапнеше на нив. Се чинеше како да газиш по нечии скокотливи делови од телото,само што,овие не се смееја,туку гневно и професионално ги бодеа клинците во твоите невини,нежни,меки голи стапала. Првиот потпис е најважен. Крваво грациозно одење. За силен и долг аплауз. Ако немаш среќа да заминеш следува поклонување до забивање коец в чело и фецес како олеснителна околност.Ионака не се чувствува покрај смрдеата и туѓите признанија веќе распаднати на тие,чиниш,души со лузни, надвор од вниманието на рефлекторите кои полека но бавно те ослепуваа и те земаа под нивното еднобојно виножито. Можеби тоа беше најблагородното нешто што се случуваше таму.
За нечија среќа го избрав мојот потенцијален спокој токму на тоа ѓубриште од имагинарни тела.Наликуваше на бордел каде што купуваа карактери на вересија,купуваа убавина,купуваа дури и телесно задоволство.Ова последното излезе дека е најлесно за купување,конзумирање, и на некој одвратен начин да бидеш задоволен од него.
И јас бев во таа група на протагонисти. Се криев во еден темен ќош полн со прашина,се валкав во неа како риба во брашно пред пржење,и во делириум ја набљудував нивната јавна кулминација пред публиката.Многу врескања и вештачки крици,двете тела на сцената облеани во смрдливата пот која го наоѓаше својот крај во нивните полови органи. Никогаш не сфатив која е мојата улога...
Мислите како вбризган хероин се редеа една по друга,ниедна довршена,крајот и заплетот во неа беа едно.Додека пробаш да се опоравиш од еден мозочен оргазам,следуваше друг...и така како партал те остава,со тап поглед кон очите кои набљудуваат,како недосликан портрет на некој сликар кој сака да се пробие,па незадоволен од резултатот ги замачкал своите гомнарии. Но тоа беше единствен начин да му се погледне в очи...
Поминаа години,се редеа магливи успеси за кои не добивав аплауз. А бев навикната на него. Најстрашното нешто што може да му се случи на еден зависник од туѓо обожување. Старците го добија своето последно растресување на таа свисната гола издлабена свинска кожа и ги врамија во одделот на Посветените. Ха. Посветени. Тие беа богови!
Дојде време некој друг да замалтерува несовршености. Да го крие ликот под слоеви вар и кармин,да го воспева своето тело и да наликува на нив. Не смееше тој да ја сфати нашата игра. Мораше да умре со мислата дека ликот е бесмртен. Живееше да го надживее. Но секако ние напишавме завера. А јас го составував завршниот дел.
Дојде и таа полноќ,само неколку секунди до моето прво самостојно животинско рикање. Секогаш истото. Се прашував која убавина ја гледа во ова страдање? Излегов пред него. Секогаш беше во средина,ниту премногу напред,ниту премногу назад,десниот дел од телото му беше во мрак. Дежаву. Веќе бев овде. Веќе умрев овде!
Главната протагонистка потфрли. Го заборави текстот. Наместо петнаесетминутно врескање со прекини таа испушти само еден досега непознат срамлив но впечатлив крик и се струполи на земјата. Зениците и се проширија, рацете и се тресеа,се чинеше како повторно да се раѓа од утробата на мртвите останки. Стапалата ги регенерираа своите лузни. Лежеше така набодена на клинците без капка крв која би ја расипала глетката.
Се чинеше како да ги бакна нејзините усни и остави трага од отровна малина да не ја осквернави некој.
Ја опеа во своето најдобро дело. Дело зад кое имаше страници гнев,одмазда,перверзно задоволство...љубов,
Таа ја играше улогата на негова најодвратно невина муза. И и се допаѓа тоа...