Тишина,темнина и поглед испратен во далечина,ја догорувам цигарата онака пополека кефски не сакам да ја завршам,ме смирува со илузија дека го запирам времето,создавам дупка која ја голта реалноста која го стопира времето,илузија која ги голта проблемите како црните дупки вселената,како љубовта омразата и обратно. Но велат се е јинг и јанг,сепак во дупката има друг проблемно и друга цигара која ке создаде нова илузија,нов јинг и јанг. Бркотница на мисли,оние безпотребните и проблематичните. Оние создадени од свеста наместо од срцето. Борејки се со вториот јас,оној воден од разумот наместо од емоциите, како жарчето од цигарата со студот,како чадот со воздухот,борба за превласт сепак жарчето е послабо ке догори,чадот е помал ке загуби, дали и свеста од срцето ,па веќе загуби. Те сакам и се борам со вториот во мене оној кој велеше немој ке се заебеш,го потиснав го оставив во далечина но ме демне како сенка,како да чека грешка за да ми ја шлакне ракавицата,онаа од парот какви што ги имаш ти,што мирисаат на тебе што потсеќаат на тебе,да баш со такава ракавица со истиот парфем со истиот мирис,мирисот на тебе,ме демне ме потсеќа ми создава немир,се борам со срцево против него,но борбата е тешка битката еднаш срцето ја доби но една битка не значи добиена војна,зборови кои ги изусти разумот тогаш кога се повлече во сенка,тогаш кога започна да ме демне,тогаш кога се скри некаде во темнината истата вечер кога ти кажав повторно те сакам,кога ти кажав ти простувам зашто те сакам,кога ти кажав дека ми значиш. Гледам се бори и жарчево да не загасне,повлекувам дим за да му помогнам, како што му помагам на жарчето во себе да не загасне за тебе,и нема затоа што се распламтува како огин но разумот како да сака да го згасне потпомогнат со други безвредни и безпотребни влијанија оние од суштества кои навидум се како нас,како мене и тебе,но тие не знаат да сакаат,зашто никогаш ја немаат пробано цигарата,онаа цигара на љубовта,немаат повлечено дим од неа да го разгорат жарчето во истата,да ја нарушат темнината во нив,да запалат огин и да започнат да сакаат. Всушност тие сакаат ама го сакаат она материјалното,така им е поубаво,така навикнале,да е по нивно,да контролираат,без какпа морал во нив без чуства живеат и уживаат во своите подвизи и успеси за контрола,за неверство,за се друго освен за љубов и емоции.
Се прашувам зошто морам да се борам со самиот себе,ја водам најтешката војна онаа војна на 2те страни што сите ги имаме се чуствувам ужасно,растргнат од самиот себе зашто те сакам зашто ти верувам а сепак нешто не ми дава мир да легнам да заспијам спокојно плашејки се дека сенката ке надвладее можеби и затоа ги сакам ноќиве затоа што сенката ја нема нема кој да ме демне. Но тука е јинг и јангот за кој претходно спомнав,токму сенкава која ме демне ме прави да бидам претпазлив,да не дозволам да се загубам во илузијата на доброто туку да останам во она реалност која се создава со помош на тишината и задлабоченоста во далечината,во ридовите,облаците кои се пред мене,во тишината на градот која ке се наруши со некоја залутана чавка во овие доцни часови. Како што кажав не сакам да се загубам во илузијата па со помош на сенката мојата душа реагира правилно. Иронично нели. Две завојувани страни а неможат една без друга затоа што ке пропаднат.Баш како јас и ти плус и минус кои неможат еден без друг,баш како јинг и јанг кои се контраст а сепак неможат еден без друг, во јангот има јин и обратно.
Но кога подобро ке размислам го потиснав разумот во сенка да ме демне... ако нека ме демне и нека ме предупредува така едноставно е подобро за мене можам да застанам и да размислам без да реагирам на слепо затоа што колку сенката ме демне кога ке ми ја шлакне ракавицата ке ми се разбистри дека можеби треба и јас тебе да те шлакнам за и тебе да ти се разбистри како што ти се разбистри еднаш,ке те шлакнам и втор пат верувај дури и посилно за да сватиш за да се освестиш што имаш и што можеш да загубиш зашто кога ке ме загубиш те губам и јас тебе,а не сакам. Не сакам да те изгубам затоа што црната дупка ке не голтне доколку сме сами. Се борам иако предвреме го знам епилогот од битката знам дека разумот ке загуби уште една битка повторно го ставам позади себе,затоа што те сакам но не сакам да го одалечам ке го оставам на дистанца затоа што ке биде потребен некогаш,да не освести и двајцата дека ке не проголта доколку не го чуваме она што го носи нашето срце дека ке ни земе се што имаме и ке направи да сме странци,онакви какви што бевме до пред 6 месеци,луѓе кои навидум не се познаваа,луѓе на кои погледите им говореа повеќе од гордоста која не им дозволуваше да си прозборат еден на друг. Затоа ке ја чувам сенката и ке ја пуштам да ме демне со надеж дека нема да ме вознемирува туку да само ке не постетува и мене и тебе на тоа што имаме и што можеме да загубиме.Еден ден ке го прочиташ ова можеби ке сватиш,дека разумот треба да те потсетува само а срцето да те води така ке ги победиш суштествата кои демнат и дупките кои сакаат да те проголтаат и да те направат нивна марионета како што ги направија другите.Дали ке дозволиш ? Зависи од тебе.
Го повлекувам последниот дим и ја гасам цигарава,жарчето ја изгуби битката но не и војната бидејки ке се запали нова цигара со ново жарче но со истиот дух со истата цел
и не заборавај зошто го распаливме жарчето во нас повторно по втор пат и дека жарот во нас ке гори се додека срцето не води а разумот не потсетува дека може да се претвори во црна дупка и да проголта се,да сруши се како карта од кули.
Цигарата заврши,одам на спиење онака мирно и сталожено бидејки јас го направив моето,ти си на потег да зададеш шах-мат,во јинот да створиме јанг и монотоноста да ја разбиеме со нешто светло,радосно. Потегот е твој,да докажеш дека си добар играч за игри кои се играат во пар. Потегот кој ке им ја покаже светлинана на суштествата од темните дупки кои вребаат како паразити за да го наметнат својот вирус.
Изиграј паметно но пред се онака како што твоето срце ти кажува.
P.S Те сакам.