Прозни искри

Anu

Член од
31 мај 2013
Мислења
1
Поени од реакции
1
So krvavi oci pogledna kon neboto i mu se obrati so nejziniot mil glas uste ednas, molejki gi oblacite da i ja pratat poslednata troska nadez vo forma na kapki. Srceto i bese recisi prepoloveno, edinstvenoto nesto koe sto ja drzese od raspagjanje bese pomislata na nego. Negoviot lik i stoese pred oci kako obesena slika na nejziniot zid od solzi. A sonistata i bea skoro nevidlivi, bledi, kako duh koj se seta postojano niz taa praznina, niz nejzinata dusa. Se zagleda niz prozorecot barajki oblak so forma na srce, nesto sto go sonuvase mnogupati dodeka bese so nego. A sega, mislite i bea razruseni, razletani nasekade. A potoa slusna cekor, se zavrte kon vratata i zaneme. Toa bese toj. Stoese pred vratata i ja cekase da se zavrti, ne sakase da i gi voznemiri mislite. No, vo momentot koga taa go pogledna, toj se nasmevna, ispusti bolen krik i padna pred pragot na vratata. Bese pogoden pravo vo srceto. Taa ljubovna strela koja mu ja iskorna dusata, mu go probode srceto i go frli nazemi kako partal, kako bespomosna ptica koja uporno se obiduva da letne, no nemoze. Pricina za toa bese nejziniot izgled. Taa povekje ne bese licnosta sto toj ja bara i tolku ocajno posakuva. Toj ispien lik, tie suvi oci, taa crna kosa koja vekje skoro prebledela, tie race koi nekogas bea najneznoto nesto sto toj go doprel, sega bea grubi i stari, kako taa nikogas da ne bila prethodno mlada i ubava. Taa bese mrtovec, izgledase kako da ne e vekje megju zivite. Ljubovta umrela uste od damna i go ostavila toj cvet koj nekogas bese najsvetlata tocka vo negovata dusa, da vene i da se raspagja tolku bolno i poleka. I prostorot ja zadusuvase, zatoa celo vreme sedese pokraj otvoreniot prozorec i zboruvase samo so neboto i oblacite. Nema drug prijatel, nema nikoj pokraj nea. No, nisto nema da i znaci i da ima nekoj pokraj nea, koga ljubovta nejzina e tolku daleku sto povekje ne e vazno ni koj vleguva, ni koj izleguva od nejzinata soba. Toj pocna da place. Pocna da gi pusta solzite koi sto mu bea grutka vo grloto od momentot koga ja pogledna. No toj zadocni. Toj znaese deka nema da se vrati vo skoro vreme, uste od momentot koga zamina. Nejziniot zivot ne bese povekje vreden, bez razlika na toa dali toj e tuka ili ne, toj zadocni i nikogas nema da moze da gi vrati nejzinite godini koi sto go krasea celoto negovo postoenje. Celata negova srekja bese pustena od najvisokoto mesto, kako nezen perduv, ostaven na milost i nemilost na veterot. Se sto posakuva sega e da moze da gi vrati tie godini, tie meseci i denovi na beskrajna bolka i stradanje, no docna e. Taa imase 30 godini, no izgledase kako da ima 50 i kako da e na rabot od nejziniot zaludno prokockan zivot. Sega toj nema poenta da se vrakja i voopsto nesto da i prozbori, seedno i e dali ke ostane ili ke ja ostavi povtorno. Kuferite vekje mu stoea do vratata pred maloto skafce. Ja otvori fiokata i vo nea najde malo pismo na koe pisuvase: „Sonceto i se sokri na mesecinata, zvezdite ne se gledaat, se gleda samo eden oblak na neboto vo forma na srce na koe pisuva: ZASEKOGAS“. Go zema pismoto, si gi zede kuferite na koi imase mnogu prasina i dodeka izleguvase niz vratata rece: Zasekogas.....................
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Цевките од големата греалка веќе беа потрошени. Херметичкииот лавиринт обоен во нијансите на паралелопипедните летни завеси никогаш не можеше да му конкурира на еквилибриумот предизвикан од молљата наречена партикуларно jaдро. Низ вратата влезе за’рѓаниот велосипед кој допатува од соѕвездието и рече дека се препотил додека го нашол капутот скриен зад двајцата атоми. Атомите без радиус ги доби како компензација на тезгата број четири наспроти пингвинот кој продаваше скутници и шноли. Атомите фаќаа прашина веќе цела минута а опаѓањето на вредноста не беше најважниот аргумент за нивната репулзија. Ги шутна пред да ги стави пропелерите во ракавите од капутот. Брзаше накај забавата каде што развиваа нов интерокеански далновод без стандарни легури и диоди. Оваа задача му беше доверена откако ги конструира микро и макросолените фекални анихилации во соработка со пингвинот. Уште првиот ден му беше јасно дека ќе стане познат и покрај дефицитот на ливермориум во надворешната обвивка од фурнирот. Ризикуваше и победи во кујната каде долги години носеа мед. Всушност таа зелена боја беше клучна за распадот на некогашниот сојуз иако постоеја повеќе теории без да бидат заверени и без да биде платена такса за секоја одделно при што постоеше опасност дека во секој момент мастилото може да испари, но патот водеше низ кристалните кратери што само ја зголемуваше опасноста. Никој не можеше да предвиди дали тепихот ке ја издржи тежината на каучот или ке треба да се оформи талог. Колку имаа за трчање знаеше само пингвинот кој во тие моменти кантата сирење ја носеше на првиот кат од челичната ограда.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Тој ден имаше госја од големиот град со кои дамна се немаше виденно се изнаправи муабет, шали па и психологија беа студентки и студенти кои ги испраќаше и откако заминаа кутриот тој осети дека темнината доаѓа, нема бегање, лошо е тргтни се побрзо на меко да паднеш оти ако е цемент главата ќе тер боли 15 дни и ноќи и тој појде накај кејот каде и падна а потоа тетеравејќи се отиде кон цивилизацијата и се појави една душа добронамерна изгубена која исто се тетеравела како што му кажа ама од сосема други причини одиспиени диазепами лексилиум и ракија, пиела кутрата комплекси што да прави тој ја разбра таа работа многу добро, бидејќи за него не се енигма, но едно чудо да видиш(навистина чудо) истата личност која не го ценела животот и се клукала лексилиум со алкохол можеби поради тежина прекумерна, можеби поради други проблеми му помогна таму него колку да седне на клупа за потоа без да знае ниту причина ниту последица ниту пак што се случило уопште , извади муабети на човекот на кој му помогна само за да му одмогне ама не успева оти една е вистина нејсе дури се понуди и да го испрати, а кутрата сама свесно се труела и тоа ејј луѓе со бромазепам и алкохол мразејќи се себеси-па што има полошо од тоа, но тој нема да каже, нема да издаде оти не е издајник, а е среќен секогаш оти се радува на туѓа среќа и е сигурен и среќен дека денес личноста која порано пиела лексилиум и диазепам со алкохол денес пие само...алкохол, можеби бидејќи нешто е прочитано од Буковски или можеби но најдобро Nevermore,nobody...indeed enough false dios false messiahs .
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Атеистичка догма

Двособениот стан во новата населба беше на север, додека сељаците ги купуваа јужните станови за да заштедат на дрва, младиот програмер Павел се реши да земе стан на север и со право.
Тој е рационален млад човек и знае дека во модерното општество повеќе се троши струја на ладење со клима урад, отколку да ја затоплуваш просторијата исто така со клима уред.
Павел живее сам, работи како програмер во една компанија и најчесто нема определно работно време.
Се случува да работи преку недела, додека во понеделник да е цел ден слободен. Најчесто го поминува денот ако е слободен со гледање на серии, музика (пост панк од 80ти) слуша додека вози точак или пак трча на кеј, и доста често знае да сврти до кај некој од колегите на по едно кафе.
Нешто што на Павел му фали тоа е секс дефинитивно, мислам далеку од тоа дека Павел немал девојки, но откако се префрли во метрополата кругот на пријатели му се стеснува, колешките не се баш толку атрактивни, ниту пак интерактивни да го запознаат со другарки, додека колегите се зафатени и ретко кога излегува.
Еден ден Павел излезе со слушалките на уши спремен да претрча на кеј, комшивката од јужна страна крена рака и зборна нешто но поради гласната музика не ја слушна ништо.
Ги поткрена слушалките и слушна

-Ристос Воскресе комши
-Добар ден соседке
-Не добар ден, туку вајстина воскресе треба
-Не сум многу по религијава да бидам искрен
-Ааа комши како така
-Сосетке тешка тема за дискусија од која нема никаков ефект
-Е ајде некогаш ќе помуабетиме и ќе видиш дека има Госпо
-Нема проблем-насмеано одговори Павел и ги кладе слушалките


На враќање дома одново се сретнаа со неа и одново се поздравија

-Комши поспортува малку
-Мора малку да се раздвижиме сосетке
-Хаха мора, мора инаку ќе се зарѓаме на млади години
-Така е
-Комши Госпо ко ти дава сила, трчај
-Аха, ајде добра ноќ

Павел влезе внатре и почна да размислува за комшивката колку е проста и бедна во духот, но размислувањате му го прекина надворешното звонче.
Сигурно е некој Јеховин Сведок или пак Кирби Егзекутив што е малтене исто како што тргна работата си помисли.
Виде на окцето од вратата, ја забележа комшивката од јужна страна и малку изненаден ја отвори вратата и официјално насмеан ја праша што треба.

Комши ами сама сум дома оти мж ми е на нива со комбањот и не ми се пие кафенце сама, па решив да ти правам друштво и за Госпо што викавме да попрајме муабет.
Павел се фати во небрано, ја отвори вратата и ја покани внатре да влези.
Комшиката седна на клик клак креветот и ги прекрсти нозете во црвената роза.
-За мене едно турско благо и нека има кајмак за да си гледаме на кафе.
-Ај одговори Павел, немам турско кафе. Само инстант пијам и не чувам турско.
-Ах бе комши, ајде свари тогаш едно нес кафе ако имаш.
-Тоа и викам, само инстант кафе имам.
-Можи, можи, такво нека биди.
-Поблаго да биди?
-Хихихи Слатко како мене, а јако како тебе.

Павел почна да ја мери како се смешка, фориве со кафето и се типични селски и сигурно нема никакво образование.

-Може и сокче сосетке, имам Пепси, од јаболко и цедевите.
-Ако има ракиче уште поарно
-Имам узо, водка и коњак.
-Коњаче ми одговара тогаш комши и седни да си попрајме муабет

Павел се смети на фотељата, но комшивката покажа со дланката да седне до неа и тој срамежливо се смести.

-И комши викаш не постои Госпо? и почна да го допира и исправа јаките од блузата.
-Сосетке религијата е измислена за да манипулира со масите, царот Константин во средината на 4 век го признава христијанството додека претходно ги бркал истите како кучиња, во случај ако немал потреба од тоа да ги манипулира простите селани верувам дека сега не би имало христајанство туку би се одлучиле за некоја друга религија, можеби ислам, јудеизам, хинду, будизам - одговори по малку нервозно Павел и почна да забегува

-Мхм, мхм, мхм многу сакам паметни луѓе комши, ептен ме палат, дојди поблиску до мене.
-Сосетке ви се молам, не знаев дека сте сапиосексуалка во спротивно немаше да ве палам на овој начин.
-Што е тоа Павле?
-Павел сосетке, се викам Павле...Ова де Павел мислев...Сосетке ви се молам, немојте.
-Сапиосекусалец е човек кој се возбудува на личности со повисока интелегенција и кои имаат широк спектар на знаење.
-Павле колку само сега ме запали, токму тоа сум јас...сајберсексулка како што кажа.

Комшиката ја фрли робата и го покажа своето огромно торзо со волнестата дунда.
Павел се вцрвени, но пополека сеќаваше како има ерекција.
Комшивката не чекаше воопшто тука го стегна испотеното тело на Павел со огромните брадивици и му ја пикна раката во пантолоните.
Павел сети дека неговиот орган се најде во рацете на комшивката, и покасно во нејзината уста.
Комшивката дефинитивно знаеше што сака во ситуацијата, му менуваше пози и релативно неискусниот Павел брзо дојде со момент на уживање.

-Ох Боже, боже само така сосетке, продолжи додека нејзиниот јазик се подигруваше со неговиот понос.

-Боже, а Боже!!! Вака не веруваш бе комши во Госпо?-
-Комшивке те молам продолжи
-Се дури не признаеш дека веруваш нема продолжување
-Верувам, верувам комшивке само продолжи..
-Е така, знаев дека сите луѓе веруваат во Госпо.
Ти си Павле вистинска боемчина


Утредента Павел појде до соседната црква и запали свеќа од 20 ден.

Ставрогин Sussaro
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Патрицијот на патерици
Андон И. Е. живееше во Тафталиџе 2, веднаш до пазарчето. Беше блед, нискичок и сувоњав, ама беше жилав и многу талентиран за балет. Уште како препубесцентно момче, вежбаше долго и упорно пред правливото огледало во подрумот – изведуваше бравурозни турови, гранд пасови, пируети, глисада и арабески. Скришно. Всушност, Андон И. Е. имаше амбивалентен однос кон балетот. Од една страна, го сакаше патрицискиот елемент во тој благороден спој на танц и акробатика, а од друга пак, го ужаснуваше помислата јавно да се експонира како балетан. Сметаше дека тоа ич не е машка професија. И во право беше. Кој ги есапи балетаните? Штодека можат да ја носат балерината на дланка, грацилно, како пердув, кога никој не ги брои за мажи? А Андон И.Е. беше цврсто решен да биде вистински маж. Со мустаќи. Патрициј. Маж кого ќе го респектираат и чиј збор ќе грми и се почитува. И едвај чекаше да порасне. Затоа вежбаше строги, машки погледи повеќе пати дневно. Втренчен, со засукан мустаќ како на австроунгарски гефрајтер, гол до појас (а понекогаш и угул гол) пред огледало, со флаша во раката, ја проценуваше пенетративната моќ на сопствениот поглед. Сèуште незадоволен од маскулинитетот на погледот, се намршти, прос'ска две-три пцости, и отсечно дувна низ ноздрите.

Андон И.Е. многу читаше. Поточно, сакаше да остави впечаток на пасиониран читател и рафиниран познавач на сите жанрови. Нешто како информиран еклектичар. А зошто па да не и енциклопедист? Му се допаѓаше да си се проектира себеси како патрициј, интелектуалец, и веќе рековме, мажиште. Во друштво ги обожаваше Ајн Ранд, Хемингвеј, Толстој и Набоков, а Достоевски го читаше онака, за забава. Преферираше да чита комплицирани, длабокоумни томови, но понекогаш ќе прелисташе нешто лесно, лефтерно, како „Карамазови“ или пак „Демони“. Бидејќи беше многу ангажиран, Андон И.Е. немаше време да ги дочитува книгите. А и кој би имал време за цели книги, кога би имал набиен животен распоред како Андон И.Е.? Затоа стратешки бираше извадоци, во случај да се најде во муабет, веднаш да може да цитира ефектни пасуси и да остави траен впечаток.

„Андонче, бомбонче на мајка! Шо ѓувеч сум напраила, прсти да изедеш!“ зацрцори милозливо мајка му слегувајќи накај подрумот со тенџерчето манџа што испаруваше и ѝ ги замаглуваше очилата.

„Чекај ма, ќе јадам у кујна! Колку пати сум ти рекол да не ми носиш јадење у подрум кога работам! Аман више!“ ѝ се издра Андон И.Е. додека панично ги соблекуваше хулахопките и ја бришеше сценската шминка.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Благодарност до Inglourious Basterd за инспиративниот разговор :)
Руфи​
"Не излегувај, Руфи, овие почнаа да пукаат" - се обидуваше да го одврати од идејата неговата секретарка. - "Предоцна е." - одговори Руфи со студен, индиферентен тон. "Тие го повлекоа нивниот потег. Ќе им биде последен." Таа се затрча кон него и силно го прегрна. Руфи не ја разубедуваше, не се обиде да ја одврати од заклучокот дека за последен пат се гледаат. Можеби и беше вистина. Можеби ова беше нивното последно видување. Веќе не беше ни важно. Не смееше да си дозволи емоции. Мораше да се сети на тренингот.​
Отсечно ја оттргна од себе и со брзи чекори излезе. Таа падна на колена, плачеше и удираше со рацете по подот. Ќе го убијат. Беше убедена дека ќе го убијат. Што ако направат маченик од него и што ако неговата смрт донесе ренесанса за нејзиниот народ? Што ако неговата смрт го воздигне нивното знаме и тоа знаме се вее секаде и што ако Руфи биде жртвата за нивниот јазик да стане втор официјален во државата? Што корист кога Руфи ќе биде мртов? Без него нивниот народ ќе биде изгубен и на крај поразен во оваа проклета каурска држава.​
Руфи излезе. Две комбиња веќе се паркираа пред општинската зграда. Над едно од нив имаше скала. "Сакаат да го симнат знамето копилињата". Четворица се затрчаа кон него. Првиот Руфи го пречека со аперкат и веднаш го струполи на земја. Со вториот разменија неколку серии боксови. Руфи ги блокираше сите, цајканот беше нокаутиран. Додека паѓаше, Руфи му го свитка вратот на првиот цајкан. Третиот и четвртиот стигнаа заедно. Мораше да се ослободи брзо од еден. Го зграпчи тој лево од него силно и му го скрши 'рбетот од колено. Веднаш го зграпчи и другиот. Го крена во воздух, овој преташе како риба на суво, но Руфи не му дозволи да се ослободи. Го наби на една шипка која требаше да биде темел за лулашките, убави нови лулашки пред општинската зграда, дел од урбанистичкиот план за градот кој Руфи сам го напиша и уреди.​
Наеднаш од една улица виде река од разулавени каурски цајкани. Стотици. Руфи знаеше дека може сам да убие повеќе од четириесет, но не и една ваква бројка. Во џебот имаше клуч од багерот кој му беше паркиран пред општинската зграда. Руфи имаше свој личен багер. Понекогаш, кога не можеше да спие, го земаше багерот и одеше сам да асфалтира некоја уличка, за да ги израдува сограѓаните. Овојпат багерот му послужи за друга цел. Летаа раце, нозе, прскаше каурска крв. Руфи изгази и распарчи огромен дел од цајканите кои дојдоа да го симнат знамето и да ја убијат честа на неговиот народ.​
Багерот му заглави. "Каурски коски" - се насмеа Руфи во себе. Ја скрши со нога вратата на која беа залепени неколку парчиња од трупови. Излезе. Неколкумина преживеале. Еден дури и ја земал скалата од комбето, ја поставил и се обидуваше да стигне до знамето. Руфи се затрча кон него. Му се испречија тројца. На сите им го скрши черепот од гради, стигна до скалата ја зема сосе цајкаот и силно ја тресна од земја. На местото каде тресна цајканот остана само една смеса од крв и месо, а скалата се распрсна на сите страни.​
Во мисијата да го спаси знамето, Руфи не успеа да забележи дека се паркираат три автобуси, полни со полиција и војска. Да ги забележеше порано, ќе ги превртеше со голи раце.​
Веќе беше предоцна. Се слушнаа пукотници. Пиштоли, пушки, шмајзери. Неколку стотици куршуми го погодија Руфи. Падна на колена и исплука крв. Пукотниците престанаа. Руфи ја крена главата. Со десната рака, еден по еден почна да ги вади куршумите од неговото тело. Тргнаа по него. Најбрзиот го плукна и го уби на лице место. Толку можеше. Немаше сила и немаше борба веќе во него.​
Му ставија адамантиумски лисици на рацете и нозете, адамантиумска маска на лицето и го однесоа во адамантиумска ќелија.​
Руфи беше изведен пред суд. Судијката го молеше Руфи да вети дека нема да го повтори делото и нема да го обеси знамето пред општинската зграда повторно и се ќе било заборавено. Му рече: - "Руфи, само треба да признаеш дека згреши и да ветиш дека нема да го повториш делото пред камера... и ќе те пуштиме."​
Руфи молчеше цели пет минути. Погледна низ прозор. Очите му се насолзија. - "Не смеам да кажам такво нешто, госпожа каур-судија. Ако камерата ги слушне тие зборови од моја уста, тоа е капитулација, срам и пораз од кој мојот горд народ никогаш нема да може да се опорави. Го немам тоа право да го обезвреднам мојот народ со еден таков кукавичлук. Останувам на своето, знамето останува на своето место и каузата останува во нашите срца. Та нека умрам."​
Судијката стана, тргна полека кон Руфи и силно го прегрна. -"Ти си голем човек" - му рече "Ти си голем и слободен човек."​
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
ЕВЕ ВИ НЕШТО ОД МЕНЕ


Јули 1992

Беше најжешкиот ден во летото. Сонцето ја љубеше земјата со сета сила, а од неа кон небото се издигаше невидлив облак со топол воздух. Небото беше осамено. Светло сино. Празно.
И улиците беа осамени. Ситен и стапкан песок на нив. Ист таков од каков што беше изградена куќата на Исак и на многуте Афганистанци. Ист таков каков што се цедеше на дрвената маса, заробен помеѓу две стаклени конусни фирури, поврзан само со еден мал отвор, песочниот часовиник на Лејла. Тоа беше оној часовник кој некогаш припаѓаше на нејзината мајка, а денес беше нејзина единствена сопственост.
Сонцето беше нашло една поголема дупка од меток во ѕидот на куќата и таму ги протнуваше своите долги зраци. Прозорците беа затемнети со зелен партал, а вратата забарикадирана со ветрина. До дрвената маса, на еден стол на расклопување седеше една жена. Беше подгрбавена и здрвена, најверојатно од долгото седење. Но не се помрднуваше. Женската фигура се оцртуваше на ѕидот од песочни тули спроти неа. Беше тенка, висока, се гледаше дека некогаш била многу привлечна, сеуште имаше задржано дел од својата женственост. Барем на сенката. Малку дневна светлина допираше до нејзиното лице, и’ се гледаше неправилната форма на левата црна веѓа, спуштениот очен капак и окото вперено некаде во далечина. Прекршување на светлина и движење со раката. Лејла ја стави раката до носот. Во неа држеше мало розово фустанче со сребрено копче и бели туфнички. Го помириса и потоа со веќе истренирано движење ја спушти раката, се врати во истата положба како што беше пред малку. Трепна. Низ ноздрите повлече воздух, а потоа го испушти наеднаш. Забрзано чукање на срцето. Потоа повторно остана здрвена . Нејзината возраст беше непозната. Според тенките набори на нејзиното лице, испиените образи, имаше повеќе од триесет. Таа веќе одамна престана да ги брои годините. Броеше други работи, пример единаесет години откако го изгуби своето прво дете во нејзината утроба, се надеваше дека тоа ќе биде наследникот на Исак, нивната прва радост. Дарот од Господ за кој сонуваа уште од малечки, додека растеа заедно, додека јадеа малинки во маалото и зборуваа за нивната иднина.
Броеше и пет години од дента кога проектил случајно падна во соседната куќа, токму во онаа во која што беше Аимал, нејзината четири годишна ќеркичка со светлосини крупни очи.
Повторно прекршување на светлина. Се подисправи. Ја крена другата рака, го сврте часовникот кој што го исцеди и последното зрнце песок и во долниот дел формира кула. Броеше две превртувања на песочниот часовник. Десет часа самотија. Десет часа откако Исак излезе да го посети гробот на Аимал. Името и беше надеж. А споменот, нејзинот мирис, нејзината смеа, сеуште беа присутни во нивниот скромен дом. Не сакаа да го напуштат домот како другите луѓе и да избегаат, да се спасат од војната. Спокојот го наоѓаа во куќата во која го направија првиот грев, неколку капки крв на кебето. Локви крв на плочките во бањата, првата загуба. Локви крв на подот, првата радост. Море од солзи во секој ќош...
А и гробот во кој беа ставени делови од нивната ќерка беше во близина. Оној на кој Исак замина пред десет часа. Но сега го немаше Исак, ја немаше и нејзината Надеж. Немаше ништо освен сад со зрна песок.
Светлината ја осветлуваше целата страна од нејзиното лице.
Плачеше. Плачеше во чест на нејзините мртви родители, пријатели, деца, а веројатно и сопруг. Плачеше за она што и го донесе и она што и го однесе војната. Солзите се тркалаа по овалното лице. Брзината ја успоруваа кај испакнатите јаболкници. Потоа се движеа кон сувите усни. Се молеше да биде и таа со оние кои ги сака. Неаднаш бела светлина и оромен тресок. Тап звук на земја близу неа. Парчиња од стаклениот часовник. Илјада ситни делови од стакло летеа во воздухот. Уште толку песочни зрнца.
Лејла замижа. Повторно бела светлина. Но сега не го слушаше звукот на ронење, свирење и кршење. Ништо не леташе околу неа. Седеше на рид со зелена трева, а во скутот и лежеше Аимал. Беше облечена во истото розово фустанче кое предмалку таа го мирисаше. Некој ја повикна. Се сврте и ја стави дланката на челото за да се заштити од сонцето, а зад неа имаше виножито. Прекрасно. Со сите бои.
Кон неа се движеше Исак. Во кошула. Онаа која што Лејла му ја купи за роденден.
Го немаше ни звукот на песочни зрнца кои се тркалаат од едниот конус, а во другиот формираат замок. Ни мирисот на сув воздух.
Се беше прекрасно. Мирисаше на полиња од јачмен, трева и пролетен дожд. Мирисот се ширеше во рајот. Тоа беше нивнито место, таму се исполни нивниот сон бидејќи неможеше на земјата.
Господ ги слушна молитвите на Лејла.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
If I ever dared to label my instability as proneness to change then I would gladly call myself flexible at best.
Having spent most of my free time entangling my brain with thoughts that would only give birth to negative feedback, I hardly feel the need of inflicting more such pain against my being, and others.

While I often riveted against the alluring ideas of pessimism I sometimes embarked on a few darker journeys.
Using whatever gimmicks and gadgets I could muster within me and wreaking havoc to everything anyone ever bestowed
upon me in good faith I now feel dreadfully reluctant to carry on. I still sit in the same room, in the same chair,
fidgeting and contemplating whether this pseudo aptitude to hold grudge has ever proven the least fruitful, or has it always been the farce that it appeared to be?

So, in light of the recent abrupt revelation of the already obvious,
what can we actually do to make any difference in what oddly seems as some kind of a natural universal course?

Surely, by now you should have realized the genuine lack of complexity of the question we are currently dealing with
but also noticed the unshakable implausibility to actually solve it. This text will hardly answer any important metaphysical questions that might ever occur;
perhaps it may not even be of any use to anyone except perhaps me.

Alas, the same simplicity that will hardly ever bother a normal boy of five has become to me no less than an unprecedented discourse.

By now, I have concluded that my willingness to change every aspect of me that does not feel just right in my own presence has always been my most loyal friend. I don’t believe that such puny tweaks can ever really make differences in the bigger picture, but I never really hoped they would.
What I put my faith on was the consistency of those same calibrations and their combined functionality at working toward building me up as a person.
 
S

StormRage

Гостин
На мојот смртен кревет го пишувам ова.
Технички на тој што мислев дека ќе е тоа, или едноставно на тој што ми кажаа дека може да е тоа. Но ете, 9 дена, се разбудив. Една мисла само... што е тумор за вампир? Човек кој живеел осамен само во ноќта, преживеал премногу, зарем една црна дамка ќе го убие? Мислев дека ми дошол крајот, да, се откажав од се. И, што се случи? Ете сум, пак жив, пак со срце кое чука, а не осеќа ништо, пак од тераса или некој прозорец бледо зјапајќи во месечината и чекајќи го дождот. Со една промена, нешто ново, уште една лекција... Или две? Незнам. Но првата ја научив добро, не е сите тоа што изгледаат, не злато се што сјае, туку секој ќе те повреди, дури и кога најмногу ти требаат. И доволно ми беше, маската која го преживеа сето тоа ја нема. Под слоевите на кожа пак е истото месо и коски, истата празна душа во средина, но веќе знае кој заслужува нешто. Втората лекција, ништо не може да ме убие, барем не досега, ако сам не посегнам по животот ќе живеам вечно, сепак не, сите ќе умреме ама знам дека сум ги заебал сите мачки на светов.

И ете, сепак, животот продолжува, а пак знаеш дека нешто не штима кога се пронаоѓаш во секој втор стих од секоја песна што ја слушаш, знаеш дека дел од тебе нема, знаеш дека пак треба или да се издигнеш над толпата или да се криеш и да бегаш. Знаеш дека ќе мораш да се вратиш на сето тоа од кое си се откажал пред некое време, дека пак ќе видеш некои луѓе, дека пак ќе се насмевнеш и поздравиш. На некои ќе им е мило што си тука, на некои не, на некои сеедно. Некои знаеле, некои не, некој те побарал, а многу сепак не. Затоа знаеш дека е доволно, доволно од помагање на секој и секого, доволно од попуштање. Ако некој заслужи нека те ископа под слоевите маски кои ти се штит, нека те најде длабоко, ако те заслужува може и ќе го направи тоа ако сака. Тогаш треба да си тој што си, тој вистинскиот... Сепак се сеќавам дека кога цел живот си живеел низ нешто такво веќе ја губиш дефиницијата за тоа кој си, но има нешто твое секогаш, поточно, се е твое. Незнаеш кој те заслужува, кој се вистинските пријатели, знаеш само кој не се, кому му „должиш“.

Секој нов ден во оваа калакурница од свет е се поинтересен, гледаш што се се дешава, а не би требало, е погрешно по својот критериум за како се би било океј. И пак ќе го имаш тој добар поглед, каде ќе гледаш скоро се, и ќе се чудиш на скоро се. И пак, сите сме само зрна песок, ѕвезди во небото, мравки под земјата, пак сите правиме нешто различно, но не сме толку комплицирани колку мислиме. Пак, на крајот сме исто.

Затоа живеам во ноќта, ме плаши денот и луѓето во него, ако ме бараш, барај ме во ноќта.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
1

Недалеку од плоштадот, на првата споредна уличка се гледаа крошните на расцветаните јапонски цреши. Навистина не знам од кога беа засадени таму, но секако и даваа убавина како од детски цртан филм, на долгата поплочена улица.Беше веќе средина на април а кај луѓето почна да се чувствува пролетното будење и отстранување на зимските магливи утра од нивниот памет. Чуварите од приватните фирми за обезбедување учтиво ги поздравуваа вработените кои влегуваа на работа во околните банки а некои од туристите сместени во хотелот кој се испречуваше пред кружниот плоштад сонливо ги читаа весниците на сајтовите и учтиво, спокојно го подголтнуваа турското кафе во 8ч. изутрина.
Тие од погорните спратови, го гледаа плоштадот, неговата ширина и споменици кои се простираа како да го прегрнуваат центарот на градот. Подолу, по долгата ул. Македонија, која беше препознатлива по кафулињата, прошетките, чекањето на автобусите и љубовните романси, се гледаа неколку вљубеници во сликањето, кои сакаа да направат фотографии со кои во иднина можеби би стекнале некој дел од славата на Картер, Брауни или Карш. Секако, во генот на овдешниот народ беше музиката. Иако беше сеуште пладне, овде-онде, поминувајќи низ центарот се забележуваа стапала кои седеа на сламените столици и тапкаа во ритамот на песните од локалното радио. Насмеани лица на две девојки, средовечен човек со утринскиот весник и краткото епсресо, статуата на бикот и мала група странци која се сликаше до него. Ете вака почнува денот на овој град, кој во ритамот на младоста помешана со кафе, невработеност и кутија цигари, сепак опстојуваше со надеж за подобро утре и поефтино макијато во иднина. Овој град кој не беше воопшто мал, но сепак далеку од бројните милионски негови братучеди по светот, гордо го носеше предизвикот за посреќни денови. Луѓето во него веќе работеа, под сенките одмораа старци опремени со своите кутии ефтини цигари и тивко ја гледаа реката која полна од топењето на зимскиот снег го реметеше звукот на музиката од кафулињата.
Човек може до бесвест да ги опишува случките во центарот на главниот град. Од бројните околни згради, малите паркови кои постоеја помеѓу нив, плочниците на кои навечер децата играа криенка или се љубеа млади парови, преку административците на кои замислените глави им се гледаа преку прозорците од нивните канцеларии, па се до многу годишните камиони кои ги прскаа улиците со вода поминувајќи од Парламентот, Владата, мостот Гоце Делчевпа се до Калето. Веќе наближува пладне, а работниците одат на пауза, онаа редовна која по правило им следуваше но која капиталецот гледаше да ја намали макар и за 5 мин. со изговор дека така би се зголемила продуктивноста а работниците би добиле повисока плата. Не се случуваше ни едното ни другото.

2...



 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Ако некогаш се загинам барајте ме на некоја железничка станица.. Од каде ми беше позната реченицава? И не е толку битно кога и вечерва главата ја потпирам на ладниот метал и неудобните шини. Како косата да сум ја растел поради една и единствена причина, да може електриков некаде да го ставам, а рацете да ми бидат слободни за да можам да пишувам. Странициве се залепиле, ги нема уште многу. Треба да бидам претпазлив ако сакам да ми стигне простор. А кога сме кај тоа, железничкиве стварно се неудобни за сместување на еден бездомник. Незнам што би правел ако во моментов би заврнало, но далеку сум од тоа. Небото е исполнето со ѕвезди, а месечината срамежливо лебди во својот безтежински простор и својата полунасмевка. Богами и денски би имал проблеми да не беа големите дабови во паркчето од карши железничкава. Колку, толку ми вршат работа да се сокријам од пеколното лето.
Ах, кога ги гледам стариве вагони вака напуштени и оставени на милост и немилост на времето, се осеќам како осамен патник без сопатник во ноќта... To be continued.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
17:34

Еднаш неделно, секоја сабота, во 17:34, доаѓаше возот што застануваше на железничката станица во овој мал град. Сите тука, помалку или повеќе се познаваа меѓу себе. Го познаваа и него. Всушност и не знаеја многу. Пред некој месец пристигна со истиот тој воз. Дотогаш постојано патуваше. Кога возот застана на оваа станица, тој одлучи да остане во ова мало место и да чека по крај многуте спомени тука. Трпеливо, со голема верба доаѓаше на перонот. Секоја сабота во 17:34. Долго време го пречекуваше возот. Имаше нешто исконско, предодредено, судбинско во сето тоа. Возот доаѓаше, застануваше и си одеше, а тој секогаш беше тука. Стои загледан во далечината... И ете денес, почуствува некое познато бранување во градите, стомакот, чиниш пеперутките те галат, скокоткаат... Во далечината се слушна долгото свирење на возот што се приближуваше. Копнеж, блесок во очите, надеж... Возот полека влегуваше во станицата. Толку полека што се чинеше дека времето стои. Чадот и пареата го прекрија перонот. Се беше некако таинствено, а сепак јасно, сребреникаво, волшебно... Сигурен во себе одеше по перонот, загледувајќи го секое лице на тие што минуваа, и на оние на прозорците од секое купе на возот. Бараше радост, сјај во очите, препознавање, исполнување на долго очекуваниот миг. Тие, пак, што дотогаш трпеливо чекаа на перонот, почнаа да влегуваат во возот. Со несфатлива брзина, моментот во кој се среќаваат минатото, сегашноста, иднината, стануваше целосен, реален. Стои така загледан во далечината... некаде во тишината, го гледаше возот кој полека заминуваше...
замина и еден дел од неговото срце.

Сабота, 17:34 2012
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Кинескиот ѕид на реалноста


Ноќта е така тивка.
Единствениот звук е производ на часовникот.
Тик,так,тик,так...
Времето кое не постои,отчукува на ѕидот во дневната соба.
Се поместувам низ креветот трудејќи се да ја надам правата позиција.
Час на едната,час на другата страна.
Дури и во сонот неможам да го најдам своето место.
Станувам палам цигара и повторно легнувам.
И повторно истото.
Некоја веќе видена шема.
Истите мисли,истите прашања.
Некој си ебан лавиринт кој нема почеток нема ни крај.Но верувам,излез.
Повторно дозволувам да навлезе во мене,
во мојот свет.
Овој моментално навидум сигурен свет.Свет со граници.
Свет во кој се е реално.Свет без желби,без фантазии,свет во кој постојат само моменти.
Успевав да паднам во ништото,се изгубив и пронајдов таму.Баш таму.
Во ништото.
Она што го барав го најдов.
И градејќи повторно еден друг овојпат сигурен свет,го пуштам него внатре.
Причинителот за падот.Убиецот.
Дали она што не убива не прави посилни?
Дали тој,мојот убиец е и мој спасител?
Го пуштам,но очекувам да плати влез.
И повторно очекувам.
До каде ќе ме доведе тоа?
Се надевам не далеку од себе.
Реков свет со граници.
Можеби е потребно да ги тргнам бариерите кои стојат како заштита пред мене.
Оние кои ги градев внимателно веќе подого време.Цигла за цигла.
Ден за ден.Чинам успеав са го изградам кинескиот ѕид околу себе.Сокривајќи го секое едно делче од моето битие.
И целото тоа дело да го срушам за миг?
За тоа треба храброст.
А храброста е тесно поврзана со лудост.
Којзнае зошто е тоа добро?
Можеби за да положам уште еден испит на животот.Истиот испит на кој веќе еднаш паднав.
Повторно стои пред мене и од него зависи се.
А јас ја палам последната цигара од кутијата и се губам во фигурите на димната завеса на мислите и соништата..си го дозволувам тоа..само оваа ноќ..
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Стари спомени

Пред да започнете да го читате текстот, пуштете ја песната и започнете со читање на текстот.


Само оние кои се дават во спомените плачат. Да секогаш кога ќе се присетиме на некој тажен спомен, започнуваат горките солзи да се леат по нашето лице. Солзи кои болат, солзи кои ја разоруваат нашата душа. Тоа се солзи создадени од нашите тажни спомени. Прочитав во книга. Плачењето е грешка, слабост. Па зошто плачам? Во кои спомени се давам? Плачам за спомени што ги имам длабоко во себе. Кога се присетувам на нив јас сум како робот. Сите случувања околу мене застануваат во истиот момент како да запрело времето. Како светот некое време да бил мој. Некогаш слушам збор или гледам лице. И имам чудни тажни чуства во себе си. Како тоа лице или тој збор да ме одведоа на друго место. Место како да гледам некој си филм. Нешто што создава немир во мене. Тоа создава ѕид голем ѕид во мојата душа и ќе кружи наоколу во како во некој друг свет. Повторно некоја друга приказна ќе биде откриена и тоа ме плаши, ме ја разорува мојата душа,срце. Се плашам да ги отворам портите на спомените.Се плашам што ли ќе најдам зад портите, на другата страна. Вистинското минато на човекот секогаш ќе постои, длабоко во нас ќе го носиме секогаш како некоја сенка приврзана за нас и ќе сакаме да се вратат некои нешта. Спомените не се убиваат секогаш. Не се ни кријат. Не можеш само да ги заборавиш бидејќи тие се длабоко во тебе. Но како да заборавиме нешто што сме го доживеале? нешто што толку многу ни значи а толку силно,потсвесно посакуваме да станат повторно реалност. Со спомените се чуствуваме, како празни,како клов некој со две лица, забораваме кои сме, што сме. Како да живееме во лаги, како да не сме тоа што мислиме дека сме. Живееме и мислиме дека знаеме кои сме додека однеднаш обичен клуч не ја отвори врататана на некој си спомен. Каде што како сончев зрак наутро не враќа назад во минатото, не враќа да се потсетиме. А тоа толку не боли длабоко во себе и посакуваме никогаш да не се вратевме на старите спомени. Само кога ќе знаеш кој си бил, ќе знаеш и кој си. Можно е некој да биде поинаков со спомени? Можно е да си поинаков од оној кој мислиш дека си? Можно ли е да живееш со спомени а да не се промениш? Спомените се како историја. Ја пишуваат победниците. Кои спомени беа победници во мојот живот? Кој ми го напишал животот?
Само знам никогаш не можат спомените да се преточат во зборови, бидејќи најтажните спомени не се преточуваат во зборови.

Малце е постар текстов но очигледно тогаш сум заборавил да го објавам... :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Stranger in a mirror
Woken by a sinner that lies inside me. I hardly reconceive my thoughts of yesterday, a creature of my inner fears, fooled by the reason, troubled with the feelings of true self. I try to withstand the torment of forgetfulness, although I`m quite aware of my condition at the present. My prodigal self has woken up, dismantling the grey matter in most tiny of particles, letting the hedonist in me to rearrange them. And then I remember of nothing but... her.
Love is such a strong word, if I may say so. It behooves us to change, to impress our instincts, to devolve from a complete resonable human being, to an animal that was buried in our soul. It makes us frail in our pride, yet strong in the decisions we were never able to comprehend alone. It makes us see the stranger in the mirror we never met before.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom