Прозни искри

Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Последното нешто што го паметеше Ана е кога некој ја удри по главата, ја извлече надвор од нејзината куќа и ја стави во багажник во автомобил. Сè после тоа ѝ беше нејасно.
Таа се разбуди пред неколку секунди во комплетна темнина. Беше пеколно топло и иако знаеше дека воздухот е лимитиран, таа го влошуваше проблемот земајќи големи панични вдишувања. Се опипа по рацете и нозете, од двете страни, за да го потврди фактот дека е заклучена внатре. Нејзините раце се тресеа, отчукувањата на срцето звучеа како тапан, а нејзиното тело беше преплавено во пот. Се обидуваше да остане смирена зборувајќи на глас: „Автомобилот не се движи!“, „Сигурно некој ќе дојде наскоро и ќе го отвори багажникот.“ Но минутите беа како часови, а паниката надвладеа. Никој не можеше да го слушне нејзиниот силен врисок. Недостатокот на светлина и звук ја оставија целосно дезориентирана.
Конечно, со солзи во нејзините очи, се сети на нешто што го видела на телевизија. „Ако го скршам задното светло, можеби ќе влезе малку воздух внатре. Можеби некој ќе види или ќе ме чуе како викам“. Немајќи поим кон која страна е свртена, Ана почна да клоца сè посилно и посилно со десната нога. Но ништо не се скрши, ништо не се помрдна. Удираше многу јако, дерејќи се на секој удар. Нејзината нога беше во ужасна болка, но тогаш слушна мала пукнатина. Охрабрена од звукот, Ана со крајни напори успеа да направи уште неколку силни удари. И тогаш слушна големо пукање. Го скрши. Ана го свитка своето тело најмногу што може, пробувајќи со прстите да стигне до ќошот во темнината. Ја најде малата пукнатина. Земја навлезе низ неа.
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Баш кога завршив со читање на приказната за добра ноќ синот ми рече:
„Тато те молам провери под креветов дали има чудовишта“
Погледнав само за да го уверам дека таму нема ништо, но на мое изненадување го гледам син ми, друг но ист како него, загледан во мене трепери и шепоти „Тато над мојот кревет има некој“.
Прво ова ми падна во очи, зашто е „хорор приказна во 2 реченици“ чиј автор е Juan J. Ruiz.
http://www.reddit.com/r/AskReddit/comments/1iwylh/what_is_the_best_horror_story_you_can_come_up
Еве го линкот на „предизвикот“ на reddit од кој истата е произлезена.
Не знам какви се правилата, и дали овде се постираат само сопствени „прозни искри“ или и туѓи, ама мислам дека кога се постира нешто туѓо, редно е авторот да се испочитува. :)
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Што би направиле вие за да бидете нормални? Јас би направил сè. Секако, лесно е да ме погледнеш и да кажеш „Во ред е да бидеш поинаков, нели треба да се стремиме да ги надвладееме разликите меѓу нас“. Но мојата уникатност е неправедна. ЈАС НЕ САКАМ ДА СУМ ВАКОВ !!! Затоа го направив тоа што мораше да се направи.
Минатата ноќ, почекав брат ми да заспие. Кога бев сигурен дека спие, му го покрив лицето со мојата перница и почнав да го гушам. Се опираше и се бореше за својот живот, но јас од секогаш знаев дека сум посилен. Тој немаше шанса. Убиството на брат ми беше најтешката работа што некогаш сум ја направил. Секако дека го сакав, но како што напоменав претходно, јас би направил сè за да бидам нормален.
Видете, моите родители никогаш немаше да дозволат да одиме на операција. Докторите рекоа дека одвојувањето на споени близнаци како јас и брат ми, може да биде проблематично. Нашите органи беа поврзани и ако ја извршеа операцијата, еден од нас сигурно ќе умреше. Сега немаат избор. Како што лежиме во нашиот болнички кревет, гледам во телото на брат ми, ја стегам неговата ладна мртва рака, радосен сум бидејќи знам дека наскоро конечно ќе добијам шанса да бидам нормален.
 
Л

Лигеја

Гостин
Затемнета просторија,десетина ликови наокулу секој со своја приказна во мислите и механички движења растурени со живописна парабола од негодување на останатите чија збрчкана загриженост е оправдана од потребата за цигара.

На распукана,дрвена маса,седи девојка и внимателно ја набљудува публиката.Нестрплива е,нервозна како и секогаш кога ќе се сретнеа.Не знаеше зошто,не беше свесна зошто,не можеше да си објасни зошто.Знаеше само дека делат премногу од оној малку свет што го понудил нивниот мал град во кој живееја.Знаеше и дека веќе изминаа две години од ветувањата кои си ги дадоа иако не беа во викторијанското доба за да ги запечатат со писма своите кажувања.Едната ветуваше дека ќе биде постојана а другата дека ќе го држи својот демон понастрана од пријателството кое го создаваа.Но,како што умираат размислувањата,умираат и ветувањата.Не од неумешност туку од досада.Така,по неколку модрици и дијаграм од скршени мозаици повторно се овде.Да се сретнат и да си ги докопаат раните.Секогаш во исчекување едната конечно да се предаде и да искрвари.Но не,погребите се толку морбидни и демоде за нивниот префинет вкус.
Влегува другата девојка...

-Ти требаше многу за да го пречекориш времето и да се створиш пред мене...Каде беше досега побогу?

-Ме знаеш мене,јас сум сон,ветер без починка,јас сум најдобрата пријателка на светот и најлошата љубовница на кој некој може да налета...но,да не се расфрлам со мојата раскошна појава.Овде сум. (ги развлекува усните во широка насмевка)

Молк.

-Ми остави доволно време за да те замразам,зарем ни малку не ти пречи мојата искреност?
Покрај времето ми ја натовари и својата дрскост да не можам да се отарасам од неа,знаеш колку мразам постмодерна занесеност а сепак најде начин да се оправдаш за тоа што ме остави сама.Комплетно сама со себе кога знаеш дека сум склона кон самоуништување кога немам со кого да ги нарушам високите терци на секојдневието.Звучи познато нели? Она малку што го имавме го продадов за да си вбризгам неколку дијалога и да халуцинирам дека се е нормално.Дека се што ме опкружува е нормално иако главава ми пука како геометриските фигури на Пикасо кои се борат за простор надвор од сликата.Не ми беа доволни.Смеј се колку сакаш но сакав да ја стегнам слободата и да ја затворам во кутија иако се ужаснувам од таа геометриска форма,отсекогаш ме потсетувала на Пандорината кутија.На тебе.

-Жал ми е,но јас не сум Пандора.Моето име е Исидора.Некои ме викаат и Хекате.Некои,едноставно Настја.

-Звучиш како конкубина на ѓаволот.Девојка со полн ормар лица. (се смее)

(длабок презир ја шибнува од другата страна на масата)

-ЈАС сум ѓаволот.Или би сакала да бидам.Ништожноста е секогаш добредојдена кога чувствуваш макијавелистичка супериорност врз некого.Особено кога некој лесно се продава.Само за пар воздишки на полна месечина и малку пита со малини...знаеш од онаа,мојата омилена. (намигнува)

-Не знам...никогаш не сум ја вкусила,секогаш ми сервираше само отров.

-Ајде де.Не е важно,жива си.Не се лути.Како си,што има ново кај тебе?

-Се е по старо.Се обидувам да го преживеам секојдневието.Но нели,нормално за некој како тебе тоа е премногу клише,незабавно и драматично.Писателките кои ни се идоли служат само како потпора за лудите идеи,не за патоказ кој да бидам прецизна не води кон животот,туку кон смртта.А сите се обидуваме да ја измамиме порано или подоцна нели?

-Човек кој поседува убавина не се плаши од смртта.

-Јас се плашам.

-Ти си страствена но огорчена.Гориш како свеќа а надвор има сонце.

-На свеќа се создавале вистинските дела не на сонце.

-Туф!

-Здодевна си!

-Ако не ти се допаѓа друштвото да си заминам? –Не,остани.Толку долго те чекав да се вратиш.

(Настја седнува назад со негодување)

-Знаеш...отсекогаш сум давала предност на интелектот.Овојпат ќе дадам предност на интимата.

-Јас и ти делиме само невистини Настја.Што е човекот ако е создаден од невистини?Само проекција,голема приказна која секој може да ја молдира и прераскажува како милува.И што се случува со твоето пишување?Твојата инспирација е празна како шише вотка фрлено во ќошот од собата на некој стар морнар. (Ги поткаснува усните)

-Види,Ања,не дојдов овде за да ме навредуваш.Дојдов затоа што си ветивме дека повеќе нема да боли.

-Сите ги боли.Одбираш пријателство затоа што е безбедно а душите ни сонуваат за нарушување на универзумот и објавување војна на праволиниските едноличности.Каква е таа милост кога ќе бидам мртва додека разговараме за шминки и,и флизури и модни списанија додека нашите сопрузи весело дебатираат за тоа колку пари потрошиле на нашите фустани?Разбуди се! Тоа сум јас! Тоа си ти! Јас сум ти и ти си јас! Помниш?

-Престара сум за да бидам некој друг.Престара сум за да ризикувам да бидам ти.Само сакам да се заљубам,да љубам и да бидам љубена,ме разбираш?

-Те разбирам.Ти ја разбираш вистината?

-Не.Не ми е потребна кога секој костум за било која улога ми е точен.Јас ќе бидам камелеон на вистината.

-Будалеста мала пеперутке,немаш трошка мудрост во себе.

-Мудроста е за слепци.И за старци.Како тебе моја пријателке.Затоа збогум,брзам,веќе доцнам.Надвор ме чека тишината во која не оддекнува твојот демон.

(Ања ја наведна главата од тежината на разговорот.Настја замина толку брзо и бесчујно.Ни кафето не го испи.Токму како што се опиша и самата.Како слободен пад на ѕвезди во соништата,како ветер без силина.Ќе ја види ли повторно?Заборави да и каже дека на драго срце би ги убила сите демони во себе за да може да ја види повторно и слободно да ја сака.Без страв и без очај дека ќе ja повреди.Но не...добро е вака.Не,не...одлично е...добро е што не и кажа,таа мала ништожничка ништо не заслужува.Проклета,несофистицирана и површна димензија во форма на девојка.Па не е единствена,има и други како неа.Ќе ги пронајде.Не и е потребна нејзината помпезна и брутална порцеланска површина.Која...толку добро и стои.Вкус на бурбон и...

*во позадина*

''Leaning over you here, cold and catatonic
I catch a brief reflection of what you could and might have been
It's your right and your ability
To become…my perfect enemy…

Wake up,and face me,
Don’t play dead cause maybe
Someday I’ll walk away and say,
“You fucking disappoint me!
Maybe you’re better off this way.''


 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Неодамна се појави нова болест која полека ја претвораше кожата на заразените во камен за на крај да бидат комплетно скаменети. Потеклото на болеста беше непозната, но сигурно се ширеше како шумски пожар.
Јас бев еден од ретките кои беа имуни на болеста, а научниците пробаа на секој начин да разберат зошто само мал број од луѓето се имуни на глобалната зараза. Илјадници луѓе низ целиот свет се упатуваа кон болниците, сеуште во почетна фаза на скаменување. Некои пробаа да остранат нешто од надворешната обвивка, но сепак не можеше ништо да се направи во врска со скаменувањето на внатрешните органи.
После неколку години, само имуните останаа, лутајќи низ сега напуштената земја, опкружена со големи сиви камења, статуи од жртвите.
Но тогаш нешто се случи... Камењата почнаа да напукнуваат како сува кожа и од нив пополека излегуваа суштества со крилја, по ништо слични на ангели, нивните тела беа крвави, лигави, со издолжени екстремитети. Ова не беше зараза туку преобразба. Чиста еволуција од највисок степен на природата.
Гледав во терор како суштествата го преплавија небото и започнаа со лов на имуните...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
-Зошто не сум те сретнала порано!?
-Работите се случуваат кога мора да се случат.
-Значи судено ни било да се сретнеме!? Што уште ни е судено!?
Сите си имаме свој пат. Некои патишта мора да се разделат, но повторно се спојуваат. Нивната поврзаност е неизбежна. Некои се пресретнуваат само на кратко и се разидуваат на различни правци, засекогаш променети од средбата. Некои се поврзуваат повторно и повторно низ времето и просторот, секогаш пронаоѓајки се едeн со друг.
- Мораш да се навикнеш на тоа. Само ке те гушкам, ке те бацувам и ке гледам во тебе додека спиеш. Језиво е знам. Толку си убав.....
Кога еднаш ке се најдеме на нашиот пат постојат многу мали шанси тој да се промени. Мали моменти кога некоја друга сила вмешува прсти и ве исфрла од патувањето. Се што ти треба да направиш тогаш е да трчаш најбрзо што можеш. Што и да се случи, било каде и да бидеш јас ке пазам на тебе и ке те чувам. Ветувам. Затоа што те сакам. А љубота не е лесна. И боли. И полека убива...
Што би било доволно силно да го смени твојот пат, да ја смени твојата иднина!?
-Дело на природата, дело на љубовта. Еднаш кога ке се случи промена се менува твојот пат. И почнуваш да се движиш по неистражено, непознато нешто кое се шири пред тебе. Промената не е лесна, почесто е болна и тешка. Можеби тоа е добро, зошто промената е таа што не прави појаки. Ни Помага да бидеме отпорни и не учи да се развиваме.
- Секогаш ме спасуваше и сеуште поместуваш планини за да ме спасиш. Не се плаши од непознатото зошто јас со сите мои сили ке те сакам и чувам зашто ти си мојот живот, а животот е убав и единствен и не сум спремна сега да го изгубам....
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
„Знаете ли зошто сте тука?“
„Да, докторе. Сакав да видам како изгледа внатре. Толку е убаво што не сакам да се вратам надвор.“
„Вашата лудачка кошула е само за привремено време. Сè додека не одлучиме што понатаму.“
„Нема проблем за лудачкава кошула, тоа е само клише. Сакам да зборувам за приказната во која што се наоѓаме. Приличо мала, околу 200 зборови.“
„Која приказна?“
„Види, вие мислите дека се наоѓате во оваа соба за да го оцените мојот разум, бидејќи јас мислам дека сум Бог. Јас не сум Бог. Но сепак – ти, овој санаториум, целиот свет – вие сте само мисли што минуваат низ мојата глава, приказна која ја создавам. Една од мислите се создава од умот на сите што го читаат ова во моментов.“
„Разбирам. Тогаш кажи ми, што се случува во приказната?“
„Па, засега е прилично досаднa. Можеби треба малку да ја зачиниме.“
„Како би ја... Извинете, слушнав врисок што доаѓа од надвор. Подобро да излезам да проверам…“
„Јас не би ја отворил вратата, докторе. Јас и луѓето што го читаат ова, измисливме доста лоши работи што моментално се реалност таму надвор.“
„Добро, да речеме дека ти верувам. Што навистина се случува надвор?“
„Нешто застрашувачко. Верувај ми, луѓето што го читаат ова имаат многу болна и извртена имагинација. Што значи од твоја перспектива, сите ние сме луди.“
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Коси од розева волница

Ќерка ми се вика Солза.

Солза - како капката што ми виснуваше од крајчето на окото додека со стиснати заби ѝ давав род. Солза - како водицата во која ми се капеше насмевката кога првпат ѝ го стиснав телцето во рацете. Им го носи името на мравите кои сега сакам да ги пуштам да закапнат и да престанат да ми се тискаат како лепливи кнедли под клепките, ама не можам. Не можам. Оти слободна не сум. Оти слободна никогаш повеќе не ќе бидам.

Кога ја родив мојата Солза, мислев дека нема поголема болештина на светот. Мислев дека кога тоа парчелдисување сум го издржала, ќе можам да издржам сѐ. Мислев дека секоја тегоба е проследена со радост, оти со Солза така бидна. Мислев многу нешта, ама никогаш не помислив дека крајот ми е близу, дека ме чека пред портите како верно куче. Денот кога почувствував како смртниот срп минува низ мене, видов како среќата на моите најмили замира како оддувана свеќа. Нивното скрбно јачење, додека со стиснати тупаници ми ги удираа ладните гради, ме раскина. Тука сум, им викав. Овде сум, повторував. Ама тие не слушаа.

Телото ми го закопаа на градското почивалиште. После тоа немаше радост. После тоа не можеше да има радост.

Четириесет дена и четириесет ноќи талкав без тело низ куќата моја. Бев секаде, а ме немаше никаде. Ми ја немаше сенката, ми го немаше одразот, не постоеше ни тропотот на мојот чекор. Навечер си легнував до мажот мој и го гледав како го брчка лицето в сон. Зборуваше во спиење, ми го довикуваше името. Тука сум, сакав да се јавам, ама немав уста за да испуштам глас. Се припивав поблизу до него, а тој се стресуваше од студ. Сакав да се сврти кон мене, да ми каже дека ме сеќава. Ама тој само ќе се допокриеше и ќе останеше свртен со грб, не доближувајќи се до мојата страна на креветот. Пред да осамне одев кај Солза в соба. Таа беше мала, сѐ уште непркнато главче. Клекнував до нејзиното кусо креветче и ја гледав како брзо позема здивчиња. Спиеше со устето отворено како расцепена калинка, завиена во косиче оросено со капки пот кои како китки од јоргован ѝ светкаа врз влакненцата. Солза саноќ преткаше, се бореше со некакви мори што ја измачуваа. Знаев дека јас сум виновна, дека дел од мене останал таму за таа да продолжи да ме гледа. Солза си го ронеше името врз образите насоне, а јас целата пукав, како душа што пука, оти од мене само душа остана.

Солза сега плаче, а јас не можам да ѝ се приближам како тогаш. Не можам да се обидам да ја гушнам, а таа да се стресе од мојата мртва близина. Си го вкопува лицето во прекривките, цвили, се препелка во младешки патила. Сакам да дотрчам до неа, да ѝ ги обгрнам слабуњавите рамења и да ѝ понудам утеха во недрата мои. Сакам да ѝ ги вплетам прстите во косите и да ја коткам додека не падне ноќта и не ѝ засуви тешкотијата. Ама не можам да мрднам оти сум прикована за ѕидот, со очите вкочанети, со погледот застаклен кон полиците кои отспротива се спуштаат од таванот. Солза плаче, си го рони името врз образите. Да имав срце ќе ми се откинеше од градите, ама пластичната празнина ме роби, ме трпне на животот.

Окалбава отпочна кога тие тргнаа да ми го речат последното збогум. Се качив со нив во колата. Им беше ладно од моето неземно присуство и мажот мој постојано го појачуваше парното. Молчеа и двајцата. Тој одвреме - навреме погледнуваше кон задното седиште како да стрепи дека Солза ќе исчезне ако не се сврти. А таа со тапо лице ѝ врзуваше кикички на куклата со коси од розева волница. Колата запре на гробиштата. Солза не сакаше да истапне надвор. Татко ѝ ја молеше да излезе, само уште еднаш, само уште тогаш. Не сакам да одам, викна Солза и си го срони името во косите на куклата. Мама ќе се врати, рече. Јас целата се собрав како презреана мушмула. Се допрев до неа, а таа затрепери од мојата близина. Како тревче затрепери. Како откинато листенце. Татко ѝ ја дограби со рацете и силно ја прегрна, како да е јаже што ја држи да не се распадне. Мама ќе се врати, повтори Солза. А мажот мој само немо си ја пушти тагата да му потече по образите.

Застанав на плочникот пред сопствениот гроб, додека капките дождец минеа низ мене како низ измаглина. Зедов молкома да му се молам на Бога и на сите ангели да ѝ помогнат на ќерка ми побрзо да ме заборави. Ги молев да ѝ го бришат името што си го рони на образите, и да бидат со неа оти јас веќе не ќе можам да бидам. Солза клечеше долу и, сета калосана, силно ја стискаше куклата со коси од розева волница. Татко ѝ ѝ ги тупкаше рамената и ѝ велеше дека сѐ ќе помине. Нека помине, ги молев Бога и сите ангели, поскоро нека помине. Мигум, телото почнува да ми се откинува од земјата. Беше пребрзо. Беше прерано. Не бев подготвена да се простам. Не бев подготвена да ги заборавам. Се опирав и пробував да се прикрепам за нешто, ама нештата само минуваа низ мене. Се опирав и претав колку што може една душа да прета. Ама летав сѐ повисоко и повисоко, ги гледав девојчето мое и мажот мој како стануваат сѐ подалечни, како им станува сѐ потопло оти со мене заминуваше и студот на мртвилото. Не сакав да ги пуштам, не сакав да заминам.

Одникаде, светот исчезна од пред мене и се најдов во темен тунел со светлина што да имав очи - би ми ги изгорела. Светлината ме шмукаше накај себе, ме влечеше, а јас со заумените раце се гребев за ѕидовите на тунелот, со заумените нозе трчав назад, ги лизгав по земјата и го кочев мојот замин. Не сакам вечен покој, викав, само сакам да бидам со девојчето мое. Само сакам да бидам со девојчето мое! Вриштев безгласно, и почнав да колнам сѐ земно и надземно, сѐ смртно и бесмртно.

Некој мора да ме слушна, некој мора да се смили, оти во следниот миг ги сетив рачињата на Солза околу мене, сетив како си го брише носето од моите коси, ѝ го слушнав срценцето како ѝ чука додека го притиска врз моите плеќи. Солза ме стискаше, Солза ја стискаше куклата со коси од розева волница додека Татко ѝ ја влечкаше до колата. Ме стискаше додека се одвезуваа до куќата и кога татко ѝ ѝ ја покри снагата ѝ ѝ дошепна да спие, и убави нешта да сончува. Солза ме стискаше и долго потоа, додека си го ронеше името на образите, и на перницата, и во чаршафите, и додека си го ронеше името во моите коси од розева волница.

Тие денови, тие години бев најсреќна и мислев дека засекогаш ќе траат. Се лажев дека засекогаш ќе траат. Се сеќавам дека ми изгледаше дека Солза ми го чувствува присуството, и дека затоа не се одделува од куклата со коси од розева волница. Често ми готвеше јадења и ми налеваше чај во чашките што со татко ѝ ѝ ги купивме за роденден. На крај самата си го пиеше оти јас не можев уста да отворам. Некогаш ќе ми ги затвореше тврдите очни капаци и ќе ми дозволеше и мене да одморам. Секојпат кога ќе ми ги фатеше косите во кикички, и секојпат кога ќе ми направеше венчиња од шарени шноли, мислев дека Солза знае дека сум до неа. Секојпат кога ќе си ја испуштеше пред мене тагата што ѝ се тагареше в гради, ми изгледаше дека знае дека не сум ја напуштила. Мислев дека знае кога ми кажа за нејзината најдобра другарка, и за нејзината прва петка по математика, и за првата симпатија, и за првата љубовна болка. Мислев дека знае и кога ми се пожали дека ја боли стомачето оти прокрварила, оти девојка станала, и ми рече дека веќе не може да си игра со кукли и пластични чавчиња, и дека ѝ дошло време да се дружи и да излегува. Тогаш Солза ме закачи на ѕидот и почна подоцна да се враќа и да ме остава обеспокоена. Стрепев саноќ за девојчето мое, се умев и думав дали ќе се врати здрава и жива, среќна или расплакана. Некогаш, трезна или потпијанета, ќе ме симнеше од ѕидот, ќе ми ги бакнеше образите со усните врели како варени костени и ќе ми речеше дека сите тајни ѝ се во мене, и дека сум ѝ и мајка, и сестра, и најдобра друшка. Се прашував дали Солза знае дека сум тука кога, секојпат кога ќе се скараше со татко ѝ, доаѓаше и мене ми се жалеше, кога велеше дека тој не ја разбира и дека многу нешта ѝ забранува, и дека многу се грижи, а не треба, оти таа е паметна девојка. Солза велеше дека татко ѝ не ѝ верува, а јас сакав да ѝ речам дека тој само се грижи, и дека се грижи за двајца, оти јас бев заробена во кукла од тврда пластика. Солза ми раскажа многу нешта. Ја гледав како расте, како се смее и плаче, како срцето ѝ се крши и пак ѝ заздравува. И некако, на некаков начин,чувствував дека сум таму за неа, и дека моето тело од пластика се топи под нејзиниот допир, и дека таа може да сети дека сум жива, дека не сум само кукла со очи расцепени како угаснати јаглени што ниту ја гледа, ниту ја разбира.

Солза сега плаче, а јас сум беспомошна. Пробувам да мрднам со рацете, пробувам да претнам со нозете, ама не можам. Ја гледам како го врти главчето и ме погледнува. Станува од креветот и ми се доближува. Чинам ми ги чита мислите во очите џамлии, чинам ми ги чита и за последен пат си го рони името на образите. Ме откачува од ѕидот и излегува од собата. Татко ѝ ја прашува каде ќе оди. Во подрумот, му вели таа. Тој ме погледнува. Во очите му ја гледам љубовта насушна. Те сакам, му велам, секогаш ќе те сакам. Тој ме гледа уште малку, погледнува во Солза и кимнува. Буричка во џебот и му ги подава клучевите од подрумот на девојчето мое. Солза ги зема и брзо излегува. Се затрчува по скалите удолу, небаре се плаши да не се премисли.

Клучевите ѕангарат додека Солза ја отклучува вратата од подрумот. Гледам влажно е. Гледам темно е. Мора да мириса на мувла и спомени. Мора да мириса на заборав. Солза оди во ќошот и распретува во кутиите. Наоѓа една полупразна и ми го легнува телото во неа. Ја гледам. Ме гледа. Ѝ го чувствувам името како ѝ се рони врз моето лице од пластика. Ѝ го чувствувам името како ѝ паѓа во моите очи, угаснати јаглени, и ми ги полни, и ми се меша со солзите кои сакам, а никако не можам да ги пуштам да капнат.

Тргнува да замине, ама се повраќа, ме зема од кутијата и силно ме прегрнува. За последен пат стоиме така: Солза згрчена околу моите коси од розева волница, јас стопена во нејзините рачиња. Знам дека е последен оти така ми го гушкаше телото и пред да заминам, пред да исчезнам. Пред да се престорам во пластика. Збогум, девојче мое, сакам да ѝ речам, ама не можам, оти устите ми се здрвени. Солза за последен пат ме погледнува и ме бакнува во образот. Сакам Солза и очите да ми ги затвори, ама не ѝ текнува. Ги фаќа капаците на кутијата и полека ги затвора. Ѝ го гледам личенцето како ѝ се преполовува, како се смалува, како исчезнува. Пред мртвиве очи ми минуваат сите наши спомени. Утробата ми се кине и Солза оттаму излегува. Го слушам нејзиниот прв плач. Го опипувам нејзиното лигаво ситно телце со рацете. Нејзините запчиња ми ги грицкаат пупките на боските. Ја слушам како се кикоти кога со татко ѝ ја луламе на лулашките. Ѝги слушам ситните стапки кога навечер трчка до нашата постела оти нешто лошо сончувала. Ѝ го мирискам косичето што ми ги скокотка носниците. Солза веќе не спие со играчки. Чај пие со другарки. Веќе не плаче по мене, ами по момчиња. Солза ми порасна.

Капакот на кутијата се склопува. Мрачнината ми го тиска телото како нараснато тесто. Клучевите тропкаат, се завртуваат во клучалката на вратата од подрумот. Ги слушам чекорите на Солза како се оддалечуваат. Ги слушам чекорите на девојчето мое како ме оставаат. Ама не е важно. Овојпат нема да се опирам. Не оти не можам. Не оти не сакам. Ами оти порано или подоцна, Солза ќе мора да ги одрасне моите коси од розева волница.[DOUBLEPOST=1410643323][/DOUBLEPOST]И, уште една работа.
Во случај да ве интересира како напредува романов, извадоци, publication date, news etc: https://www.facebook.com/BezdomnikotSoZlatenChasovnik
п.с. Скоро ќе биде објавен и промотивен трејлер.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Л

Лигеја

Гостин
Пукнатини


Се загледа во двете пукнатини на столицата.Едната беше родена од масивната тежина на господинот Хобс секојпат кога ќе го спуштеше своето огромно тело на неа,а другата од неуспешните обиди да ги достигне колачињата на високата полица во шпајзот каде баба му ги криеше под изговор дека секогаш со нив си ја расипува вечерата.Досаден му беше разговорот кој го во водеа Џорџ и Том а Матеј ни најмалку не се сомневаше во неговата бескорисност.Ја подигна главата и со големите сини очи се спои со небото.Беше убав,сончев ден и му се играше на зелената трева каде си го имаше покриено скришното дувло на мрави кое го откри пред два дена.Стана од мазниот паркет,ги затресе паналоните и се упати кон ормарот отворајќи ги сите фиоки.Ја пронајде лупата која му ја подарија братучедите за осмиот роденден и истрча надвор во прегратките на сонцето...

-Матеј!Матеј!Ме слушаш ли?Те чекаме веќе пола час!
Се сепна.Реалноста го преплави и ги заборави пукнатините во истиот момент кога воздухот го пресече гласот на Марта.
-Доаѓам драга!Веднаш се симнувам!Кажи му на Том да го изгасне моторот,доаѓам за пет минути!
Побрза да го облече синото палто од костумот и застана пред огледалото за да ја поправи вратоврската...

-Извинете,каде можам да ја најдам библиотеката?Нов сум на колеџов.
-По ходникот надолу,па десно младичу нема да го избегнеш големиот натпис.
-Ви благодарам!
Се упати по долгиот ходник а мирисот на свежина и задоволство го преплави како никогаш досега.Чувствуваше неизмерна среќа и исполнетост а кога влезе во библиотеката и за прв пат ги стави двете дланки на старата книга веќе знаеше дека е дома.На сигурно.Демијан.
Овојпат разговараше со Хесе.Додека зборуваше Херман,Матеј молчеше.Тој го познаваше Бог.Го гледаше во секое тело кое го опкружуваше додека растеше,во секоја подвижна сенка,во секоја фасцинација,во секоја мравка.Да,веруваше дека постои.Но дали знаеше со сигурност дека постои? Ако човек се раѓа со вродена свест,тогаш зошто му е потребен Бог да го води?Ако гладува напуштен од животот и среќата,тогаш зошто да ја троши гладтта на молитви?Наметнувањето на режим е мисловна гимнастика-си помисли Матеј.А наметнувањето на Бог?Излитениот симболизам во новата Библија што ја имаше веќе не беше доволен за неговиот ум.Стравуваше од искуствата и од превртливоста на светот.Годините кои ги имаше го менуваа неговото тело на стариот начин но умот не танцуваше во ист чекор со умовите на другите луѓе во неговото мало гратче.Ја затвори книгата и се упати кон излезот збунет и исплашен од она што го прочита.Додека ја отвораше вратата,со поглед вперен во земјата се судри со една девојка,која речиси ќе паднеше.За среќа од ударот само книгите непослушно и се слизнаа од рацете и се најдоа на земја.
-Простете ми,колку сум несмасен!Простете не ве видов,да ви помогнам.Матеј побрза да се наведне и да и ги подаде книгите.
-Барем некој излегува длабоко замислен од библиотекава-потсмешливо му се обрати девојката.Ретко сретнувам некој кој го поминува слободното време овде.Темно е и непријатно,но кога човек ќе се задлабочи во читањето,ги занемарува физичките сетила и чувствува со мислите.
-Марта!-девојката му подаде рака.
-Матеј,драго ми е.
Дозволете да го потенцирам моето извинување со едно кафе,се надевам нема да ме одбиете.Девојката ја прифати поканата и веќе по половина час тие седеа во блиската кафетерија разменувајќи ги своите автобиографии.Таа беше толку обична,едноставна но во исто време толку весела и фасцинантна девојка.Матеј почувствува благо разочарување кога таа му кажа дека всушност работи на шалтерот во библиотеката и само ги подредува книгите под азбучен ред за мала дневница.Таа не го познаваше животот но затоа го познаваше Бог.Тоа им беше заедничко а на Матеј и доволна причина да ја побара за жена по само шест месеци од нивната средба.

-Ќе се симнеш ли веќе еднаш!Доцниме,ќе започнат!-повторно го слушна гласот во кој се заљуби пред точно четири години...
Матеј се погледна уште еднаш во огледалото.Но овојпат не се фокусираше на вратоврската.Пред себе гледаше одраз на човек,самотник и пустиник меѓу холограмите кои ги нудеше глупавоста и монотонијата.Ги наведна трепките во правец на земјата а потоа повторно се погледна...

-Добровечер!Што ќе се напиете?
-Виски,со две коцки мраз...не,подобро донесете ми го целото шише!
-Веднаш господине!-љубезно одговори келнерот и се упати кон шанкот.
-Денес не си со Марлен хехе!-го слушна гласот на другар му Џорџ.-Убавица е таа,сигурно е со друг муштерија!-продолжуваше да го провоцира додека седнуваше на столот до него.
-Остави ме,не сум расположен...Хобс ме отпушти денес од работа а се правеше пријател на татко ми.Не можел да го толерира моето пијанчење повеќе ха!
-Знаеш дека отсекогаш бил дисциплиниран човек Матеј,уште кога расневме беше строг и не учеше на истото.А и ти требаше да престанеш одамна со ваквиот начин на живот,жена и дете имаш побогу!
-Трагав по суштината Џорџ,трагам сеуште.Само кога сум пијан го гледам светот подалеку од реалноста.Патувам низ времето и ги стишувам гласовите на мудроста кои како отров се шират во мене и не ми даваат да бидам она што сум навистина.А кога сум мудар,ја чувствувам прашината наталожена на моите вени Џорџ.Мртов сум и еднаков на античка статуа.Да можев само да се искачам на Парнасус и да го извикам со сета сила она што ме притиска одвнатре.Можеби ќе излезе ангел,можеби демон.-посегна по шишето да ја дополни чашата.Ја полнеше се додека не го повика Бог на помош за да се отрезни кога лежеше на скалилата мртов пијан пред својот дом.
Се разбуди со матни очи и со огромна главоболка наредниот ден а од Бог повторно ни трага,ни глас.

Ги закопча последните копчиња од костумот и побрза да се симне по скалите.Го остави огледалото скршено од спомени да се превиткува во собата и да го собира секој дел од љубовта и омразата помеѓу него и Марта.Секоја кавга,секое извинување и помирување...секое ново раѓање и смрт дишеше во тоа огледало.Матеј умираше секојпат и како Бог воскреснуваше повторно во обичен човек.Во суровост и тишина.
-Конечно се појави,ајде влегувај имаме уште малку време!-весело извика Том кога го виде.
-Извини брате се заборавив,нова ми е вратоврската па додека ја натерам на послушност...-се насмевна Матеј.
Марта веќе нестрпливо чекаше во колата држејќи го нивниот двегодишен син во скутот.Се поткачи на колата и се смести до неа.Додека ја затвораше вратата,погледот случајно му се задржа на патот.На местото каде земјата наликуваше на формата од неговиот чевел забележа мравјалник.Ја тресна вратата и го подигна ѓонот.Имаше неколку мрави на него.Мртви и неупотребливи.Ја спушти ногата и со груб глас му рече на Том да ја смени брзината за да стигнат побргу.Кога стигнаа имаше многу народ.Влегоа бавно избегнувајќи ја турканицата и седнаа во првиот ред.Марта му ја подаде на Матеј старата Библија и кога влезе свештеникот сите заедно станаа.Почна мисата и сите гласно го славеа својот Бог.Освен еден човек.Абраксас.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Во последно време кога некој на интернет ќе ме праша од каде сум, имам тенденција да велам дека сум од Англија. Или Данска.
Едноставно сум заглавил на работа во амбасада во Македонија, ама не, не сум од тука.
Не тролам, не се заебавам.
Се срамам. Се срамам од немањето идентитет.
Се срамам од празната ни историја која се роди таму негде, исто време со Југославија.

Додека Франција во учебниците по историја им доделува три страници на општествено катаклизмични настани како една од најпознатите револуции било кога, ние три страни му приуштаме на некојси Иљо Малешевски кој една вечер се опил со соселаните и решил да направи мал џумбус во селото.

Се срамам од ракатката нелуѓе кои брутално ја изебаа државата уште при нејзиното раѓање и бескрупулозно ја опустошија.
Гомнари чии деца утре ќе ги ебат моите деца исто како што нивните татковци ме претворија мене и мојата генерација во сакати копилиња на вечната транзиција.

Се срамам од свеста на масата. Чувството на припадност кое е водилка на воените и економските великани, а од кое сме засекогаш оперирани токму од тоа силување на нашата историја, колку од страна на соседите кои денес ги величиме и мастурбираме секогаш кога ќе ни доделат 12 поени на евровизија, толку и од кодошите и предавниците кои и на минус дваесет, на ветер и дожд будно седеа во темните сокаци ѕверејќи се низ комшиските прозорци.
Затруени сме со секаков кичерај и плитка забава, замаеност индуцирана од медиумскиот мрак и силувањето на протокот на полезни информации.
Не постои портал вон простодушноста во која чмаеме, вечно заглавени помеѓу ѕидови од разни серии и реални шоуа.
Се радуваме бидејќи некој медиокритетски шутрак од Струга не претставувал на медиокритетско шоу во кое учествувале туморозните бивши членки на Југославија.
Преостанатите мозочни келии се користат за планирање од денес - за утре, никогаш не гледајќи подалеку од носот, подалеку од утрешното кафе со комшиката.

Распадот на Југославија беше мајка родилка на балканскиот пекол, генератор на конфликти од кои заработивме само едно племе орангутани, арнаутите кои уште од дамнешно време пируваат врз грбот на простиот селанец.
Обидите да се кохабитира со орките е кардинална грешка од која денес патиме во многу сфери.
Нашите деца се претепувани и убивани по автобусите, слободата на движење ни е ограничена на реони во кои не доминираат орковски тврдини и пештери, историските учебници се полни со тазе фабрикувана историја, ѕверовите кои мачеа, понижуваа и убиваа цивилно население денес ги креира законите, ги понижува студентите - дефецира врз можеби последната ронка надеж за оваа квазидржава.

Власта упорно го уценува народот фрлајќи му ги трошките од своите зделки со странски инвеститори, принудувајќи го на суровиот избор измеѓу неработење или работа за навредлива минималка.
Дрекслмаер го направи во Македонија она што останатите пред четириесет години го правеа во Кина и Малезија .
Профитираше на грбот на земја од третиот свет.
Истовремено парите се трошат на смешни инвестиции како споменици или кампањи за здрава исхрана распостилајќи привидна загриженост за сопствениот народ и неговиот идентитет.

Проблемот функционира циркуларно и е скоро беспрекорен. Единствената скриена врата се наоѓа токму позади кревањето на таа клета свест. Ќе мине долго време додека стигнеме до таму, па затоа дотогаш сум швеѓанец.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
„Господине, тука пишува дека имате шизофренија со сериозни насилни тенденции“- промрморе прихијатарот, читајќи ги белешките од моето досие.
„Тоа што ќе го споделиш со мене нема да ти ја намали казната во затвор,“ тој продолжи, „Но можеби ќe ја исчисти вашата совест, ме разбирате?“
Кимнав со главата.
„Па, од каде сакате да започнеме?“
„Гласовите.“ реков јас, гледајќи во таванот.
„Гласовите, хммм; дали тие звучат заканувачки?“
„Понекогаш.“
„Дали поради нив се однесуваш насилно?“
„Може да се рече така.“
„Дали во овој момент слушаш гласови?“
„Не.“
Психијатарот воздивна, јас погледнав кон пукнатите од неговата фотеља, а тој како да потонал во неа.
Уште колку време треба да трошам за ова криминално гомно?
„Околку 25 минути докторе,“ одговорив јас со стиснати заби.
Запрепастен, тој рече, „Извинете?“
„Вие мора да потрошите уште 25 минути за ова криминално гомно, чекај, уште 24 минути.“
„Јас... Јас... не разбирам?“
Тој може да ги слушне моите мисли?
„Да, можам да ги слушам твоите мисли.“
„Ох, хм, колку необично.“Можеш да слушнеш за сè што размислувам, синко?“
„Да.“
„Господе боже,“ рече тој панично, „Јас... Јас... мислам дека треба да си одите!“
„Но што ќе биде со мојата совест?“ прашав со саркастичен тон.
Тој се сплетка со стапалата и се затрча накај вратата; ја отвори и ги затвори очите, покажувајќи ми кон излезот, „Ве молам излезете!“
Се оттурнав од столот и тргнав накај вратата.
Не мисли на ќерка ти, не мисли на тоа што ѝ го направи.
Застанав и се свртив, „Извинете? Што тоа сте ѝ направиле на вашата ќерка?“
Направив гримаса, ги ставив моите раце околу неговиот врат, „Умри!“
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
За некоја година може и ќе бидам некаде надвор. Ќе се будам секое сабајле за да ги завршам обврските, по пат ќе застанувам да си земам coffee to go пошо денот без тоа не може да почне и на враќање ќе купувам bagels и некои мали чоколатца за да уживам во третото кафе ко ќе се вратам дома. Ќе седам покрај балконските врати во есен и зима гледајќи како снегот и дождот обезличуваат сè наоколу за на крај да ја измоделираат околината во сцена од бајка. Ќе пијам кафе на балконот во пролет и лето дури го осеќам мирисот на будењето на природата и топлината од асфалтот кој навечер ќе се лади од пеколните сончеви зраци кои го гореле преку денот. Ќе слушам тивок џез во петок навечер и ќе си долевам водка или вино за да го добијам она чувство на лежерност како да немам ниту еден проблем и како сè околу мене да постои само за мене. Во сабота наутро ќе се будам со слаб мамурлак од претходната вечер. Со пола око ќе си правам турско (во случајов читајте македонско) кафе, за да си се присетувам и на убавините од родната земја. Ќе излезам попладнето да прошетам низ некој парк за да се освежам, да се раздвижам и да ги видам луѓето како си го живеат животот безгрижно. Ќе се насмевнам на младите парови кои ќе седат во тревата и ќе си искажуваат љубов. Ќе се израдувам на смеата на малите дечиња кои ќе се препелкаат со своите родители или миленичиња. Ќе се восхитувам на стаклената површина на езерцето која од време на време ќе биде разбранувана од грациозното пливање на неколкуте лебеди. Вечерта ќе седнам на удобниот кауч во дневната, ќе пуштам некој филм или документарец и полека, неосетно ќе потонам во сон. Во недела пола ден ќе го поминам во пижами кои ќе ги облечам откако ќе се разбудам затоа што сум заспал со облека на каучот. Ќе се префрлам во кревет и ќе изигравам неподвижен кит насукан на плажа. Попладнето ќе станам, ќе зготвам некоја брза вечера, ќе ставам чаша вино за да го надополнам уживањето и ќе пуштам тивка класична музика да го обои воздухот во трпезаријата. Вечерта ќе ме фати паника дека од наредното сабајле почнуваат пак раните станувања, обврските и секојдневната рутина.
Ама ќе ми биде убаво. Зошто за сето ова и ти ќе си до мене.
Заедно ќе одиме да земеме coffee to go од каде секој ќе се упати во својата насока. Ќе се враќам дома и ќе те радувам со bagels-от и чоколатцата. Ќе се гушкаме пред балконските врати во есен и зима, ќе си правиме друштво на балконот во пролет и лето.
Ќе ги дополнувам чашите дури ја попушташ музиката во петок навечер. Сабота наутро ќе се будам со мамурлак, но до тебе. Ќе станувам за да направам кафе за двајцата за да се расониме од мирисот и всушност на прошетката низ паркот нема да се радувам на тоа шо ќе го гледам таму туку на тоа шо го имам до мене. Вечерта, ќе заспиваме испреплетени на каучот и во недела сабајлето ќе се будиме меѓусебно за да се преместиме во кревет каде ќе го дотрошиме денот тотално бесцелно. И дури јас ја правам вечерата ти ќе седиш до мене и ќе ми сугерираш што и како треба и не треба да правам за да можеме онака слатко да се поткараме
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Отсечки стварност

Ова небо, е пресечено со жиците за алишта. Мирисот на пржен кромид во мезанин, секој ден во одреден час. Создадено за ловење негодувања, ццкања меѓу заби и сон. Се враќам од ноќна смена кон дома. Со осминче бурек што испарува. Камионот за ѓубре ја собира последната капка пот на моето маало. Мачките разговараат. Не сум постоечки лик - се ресоздавам додека чекорам во занес небаре ми свири филхармонија додека одам. Во мене играат куп балерини без партнер. Ми свири твоето дишење на уво додека сонувам како ќе заспијам. Четврток кој залудно ја држи својата рамнотежа на моите рамена.
Во џебот туткам куп хартии од вредност, моите февруарски мрсули.

Ова небо има неколку празнични одежди. Но домашното е најубаво. Дома нема никој. Нормално, сите се прва смена на работа. Мама го оставила нежнорозовиот јорган поднаместен ако сакам да спијам во дневна. Сонцето се пробива низ мене. Како ли да спие човек, со толку емоции?
Наједоставно, се покрива преку глава. И мижи. Бледорозовиот јорган станува мембрана. Сеќавање за матката. Сонцето се пробива и создава алузија како да сум внатре. Топло е. Мириса на перено. Мама и тато. Шарите од цветовите ми прават чувство на крвоток, движење. Одамна не се движам, само сонувам. Ми текнува на се’ што правиме за да се одржиме будни. Лажеме дека ни се спие, дека немаме време, дека сме преоптоварени со работа.
Отсекуваме глава за нов врат кој подобро ќе не’ врти.
Домашното небо, мојот личен проектор. На него слајдови од реалноста, малку истенчени од секојдневно вртење. Споменици на секој чекор, скелиња со уморни погледи, сто грама темна чоколада за чичкото кој решава крстозборки седнат пред Мекдоналдс, трошки од ѓеврек за гулабите на триаголникот пред Палома Бјанка, топоними на сведоштво колку времето брзо лета, а ти стоиш мислејќи дека патуваш со една мисла - да не те снема, пред да оставиш нешто.
Речиси сум заспана. Оставам сон за тебе. Можеби ќе наминеш, си викам.

...
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Можеби се во главава искреирав...
Можеби не си таа личност.. Можеби тој концепт и не постои. Можеби сум само повредена, со разнишана верба, скептицизам, вратен реализам, борба да останеш на нозе... Може да е и тест!
Од тука сега тешко се дише. Секоја минута е борба.. Борба меѓу срцето и разумот, меѓу реалното и она што е присутно- сеприсутно, а не можеш да си го објасниш.
Борба на јас со себе, борба на јас со тебе.. Јас против сите, ти против мене.
Ти против мене. Тука се кршам. Се составувам некако во текот на денот, но наутро повторно се будам скршена. Посегнувам кон тебе и се повлекувам- против мене си! Трајното лепило си ми, но и чеканот. Лекот си ми, но и отровот. А сега, можеби само чеканот и отровот.
Тешко е кога те имам, а немам, но кога те немам- најтешко е! Ужасно е. Боли. Боли воздухот, ме болат зборовите, мислите. Ме излудува и боли противречноста на кажаното.. На слученото.. Кои да ги земам? Со кои да живеам?
Има толку работи што не можам да си ги објаснам. Но, можеби така и треба да биде. Да не можам да ги објаснам, а да ги чувствувам и да ме водат.
Биди ти против мене, јас покрај тебе ќе сум. Одбивај тоа така да е, но не можеш ништо да сториш, едноставно така е.
Можеби во главава искреирав некои работи...
Можеби не си личност во таа смисла за мене...
Можеби тој концепт и не постои..
Повредена сум- да, ме повреди. Но, тоа не влијае на љубовта што ја чувствувам и потребата да бидам околу тебе во било каква улога, облик... А тоа очигледно е она посилното од се.

Ти против мене, јас покрај тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom